Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Рецензија Gree GCF300CKNA филтер за пречистување воздух

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.831
6.529
SK
Еве после 6 месеци непрекидна работа со тоа што летото многу малце се вклучуваше на поголемо филтрирање.
8f7b83dfc9a31cac840559b5134ee6df.jpg

Каква е постапката за менување филтер кај Шиаоми?
Не мислам на физичкото менување, туку има ли нешто со ресетирање на бројчаник, нешто за кликање „сменив филтер“?

Инаку пребарај има на јутјуб како да си го исчистиш заменскиот филтер, гледав ги вакумираа а ако имаш пристап до компресор уште подобро е убаво да го издуваш (од внатре кон надвор). Кажи ако не се снајдеш со пребарување, ќе ти линкам на ПП.
 

Misko6000

user
5 април 2015
1.131
1.005
Откако ќе се смени се ресетира преку апликацијата,иначе еднаш месечно се дува со компресор.

Sent from my HM NOTE 1LTE using Tapatalk
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.694
3.301
Погледнете го атачментот 51292
Овде можете да ги видите спецификациите.
Зависно од модот на работа потрошувачката оди до 64 вати, а јачината на звукот што притоа го прави работата на уредот оди макисмално до 48 децибели.
Јас гледам колку пишува тука.
Според тоа колку пишува тука, излегува дека ова е истиот уред за кој пишав дека озонираат и дека не се препорачува користење додека си во соодветната просторија.

Го купувам уредот заради мало бебе. Нема да дозволам опции како можда озонира а можда не.
Виникс не озонира. Потврдено од повеќе истанци.

За употребната вредност на масималниот проток. При загадување виникс ќе уклучи на макс и ќе работи така 5-10 минути. Грее ќе му треба верувам повеќе од дупло а тоа е 10-20 минути. Тоа е долг период на голема бучава. Тоа го плаќам.
Грее по спецификации е за 15-20 квадрати. Виникс е за 30-40.
Грее има поцврста изработка и делува дека може да издржи удар од превртување и паѓање. Виниксот е понежен. Дизајнот.. Грее е ко греалка дизајнирана во политбиро, виникост е современ уред во домот. Се си има зошто некоја цена е соодветна. Проблем ќе биде ако утре грее веќе не носи прочистувачи ради икс причини. Заменски филтри нема да има каде да се најдат. Тој прочистувач освен на балканов не го сретнав на друго место. Виникс како таков се продава низ цел свет и филтрите се достапни секаде (некаде и доста поефтини од тукашната понуда)

Цената кога јас го купував беше 17.500 без да побарам било каков попуст. Грее 10.000 редовна цена. За таа ценовна разлика, п450 е подобра опција. Филтрите во грее беа 1300-1500, со 2/3 промени годишно. Математиката беше дека цената е пропорционална на перформансите. Врв беше дека единствениот небалкански документ за грее е дека испушта озон. Доколу има начин да се повери и се покаже дека не испушта озон, одма купувам еден за во спална (освен ако мејкер не понуди добра опција со ми).
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Доколу има начин да се повери и се покаже дека не испушта озон, одма купувам еден за во спална (освен ако мејкер не понуди добра опција со ми).

Истовремно јас никаде не гледам дека е докажано дека испушта озон. Ниту пак дека е докажано дека Виникс испушта или неиспушта озон освен дека напишале на нивниот сајт.

И двете работи се мачка во вреќа по тоа прашање, проблемот не е да остане отворено прашањето, проблем е што упорно форсираш дека грее озонира БЕЗ НИТУ ЕДЕН доказ за истото.

Тој небалкански документ е блог пост noname блогер кој може да пишува што сака, што воопшто не е документ. Како што пишав исто е вреден колку мојата изјава дека Виникс испушта ебола вирус.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.831
6.529
SK
Грее по спецификации е за 15-20 квадрати. Виникс е за 30-40.
Грее има поцврста изработка и делува дека може да издржи удар од превртување и паѓање. Виниксот е понежен.

Баче, ти и објективноста изгледа сте доживотно скарани. :rolleyes:
Ако гледаш по спецификации, Гри наведува 41 метри квадратни. Ама „нежниот“ Виникс кој физички е само 10-тина сантиметри поголем - е наменет за три пати поголеми простории? :p

Навистина ако погледаш поназад, јас бев првиот што изрази резерва кон официјалните бројки на произведувачите - ама тоа важи за сите произведувачи, па и за твојот Виникс. Се е релативно и зависи од потребите на корисникот. Ако ти конкретно сакаш да фрлаш непотребни пари за во ретките прилики на ненадејно загадување (правиш скара во дневната?) твојот уред пар минути побрзо да исфилтрира - тогаш ок бе брале, твои се парите за фрлање. Ако сакаш да плаќаш за змијско масло, повторно твој е изборт, твои се парите. Исто како што е мој изборот целосно да ги игнорирам сите опции со плазма-мазма, и да го користам уредот за тоа што му е примарна намена: филтрирање на механички (пм) партикли.

Твое, и сечие, е да веруваш во што сакаш и да даваш пари за што ти е волја.
Но фактите се факти, а фактите велат дека Виникс п450:
- кошта ДУПЛО ПОВЕЌЕ од Гри (колку коштал некогаш е небитно)
- заменските филтри му коштаат ЧЕТИРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ (секоја година битно, можеби и по два пати)
- уредот е едвај едвај десеттина сантиметри физички поголем (и осетно полесен), а поголем капацитет може да има толку колку што е поголем од Гри (ако и толку)
Секој што си ги цени парите ќе разбере што сакам да кажам.

Инаку повторно, нема никакви достапни конкретни податоци за начинот на функционирање на јонизаторот на Гри. Тоа е минус за Гри, произведуваат стотици илјади различни производи и очигледно не ги документираат сите како што треба. Не дека со Виникс е подобро, имаш некакви декларации од некои „здруженија од произведувачи“ во кои можеш да веруваш или да не веруваш како што се верува во библијата или во коранот.

На крај тоа е толку небитно е колку што се небитни сите тие фукции за јонизирање, сребрени решетки, и слични хајпови чија примарна намена е да се намамат купувачите како тебе. Ти пак ќе веруваш во тоа што те убедил највештиот продавач, а во спротивно кога би бил скептик не би верувал на никој додека самиот не измериш и провериш.


Грее е ко греалка дизајнирана во политбиро, виникост е современ уред во домот.
Хахаха!!!
Абе што да ти кажувам, Виникс е толку „убав“ да не треба ни да го користиш туку само на пиедестал да го ставиш и да му се восхитуваш. Ти можеби и фотографија од него во новчаник носиш? :D


едит:
Откако ќе се смени се ресетира преку апликацијата,иначе еднаш месечно се дува со компресор.
Значи на филтерот има некоја електорика, запис, р-фид чип... Интересно. Интересен начин како да го натераш клиентот да купува нови филтри, што апликацијата вели дека треба нов филтер - тогаш мора да е така! ;)
Јас на твое место би истражил малку на нет, гарант некој се има занимавано со хакирање на оваа заебанција.
 
Последна промена:

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.694
3.301
@Lokvan Абе јас сум скаран со објективност, а ти не веруваш што ти пишува на лепенка на уредот, ама веруваш во лепенка на кутијата. Како може да верувам на уред кој на три места има различна карактеристика? Дизајнот е антика, а во таа антика озонот беше означен како добар, па подоцна открија дека е штетен. Ради таа опција веројатно и не го носат низ еу каде регулативите се почитуваат.

Тоа дека ова е нова работа... Прочистување на воздух почнува година дена по изградба на големите облакодери со централно греење и вентилирање и појавата на болни згради. Тоа е стара мака во светот и на таа тема и тоа како се работи.

Јасно ми е дека си го браниш изборот. Тоа беше и мој избор се додека не наидов на тоа дека озонираат. Во грее не кажуваат никаква информација. Зошто? Што ги чини да земат и да измерат? И да кажат после тоа еј да, нашиов уред не емитува озон. Ние тврдиме. Нема сертификат ама како продавач ти гарантирам дека нема да те отрујам.
Ете виникс се потрудиле за тоа. Има видеа како функционира. Ако те лаже, ќе го дадам на суд и ќе го расчеречам. Така да не си во право со тоа дека бројките што ги дава виникс се лупање на памет.
@sumi и за тебе се однесува горниов муабет.
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
@Lokvan Абе јас сум скаран со објективност, а ти не веруваш што ти пишува на лепенка на уредот, ама веруваш во лепенка на кутијата. Како може да верувам на уред кој на три места има различна карактеристика? Дизајнот е антика, а во таа антика озонот беше означен како добар, па подоцна открија дека е штетен. Ради таа опција веројатно и не го носат низ еу каде регулативите се почитуваат.

Тоа дека ова е нова работа... Прочистување на воздух почнува година дена по изградба на големите облакодери со централно греење и вентилирање и појавата на болни згради. Тоа е стара мака во светот и на таа тема и тоа како се работи.

Јасно ми е дека си го браниш изборот. Тоа беше и мој избор се додека не наидов на тоа дека озонираат. Во грее не кажуваат никаква информација. Зошто? Што ги чини да земат и да измерат? И да кажат после тоа еј да, нашиов уред не емитува озон. Ние тврдиме. Нема сертификат ама како продавач ти гарантирам дека нема да те отрујам.
Ете виникс се потрудиле за тоа. Има видеа како функционира. Ако те лаже, ќе го дадам на суд и ќе го расчеречам. Така да не си во право со тоа дека бројките што ги дава виникс се лупање на памет.
@sumi и за тебе се однесува горниов муабет.
Пак ке кажам, упорно тврдиш дека Грее озонира без доказ а истовремено бараш Грее да ти обезбеди доказ специјално за тебе. Зошто?

Да, виникс направиле подобра презентација и дизајн на рекламата од Грее, но тоа не значи дека производот е подобар. И нека биде подобар ама не до толку колку што ставиле цена.

Да, Грее можеле да направат некое видео и да постават попристапни информации околу спецификациите за да нема недоразбирање ама тоа не го прави производот лош ниту пак дека озонира.

Се се сведува на личен избор и мене тоа не ми смета, ама ми смета тоа што го форсираш озонирањето без ниту еден доказ, со тоа се доведува до забуна.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.442
5.609
@Lokvan, Многу си противречен. Од една страна тврдиш дека овие уреди се плацебо и производителите лажат за спецификациите, од друга страна од петни жили ги браниш спецификациите на производителот кој и сам не знае што пишува на своите производи. Настрана другите работи.

Што се однесува до хепа филтерот, лично не се разбирам во градација на филтриве, но од муабет со мајсторите што ни поставуваат и менуваат има огромни разлики од еден до друг хепа филтер. Може на изглед да бидат речиси идентични, а да има огромна разлика во капацитет, степен на филтрација, пропусливост и секако цена. Токму цената може да биде и неколку пати поголема за филтер со иста димензија а различни својства.
Различни филтри под исти услови може да траат различно време, така да џабе муабетот за цената на заменските ако не се знае каков е едниот а каков другиот.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.831
6.529
SK
не се разбирам во градација на филтриве, но од муабет со мајсторите што ни поставуваат и менуваат има огромни разлики од еден до друг хепа филтер. Може на изглед да бидат речиси идентични, а да има огромна разлика во капацитет, степен на филтрација, пропусливост и секако цена. Токму цената може да биде и неколку пати поголема за филтер со иста димензија а различни својства.
Различни филтри под исти услови може да траат различно време, така да џабе муабетот за цената на заменските ако не се знае каков е едниот а каков другиот.

Токму така, ама дали знаеш што е поквалитетно без мерење?
Дали можеш само според цената да се раководиш што е поквалитетно?
Цели богатства се имаат направено според оваа потрошачка „логика“.



@Lokvan Абе јас сум скаран со објективност, а ти не веруваш што ти пишува на лепенка на уредот, ама веруваш во лепенка на кутијата. Како може да верувам на уред кој на три места има различна карактеристика? Дизајнот е антика, а во таа антика озонот беше означен како добар, па подоцна открија дека е штетен.

Збориш за објективност, а се водиш од лични претпоставки и твои проценки за естетиката на дизајнот. :)

Гри се каша попара со спецификации и документација. Ако им ги следиш климите, ќе знаеш за што зборувам. Тоа им е голем минус, ама не го менува фактот дека цена перформанси односот им е најдобар на нашиов пазар. Ако отвориш надворешна единица од нивна клима и видиш дека внатре има двореден изменувач, еев, грејач на компресор, дебели лимови наместо тенки тенкии, ќе знаеш дека си видел солиден квалитет за парите што ги даваш. Или за истите пари може да купиш ремаркирана Мидеа (со хрватска лепенка) или многу полошо - некоја Нео тенекија. Незнаењето секогаш се плаќа, и секогаш има муштерии и за таквите производи.

Така е и со филтеров за воздух, дебели пластики, вентилатор кој извесно е движен од солидно квалитетен (и тежок) мотор, и евтини филтри затоа што Гри ги прават во свои фабрики и ги штанцаат на милиони примероци месечно. Додека малите играчи како Виникс земаат втора (или четврта) рака филтри, дали воопшто самите ги склопуваат или трет произведувач им ги склапа со материјали од четврт продавач на хепа платна. После поскапи биле, епа не се поскапи затоа што се поквалитетни туку затоа што цената на производство им е поскапа.
Зошто мислиш дека Виникс се толку полесни и „понежни“, па од истите причини. Којзнае кој им ги произведува разните компоненти, и која рака и чии материјали употребуваат.

Затоа треба да знаеш за одбереш произведувач, и да размислуваш не само на сметката на производот - туку и чинењето на долготрајното користење.
Тој твојот Виникс нека има 20% повеќе капацитет, ама за неколку години користење ќе потрошиш пари како за 2-3 Гри уреди заедно со се заменските филтри, и ќе го утепаат Виниксот неколкукратно од било кој аспект што може да ти текне за мерење и филтрирање (освен во количина на змијско масло, во тоа виниксот е недвојбен победник).


Тоа е тоа, десттина пати ти напишав дека се што е битно во еден ваков уред е механичко филтрирање, а ти упорно пишуваш за генерацијата на „техниката“ на производство на змијско масло. Јас јонизаторот не го употребувам, а кога би сакал да го употребувам (и би верувал на препоставките за испуштање озон) - тогаш сеуште постои опцијата на тајмер и вклучување на јонизирањето во времето кога дома (или во просторијата) нема никој. Ги вадиш работите од пропорции.

Секако дека си го бранам изборот, ама со факти. Ти го правиш истото со претпоставки и желби. Што друго да се каже?
 
  • ми се допаѓа
Реакции: maci

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.616
1.573
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
И јас земав Winix P300 само затоа што Gree нема сертификати за безбедност, посебно за озонот.
Го земав заради бебе, а тука паѓаат во вода калкулации за поевтин уред, поевтино одржување и слично. Безбедност и ефикасност на прво место, па се останато понатаму.

Незнам дали Gree испушта и колку озон, доволно беше тоа што нема сертификат и што постои сомневање за тоа за да го скокнам овој уред.

П.С. @Lokvan браво за резензијата. Не успеав да дознаам (или сум го сконал тој дел). Дали има јонизатор или нешто слично? И дали има опција за исклучување на истиот? Winix има плазма генератор/јонизатор со можност за исклучување.

Друга работа, како реагира сензорот за загадување кога ќе отвориш врата од надвор со екстремно загадување? Кај мене чудно реагира, претходнте денови слабо реагираше, вчера одма скокна на максимум. Иначе тестирано во спална, со отворен прозор со огромно загадување, па затворен и оставен на турбо да работи 20-30 минути, после внатре се осеќа свеж воздух без чад и мириси.

Иначе да, максималниот моќ е битна, за побрзо филтрирање, ама за мене побитна беше бучавата да е што помала на најмала брзина, со која што работи уредот над 90% од времето.
 

Misko6000

user
5 април 2015
1.131
1.005
∆
Ај бе па и вие ко ios vs android ја отеравте. Нека вртат пречистувачите и кој му е поголем многу битно.

Sent from my HM NOTE 1LTE using Tapatalk
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.694
3.301
@Lokvan 460vs260 не е 20% повеќе капацитет. Работам како дизајнер. Грее е очајно грд уред.
Виникс прогуглај го и наожаш милион информации и ривјуа од корисници низ цел свет. Грее го нема ко уред никаде. Прашај се зошто. Штом е толку добар сигурно ќе се пробие. Еве на пример МИ е одличен бренд и наоѓаат начин да го купуваат низ цел свет. Неофицијално ама се купува оти е одличен дил за вложеното. Тоа важи за виникс на светско ниво. Одличен бренд за парите. Грее дур не покаже што прави и дали те убива со озонот, не го земам во предвид. Се заштитувате од пм честички, ама се труете со озон. Не гледам резон. Купувате уред кој е потенцијална опасност. Зошто?
Виникс има доказ дека не озонира... Каков сака нека е и од кого сака, зошто и грее го нема тоа?

Админи, дискусијава може да се префрли во темата за филтри за воздух, за темава да си остане чиста за грее пречистувачот.
 

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
@Lokvan 460vs260 не е 20% повеќе капацитет. Работам како дизајнер. Грее е очајно грд уред.
Виникс прогуглај го и наожаш милион информации и ривјуа од корисници низ цел свет. Грее го нема ко уред никаде. Прашај се зошто. Штом е толку добар сигурно ќе се пробие. Еве на пример МИ е одличен бренд и наоѓаат начин да го купуваат низ цел свет. Неофицијално ама се купува оти е одличен дил за вложеното. Тоа важи за виникс на светско ниво. Одличен бренд за парите. Грее дур не покаже што прави и дали те убива со озонот, не го земам во предвид. Се заштитувате од пм честички, ама се труете со озон. Не гледам резон. Купувате уред кој е потенцијална опасност. Зошто?
Виникс има доказ дека не озонира... Каков сака нека е и од кого сака, зошто и грее го нема тоа?

Админи, дискусијава може да се префрли во темата за филтри за воздух, за темава да си остане чиста за грее пречистувачот.
Не се озониташ се заразуваш со ебола, исто потенцијално опасен е нема сертификат дека не шити ебола. Шо прајме сега ?!
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.831
6.529
SK
Дали има јонизатор или нешто слично? И дали има опција за исклучување на истиот? Winix има плазма генератор/јонизатор со можност за исклучување.

Документацијата им е тапа, јас колку што гледам има јонизатор (кој работи преку плазма генератор). Еве прочитај самиот:
upload_2017-1-5_15-23-33.png
Има неколку мода на работа, кои користат разни фунции на уредот. Кога не сакаш јонизирање одбираш мод кој не употребува јонизатор. Јас најчесто го употребувам Sleep модот кој врши исклучиво механичко филтрирање без употреба на јонизатор, и варира само меѓу давата најтивки мода на работа.



Е сега ајде малку факти за фамозната „сертификација„ која толку се спомнува.

факт 1: AHAM е здружение на произведувачи, не е сертификациско или регулационо тело
https://en.wikipedia.org/wiki/Association_of_Home_Appliance_Manufacturers
факт 2: AHAM не е овластена институција да можат да сертифицираат било што, можат само да декларираат. Нешто како налепница со изјава „жими се нашиве уреди не се штетни“.

Ама важно е дистрибутерите да имаат да пишуваат охрабрувачки рекламен материјал со „сертифицирано од АНАМ“. :)




Работам како дизајнер. Грее е очајно грд уред.

winix-front.png
gree-gcf300ckna_images_557711212.jpg


Аман, за индустриски дизајн зборуваш не за милфови. Мене ако ме прашуваш виникс изгледа кич со сите тие плаво црвени жолти бои на црна основа (горниот дел).
Инаку јас едно време работев графика и дизајн, значи можам да ви наложам на сите што е грдо а што не е. :p

Смешно, ако работиш како дизајнер демек имаш подобар вкус од мене? Можеби ќе ми кажеш и кое јадење МЕНЕ треба да ми е повкусно, кои пијачки да ги пијам, и какви швалерки да онадам? :rolleyes:


Грее дур не покаже што прави и дали те убива со озонот, не го земам во предвид. Се заштитувате од пм честички, ама се труете со озон. Не гледам резон. Купувате уред кој е потенцијална опасност. Зошто?

Добро бе, а некој со сила те тера да го користиш јонизаторот ако не сакаш?
И како без информации за технологијата за озонирање заклучи дека „се труеме со озон“?


Твоево е „крив додека не докажеш дека си невин“. :)
Ај повели докажи ми Ти мене дека некаде помеѓу Земјата и Марс не орбитира чајник полн со врел вкусен чај.

Можеш да знаеш без неверојано моќен телескоп?
Епа толку и јас и ти можеме да знаеме дали јонизаторите на Гри и Виникс испуштаат озон, без хемиска анализа на воздухов. А пошто ионака јонизирање е споредно во однос на важноста на механичкото филтрирање, логиката вели дека најбезбедно е да се игнорираат јонизирачките „функции“.


Ајде економија 101.

Опција 1: купуваш виникс за кој здружение на фабриканти декларира дека е безбеден (здружение каде виникс е член). Плаќаш дупло поскап уред, и секоја година плаќаш по 8 илјади денари (ако менуваш 2 филтри) или 4000 (ако штедиш, па поминеш со еден филтер). Безбеден си, но само ако им веруваш на произведувачите.

Опција 2: купуваш Гри. Не знаеш дали е безбеден и не го користиш јонизаторот. Во старт плаќаш дупло помала сума пари, па можеш и да купиш два Гри наместо еден Виникс. Двата Гри ќе го утепаат во поим едниот Виникс, а згора на се два филтри за Гри коштаат колку пола филтер за Виникс.
Во старт, или после одредено кратко време заштедуваш кога ќе заштедиш доволно пари (пошто не плаќаш заменски филтри кои коштаат колку половина уред) идеш и како господин го купуваш најбезбедниот јонизатор достапен на пазарот кој има сертификати кои не се декларации од некакво рандом здружение на произведувачи.
 

Атачменти

  • upload_2017-1-5_15-20-34.png
    upload_2017-1-5_15-20-34.png
    131,3 KB · Прегледи: 22

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.616
1.573
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Само една поправка, сертификатот не е од AHAM за озон, од овие е https://www.arb.ca.gov/homepage.htm http://www.winixmk.mk/news/sertifikati/
И искрено, повеќе доверба имам за уред кој се продава во USA и EU, отколку од кина, кога станува збор за безбедност за материјали и користење.
Во секој случај и на Winixot не планирам постојано да го користам плазма генераторот, бидејќи и тој испушта озон само во нормални количини.

Е сега, winix во Германија се продава под друго име и цена. Ги има и кај нас за дупло поголема цена од Winixot http://www.klever.com.mk/mk/default.asp?grp_id=9E52E5EB1E85F946859D779FA6FFE397
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.831
6.529
SK
Политички работи се сертифицирањата, дури и тие на Еуровент кои барем мерат нешто конкретно. Америте и ЕУ сакаат кинезите да продаваат преку нивни фирми за тие да го јадат кајмакот а на производителите да им фрлаат само трошки. Гри ако сака да продава под свое име (и да јаде кајмак), го чекаат многу сопки.
Затоа постојат разни „сертификации“. Или плаќаш арач (за другарчињата од Јапан, Кореја, Тајван, има и попуст) или не ти даваат пролаз. Затоа го нема Гри на западниот пазар, и затоа Гри нема западни сертификати. И затоа разни лепачи на налепници од САД и ЕУ продаваа Гри клими на западните пазари, и добиваа сертификати (како Вивакс, нам познат пример).

Пак да повторам, со вакви разлики во цена на уред и на заменски филтри - нема простор за дебатирање на економската логика во споредбава со Виникс.
Можеме да зборуваме за јонизирање и „убивање на бактерии од воздухот“, сребрени решетки кои немаат сребро во нив, и разно друго змијско масло. Но на крај, пак е поевтино да се земе одделен уред за змијско масло (јонизатор, или што и да е модерно сега) и Гри кој ќе работи чисто како механички филтер.
Секому неговото, волкот секако ќе јаде ама овците некако да останат повеќе на број. :)
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.694
3.301
Дечки, секој со го брани својот избор.
За мене на прво место е безбедноста. Купувам за бебе да диши чист воздух и да нема проблеми со дишни патишта. За тоа плаќам екстра. Не сакам ризици и опции. Да ми беше за во канцеларија, ќе си купев грее и ќе го исклучев јонизаторот.

Поентата да докажувам нешто или не... Јонизаторите првично генерираа озон. Тоа беше за фалење, а гледам кај нас уште продаваат озонери и уште кажуваат дека биле добри за здравјето. Тоа е некое ѓубре што на запад се третира ко токсичен отпад а некој тука прави профит. Кога се увиде дека озонот не е коисен туку штетен (над определена количина), фирмите што прават прочистувачи на воздух бараа и најдоа начин како да се изведе тоа. Тоа е понов тип на јонизатори. Со оглед на дизајнот слободно можам да кажам дека грее што се продава кај нас не е од новата генерација на јонизатори.
На пример овој би го купил. Тој што се нуди тука, не.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.831
6.529
SK
Постојано бебето го спомнуваш. Зарем сакаш да кажеш дека јас би го труел своето? :)
Како што ете можеш во канцеларија да исклучиш јонизатор, така можеш и дома (пази само теоретски зборуваме, пошто немаме информации дали овој Гри испушта озон).


Дечки, секој со го брани својот избор.
Јас прв ќе се префрлам на твојот избор, кога тој би бил подобар.
Всушност во старт би отишол на твојот избор кога тој би бил подобриот избор. Ама не е. Треба да сум глуп за да бранам полош избор (или треба да ти го продавам производот). Последното знам дека не е така, а првото се надевам дека не е така. :p

Го правевме муабетов и порано. :)
Не спорам дека озон, особено во големи концентранции, е штетен.
Тоа што го спорам се 3 моменти во „твојот избор“, кој го сметам за погрешен избор и еве со аргументи го објаснувам мојот став:

1. Економскиот момент. Ти објаснив дека за неколку години користење Виникс - ќе потрошиш повеќе пари отколку што коштаат Gree GCF300CKNA и квалитетен јонизатор по твој избор. Потоа дури во „ќар“ ќе одиш секоја година. :)

2. Фактичката состојба. Нe знаеш дека Гри произведува озон. Јас не би бил ни толку сигурен дека Виникс не произведува озон, се додека не го видам делот кој е оговорен за јонизирање.
Не можеш да го правдаш изборот со бебето, ако сакаш да си темелен сега ќе го фотографираш сегментот задолжен за јонизирање и ќе пребараш на нет дали се работи за „безбедната технологија“. Сериозен сум.

3. Јонизирањето „убива штетни бактерии од воздухот“. :innocent:
Колку е ова навистина потребно? Прво ионака не можеш да направиш стерилна околина. Второ дури и кога би можел да направиш стерилна околина зарем не знаеш дека на секој имун систем му треба постојана вежба? Општопознато е дека најпазените се најболежливите деца. Ќе ги чуваш децата во стаклено звоно цел живот? Што кога ќе излезат надвор од „звоното“, првата прилика ќе се разболат од нешто најсекодневно што го има насекаде (освен во твојата стерилна околина).
 
  • ми се допаѓа
Реакции: maci

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.694
3.301
@Lokvan Велиш мамбо-џамбо дека се другите филтри и дека се само маркетиншки трик за зголемување на продажба. Ок, да земеме дека си во право. Секој сака да продаде што повеќе, рекламирајќи дури и работи што не се ефективни. Пример за ова ми е грее и нивните климатизери со хепа филтри и филтри од активен јаглен. Лентичка од 15х2цм околу која ќе поминува воздухот а неа ќе ја заобиколи ради отпорот што ќе го појави... Но се рекламираат дека имаат филтри. Виситински момент на лажење на купувачи. Од друга страна, зошто молчат за јонизаторот? Па со 200 фанфари би кажал дека не озонира. Има да трубам на сите страни... Ама... ко ќе ги прашаш за јонизаторот, следи молк. Од маркетиншка гледна точка, за фирма која рекламира прочистување на воздух со лентички филтри во климатизери ми кажува само едно. Нешто не е како што треба и тоа се преќутува.

Коледе.. :)
 

architect

poweruser
27 ноември 2008
2.751
4.395
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 9800X3D / NZXT Kraken Elite 280 RGB (White)
Motherboard
Gigabyte X870E AORUS Elite WiFi 7 1.2 (White)
Storage
SSD 2 x Samsung M.2 990 PRO 1TB
PSU
Gigabyte PSU AORUS Elite P850W PG5 ATX 3.1 850W 80+ Platinum
RAM
Kingston 32GB 5600MHz DDR5 CL40 DIMM
Video card
Gigabyte nVidia GeForce RTX 5070 EAGLE 12GB 192BIT (White)
Case
NZXT H7 Flow RGB (2024) Case (White)
Mouse
Logitech G Pro X Superlight 2 (White) / Logitech G502 RGB / Deskpad World of Warcraft Shadowlands
Keyboard
EPOMAKER x AULA F75 / ROG STRIX SCOPE NX TKL Moonlight white
Audio
Logitech Z625 2.1 THX Speaker / Logitech G335 (White)
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 11 x64

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.831
6.529
SK
Ај па и вас ко да ве тера некој со сила да не читате... ;)


...грее и нивните климатизери со хепа филтри и филтри од активен јаглен. Лентичка од 15х2цм околу која ќе поминува воздухот а неа ќе ја заобиколи ради отпорот што ќе го појави... Но се рекламираат дека имаат филтри. Виситински момент на лажење на купувачи.
Toчно, се согласувам.
Сите го прават тоа, разликата е повеќе во дистрибутерите колку и каков локален маркетинг ќе презентираат од „функциите“ кои произведувачот ги набутал за лажење наивни купувачи. Овие од Гримак се прилично пасивни и неамбициозни (ова повеќе како комплимент го кажува), по се што гледам откако се појавија и почнаа да носат Гри на нашиов пазар. Ама очигледно сепак прават добар пласман, затоа што Гри купуваат познавачи и нивните блиски - дури и тој мал дел од купувачите е доволен за пасивна фирма како Гримак да прави профит. Не се замараат, лош бизнис модел ама тие изгледа се задоволни и со толку. Мене ми одговара тоа, како некој што разбира по нешто - добивам релативно евтин производ со добар однос цена перформанси.

Од друга страна каква е конкуренцијата?
Виникс очигледно вложува солидни пари во маркетинг за да „пројде“ нивниот производ. Тоа што го немаат на понуда, како квалитет за ниски цени, го надокнадуваат со маркетинг. И тој бизнис модел функционира, очигледно.
Сите тие „сертификати“ коштаат пари, не пари заради имплементација на стандардите колку што кошта пари самото купување на сертификатот. За Еуровент некаде збореа дека наплаќаат екстремни високи суми за воопшто да тестираат производ. Значи не се работи толку за исполнување стандарди колку што се работи за плаќање арач за да се влезе во западниот пазар.


Погоре со право кажуваш дека грее климатизери со „филтри од активен јаглен лентичка од 15х2цм“ не вршат ништо освен плацебо. Ама сега истово расудување примени го и на предфилтрите од Виникс, кои имаат колку - пола милиметар некој материјал попрскан со прашина од јаглен? И тоа е целосно плацебо за те убедат да го купиш нивниот производ. Јас ти реков дека ни 10пати подебелиот слој од јагленовата решетка на Гри не прави којзнае што.

Ниеден производител не е имун на убацување маркетинг елементи заради „убедување“ на потенцијалните купувачи. Тоа се елементи кои суштински се релативно непотребни, или па имаат некоја смисла за специфични ситуации кои на мнозинството корисници им се непотребни (а им се прави филм како да се потребни).


Трни од себе. Целата дискусија од филтрирање на воздух кој овде во македонските градови и посебно во Скопје е презагаден со пм честички, ти ја сврти кон дискусија за јонизаторот - кој е само бонус и непотребен хајп за лажење на просечниот купувач.

На просечниот корисник му треба филтрирање од пм честички!
На просечниот корисник не му треба „уништување бактерии од воздухот“ и слични глупости.
 
Последна промена:

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
Од друга страна, зошто молчат за јонизаторот? Па со 200 фанфари би кажал дека не озонира. Има да трубам на сите страни... Ама... ко ќе ги прашаш за јонизаторот, следи молк. Од маркетиншка гледна точка, за фирма која рекламира прочистување на воздух со лентички филтри во климатизери ми кажува само едно. Нешто не е како што треба и тоа се преќутува.

Коледе.. :)
Кого го праша за јонизаторот па премолчил ?! Јас прашав ми кажаа дека не озонира. Ниту пак дека има некаков податок дека озонира.

Друго ми е прашањето, со години се продаваат климатизери со вграден јонизатор во нив, без копче да вклучеш/исклучеш. Пушташ клима си работи и јонизаторот. Не еден модел стотици модели се во прашање и не од лани туку со години. Е сега на ниту една од нив немам видено сертификат или ознака дека не озонираат што значи се иструвме сите ?!
Како да го исклучеме ние тој потенцијален озон од нив ?! Тој јонизатор грее го вградува во милиони климатизери кој се продаваат низ европа и скандинавија, не верувам дека измислувале топла вода за еден прочистувач туку 99.9% од економска и логичка гледна точка го вградиле истиот и тука. Ако не им прават проблем за климатизерите со нивниот јонизатор не верувам дека и тука ке има проблем воопшто.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.694
3.301
Овие од Гримак се прилично пасивни и неамбициозни (ова повеќе како комплимент го кажува), по се што гледам откако се појавија и почнаа да носат Гри на нашиов пазар.
Од друга страна каква е конкуренцијата?
Виникс очигледно вложува солидни пари во маркетинг за да „пројде“ нивниот производ.
Грее утепаа со реклами. Дробат. Види по булевари. Тоа е рекламирање. Виникс нема вложено денар. За нив разбрав тука. Никаде ама баш никаде немаат реклама.

Сите тие „сертификати“ коштаат пари, не пари заради имплементација на стандардите колку што кошта пари самото купување на сертификатот. За Еуровент некаде збореа дека наплаќаат екстремни високи суми за воопшто да тестираат производ. Значи не се работи толку за исполнување стандарди колку што се работи за плаќање арач за да се влезе во западниот пазар.
Секој сертификат чини пари. Никој нема да дојде и да ти сертифицира производ од што те сака и имаш убави очи. Не е тоа арач. Така се сертифицира производ. Сакаш безбедно возило? Проаѓа на EuroNCAP? Да не сакаш они да ја купат колата за тестирање???

Тоа се елементи кои суштински се релативно непотребни, или па имаат некоја смисла за специфични ситуации кои на мнозинството корисници им се непотребни (а им се прави филм како да се потребни).
На некого му се битни и му менуваат. Има луѓе со различна осетливост и нешто што за тебе е ништо, за друг е се што му треба.

Трни од себе. Целата дискусија од филтрирање на воздух кој овде во македонските градови и посебно во Скопје е презагаден со пм честички, ти ја сврти кон дискусија за јонизаторот - кој е само бонус и непотребен хајп за лажење на просечниот купувач.
Дискусијата ја свртев за да не заменам еден отров со друг. Можеби ако ставам 100 кила ураниум во дневна ќе ги приземји сите пм честици, само ќе ме убие радијација побрзо него честиците што сум го отстраните.

На просечниот корисник му треба филтрирање од пм честички!
На просечниот корисник не му треба „уништување бактерии од воздухот“ и слични глупости.
Да. Но не сум просечен корисник. Да бев, ќе го купев грее и ќе поништен гаранција со тоа што ќе го извадев јонизаторот.

Кого го праша за јонизаторот па премолчил ?!
Вработен во грее. Познаник. Исто го превртел цел интернет. Нема инфо освен тоа што го приложив.

со години се продаваат климатизери со вграден јонизатор во нив, без копче да вклучеш/исклучеш. Пушташ клима си работи и јонизаторот. Не еден модел стотици модели се во прашање и не од лани туку со години.
Уште повеќе ме убеди дека озонира.
Старите јонизатори озонираа и се фалеа со тоа. Се додека не се утврди дека не е за фалење. Тоа дека се продава низ Европа, се продаваат и цигари и пиштоли. Опасни се ако не ги ракуваш правилно. Може доаѓаат со други јонизатори за ЕУ. Таму и прочистувачи се друг модел. Може се исклучени?
Најди инфо и потврди ми дека е безбеден, ќе го купам за во спална.
До тогаш не го земам предвид.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно