Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Mеханички тастатури

micio

hello world
13 ноември 2007
64
84
Мајмунчето Чита? :))))
Се запознавале Тарзан и Џејн, и Тарзан и вели.
Здраво, јас сум Тарзан, а ова (покажува кон мајмно) Чита.
Џејн му вели.
Моево ни чита, ни пишува, само кецој носи од училиште.
 
И

Избришан член 45248

Гостин
Key Caps за Keychron Q5 Max со кирилица плс дечки каде има вакви?
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.131
14.281

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.243
1.751
Скопје
Софтверот е веб бејсд односно онлајн. Не треба да се инсталира.
Ова е прилично лош момент кај Nubi NK68 Pro, доколку воопшто нема опција за локален софтвер. Не се некој бренд со традиција кој постои години и години(првпат ги слушам), утре ќе ја здиплат чергата и нема да можеш да си ја подесиш тастатурата.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.131
14.281
Ова е прилично лош момент кај Nubi NK68 Pro, доколку воопшто нема опција за локален софтвер. Не се некој бренд со традиција кој постои години и години(првпат ги слушам), утре ќе ја здиплат чергата и нема да можеш да си ја подесиш тастатурата.

Во право си. Но ова денес е тренд. Се бара онлајн подесување наместо софтвер. Тое а една од причините зошто ентузијасти го сакаат VIA/QMK.

И софтвер може да престане да работи при некаков сериозен апдејт на виндовс на пример.

Иако јас лично на тастатурите од овој ценовен ранг веќе не гледам како на долгогодишни инвестиции искрено.
 
DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.243
1.751
Скопје
Во право си. Но ова денес е тренд. Се бара онлајн подесување наместо софтвер. Тое а една од причините зошто ентузијасти го сакаат VIA/QMK.

И софтвер може да престане да работи при некаков сериозен апдејт на виндовс на пример.
Тоа е трендот да, али мислам дека не се споредува што и да нудат Nubi, со отворен код на QMK и VIA(ова ќе живее век и веков).

А софтвер да престане да работи ради апдејт на виндовс не ми се десило од виндовс 7, мада веројатно има такви. Во секој случај е полесно решлив проблем(пц со постар виндовс или виртуелна машина со таков), отколку моментот кога ќе им отиде офлајн сајтот на Nubi.

Бар да иделе со QMK/VIA наместо некој веројатно затворен дериват на истото. Или можеби поддржува Nubi-во QMK или VIA? Доколку поддржува тогаш е тотално друг муабет.
Иако јас лично на тастатурите од овој ценовен ранг веќе не гледам како на долгогодишни инвестиции искрено.
Во лева рака Сникерс во десна Марс, пиар менаџер Карл Маркс(за да сватат помладиве, ја има напишано Капитал). :p :)
Не заебаај, зашто да не е долготрајна инвестиција доколку си функционира хардверот, остај не нас на страна што ни служат како играчки :).
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.131
14.281
Тоа е трендот да, али мислам дека не се споредува што и да нудат Nubi, со отворен код на QMK и VIA(ова ќе живее век и веков).

А софтвер да престане да работи ради апдејт на виндовс не ми се десило од виндовс 7, мада веројатно има такви. Во секој случај е полесно решлив проблем(пц со постар виндовс или виртуелна машина со таков), отколку моментот кога ќе им отиде офлајн сајтот на Nubi.

Бар да иделе со QMK/VIA наместо некој веројатно затворен дериват на истото. Или можеби поддржува Nubi-во QMK или VIA? Доколку поддржува тогаш е тотално друг муабет.

Во лева рака Сникерс во десна Марс, пиар менаџер Карл Маркс(за да сватат помладиве, ја има напишано Капитал). :p :)
Не заебаај, зашто да не е долготрајна инвестиција доколку си функционира хардверот, остај не нас на страна што ни служат како играчки :).

Да те разбирам. Сепак ти користиш мапирање, макроа и слично.

QMK не е поддржан кај Нуби. Станува збор за некоја нивна веб бејсд апликација. Не верувам дека имаат контролер за кој во иднина би очекувале QMK.

Јас сум помалку насекиран од проста причина што немам воопшто потреба од софтверите. Имав план за проект со програмирање на ргб патерни кај кикрон. Но искрено изгубив веќе желба. Немам време.
 
Во секој случај лош тренд е тоа со онлајн конфигуратори со затворен код. Во најмала рака можат да ти го понудат локално да си го хостираш ако ништо друго.
Покрај моментот што можеш да изгубиш функционалност ако затворат фирма, има простор и без да затворат фирма едноставно да го прогласат моделот за EOL и да скинат пристап до конфигураторот, па ако ти треба функционалноста бујрум, купи си го нашиот нов и подобрен модел.
Исто мириса и на тоа дека кога ќе се навикнат сите на тој начин на работа, дека ќе почнат да кратат почетна функционалност и ќе почнат и таму со микротрансакции :).

Не дека моментално не нуди бајаѓи за парите според твојот преглед, али е со добар потенцијал да те кошта повеќе на долги патеки.
Не би поддржувал вакви њушки ко Nubi и слични на нив со ваков принцип на работа. Пошто ако ја купам им викам "Океј e дечки само напред во ист стил", а не е.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.131
14.281

1785063316097.png

Кон крај на август излегува нова V тастатура на Keychron наречена Ultra Hybrid (HE). 8К пулинг рејт, QMK и најнов блутут.

И она кое е најинтересно ТМР сокети кои може да прифатат механички а во исто време и хал ефект односно магнетни свичеви. Не е јасно дали целата тастатура е со вакви сокети или само одредени копчиња кои се користат при гејминг.

Значајно е да се каже дека оваа тастаура ќе доаѓа со променлива батерија (најверојатно rechargeable AAA батерии) како резултат на новите регулативи и барања на ЕУ.

За тие кои не знаат најголем дел од тастаурите доаѓаат или со механички или со магнетни свичеви. Но мора да бираш меѓу едното и другото. Механичките ги има во огромен избор и имаат најразлична тежина при притискање, различен звук при куцање, па ги има линеарни, тактилни итн. Значи огромен избор.

Магнетни свичеви се наменети пред се за гејминг. Со нив може да се менува нивото на актуација. Дали копчето треба само малку да се допре за да се активира или пак треба да се притисне до доле за да го поместите вашиот карактер во некоја игра да речеме. За жал магнетни свичеви се далеку помалку застапени па нема толкав избор на квалитетни свичеви како механичките.

Со TMR технологија конечно може да се менуваат едни или други свичеви на иста тастатура.

Нема точна најава за цена. Меѓутоа во моментов TMR е скапа технологија и јас очекувам оваа V тастатура да чини 200-250 долари на интернет или преку 15.000 денари кај нас.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.131
14.281

Како и секоја тастатура ќе заврши работа. QMK/VIA е интересно за тастатура од овој ценовен ранг. Плус се релативно тивки тастатури.

Меѓутоа споредено со други механички тастатури искрено овие јас би ги нарекол канти. Многу лоша пластика, слабо RGB кое преку ден едвај ќе се гледа во осветлена просторија. Свичевите се најбејзик и се сомневам дека се подмачкани. Капачињата се исто бејзик. Ќе имаш чувство како да куцаш на тастатура од пред 10 години.

Појди во Анхоч, нека ти отворат, пробај ги, па потоа рецимо пробај една Genesis Thor 404, или Keychron V6 па ако имаш време појди во Нексио и пробај Nubi или Dark Project. Така ќе имаш повеќе претстава за што ти говорам.
 
Insanious

hello world
18 јануари 2025
330
409
linktr.ee

Sakas da mi kazes deka nubi i dark project se podobri?
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.131
14.281
За мене лично многу подобри.

QMK е одличен софтвер за мапирање и сл. Но филингот при куцање на една Nubi споредено со Lemokey е ден и ноќ. Е сега Nubi и Dark Project се помал форм фактор. Ако сакаш баш со keypad тогаш изборот за таа цена е многу мал.

Во секој случај ако не ти се брза, појди и пробај ги. Па сам одлучи што е подобро за тебе. Сепак имаме различни преференци.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.131
14.281
Ќе ми ја донесат Dark Project Terra Nostra R2 наскоро.

Па време е со жално срце ќе пробам да намалам арсенал и тоа две тастатури. Чисто домаќински.

1. Nubi NK68HE

Hаll effect/магнетни свичеви. 8000 Hz pooling rate, 3 нивоа на активација може да се сетираат преку копче назад на тастатурата, како и snap tap функцијата. Лед лентата на десната страна покажува кога има активација.

2. Nubi NK68 Pro

Механички свичеви, 1000 Hz pooling rate, 8000 милиамперчасови батерија. Тркалце со кое се регулира звук или ниво на осветлување.

Двете се бели по боја. Со капачиња кои се провидни од долна страна. Силно RGB кое заради формата на капачињата (CSA профил) воопто не дречи во очи како Keychron на пример.

Купени пред неколку месеци и уште под гаранција. Користени помалку од неколку часа. Иако се 68% ги имаат сите потребни копчиња за работа. Со FN се пристапува до функциски тастери. А имате дилит, пејџ ап, пејџ даун и сл. Сеуште се во целофанот во кој и ги купив со комплетно пакување и сите додатоци (капачиња, штрафчиња, силиконски гаскети, резервни капачиња и сл.) Ништо од тоа не е ни отпакувано.

Најзначајна карактеристика за мене е што имаат фантастичен thocky звук и не се многу гласни.

Се продаваат за 1500 денари парче.

Изборот падна на овие две чисто заради форм факторот. Работам често со функциските тастери и не успеав да се навикнам на притискање на FN.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно