Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Даноци на пари од Онлајн сметки...Вистини и Митови

Статус
Затворена за нови мислења.

Vase07

read-only
7 ноември 2013
7
3
Vase, како македонски граѓанин НЕ СМЕЕШ да имаш сметка надвор од Македонија (освен во точно одредени ситуации, ако примаш пензија од странство и сл.).

Кога вадиш пари од Пајонир, во банка ќе се појави твое име со странска сметка. Доколку имаат (а во моментов најверојатно немаат) софтвер за спречување на перење пари, може да "сигнализираат" во надлежни институции.

Пајонир го користам повеќе од 1 година ..
Малку на повисоко ниво е банкарскиот систем во Македонија од она што мислите. За непријавување на сомнителни трансакции банките може да јадат јаки пенали, така да неможе да се случи да не се сигнализира сомнителна трансакција. Системот постои и функционира со години наназад ... единствено е прашање дали некој сака да се замара со вас/нас. А ако и само посака го такваевме ежот :)

Сеуште нема никаков глас од нив :D
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
А што ако користам Payoneer картичка и надминувам над 150 000 ? Според мене нема потреба од плаќање на данок, бидејќи јас не се појавувам никаде во Македонија со сметка полна со пари :p
Toчно така. Да подигнуваш пари од Payoneer картичка на банкомат во МК е исто како да си некој странец којшто дошол тука, турист. Што значи, нема правен основ да плаќаш данок. Кога би добивал девизен прилив на сметка во МК, е тогаш веќе имаат увид. Вака нема што К нив да ги боли за тоа што ти си имаш твои девизи на сметка во странство.
 
alex-st

hello world
1 декември 2010
155
76
А од каде ќе знаат дали имам државјанство и од земјата во која е сметката...? :)

Малку на повисоко ниво е банкарскиот систем во Македонија од она што мислите. За непријавување на сомнителни трансакции банките може да јадат јаки пенали, така да неможе да се случи да не се сигнализира сомнителна трансакција. Системот постои и функционира со години наназад ... единствено е прашање дали некој сака да се замара со вас/нас. А ако и само посака го такваевме ежот :)

Го потврдувам она што го напишал @pLaToOn
Летово кога работев во Германија префрлив 50 евра од германската на македонската сметка, па парите ми беа блокирани се додека не им испратив документ за работа во странската држава за да можат да го испитаат потеклото на парите. Иако се работеше само за 50 евра, истите беа блокирани 4-5 денови.
Друг случај, кога ми пресметаа некои си камати па влегов 20тина евра во минус на германската сметка и пробав преку тутунска да си префрлам за да ја израмнам состојбата. Kога вработената таму ми кажаа што се треба да направам/потпишам за да испратам пари од сопствена мк на сопствена германска сметка, многу поефикасен и побрз начин ми се виде да ги дадам парите на еден другар па тој да ми ги уплати како подарок :D
А инаку и таа самата кажа дека ако не ги пријави парите и таа но и банката може да добијат големи казни, затоа осетив дека работата е на многу повисоко ниво сега, посебно поради тоа што се јавуваше на 2-3 места во Централата за дали да го одобри тој трансфер. А замислете да се работи за некоја поголема сума.
 
sojic

hello world
29 април 2007
435
24
А од каде ќе знаат дали имам државјанство и од земјата во која е сметката...? :)

Точно процедурата не ја знам, меѓутоа еве можни сценариа:

  • Кога ќе добијат "сомнителна транскација" ќе го контактираат Pioneer за твој матиче број.
  • Ќе те повикаат да докажеш дали си, не ли си, имаш ли државјанство, пасош, и.т.н.
Немој да мислиш дека државата ќе ја "заебеш". Нема заебанција со државата... Ал Капоне не е уапсен за криминал, него за данок.
 
R

Roncic

Гостин
Тешко на нашинциве што работат по бродови и студентиве кои одат преку лето да дрпнат некоја паричка во US. Ако ги разбере државава мав планот.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.082
7.769
Тешко на нашинциве што работат по бродови и студентиве кои одат преку лето да дрпнат некоја паричка во US. Ако ги разбере државава мав планот.

Има разлика каде си кога ги заработуваш парите. За нив на пр. данокот се плаќа во САД
 
prichina

senior
24 мај 2009
7.888
5.212
Скопје
prichina's setup  
Processor & Cooler
i5 7500 | Z600 + NF-A15 Noctua
Motherboard
Gigabyte H110 D3A
Storage
Toshiba 128GB SSD M2 2280 SATA | Crucial M4 128GB | Samsung SSD 870 QVO 1TB | SK Hynix SSD 500GB | 1.5 TB Seagate во Cooler Master Xport 351 | WD Elements 1TB
PSU
EVGA G2 1000
RAM
2x8GB DDR4-2666
Video card
MSI RTX 3070 VENTUS 3X OC
Case
HAF 922 | Fan Control (PWM) DeepCool Rockman
Mouse
Razer Viper Ultimate | Gamepad's: 2xRumblepad 2 (wireless) + 1x Rumblepad 2(with wire) / Wireless kombo Тастатура + Mаус од A4Tech
Keyboard
A4Tech Wireless
Audio
X-FI Platinum + Remote | Tannoy Mercury F1 Custom | Marantz PM-44 SE mkII | Audio Technica m40fs
Monitor
Dell U2412M
OS
Windows 10 pro
Статијата вришти, стварно е така, лапот во скут и есап, чеј сеа минусов као да го покријам на држаава....монти пајтонска држава.
 
Blagojcebt

hello world
1 септември 2009
219
94
Како што разбрав
Ако префрлам пари од Комерцијална банка- Петре Петровски во на пример Стопанска банка -Петре Петровски , не се плаќа данок
па како тогаш се плака за префрлање на пари од Skrill-Петре Петровски на Тутунска - Петре Петровски
Па и Комерцијална е фирма како и Skrill

Точно процедурата не ја знам, меѓутоа еве можни сценариа:

  • Кога ќе добијат "сомнителна транскација" ќе го контактираат Pioneer за твој матиче број.
  • Ќе те повикаат да докажеш дали си, не ли си, имаш ли државјанство, пасош, и.т.н.
Немој да мислиш дека државата ќе ја "заебеш". Нема заебанција со државата... Ал Капоне не е уапсен за криминал, него за данок.

Payoneer го нема твојот Матичен број, ако се плаќа данок за вадење на пари преку Payoneer картичка тогаш да го известам роднината од УСА кога беше на одмор тука изваде 2000$ со Payoneer картичка, па да ми пушти 200$ за да платам данок за него
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.983
roka.mk
Вадење пари од пејонир на било кој банкмат не се плаќа данок, туку само провизија за конверзија на валута.
 
vladence

hello world
31 мај 2009
275
32
Скопје
Јас земав пари со пајонир на почеток и не се плаќа данок. После напраив пауза и ми ја блокираа картицата, па продужив со скрил. Пошто парите ги повлекував на сметка од наша банка морав да ги пријавам. А ги пријавив зашто беа повеќе од 500 евра. Мислам испод 500 еври не пријавуваш приход.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.983
roka.mk
Јас земав пари со пајонир на почеток и не се плаќа данок. После напраив пауза и ми ја блокираа картицата, па продужив со скрил. Пошто парите ги повлекував на сметка од наша банка морав да ги пријавам. А ги пријавив зашто беа повеќе од 500 евра. Мислам испод 500 еври не пријавуваш приход.
Данок се плаќа и на 1 ден.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Јас земав пари со пајонир на почеток и не се плаќа данок. После напраив пауза и ми ја блокираа картицата, па продужив со скрил. Пошто парите ги повлекував на сметка од наша банка морав да ги пријавам. А ги пријавив зашто беа повеќе од 500 евра. Мислам испод 500 еври не пријавуваш приход.
Зошто ти ја блокираа картичката?
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.396
5.553
Како што разбрав
Ако префрлам пари од Комерцијална банка- Петре Петровски во на пример Стопанска банка -Петре Петровски , не се плаќа данок
па како тогаш се плака за префрлање на пари од Skrill-Петре Петровски на Тутунска - Петре Петровски
Па и Комерцијална е фирма како и Skril
Префрлање на пари од странство се толкува како девизен прилив и во зависност од потеклото на парите може да треба да се плати данок.
Друго е што е законски недозволиво да се има сметка во странство, освен за тие со регулиран престој во странство.
 
