flashgordon007
user
- 15 септември 2012
- 1.164
- 1.300
Ме интересира дали членовите на IT форумот купуваат хардвер на старо? Сите знаеме дека најлесно е да се купи хардвер на ново од продавница, секако доколку имаме доволно пари. Но што кога нема? Дали би купиле половен хардвер ако е проверен од некој Ваш пријател? Дали би го купиле ако најдете од некој човек што не го познавате од интернет? Сакам да го чујам Вашето мислење.
:shtedenje:
Апгрејдував еднаш конфигурација „од сигурен извор“ (се испостави дека купената матична плоча има дефект, па и заменетата беше иста, прифаќаше само еден Core2Duo Е4300 процесор, графичката карта цркна по една година, меморијата (128kB) ја прифаќаше само во слотот 1 и 3) и родив мечка. Еден ден работи - три дена не. Изгубени работи (незавршени)... барем 3-4... неостварена добивка? Ма немаше ни за плата... Ја научив лекцијата.
Пред тој настан, никогаш не сум купил користено.
По таа случка никогаш нема да купам користено.
Секогаш собирам пари, па кога ќе имам доволно - купувам тоа што во моментот е актуелно. Ама цел компјутер, со максимален број на хард дискови и максимум меморија што може да издржи плочата - не надградувам. Тоа што во моментот е актуелно од хардвер. Оти кога би надградил - деловите би биле од понова технологија и досега не ми се случила успешна и долготрајна надградба - проблеми со драјвери, верзии на софтвер - занимации до бесвест.
Зошто? Компјутерот ми е средство за работа и неможам да зависам од недоверливо средство за работа. Lessons learned.
И со продажба на мои компјутери не сум имал среќа. Продадов одличен, биран, квалитетен монитор (донесен од Германија) на роднина. Кај него напонот на струјата не е стабилен и истиот рикна за два месеци. Продадов хард диск на комшија (WD донесен од Холандија - работеше како саат три години кај мене) - кај него рикна за неколку месеци. Од тогаш старите конфигурации ги чувам (фаќаат простор во гаража) ама барем роднините и пријателите се трудам да ги зачувам. Lessons learned.