1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Е-Данок?

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од Noelo, 14 Декември 2018.

  1. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Фала за линкот Деан!

    Свежо инфо директно од агент, а се однесува за приходи од АВТОРСКИ ПРАВА и тие сличните под број 9 или 10 - не се сеќавам кои беа сите (од земјоделските изгледа тука влегуваат продажба на земјоделски производи само).

    Како ја прават пресметката и го одредуваат степенот на данок градативно:
    (Ова мене ми беше комплетно збунително, а верувам и на многу други, особено после сите тие дробења на ТВ, од кои што ниту еден не изнесе прецизни одговори)

    Данокот се пресметува врз Месечна даночна основа - не на бруто, не на нето, туку на таа даночна основа одредена од твојата сопствена дејност.

    Со бројки, ако си фриленсер и парите ти доаѓаат како хонорар, ова е пресметката со округли бројки:

    - Имаш приход од 100.000 денари за Јануари
    - Даночното ослободување за ИТ услуги е 30%
    - Твојата месечна даночна основа изнесува 70.000 денари
    - Персоналецот е 10%, и се пресметува на тие 70 илјади, а НЕ на бруто парите.
    - Откако месечната даночна основа ќе надмине 90.000, тогаш на тие пари над таа граница се пресметува 18%
     
    Melisandre, Taurus и на artweb им се допаѓа ова.
  2. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    А, заборавив едно интересно нешто.

    до лани Декември ослободувањето беше 50% - е ТУКА нѝ е*** матер. Да не рече некој џабе сум пцуел претходно :)))
     
    На The-spiki и artweb им се допаѓа ова.
  3. tomi

    tomi
    Guru

    9,875
    9,115
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Ја колку што разбрав, ослободени сме од данок на ддв, значи на сите пари примени од 01.01.2019 плакаме само 15% наместо досегашните 10%....
     
  4. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Мислиш на ИТ услуги воопшто?

    ДДВ не треба да плаќаш доколку парите ти се сите од странство,
    доколку заработуваш во Македонија и ОД македонски фирми, па надминеш милион - само тогаш ќе станеш ДДВ обврзник.

    Ако сè ти доаѓа од странство - границата од милион не се однесува на тебе воопшто.

    Единствено не знам како е ако имаш комбинирани приливи, односно покрај доларите/еврата/фунтите од страна, ако имаш и други приходи.
    Ако сакаш ќе прашам и за тоа :)
    Мада, во овој случај мислам дека е најдобро да се обратиш до УЈП за 100% сигурна информација.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  5. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,132
    492
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Не ми е баш јасно како 15%, нели 18% на износот над 1500 еур? За ДДВ збориш или за персонален?
     
  6. tomi

    tomi
    Guru

    9,875
    9,115
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Не подлежиме посекако на ддв, зборам за персоналниот, не е повеќе 10 посто туку е 15 посто


    2019-01-08 14.24.44-min.jpg
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Друже, ова се однесува на фирма нешто или за поединци?

    Од линкот од УЈП, за авторски права стои 10%

    [​IMG]
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tomi

    tomi
    Guru

    9,875
    9,115
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Ова е сликано во UJP и се однесува за физички лица, доколку некој од вас пополнуваше во 2018 месечни пријави за персонален преку Е-PDD знае дека имавме одбитоци како што и пишува погоре ја за цела 2018 платив со 7 посто персонален како што е наведено горе, но доколку сега внесуваш по исто месечно персонален преку E-PDD веке рачуна со 15% проверено гарантирано ви е ова...
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Noelo

    Noelo
    Intern

    19
    2
    8 Март 2013
    Машко
    Дали го разборате ова Е-Данок? Мене сите полиња ми се празни.
     
  10. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,132
    492
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Малку си збунка.
    Друг доход не се смета за доход од работа, доход од работа е 18% на износот над 90 000ден.
    [​IMG]
     
    На Oliver! му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Око соколово! :)))
    Јас не го ни забележав тоа поле, гледав само во редовите :))
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tomi

    tomi
    Guru

    9,875
    9,115
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Ne e taka ama aj, tolkuvajte kako sakate, mnogu pravilnici ne se smeneti na sajtot dzabe postirate, razgovarano e so mnogu vlijatelni luge na pozicija od upravata, isto taka i pavle gacev e kontaktiran i uste nekoi zamenici ministri i pogolemi luge koj mi go potvrdija, ako me lazat ve lazam i jas... site prihodi sto ni se od stranstvo a e povrzano so It svera ne spaga na ddv osven personalec od 15%, ova vazi i za 100 eu i za 1.000.000 eu nema razlika ne spagaat vo ddv


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  13. tomi

    tomi
    Guru

    9,875
    9,115
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
  14. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Друже, никој не те лаже ни тебе ни нас.

    Тоа на сликата што го покажа е под сектор "Други Приходи" ставено
    За таа назнака навистина Е 15%.

    Проблемот е - ако си влечел пари за ИТ услуги - воопшто не требало да плаќаш толку и во 2018...

    Моите информации погоре се од агент од Авторска Агенција, на телефон сето тоа ми го објаснија и е по терк на тоа како ги упатиле од УЈП.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  15. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,132
    492
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
  16. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,156
    721
    8 Мај 2010
    Машко
    @Oliverbds имам едно прецизно прашање и доколку имаш контакт до некој од УЈП те молам да го прашаш сметам дека ќе ги интересира и другите..

    Прашањето е: Што е со оние државјани кои примиле пари и истите се пријавени како пари од Авторски Услуги од странски субјект (клиент/фирма) дали истите подлежат на 18%? или и тие спаѓаат во она “пари од странство не подлежат на ДДВ“?


    А од тоа што видов процентот за персонален данок за некои категории е зголемен од 10% на 15%.

    Пример:
    Добивки од игри на среќа (спортска) - од 10% на 15%
    Закупнини (станови) - од 10% на 15%
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Да, за највеќето е сменето кон 15, не само за тие 2. Останати со 10% се само тие наведените на сајтот на УЈП.

    Што се однесува до "Авторски Услуги од странски субјект" фирмата исплаќач - дали е македонска или не?
    Ако примаш пари буквално однадвор - тогаш не се вбројува во тоа пресметување за ДДВ обврзник после милион.

    Затоа што може и фирмата што те плаќа да има регистрирано фирма локално кај нас, па од таа сметка да ти плаќа средства, така?
    Тогаш мислам дека ова значи дека те платила македонска фирма, а не странски субјект.

    И да не ви прави пак збунка тоа со цифрата 18% - во муабетите погоре не се однесува на ДДВ-то, туку на стапката на Персонален Данок по надминување 90.000 денари.
     
    На artweb и pipelin им се допаѓа ова.
  18. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,156
    721
    8 Мај 2010
    Машко
    Фирмата е странска, парите се пуштени од странство.
     
  19. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Значи, немаш гајле :)
    Баш како што пиша погоре tomi, не влегуваат во ДДВ тие.
     
    artweb, tomi и на pipelin им се допаѓа ова.
  20. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,156
    721
    8 Мај 2010
    Машко
    Јас сум сигурен во тоа, но неодамна пред нова година ми стигна писмо од ујп дека “можно“ е да бидам регистриран и да отидам во УЈП да приложам копија, бев истиот ден, приложив копија од ПДД од минатата година и ми рекоа дека ќе ме контактираат.

    Пред 3 дена на мејлот со кој ми е регистриран УЈП акаунтот ми стигна пдф документ со известување дека се чека Упатството/Правилникот кое го објавија ми се чини завчера.
    Па сега чекам да видиме дали ќе бидам регистриран како ДДВ обврзник..

    Инаку во ПДД пријавата долу во тоа квадратчето за Забелешка е нагласено дека средствата се од странство.


    Едит: Исто така рокот за регистрација на физички лица за ДДВ обврзници е до 15ти месецов, што значи дека уште 4 дена преостануваат да одговорат на мејлот што според досегашното искуство со УЈП секако ќе го поминат тој рок, и не е чудно наредниот мејл да биде “Успешна регистрација“ :) па оди после желби поднесувај...
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Ооооо, здраво колега! :D

    Точно истото ми го направија мене на 13-ти Декември и ми рекоа дека имам фора до 14-ти Декември да одам во УЈП на разговор пред да поднесат годишни извештаи... Лудница, ша да ти причам.

    И точно истата глупост беше - тие МИСЛЕЛЕ дека парите се сите од македонска фирма.
    Потпишав изјава дека парите ми се од странство, им однесов извештај од банка и ме оставија раат.

    Сума сумарум:
    воопшто не се знае дали е во прашање човечка грешка или системска.
    Мада, сите добро знаеме дека тој систем човек во создал :D
     
    На artweb и pipelin им се допаѓа ова.
  22. CokeZone

    CokeZone
    Intern

    59
    29
    27 Декември 2015
    Вака дечки малце се чуствувам збунето!
    Примам пари на девизна сметка. Значи секој приход треба да го пријавам на е-пдд така? Иначе работам како фрилансер за фирма и за тоа сум платен.
    Е сега имам мал проблем. Во 2018 парите ги пријавував како други приходи (така ми рекоја во УЈП). Е арно сега во 2019 пробвам исто и ми излезе 15% данок, сега како да ги пријавам за 2019? Примања по основ на други извршени повремени или привремени услуги валда ова е тоа?
    И сега дали УЈП треба да ми пушти мене целосна уплатница за 2018 година за сите трансакции и да платам данок на нив? Ве молам за помош на шалтер појма немаат незнам зошто уопште се одлучија на ваков глуп потег а технологијата им е назад и појма немаат по шалтери!
     
  23. Oliver!

    Oliver!
    Гостин

    Ах мамицата нивна, колку жртви паднале...

    На сите што наплаќате само ИТ услуги, конкретно поврзано со изработка на сајтови, графика, било што...
    ви препорачувам да им отидете во УЈП и да побарате поврат на средства.

    Не знам зошто воопшто ви рекле да го ставате тоа во други приходи (освен нормално, што е за пола повеќе данок од што треба)

    Не знам како точно работи е-пдд бидејќи одамна плаќам преку агенција, па ако може некој друг да помогне во тоа...
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Mayson

    Mayson
    Gaining Experience

    685
    282
    10 Април 2011
    за 2018 немав приходи, не се регистирарав за ова е данок, ако имам за 2019 ке може да се регистрирам понатаму?
     
  25. tomi

    tomi
    Guru

    9,875
    9,115
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Правилно си ги внесувал како други приходи и така треба, коа ке поднесеш се и пополниш право, потоа треба за секоја исплата да прикачиш на сајтот на епдд во делот за документи што сто и на крај 743 образец, од коа ке пополниш и тоа, стискаш заврши пресметка, стига пин на меил го внесуваш во епдд и потоа чекаш да ти потврдат да платиш.... за 2018 беше така, за 2019 има нови точки и веке не постои точката 3.1 други приходи, некој викаат дека нема да треба ништо да внесуваш самите банки ке бидат поврзани со епдд и твое е само да плаќаш, ама уште незнам затоа што системот на 03.01 им правеше абгрејд и им се измешаа работите. На крај УЈП ке ти прати решение за да споредиш, ако е се платено и точно само потврдуваш и тоа е тоа

    Многу збунети луге има тука, кој си толкуваат и прават по свое тука, не слушај никој, советувај се со вистински луге затоа што не е шала. Кажано ми е од страна на УЈП дека според закон имаат увид 5 години во сметките наши, така да нема бегање од тоа, бидете си чисти затоа што ако ве фатат дека затајувате казните се огромни....

    Ја потрошив многу време и пари за да ги обезбедам сите информации зато ова што го зборам го сметам за веродостоен муабет

    Јас пари примам од Facebook, Google, Revcontent, Content.ad и приливи од физички лица.... за сите нив си платив за 2018 данок со поовластена цена од 7% сега веке тоа го нема и треб да се пријавува се со 15%
     
    На arso и Krkac им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. macedonia
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,375
  2. -Ata-
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,647
  3. Тони
    Одговори:
    24
    Прегледи:
    2,389
  4. Noelo
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    1,869
  5. zipi123
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,557
Вчитување...

Сподели

Вчитување...