vladence

hello world
31 мај 2009
275
32
Скопје
Зошто ти ја блокираа картичката?
Не ја користев година дена. Пратив 2-3 пати барање да се обнови. Не знам дали се прават мутави или сум пратил на погрешно место. Ми здосади да се трудам со тоа пајонир.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Не ја користев година дена. Пратив 2-3 пати барање да се обнови. Не знам дали се прават мутави или сум пратил на погрешно место. Ми здосади да се трудам со тоа пајонир.
A имаш внесено средства откако ти ја блокираа? ЗНам дека наплаќаат месечно, па ако немаш средства за да наплатат неможе да ти ја одблокираат. Веројатно си се сетил и ти на ова, само ме интересира дали си внесол или не. :)
 
vladence

hello world
31 мај 2009
275
32
Скопје
A имаш внесено средства откако ти ја блокираа? ЗНам дека наплаќаат месечно, па ако немаш средства за да наплатат неможе да ти ја одблокираат. Веројатно си се сетил и ти на ова, само ме интересира дали си внесол или не. :)
Јок не сум внесол кога ми ја блокираа. У суштина не можам ни да се логирам на тоа нивниот веб систем, а не па да ставам пари. Ја користев таа од одеск картицата што ја издаваат. Не знам за посебно како е, не сум пробал и ме мрзи да пробувам.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.844
5.545
Тоа не важи за Skrill и сличните сервиси.
Точно, неважи веке. Но важеше до пред една година. Сега решија малце да го олабават демек да се поттикне е-трговија.
Но, независно каде ти се парите подлежиш на данок, пошти нели сите сме резиденти на РМ, и нели услугите или што веќе ги вршиме од РМ. Едноставно таков е законот. И не само кај нас …
 
dangthe

user
5 септември 2008
1.223
1.641
Скопје
Точно, неважи веке. Но важеше до пред една година. Сега решија малце да го олабават демек да се поттикне е-трговија.
Но, независно каде ти се парите подлежиш на данок, пошти нели сите сме резиденти на РМ, и нели услугите или што веќе ги вршиме од РМ. Едноставно таков е законот. И не само кај нас …

Моето искуство е следно. Парите ми ги уплаќаат на oDesk, од таму ги пуштам на Skrill, од таму ги пуштам на сметка во Тутунска. Кога се пријавува данок во Март ги внесувам сите суми кои ги имам на сметката освен редовната плата, ама во полето платен данок внесувам 0. Според постапката, после тоа треба да добијам писмо од УЈП во кое ќе пишува колку данок треба да платам за останатите суми на сметката (ако треба). До сега сеуште ми нема стигнато такво писмо. Јас најрегуларно ги пријавувам сите средства кои ги имам на сметката, но чекам од УЈП да ми кажат што од тоа треба да се оданочи.
 
Како беше? Сега во март 2014 пријавувам приход за 2013, така?
 
Прашував во УЈП баш на оваа тема (пари од Одеск и слични страни за фриленсери) и ми кажаа дека тие примања треба да се пријават како персонален данок (10%), а зошто ти нема стигнато колку треба да платиш тоа незнам. Го имам документот во пдф што го добив како одговор, ако сакаш можам да ти го испратам или да го прикачам овде.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Значи, да расчистиме еднаш засекогаш. Се пријавуваат средства што стигаат на твоја сметка во државава. Друго ништо нема потреба да се пријави. Пари стигнати на Payoneer нема теоретски шанси да треба да се пријави бидејќи не се никаде евидентирани. Значи 0 денари прилив. 10% од 0 ден. е 0 ден. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно