Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Ентер отсега на Канал 5

Кое Списание за вас е подобро?

  • Вкупно гласале
    20

M@RKO

user
3 јуни 2009
1.494
566
а зашто одама нема ставено CLICK на интернет да го читаш? порано знам го ставаја секој број одма штом излезе за купување и на интернет го имаше пола списание па моеше да видиш што има за да го купиш
 
M

Mr.Alien

Гостин
Тоа не можам да ти одговорам, не е во доменот на моето ангажирање...прати писмо до редакцијата, има кој да го прочита и одговори.:chudenje:.
 
divjace

read-only
8 јануари 2008
22
4
Конечно крајно време беше мислам дека треба да се убаци и некој од Ентер :)

Прво, благодариме за криките, пофалбите, предлозите.. Стварно и вистински ни значат, и во иднина ќе гледаме да се подобриме. Е, сега КОМПЛЕТНО се согласувам со колегата од Click, во врска со нашите ни фирми.. Таква ни е реално ситуацијата и ние, т.е вие најмногу трпите. Жалосно но вистинито!

Конкретно за емисијата, тој хардвер што го претставуваме би требало да биде од актуелна понуда на нашите хардверски продавници, секако. Ај, да речеме дека сакаме да пишуваме (пак за емисијата зборам) некој up-to-date хардвер, МОРА да најдеме било какви материјали со што ќе ја покриеме емисијата во монтажа, а тоа верујте ми дека е нонсенс. За текст ќе склопиме од негде, ете има извори ко претходнокажаниот, tomshardware.. бла бла бла да не ги набројувам, официјалните прес рилиси за производот и уште триста чуда за солидно издржан тескт со спецификации, тестови и се што треба вие како читатели/гледачи да прочитате/видите/слушнете, ама фотки и видеа од тој производ од вчера, завчера, претходниот месец, пред два месеца, стварно нема со тој квалитет ко што ние сакаме да ви го претставиле.

За во списание друго е, една - две фотки и спремни сме за принт. Е, тука пак се доаѓа до прашањето.. Каде е тестирањето? Значи нема од каде! И ние „гиковите“ од ЕНТЕР и Click секако дека сакаме да фатиме во раце графичка од вчера или да „стопиме“ некој процесор, од завчера ама нема.. тоа е тоа.. Се трудиме колку што можеме да бидеме актуелни и со тестови и со нови производи, али толку ни се реално можноститее во нашата земја.

@ChemicalAngel Ај те молам испрати официјален меил до редакцијата на Ентер, или предложи му на некој што знае да пишува, а воедно и што знае некој програмски јазик. Моментално пишуваме за ActionScript еден од јазиците кој стварно малкумина го знаат тука, али би ги застапиле и другите, нема зошто да не бидат! Си има Pro секција токму наменета за професионалците, нели? Секогаш сме спремни за соработка, па и на крај краева (знам дека ќе звучи клише) ама „ЕНТЕР го правиме заедно!“

Сметам дека после ова дискусијава ќе се разгори, а и мило ќе ми биде!

Поздрав
 
divjace

read-only
8 јануари 2008
22
4
Се извинувам што и јас го потегнав хардверскиот дел во ЕНТЕР.

@ChemicalAngel
Ама едно ми е мачно зошто во сите списанија, 80% е застапеност на хардвер, 15% на рецензија за софтвер и 5% на програмирање. Па зошто не е застапено повеќе програмирањето, некои напредни Linux команди..

Ќе те поправам уште веднаш. Секакви содржини се застапени по малку. Ако ги купуваш редовно Ентер, сигурно би си забелелижил дека доволно страници се одделени за Интернет секцијата, кадешто се застапени новините и трендовите од типот на Twitter, Facebook, блогинг, совети како да се зашитите, компарација на сајтови и слично.. исто е и со софтверот и со гејмингот. А, да.. во 50ката, немаше текст за Linux, меѓутоа пак ќе повторам, ако си не читал, имаше во претходните броеви текстови за Linux, и тоа текстови од претставници на Лугола и слободен софтвер Македонија.

Пак да си кажам: слободно прати ни маил ако сакаш да пишуваш и ти за Linux, никаков проблем нема да биде!
 
M@RKO

user
3 јуни 2009
1.494
566
Ќе може да се затвори темава пошо сакам да отворам за ентер списанието каде што му е место
или ако може да се премести ова во ИТ списанија и книги

ја би им предложил на ентер да си ја сменат емисијата пошо повеќе наликува на телевизиска драма и има многу непотребно глума
последен пат ја гледав емисијата и видов доста глума од дечкото кој ја води емисијата демек он незнаел дека имало WCG и дека такво нешто постои и после завршува прилогов вика сега верува дека има :LOL: многу претерано глума како да е телевизиска драма на од поранешна тв Скопје(сега МТВ) а не ИТ емисија
 
Enter

read-only
20 октомври 2010
6
2
Еве уште еден член на редакцијата ЕНТЕР.

Пред се, мило ми е што читам позитивни и негативни критики затоа што согледуваме што недостасува а што е вредно во списанието и емисијата.

Ќе се надоврзам на колегата "divjace" дека хардверот од нашите спонзори не е секогаш up-to-date и дека публиката сака да види нешто најново, нешто ѕверско.... но од друга страна пак, ние го тестираме и презентираме она што може да се купи на НАШИОТ пазар и го има во продажба. Не велам дека би било лошо да тестираме и презенттираме нешто од "вчера" ама во рамките на нашите можности даваме се од себе :).

Констатацијата дека ентер е 80% хардвер не е на место. Во ентер има :
- 8 страни хардвер
- 15 страни игри (посебно за PC и посебно за XBOX/PS, друштвени игри)
- настани, вести, интервјуа, технологија, софтвер, интернет, програмирање и реклами се останатите 57 страни.

Од ова што може да видиш, ентер повеќе може да се нарече "гејмерско" списание отколку хардверско, иако тој епитет не му е прикладен поради фактот што игрите се со 18% застапеност.

Ентер е списание во кое може да се прочита СЕ од IT областa.

Што се однесува до рекламите, тие се составен дел од СЕКОЕ списание. Ги има и во сите познати светски IT списанија така што тука нема простор за дискусија дали и зошто има реклами.
 
M@RKO

user
3 јуни 2009
1.494
566
http://www.youtube.com/watch?v=DkKaoKKaVyU&feature=player_embedded#!
еве дел од емисијата па слободно искоментирајте ја
еве мој коментар
мене ми е малку смешен Никола (дечкото што ја води емисијата) не е баш он за вакви емисии убоо си почнаја ентер со последните што беа на А1 баш и гласовите им беа како за на телевизија и барем се разбираа од компјутери а не овие сега на Канал 5
 
pilch@rd

user
22 август 2009
1.338
132

Вака,најпрвин би сакал да направам една ретроспектива на последниот 50-ти број на ЕНТЕР. Навидум списанието ми се виде потенко од сите претходни броеви,а освен тоа е задржан стариот концепт на пишување. Кога го погледнав DVD-то забележав дека на прв поглед е исто,само незнам дали е DUAL или пак обично DVD од 4,5 GB. Ова се само мои видувања на последниот број, кој што според вас требаше да биде спектакуларен,како што беше наведено во Ентер 49.
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.489
5.599

Имаш право. Многу простачки изгледа.
 
goce ilievi

lurker
2 март 2010
633
45
Јас ќе прокоментирам за емисијата,бидејќи списанието не сум го видел.Мислам дека далеку е ЕНтер од добра емисија во која што ќе се добијат прави информации и ќе биде интересна.АКо се вратам назад во времето,на почетокот им беше најдобра емисијата.Имаа нависитна одлично студио,а и водителите беа подобри.Во последно време мислам дека се се полоши и полоши
 
Дракула

hello world
16 април 2010
93
6
Порано бев редовен купувач на ентер списанието и редовно ги гледав сите емисии, се до „измислувањето“ на интернетот во македонија (пред 5 години), каде се можев да симнам, читам и гледам бесплатно. Содржината ми се чинеше ОК, и верувам дека сеуште е бидејќи некогаш ќе фатам на телевизија.

Еден голем минус е што целиот хардвер кој го земате го добивате од спонози, а за спонзори не можиш да кажиш некои негативни зборови, ем тој не ти дозволува ем срамота е од човека. Доколку сами би си го купувале хардверот, и правите искрени ревјуа верувам ќе ви се зголеми читаноста и гледаноста.

Што станува за онај аматерски дел на почетокот на видеото. Ми изгледа како дечињата од Ѕвон на мтв, научиле некој текст на памет и ајде ќе го кажват и ќе се гледат во облаци.

Предлог: гледајте Revision3, TigerDirectBlog ‎како би требало да изгледа. Не е потребно ни специални студио ни ништо. Една просторија, добро осветлување и 2 камери (една за крупен кадар друга за од блиску). И се разбира добар говорник кој се разбира тро од тро а не модели од модна агенција кои не знаат ни 20% од поимите што ги кажуват што значат.
 
MetalGear

poweruser
14 април 2007
3.032
547
www.ibiz.mk
Што станува за онај аматерски дел на почетокот на видеото. Ми изгледа како дечињата од Ѕвон на мтв, научиле некој текст на памет и ајде ќе го кажват и ќе се гледат во облаци.

ова мислев да го пишам, мушко и женско мислу дека и тамо бева

иначе еве едно видео од БАГ
http://www.bug.hr/bugtv/physx-kombinaciji-nvidia-ati/652.aspx

видеото го земав како рандом, видите ги и другите, доста подобро е и на пониво, отколку нашминканите и глупите гримаси на овие од ентер
 
Enter

read-only
20 октомври 2010
6
2
Вака,најпрвин би сакал да направам една ретроспектива на последниот 50-ти број на ЕНТЕР. Навидум списанието ми се виде потенко од сите претходни броеви,а освен тоа е задржан стариот концепт на пишување. Кога го погледнав DVD-то забележав дека на прв поглед е исто,само незнам дали е DUAL или пак обично DVD од 4,5 GB. Ова се само мои видувања на последниот број, кој што според вас требаше да биде спектакуларен,како што беше наведено во Ентер 49.

Точно. Новиот Ентер има неколку страни помалку од претходниот број и сега има 80 страни.
Што подразбираш под стариот концепт на пишување? Ако под тоа подразбираш фалење на хардвери (како што вели Дракула), купи го најновиот број на списанието наредната недела и ќе видиш дека нема пристрасност кон спонзорите и дека секоја негативна карактеристика е објавена. Можеби нема да прочиташ безобразно "ругање" на хардверот како : “тастатурата е КРШ“ но сигурно ќе прочиташ дека на нас не ни се допаднала како функционира.

На DVD-то го има секој софтвер кој е обработуван во списанието и дополнителни игри, македонски софтвер, сигурносни апликации и сл. Ако имате некаков предлог за вметнување на софтвер или некоја новина во DVD-то слободно пишете ни на нашиот е-маил [email protected] и доколку вашиот предлог "држи вода" со задоволство ќе го прифатиме.

Водителот Никола. 311 емисија беше дебитантска емисија за него но за многу кратко време успеа да научи како да се однесува во емисијата и како да ги презентира информациите. Денеска на Канал 5 беше 313 емисија. Верувам дека некои од вас ја погледнале. Јас не би сакал да ја коментирам но затоа сте вие тука, гледачите, па секој коментар би бил добредојден.
 
B^nDIT

user
6 февруари 2010
1.124
315

Првите 2 емисии ги гледав со Никола и морам да кажам дека не ми се допаѓаат.

Едноставно премногу глума... Можеби сакате да привлечете внимание или да го направите поинтересно , но едноставно трошите време за џабе. Поубаво би било доколку двата водители даваат информации , наместо еден прашува друг одговара.

Интериерот на минатиот Ентер , што се снимаше во Ентернет , беше далеку подобар и имаше некако , попријатна атмосфера.

За списанието , неможам да коментирам оти одамна го немам читано.
 
RagingDemon

senior
24 март 2009
6.489
5.599
Далеку попрофесионално би било воведот во претставувањето на некој хардвер или софтвер да биде со неколку збора општо за што е наменет и натаму да се зборува за хардверот/софтверот.
А не "Ало, значи да вртам лево или десно...."Едноставно такво нешто не доликува на емисија од тој тип.
Дури и оние виртуелни водителки што ги имаше едно време беа подобри од новиве.
 
M@RKO

user
3 јуни 2009
1.494
566
предходните водители(пред овие сега) беа подобри и баш имаа гласови како за на телевизија и професионално ја водеа емисијата

сега емисијата е крш и неможам да гледам кога ќе го покажат Никола како глуми ,не е тоа театар па он да глуми :D и не ми се допадна локацијата каде е снимана емисијата

Погледнете ја Мрежа на Алфа тв колку подобро изгледа а сепак е нова емисија годинава е формирана
HTML:
<object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/GiCM-xcXO9M?fs=1&amp;hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/GiCM-xcXO9M?fs=1&amp;hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>
 
goce ilievi

lurker
2 март 2010
633
45
Добро,не давајте толку негативни критики.Сепак и не е толку лошо.А сега се сетив на тоа порано кога беше со виртуелните ликови.Тоа некако ми беше најдосадно и отогаш изгубив навика да ја следам.Сега што би рекле старите,ја гледам чат пат.А да и јас сум за тоа дека можеби треба да се снима повеќе во студио.Сега ако не ме лаже оково мислам дека емисиите се снимаат во некоја продавница за компјутери
 
M@RKO

user
3 јуни 2009
1.494
566
денеска купив CLICK и стварно е добар ,го купувам редовно некаде од 3-4 број ,ми се свиѓа тоа што повеќе пишуваат за ИТ случувањата кај нас што ретко во кое друго компјутерско списание ќе прочиташ теми од Македонија ,имам критика многу е мека корицата се витка и се кине (можда сум пишал неколку поста предходно за ова ама пак ќе пишам) треба да се направи во подебела корица како оние магазинине пто се за жени за убавина здраве на кој корицата е дебела и многу помазна

имам исто така предлог до Click да направат дел за огласување каде би имало огласи за продажба и за купување на компјутери и делови за нив

да не биде само критика еве ви видео ,мала анкета од BUG
http://www.youtube.com/watch?v=7jLJF8a6oEI&feature=related
 
pilch@rd

user
22 август 2009
1.338
132
@Mr.Alien рецензијата и тестот за AMD Phenom процесорот ти е одлична,проболжи така. :bravo:
 
M@RKO

user
3 јуни 2009
1.494
566
Mr.Alien и во новиот број имаш добри рецензии ,одлично продолжи и понатаму ние ќе читаме

и дајте малку покорисни работи во CLICK пишувајте за да може да ги чуваме како колекционерски списанијата па некогаш да читаме работи кој може да ни притребаат во секое време ,може да се додаде рубрика за програмиери за веб дизајнери и др
 
M

Mr.Alien

Гостин
Pusti mail do redakcijata so predlogot. Ili ke dobies povraten odgovor po mail, ili ke ti bide objaveno so odgovor.
 
M

Mr.Alien

Гостин
I, da, blagodaram za pofalbite. Za PHENOM-ot imas i vo sekcijata Hardvr tuka na forumov. No, ne mozam da stavam link, pisuvam od mobilen....
 
the Joker

hello world
10 август 2008
185
1
одлични се списанијата (и ентер и клик) ги земам од 1-от број само мала замерка имам за кликот оти многу труе,треба да си го затнам носот :D и да читам или од малку подалеку да читам и пак не се диши ама не се осеќа толку многу од малку подалеку ако е

ако можи Mr.Alien да пренесиш на одговорните за ова и ако се среди ќе биди уште подобро

само напред ентер и клик :bravo:
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно