Sancho Sanchez
hello world
- 12 октомври 2016
- 272
- 294
Ме мрзи да те цитирам едно по едно, еве неколку точки по ред:
- не постои нешто 100% сигурно, но депозитот ти е неколку скалила посигурен од било која крипто валута (не сакам да кажам асет, бидејќи криптото не е асет).
- задолжени сме, стануваме се повеќе задолжени, а парите некој ќе треба да ги врати, шифтање во крипто нема да ги врати долговите.
- Последните пасуси, не ја спорам технологијата, туку замислата како таа ќе биде прифатена од страна на државите. Никоја држава нема да си ја даде моќта врз парите, барем не по мирен пат. Крв се има пролеано за таа моќ, и не постои влада што истата ќе ја даде на гикчиња кои искуцале неколку редови код.
- Во иднина ќе постојат дигитални валути, но ЦЕНТРАЛИЗИРАНИ. Ќе користат слична технологија, веројатно со смарт контракти во кои по автоматизам ќе се наплатат сите даноци кон државата, но нема шанса некој да дозволи валута која нема да биде контролирана. Како прво таква валута најмногу одговара на криминалците, и второто уште поопасно, нема како да ти наплатат даноци, а држава што не може да наплати данок е осудена на екстремно брз пропаст.
- Последната реченица, не барам јас да се вратиме на весници, ќе остане нешто корисно од оваа технологија, ама далеку поинаку организирано од тоа што се случува во моментов.
Ваш став е дека државата е семоќна и не можеш да се бориш против неа.
Наш став е дека ова зло треба да се уништи еднаш за стално и целосно да се искорени од општеството. Никогаш повеќе никоја влада не треба да има моќ да креира пари.
Да немавме таков став ниту криптото ќе се усовршеше толку последните години, ниту Сатоши ќе го решеше “нерешливиот“ Byzantine Generals Problem.