Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Доказ дека СТВАРНО се заработува со кликање

И

Избришан член 1074

Гостин
Еве од кога чекам да ми исплатат, т.е. чекав:

32422487ms0.jpg


Инаку еве статус:

92418539eb1.jpg


Веќе со овие глупости не се замарам, залудно трошење време :ua:
 

Batman

read-only
7 април 2008
20
0
Единствени 2 сајта шо стварно плаќаат се neobux.com и palmbux.com, проверено. Ги имам тестирано чисто ради зафрканција не дека имав цел да заработам нешто. Ми исплатија по 2$, вкупно 4$. Така да доколку ви се клика и губи време на вакви ствари ви ги препорачувам овие два, но не вреди, верувајте.
 

RagingDemon

senior
24 март 2009
6.482
5.588
Жими доказот, 2 долари....
Колку време кликаше за нив, 5 месеци ли?
Да излезам накај град за 1 час по патот ке најдам 80 денари, т.ест 2 долари.
 
28 декември 2009
61
1
Леле 10 дена за два долари.Барем 30 да беа.Ова воопшто не вреди.За тоа време можеш да седниш на научиш нешто и за 15 дена наместо 2 да направиш 200$.
 

malecka

read-only
27 декември 2009
1
0
Умот ви се лаже,газот ви се радува дека ќе заработите некој денар:p
 

Ajso

read-only
28 август 2009
15
0
Доказ дека во МК СТВАРНО ептен се забегани работиве

Дискусијава е еден од многуте докази дека во МК СТВАРНО ептен се забегани работиве.

За жал, многу ги има кои се надеваат дека без труд и работа можат цел живот да се шлепаат на туѓ грб по принципот „Лежи лебу да те јадам„.

Форумиве, ако сакаат да помогнат во развојот, треба да забранат, а не да стимулираат вакви и слични теми, од типот: „Како да заработам - без да работам„, „Како да купам со туѓа кредитна картичка...„ итн, итн...


ЗАТОА, не е ни чудно зошто сеуште го немаме PayPal, зошто никој не доаѓа да инвестира во МК (и покрај „ефтината работна снага„, која всушност несака ништо да работи, ниту да се надградува и усовршува...), зошто...

Синдромот на самоуништување продолжува.... За да ги „заработите„ вие тие ваши вошливи 2 УСД, јас сум морал да платам 200 УСД на Гугл или друг систем и да добијам за возврат 99% ѓубре кликови. Парите потрошени, ефектот за бизнисот кој го промовирам - никаков...

Гугл и сличните ќе собираат милијарди од вакви како нас, а ние во МК ќе бидеме на ова дереџе на кое сме... без скоро никаква интернет продажба, неможност да ги планираш работиве...

Незнам дали вреди да кажам дека повеќе може да се заработи со инструмент на плоштад (како Пилерови, кои од Кнез Михајлова улица во Белград, стигнаа до прва награда за најталентирани) или на камени мост... или... со сунѓерот на раскрсница.... Ах, да, заборавив... тоа е срамота за вас... Се извинувам, ако некого навредив.

Среќна и бериќетна Нова 2010 Година на сите
 

CyberSpic

lurker
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
Гугл нема никаква врска со PTC страни. Админите од ПТЦ страните продаваат сообраќај за ниски цени на вебмастери.
И друго, не само во мк туку во цел свет луѓето бараат начин за заработка без работа, само ретко кој се нафаќа за $2 да клика цел месец :D

Kaj adsense глеј користи ги 80% од парите за search traffic
 

TheDarkHacker

Баниран/a
16 мај 2009
285
17
Може да ти ги исплатат парите не велам не.Да речеме дека адсенсе дава солиден 1$ од 10 клика.

И некој сајт ти бара цел месец по 20 клика да правиш.За 30 дена,дневно 2$,прави тој,т.е. 60$ за еден корисник.Плус,од импресии уште 4$ дневно.Тоа е 30*4=120$+60$=180$ грубо кажано...

Можеби малце сум утнал ама толку е.Од еден корисник за еден месец он вади 180$,a Ит.ком.мк за еден месец доколку имаше адсенсе ќе вадеше по 10-20 долари месец.

И тоа оваа математика е за адсенсе...Другите даваат и уште,бидејќи не се незнам колку познати и прават бизнис невиден.

Така да,не се радувајте дека 1$ или 2$ сте добиле,само профит на сајтовите сте им направиле.

Инаку не дека без работа може да се заработи,може и со малце работа...Ама тоа е нефер живот.
 

theurednik

Sensei Модератор
23 февруари 2009
499
136
it.com.mk
@Ajso

Велиш ваквите теми треба да се забранат. Еве зошто е добро што се разговараат:

- се руши митот дека може да се заработува со кликање
- се споделуваат искуства
- луѓето учат за кликањето и за промовирање на веб страни
- се отвараат и други теми на основа на ова
- се истражува и се откриваат нови работи

Да, има негативни последици - некој го сфаќа ова како охрабрување, но од друга страна, откако ќе искуси сам, ќе истражи малку ќе стекне некакво искуство, а каде има искуство има и знаење :D

cheers :skuter:
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв