1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Дали новите смартфони се штетни за здравјето?

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од Jedah, 4 Март 2019.

  1. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    937
    1,433
    6 ноември 2007
    Па ќе умираме за 20-30години, нема да умреме утре или за една година....
    И од една испушена кутија цигари не се умира па викаат штетни биле...
    Студијата ќе излезе за 30години. Ако 2019 имало 187 канцери на 100 илјади, а 2049 има 269 заболени на 100 илјади... е тогаш ќе се види дека нешто не штима а тоа секако не е од јадењето паштети.

    А тоа дека воздухот бил наметнат.... секогаш имате право на избор. Отсетлете се
     
  2. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,171
    639
    12 Април 2017
    Машко
    Не велам дека 5Г убива, али ако АЕК сака да изјави нешто, треба да има докази што го покажуваат тоа.
     
  3. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,625
    3,639
    12 Јануари 2016
    Машко
    Важи, само прво дај пари за купување имот и градење нова куќа. Изгради инфраструктура од се што е потребно, струја, канализација, итн. Училишта, градинки, факултети. И на крај гарантирај дека нема да не се досели некој ропук во комшии што ќе отвори погонче за топење акумулатори на оган од автомобилски гуми.

    Загадувањето на воздухот што го сомна АРМац е одличен пример зошто работите не функционираат во нашава вукоје*ина нашава средина. Забрана за откуп на олово од стари акумулатори, обврска на продавање на акумулатор да се врати стариот, и нема да има погони што палат акумулатори. Исто и автомобилски гуми, продавачите да мора да ги преземат старите и да ги предадат на државни институции за рециклирање. И наеднаш, нема акумулатори за топење, ни гуми за палење. Повеќе од пола проблем решен - само проблемот не се решава, и сите ние сме криви пошто лагано си ја голтаме кнедлата. Морало да биде загадено и тоа е тоа (и повторувај додека не поверуваш).


    Што со стотиците илјади што ќе умрат во маки од спомнативе канцери? Како ним и на нивните најблиски ќе им помогне сознанието после 30 години... И кое ќе биде оправдувањето?

    Пааа... абе потребно беше. Стриминг на филмови во 8К на мобиљ со екран од 4-5 инчи, видео чет со екстра висока резолуција, тоа се работи кои ни беа толку непходни што решивме да го жртвуваме здравјето на луѓето
     
    На cele_x, Chicco69, Costigan_Jr и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,295
    1,588
    5 oктомври 2007
    Машко
    Колку површно и колку да се напраи демек поента некоја. Утопија.
    Прво и основно да кажам дека ДА сум за борба против секој вид научно докажано загадување од било која природа, тука да нема сомнежи, извртувања и упикувања на тези. Значи загадувањето на водата, воздухот и почвата од хемиско-биолошки агенси и глобалното затоплување се докажан со мерења, истриски податоци и епидемиолошки студии (проспективни и ретроспективни) и има математички моделиран со прецизни физичко-хемиски законитости, и е веќе научен консензус денес, на ова ниво на развој на кое можеме да разбереме и резонираме (добро освен Трамп и неколкумина други тапоглавци што демек не веруваат). ФАКТ. За загадувањето од делот на електромагнетниот спектар каде е 2,3,4,5Г нема ништо од претходното, освен теоретски филмови, почетни некои студии, без научен консензус. ФАКТ. Да заземеш став врз база на претпоставки, што би било кога би било, е рамно на религиозно верување, а никако на наука. Кога и само Кога ќе се докаже спротивното ќе стане научен факт, и ќе смениме мислење. Јас прв. Можеби ќе се заебеме, може и не, но така функционираме, така течела и еволуцијата, и така и ќе биде. Јасновидци нажалост не сме. Кога би се плашеле од се што е ново, ќе сме останеле и неписмени до ден денес, бидејќи некогаш и книгите се сметале за штетни бидејки се мислело дека ќе ни ја одземат способноста за паметење, па ете ништо од тоа.
    Толку од увод :)
    Не бе, ти си само за во она на Нешнл Гео, како беше со оние што живеат некаде у дивининие на Аљаска, или незнам каде, минимум 500км од најблиска цивилизација. Зашто? Како ќе ја изградиш новата куќа (т.е. куќи нели за цела заедница, нема ваљда сам да живееш). Чистење на простор за градба, инфраструктура и слично. Значи ќе уништиш еден цел постоечки еко систем. После материјалите за градба, дрва, бетони, асвалти, итн. од небо ли ќе паднат? Значи пак фабрики и погони за производство, ископи и слично. Загадување. Канализација и со најдобро филтрирање и се, пак загадуване. Електрична мрежа, далекуводи, транасформатори, ете пак електро смог (кој во овој случај е научно докажан дека ДА во близина е штетен). Немој ветерници, ова она, непосто никаде систем што е доволен сам по себе за еден нормален град (значи не дискутирам за преперс селце каде се е изводливо). Доселувањето на ропак со глупи бизнис идеи, ти е ок поента и за тоа вреди да се бори и да се делува, државата и сега и тогаш доследно да ги следи и спроведува законите.
    Нажалост не функционираат во 99% од вукојебините светски светските средини. Ние не сме ни изолиран ни нешто посебен случај.
    Па закони и обврски постојат и сега само треба глаучине да се притиснат да ги спроведуваат. Иначе откуп на олово мора да постои (и постои од 500-700ден ти даваат попуст кога купуваш нов а го оставаш стариот, и после тие си ги зимаат од производителите кои им ги откупуваат), нормално саглам рециклирано, не палено некаде на гуми (мада не сум видел, ама еве ќе ти верувам). 70-80% од новите акумулатори се од рециклирано олово и пластика. Замисли ако би требале нонстоп да се копа и копа нова и нова оловна руда. Па каде е тука рециклирањето и екологијата. Со гумите е исто. Само дека тоа баш треба да го прави државата не сум сигурен. Да морало гумите стари да ги дадам ако купувам нови??? Од кај знаат дека имам стари? Може сакам љуљашка да направам. Или жардинера, ограда, некој финта мебел за у двор? Како најлош стопанственик никад не би и дал државата тоа да го прави. Да контролира и казнува ДА.

    Камо да беше пола проблем, и као да беше така едноставно.
    А кој каде и кога рекол дека ќе умрат СТОТИЦИ ИЛЈАДИ. И што ако не умре ни еден?
    И дај доста со тоа 4K, 8K, мобилни, стримање. Технологијата 5Г се развива за иљадници намени, од кои само некои се тие кои се експонираат, и кои моментално се најлесни за тестирање и првобитна апликација. Капитализам, мора од некаде да се почне, да се врти капиталот, да има и за други намени, помалку или повеќе моментално комерцијални.

    П.С. (Кон сите анти-5Г-овци, не директ кон Локван) Ова со 5Г ви искача онака од време на време на тајмлајн по ФБ и слично, па ја воскреснувате темава? Истите па истите реченици, истите ширења на стравови, истите филозофии. А никако нови и посилни докази? Не ве замислува тоа малце? Ова 5Гво изгледа стана новото модерно антивакцинаштво, анти Монсанто, забегување у хелти глупости, рамназемја, креационизам, и слично. Темава се врти у круг и е досадна. И сега ќе се препуцаме така едно 50тина поста и ќе одмориме до наредни 6 месеци, кога пак некој нов ќе ја подбуцне со истите стари наслови и реченици и тврдења.
     
    На Speedster, Trtka, yasho и уште 4 други им се допаѓа ова.
  5. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,781
    1,905
    8 Мај 2007
    Машко
    Монсанто свесно труеле. Знаеле дека продуктот им е канцероген, но подобро им било да се напијат милијарди. Тоа е историјата. Се повторува. Исто и цигарите. Знаеле дека те трујат, ама додека ти да се свестиш, они наштекале милијарди и убиле милиони.
    А пак памет не доаѓа на слободоумни научници. Веруваат во бесплатна струја и придобивки за сите, иако е скапа струја и придобивки за грст луѓе.

    Но ајде за 5г.
    Имаш линкови за штетноста. Ги игнорираш и викаш јас не верувам во ова. Која наука ја застапуваше кога не веруваш на научни податоци кои се контра твоите ставови. Тоа те прави апологет. Научник никако.
     
    cele_x, Lokvan и на DelphiUser им се допаѓа ова.
  6. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,414
    2,547
    9 Февруари 2011
    Може да прашам дали на линковите има реклами?
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,145
    1,143
    2 Март 2011
    Машко
    Значи според тебе во ред е некој да пушти на пазар (присилно) нова технологија, која не е тестирана воопшто, па следните 30 години нека докажуваат будали (или т.н теоретичари на заговор) со студии дека таа технологија е штетна? Нели треба обратно да биде, првин да се тестира една нова технологија за безбедност 30 години па потоа ако се докаже дека не е штетна, да се пушти за употреба? Зошто се е обратно кај нас?

    Eве што викала науката пред некоја деценија:


    View: https://www.youtube.com/watch?v=gtcXXbuR244



    View: https://www.youtube.com/watch?v=kbcHszMCIJM


    Милиони деца се жртви на владините присилни политики. DDT е забранет скоро сегде денес, ама пред 50 години бил здрав како витамин и илјадници деца добивале полио симптоми од него. Оти Марв верувал во "наука", дозволил неговото дете да се бања во DDT. Само после 40 години видел дека науката се сменила, ех како не беше порано таа промена на "науката". А да се прашаш сега, која е таа наука што дозволи DDT да биде третиран како витамин? Или има повеќе науки во прашање и не се сите вистински. Која е вистинската? На кој тендер се избира?

    И на крај краеви, зошто никој не го прашува народот пред да се одлучи нешто што е од големо значење за општото и индивидуалното добро? Убаво ти е да те третираат како овца на која и сервираат со ддт зачинета трева а ти само да климаш со главата? Ова е пак присилно, не дошло до ред ниту да не праша некој дали сакаме да ни стават по 3 антени над главата, и тоа заради општото добро: фејзбук стримање watch party во 18к мофос.

    И што сакаш ти во суштина, некој да испитува 30 години над тебе нова технологија, па како биде биде, или новата технологија да биде тестирана 30 години па ако се докаже дека не е штетна да се пушти за општа употреба. Локван веќе ви посочи студии кои кажуваат дека зрачењето од 5G не е така нештетно, ама ти викаш сакам да прочитам дека е штетно, што уствари сакаш да прочиташ ти? Зошто прифаќаш да бидеш лабораториско заморче па уште и си ја браниш таа позиција во која присилно индустријата те ставила?
     
    Последна промена: 3 Декември 2019
    Chicco69, Costigan_Jr и на Lokvan им се допаѓа ова.
  8. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,295
    1,588
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ова за монсанто сам го смисли или ти го шепнаа некаде?
    За цигарите е мит тоа што го пишуваш, одамна објаснив зашто побарај. И завршуваме со офтипик стандардната шема. Заборави да напишеш за азбестот и ДДТ. За да си комплетен.
    Назад на темата.
    Немам линкови од научни докази кои покажуваат дека 5Г е штетно за луѓето. Немам. Има некои лабараториски поедини студии во петриеви садови на изолирани клеточни структури и по нешто на глувци исто во некои нереални секојдневни услови. Никакво повторување на истите, никаква репликавибилност, а далеку од научен став. А дали тебе не те прави апологет бранејки недокажани теории, значи само теории. Неможам јас да сум апологет кога зад мене стојат физички закони и научен консензус во испитување и влијание на ЕМ бранови, а не поготово кога јасно декларирав дека при силни и потврдени докази прв ќе ги прифатам.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
  9. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,295
    1,588
    5 oктомври 2007
    Машко
    Па не баш. Технологијата воопшто не е нова, прво и основно. Најмалце 100 години наназад проучуваме електромагнетни бранови. Сега само сме стигнати во фазата на развојот на технологијата каде одреден дел од тоа знаење можеме да ги примениме. И никој ПРИСИЛНО не ја пушта. Насекаде веќе со години се имплементира постепено, полека, некаде дури и со референдуми на местата. И не видов никаде нешто у последниве 5 години драстично зголемена инциденца на некоја состојба во тие места. Ова е исто како и со обичната мобилна пред 20-25 години.
    ОК, го поминавме и ДДТ. Да во тоа време, за тоа ниво на развој на технологија и наука толку ни сечело. Толку можеле да испитаат. Ова не е нешто ново во науката. Науката ја менува науката. Иначе ДДТ како производ спасил многу многу кратно повеќе животи од што уништил, само и само затоа што се употребувал како и за што никогаш не бил наменет. НО ете пак ќе кажа, наука е тоа. Самокорективна е, и тоа е единствениот научен пристап.

    Па на многу места е и прашан. Одамна. И ништо посебно. А народот како ќе одлучи релевантно. Па 50% од тој народ нема појма од основна математика, а камо ли зрачење или нешто повеќе. Ќе искочат петорица со контра кампања, со клипчиња за цигарите и ДДТ, и ќе биде глупава, неконструктивна, неспоредлива но сепак контракампања. Истото што се случува и ден денес со антивакцерството. Тотално истото.
    А каде виде, прочита или дозна дека ќе имаш 3 антени над глава? Ова е тоа преувеличување и плашење народ за кое зборам.
    Од каде виде дека сето ова се прави само заради 18К факинг стримање? (објаснив погоре колку банални примери зимате).
    Студиите на Локван се почетни, поединечни, непотврдени, нереплицирани, лабораториски контролирани изолирани испитувања на клеточни линии, ткива и глувци. Дали воопшто знаеш колку е тоа ниско на скалилото на научен доказ? И најверојатно за разлика од тебе сите до една од неговите ги прочитав, и никаде не се потврдува баш така тоа што го тврдите, освен оние на дедето кој устари и нема свои студии туку повеќе сака да си филозофира на база на одбрани студии од други кои му одговараат (и сам себе да си се референцира по 10тина пати во еден текст, т.е. да си се самофали народски кажано). И нормалмно секаде е "It Might".
    И да, сакам да прочитам „Е ШТЕТНО“, тоа „НЕ е ТАКА нештетно“ не го разбирам, незнам врз база на што го измериле тоа „ТАКА“ и слично. Имаш некој проблем со тоа?
     
    fikiki, Astro, moongose и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,145
    1,143
    2 Март 2011
    Машко
    Незнам зошто упорно ги спомнуваш анти-ваксерите. Нус појавите од вакцините се докажани од медицината, постојат во упатствата од вакцините, постои во америка и суд за оштетени од вакцини кој исплатил повеќе од 4 милијарди долари оштета досега. Родителите, оние што се освестени или оштетени од вакцина го бараат само најосновното, да се укине присилниот елемент од вакцините, затоа што присилниот елемент е против уставен, во секоја земја во светот. Тие антиваксери што ги викаш се борат за тебе и твоите деца и твоите внуци, затоа што и ти може еден ден да бидеш жртва на вакцина, а твојата влада нема да сака да го прими твоето дете/внуче во училиште ако си прекинал со вакцинација која го оштетитла твоето семејство.

    И повторно го испушти најважниот дел од целата дебата, нели сакаш една технологија да биде тестирана 30 години па да биде пуштена во употреба повеќе отколку да биде тестирана над тебе и твојата фамилија 30 години па ако се покаже штетна да се укине?

    НУс појава на тестирањето е што ќе мора да стримаш во 4к подолго време, не е толку страшно. Нус појава на нетестирањето се X непознати.
     
    Последна промена: 3 Декември 2019
    На Chicco69, JasSum, Costigan_Jr и уште 3 други им се допаѓа ова.
  11. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,805
    865
    3 Март 2018
    „Незнам зошто упорно го спомнуваш анти-ваксерите. Нус појавите од вакцините се докажани од медицината, постојат во упатствата од вакцините, постои во америка и суд за оштетени од вакцини кој исплатил повеќе од 4 милијарди долари оштета досега.“ -Толно, ако имаш подобра идеа да се заштитиме од болештините, повели.
    5г нека тестираат кај ними, па ако нема проблем ќе ја прифатиме иние.
    Еве пушам(пишев) 15год, ништо не ми е, нема рак(вањда), пушете сите, немајте гајле, на 60+ и онака нешто ќе ти биде.
     
  12. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,295
    1,588
    5 oктомври 2007
    Машко
    Сакам. А за 30те години, изгледа ти нечиташ. Повеќе од 100години тестираме, испитуваме ЕМ бранови. Имаме и физика и математика и се позади тоа. И не немаме Х непознати, имаме Х^10 непознати, ама меѓу нив не се ЕМ брановите, нивното потекло, дејство, спектар, штетност и слично. Прилично е испитана и со закономерности поставена таа тема.

    После ова завршувам со секаква дискусија на овој форум со тебе на било каква тема надвор од строго ИТ. Се ми е јасно. Слободно можеш да пишеш што сакаш понатака на игнор си у темава од моја страна. Не е ни време, ни место, да ти објаснувам во колкава заблуда си, незнаење и полн со дезинформации, од антиваксерското движење.
     
    На Sharlovski, Taurus, igor_xxxx и уште 4 други им се допаѓа ова.
  13. Goran995

    Goran995
    Gaining Experience

    290
    473
    16 ноември 2019
    Машко
    ИТ
    Овие 5Г контрашите се истите луѓе што верувале и за евентуално масовно појавување на тумори на мозокот кога почнаа мобилните да стануваат популарни.
    Да не зборам па за Фејсбук, таму коментарите се од истите луѓе што коментираат на фејк КAM-Mаркет страни со ,,Go sakam KAM во поштенско сандаче".
     
    DAoliHVAR, Sludge.Factory и на marv им се допаѓа ова.
  14. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,145
    1,143
    2 Март 2011
    Машко
    А што сум тоа во заблуда, ох ти со бесконечна мудрост кажи ми.
     
  15. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,330
    7,305
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    А нус појава од невакцинирањето е и смртта и ширење на веќе искоренети болести на други деца кои поради медицински (а не трендовски) причини не можат да ја примат вакцината. Ти ако си убеден дека твоето дете не треба да се вакцинира, школувај го дома одвоено од другите. Така сите среќни нели.

    @Jedah А со воздухот, нели ако не чини имаш опција - пресели се, истото важи и за 5Г. Сигурен сум дека има многу празни селца на здрави планини во државава каде не допира ни PM10 ни 5Г а богами ни струја.
     
    На marv му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Avid

    Avid
    Guru

    4,273
    6,367
    21 Јануари 2009
  17. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,145
    1,143
    2 Март 2011
    Машко
    Апсолутно ништо. Нели е супер?
     
  18. Avid

    Avid
    Guru

    4,273
    6,367
    21 Јануари 2009
    Топови.
     
  19. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Practice makes perfect

    720
    1,051
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Колективност > индивидуалност. Тоа е поентата на вакцините. Да има штетни случаи, да се појавуваат несакани ефекти кај мал број на вакцинирани. Но штетата од уништување на колективниот имунитет е поголема отколку неколку единки, иако секој живот е важен.

    Тоа и е дилемата, Да знаеш дека твоето дете е хитлер, кое ќе причини смрт на цели нации, ќе го убиеш или не?

    Пример, светот 1950 имал 2 билиони жители, послаба миграција, не толку густо населени места. Денес на еден од поголемите аеродроми или железнички станици поминуваат милиони луѓе. Инциденцата да се прошири некој рна вирус како полио е многу многу поголема сега отколку во минатото а сепак искоренета.

    Ајде сега да наброиме,
    Полио 15к, тетанус, инфлуенза 20к, Хепатит А 10k, Хепатит Б 20k, Рубеола 100k, заушки 500к, пертусис 10k, пнеумокока 20k, ротавирус30k , сипаници 50к, дифтерија 10k.
    Значи само во УС, годишно околу 1 милион луѓе биле инфицирани со некоја од овие болести. На тогашна популација од 150м, и без никаква миграција. Светските бројки се многу пострашни. Затоа и да се штетни, вакцините треба да се примаат. Ризик е, да, утре и моето дете може да биде, но за колективноста мора да се пожртвуваме. Како се чувствуваат сега родителите, чии деца беа заболени со сипаници поради невакцинираност, а некои други деца вакцинирани кои биле во контакт со нив починале? барем овие неколку години има цел куп вакви случаи. Дали вашето дете или вие сте убиец тука?

    Друг случај. Дали се сеќавате во 2007-2008 епидемијата на заушки во Гостивар - Тетово. Да јас се сеќавам. На цела генерација од 1990-1992 им биле администрирани послаби вакцини кои не створиле имунитет, за после 15тина години да дојде до епидемија, и цела генерација деца ја прележат оваа опасна инфекција, која гарант пола од нив ги има оставено стерилни.

    Извинете за многу многу ОФФ топик одговор, но ширење анти ваксерски пропаганди е најголема глупост на денешницава, благодарение на тој глупак ендру вејкфилд, потплатен од влијателни големци.
     
    На Speedster, Викса, yasho и уште 5 други им се допаѓа ова.
  20. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,295
    1,588
    5 oктомври 2007
    Машко
    Само малце да те поправав. Не биле слаби вакцините, него поради недостаток немаат примено комплет 3 дози, него само една. Некомплетна имунизација. Да прецизираме пошто ако остане вака со слаби вакцини тек тогаш ти ебаа мамата со коментари.
    И Вејкфилд не е докажано дали бил или не потплатен, најважно е дека всушност имал патентирано нова формула на вакцина против ММР која сакал да ја ваља, ама не му ја сакал никој пошто била далеку понеефикасна од постоечката. Па решил да праи што напраил. И го фатија

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
    Speedster, Astro, Sludge.Factory и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Practice makes perfect

    720
    1,051
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Така некако лошо се изразив, некомплетни беа, колку беше страшно, улиците празни, класовите преполовени. Никад да не се случи повторно.

    Или пак понова доба од ендру, 2007, Џени Меккарти, најјакиот доктор на цел свет ( гугл ис мај релиџн ), изјави дека нејзиниот син "добил" аутизам од ММР, и почнаа пропагандите, да дојдеме до ова денес, а некако нејзиниот син во 2014 магично се излечи од аутизам :eek::eek:. Само кај нас касно иде модата од запад па така и ова со вакциниве ко беше пред 15-20 години популарно во УС, сега е кај нас :)

    Бтњ, ова со 5г е смешка. Нејонизирачки зраци биле штетни. Може и се, ќе видиме за десетина дваесет години. Се е штетно. Храна, воздух, космички зрачења. Не ни дошло до 5г верувајте.
     
    Последна промена: 3 Декември 2019
  22. DelphiUser

    DelphiUser
    Practice makes perfect

    1,145
    1,143
    2 Март 2011
    Машко
    А вака ли си информиран за вакцините? Нема 3 дози од заушки, две се. Заушки се јавува во 100% вакцинирана средина, вакцината има многу мала ефикасност од 15% Low vaccine efficacy of mumps component among MMR vaccine recipients in Chennai, India Јас сум вакциниран и пак сум прележал. Но бигги.

    Приказната за Wakefield ти е ко за мали деца. Нит ја претстатвил вакцината, нит измериле ефикасност, нит има некој што не ја сакал, нити па знаеш за што го фатиле. Сега гледам зошто не зборуваш на таа тема. Ти си целосно неинформиран, поарно ти беше да си ќутиш.
     
    На cele_x и Potop им се допаѓа ова.
  23. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Practice makes perfect

    720
    1,051
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Точно за ова зборуваме, "слаба вакцина". Најверојатно од сомнителен квалитет, не оспорувам.
    ИНАКУ, кога 90% од население е вакцинирано од заушки тогаш ефективноста е на 85% а не на 15% како во случајов со епидемија во индија.

    Ако е според тебе само 15%, колку е тоа бројка на заразени во МК?

    Во 2018 година регистрирани се вкупно 28 случаи на заразни заушки со инциденца од 1,4 на 100.000 жители, незначително намалување во споредба со 2017 година (Табела 3 и 5) и најмал регистриран број споредено со претходните 10 години.

    http://iph.mk/wp-content/uploads/2019/02/Годишен-извештај-за-заразни-болести-2018.pdf

    прочитај тука во извештај за заразни болести на РМ. Имаш во табелата и случаи за 2008 и 2009 година, 6000 и 10 000 заболени, за разлика од 20, 30, годишно. Тоа се случува кога не се вакцинираме
     
  24. Astro

    Astro
    Guru

    6,387
    8,845
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Сите доктори на науки сте. Д ане ви стане човек пациент, никако, само на душман му препорачувам :oh:
     
    На Sludge.Factory му/ѝ се допаѓа ова.
  25. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,295
    1,588
    5 oктомври 2007
    Машко
    Чекај ти уште пробуваш на антиваксер да му објасниш нешто? Он мисли дека календарот на имунизација одсекогаш бил ист и вакцините отсекогаш исти. Во тие почетни 90ти, кај нас поради недостаток се примаше една МРП и една МР (ете ги 2те) но никогаш тие деца не примија третата штотребаше, а тоа е моновалентна Паротит вакцина која требаше да биде 3та доза од овој комплет.

    И не е проблемот у вакцината, не беше ни слаба ни сомнителна, проблемот беше у некомплетно завршена имунизација. И замисли фатил заушки а бил вакциниран. Ама кој да му објасни дека ако не бил ќе прошол 10 пати полошо.
    А за Вејкфилд не се ни докажувај, пошто нит разбрал што сум му пишал, нит ќе разбере. Тој им е легенда, нешто ко Тито, Јованка Орлеанка и слично. Пренеси му дека го фатија за лажирање на резултати во студија, за која башка ја правел скришно без знаење на испитаните дечиња и нивните родители. А се тоа го правел за да ја протне својата вакцина, која нормално дека не ја претставил, пошто никој не му ја сакал кога виделе каква глупост и колку е неефикасна (да има начини да се провери тоа и без да се произведе 100000 комада). Но факт е дека ја има Патентирано и ја нудел на сите можни производители на вакцини.
     
    На Taurus и Sludge.Factory им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...