Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Дали купувате хардвер на старо?

Дали купувате половен хардвер?

  • Да, купувањето на нов хардвер е за богаташи.

    Гласови: 3 2,7%
  • Купувам, но само проверен хардвер од луѓе што ги познавам.

    Гласови: 66 59,5%
  • Купувам и не проверен хардвер на старо од интернет

    Гласови: 19 17,1%
  • Не, кога купувам сакам да биде исклучиво на ново.

    Гласови: 23 20,7%

  • Вкупно гласале
    111
15 септември 2012
1.164
1.300
Ме интересира дали членовите на IT форумот купуваат хардвер на старо? Сите знаеме дека најлесно е да се купи хардвер на ново од продавница, секако доколку имаме доволно пари. Но што кога нема? Дали би купиле половен хардвер ако е проверен од некој Ваш пријател? Дали би го купиле ако најдете од некој човек што не го познавате од интернет? Сакам да го чујам Вашето мислење.
:shtedenje:


Апгрејдував еднаш конфигурација „од сигурен извор“ (се испостави дека купената матична плоча има дефект, па и заменетата беше иста, прифаќаше само еден Core2Duo Е4300 процесор, графичката карта цркна по една година, меморијата (128kB) ја прифаќаше само во слотот 1 и 3) и родив мечка. Еден ден работи - три дена не. Изгубени работи (незавршени)... барем 3-4... неостварена добивка? Ма немаше ни за плата... Ја научив лекцијата.
Пред тој настан, никогаш не сум купил користено.
По таа случка никогаш нема да купам користено.
Секогаш собирам пари, па кога ќе имам доволно - купувам тоа што во моментот е актуелно. Ама цел компјутер, со максимален број на хард дискови и максимум меморија што може да издржи плочата - не надградувам. Тоа што во моментот е актуелно од хардвер. Оти кога би надградил - деловите би биле од понова технологија и досега не ми се случила успешна и долготрајна надградба - проблеми со драјвери, верзии на софтвер - занимации до бесвест.
Зошто? Компјутерот ми е средство за работа и неможам да зависам од недоверливо средство за работа. Lessons learned.

И со продажба на мои компјутери не сум имал среќа. Продадов одличен, биран, квалитетен монитор (донесен од Германија) на роднина. Кај него напонот на струјата не е стабилен и истиот рикна за два месеци. Продадов хард диск на комшија (WD донесен од Холандија - работеше како саат три години кај мене) - кај него рикна за неколку месеци. Од тогаш старите конфигурации ги чувам (фаќаат простор во гаража) ама барем роднините и пријателите се трудам да ги зачувам. Lessons learned.
 

Jovan2389

lurker
22 април 2013
719
700
Еве мојов лаптоп е 5 години и го чувам. Зашто побогу би го продал? Не, ќе го работам до кога ќе мислам дека ми врши работа, после ќе купам нов, овој ќе седи како бекап. Така ќе имам 2 лаптопа, за разлика од тебе што секоја година ќе менува дел за дел и на крај ќе има само еден компјутер (или лаптоп ако теоретски земеме дека можеш да му ги менуваш сите делови).


Муабетот не ми е да судам туку да појаснам од моја гледна точка, ако ти веќе користиш еден лаптоп повеќе од 5 години веќе ти е касно за продавање нема лек тука веке се слагам со тебе нема зашо да го продаваш (за лаптопи ајде е малце комплицирано со апгрејд) али у секој случај и продолжиш во наредните 5 години нели не се расипал лаптопот, " ќарот " ке ти остане ама исто и нервозите а да не зборам дека после 3тата година (теоретски) да уствари ти нешо сработиш на тој лаптоп без пи*ку матер :) [/quote]


Ти секоја година, 5 години по ред даваш по 100 евра што значи дека тоа се 500 и нешто евра после периодот од 5те години, со вклучена инфлација. И имаш само 1 компјутер.

Јас на крај на периодот го имам стариот компјутер кој сум го купил во исто време кога си го купил и ти твојот, и + со 500те евра купувам уште еден компјутер.

Кој е сега во ќар? Ти со 1 компјутер или јас со 2?


Тука веке има дискусија :) значи ти ке имаш два пц:
- еден ке ти служи за работа и игрици,
- другиот ке ти служи за генерален собир на прашина :) и чат пат солитаре,значи не потценувам таква е реалноста
- таков стар исти би можел и јас да земам за 2-3 илјадарки или можеби ке ми го дадат поклон, како јас шо ги дадов двете табуретки од монитор белинеа и провју купени се по 150 долари али џабе ко на крај добро е шо ги дадов дома немаше место за нив оти и за седење се жешки :D

Тоа е брат му минало времето да сум размислувал како сега и да сум имал поголем доток на некој денар ке било друго ке сум извадил на време нешто од него за да додам пола да земам ново поубаво тенко шо би рекле , плазма.
-Ќарот се гледа во ќефот и во мојот случај ќарот се 5 години топ компјутер можеби не хај енд ама доста солиден, а ни јас ни ти не можеме да бидеме во ќар ко сме дале 1000 евра ако гледаме така на тој начин, тоа е начин на размислување и начин на уживање , ако го користиш ти пц за скајп фб и нешто освновно зашо би земал ти од 500евр компјутер можеш и така да размислеш, значи не судам јас ни па сум те сфатил грешка :)

А посебно ке се надоврзам за твојата опрема за сликање, барем тоа сигурно ти прави ќеиф , или ти правело ако веќе одминале троа години, не ми оди логично никако освен ако не си ја купил една од најскапите фото опреми шо би трајале подолг период онака кефски да "лизга" (шо би се рекло)

-не треба да се врзуваме со години за некоја технологија шо сме дале некој денар повеќе истата искористи ја за максимално уживање додека е можно или додека ги задоволува твојте ентузијастички потреби, потоа додека има вредност напрај си благодет почувствувај го одново кеифот на ново,понапредно итн, оти ако го вратиш филмот назад ќе сфатиш ти зашо си го купил и колку си уживал на почетокот... (ова е само мое мислење)

а сликичките ги остај тие се сосема друго од електронски апарат , тие немат век, прајслес, уствари зависи за кој како али у суштина е така.
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.904
4.583
А посебно ке се надоврзам за твојата опрема за сликање, барем тоа сигурно ти прави ќеиф , или ти правело ако веќе одминале троа години, не ми оди логично никако освен ако не си ја купил една од најскапите фото опреми шо би трајале подолг период онака кефски да "лизга" (шо би се рекло)

Сеуште ми прави ќејф, а фото опремата е мање-више најефтината која тогаш беше (најефтините објективи со исклучок на еден) и најефтиното тело. Уште среќно сликам со нив.

Незнам зашто ти е нелогично да не ми праи ќејф ако не била најскапата опрема тогаш купена?

Токму ова е тоа што сакав да ви го покажам - немора да е најново и најскапо за да ми прави ќејф. Тоа е мислење наметнато од модерната култура а.к.а. конзумеризам. Од што би правел Канон профит ако сите купуваа едно тело на 5-6 години?

Да, има и понови тела и објективи, но мојата оценка е дека во моментов тоа што го имам ми е доволно и немам зашто моето да го продавам и да додавам пари за нешто "појако". Тие екстра пари што би ги фрлил за да имам нешто поново ќе ги искористам за викенд во Солун на пр. Да сум професионален фотограф и да вадам леб од сликањето и делот да ми треба - да , веднаш би го купил.
 

psyside

127.0.0.1
4 септември 2008
30.506
31.954
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X Predator@ 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
Доволно е за тебе Смоле, за ентузијастите не е, ти не спаѓаш во таа категорија, ти си мераклија на хардвер, ама не си ентузијаст, тука лежи разликата. Исто така задоволствотото од одредено парче хардвер, т.е. траењето на таа еуфорија варира од човек до човек, затоа деловите се менуваат со нови.

Повторно гледаш на работите од твоја гледна точка, кога веќе спомна Солун, јас би идел на Бахамите на пример, и сега и ова ќе биде неправилно зошто е ценовно не содветно според твоите ставови? подобро да идеш 5 пати во Солун него на бахамите, претпоставувам нешто такво ќе одговориш.

Мене на пример разбирливи ми се твоите ставови за хардвер, но не гледам да создадам истомисленици на оваа тема, со тоа што ќе го потенцирам мојот став како правилен, затоа што такво нешто не постои, премногу варијабили има.....јасно ми е мене дека е подобро твоето гледиште да го има човек и тоа е правилно размислување, ама не секој ги има твоите приоритети, кој како сака нека си ги троши сопствените пари, нема правила.
 

dangthe

user
5 септември 2008
1.223
1.641
Скопје
Ако земам да пресметам колку пари сум изгубил во зделки со продавање на скоро нов дел затоа што сум сакал да купам нешто друго, сигурно лежи една добра кола таму. Ама воопшто не ми е жал бидејќи станува збор за кејф. Глупаво е да се обидуваш да штедиш на кејф (се разбира доколку можеш да си дозволиш). Ако имаш 12000 денари плата и мало дете, а ти купиш графичка од 30000 ондак си шупак, а не ентузијаст :)
 

Razor-mk

hello world
7 јули 2013
147
71
Сум за купување на старо, но од проверени луѓе. Бувљак не доаѓа во предвид никако веќе. Пред недела дена зедев хард диск и никогаш веќе. На почетокот работеше и чуството беше екстра, бидејќи за мали пари зедов 250 гб. Ама кога ми „изеде“ 50 гб дискографска музика го направив на 1000 парчиња.
Скенирав за бед сектори имаше 30 % лоши. :(

Сега сум во план од форумов да се подновам со монитор се надевам дека нема да си поминам слично како со хдд. :)
 

Jovan2389

lurker
22 април 2013
719
700
Сеуште ми прави ќејф, а фото опремата е мање-више најефтината која тогаш беше (најефтините објективи со исклучок на еден) и најефтиното тело. Уште среќно сликам со нив

Го почитувам твоето мислење туку секогаш има можност за мала амортизација и да посегнеш по нешто подобро, еве ако ти излезе некоја стварно јака фото опрема од човек со го познаваш и не е стара малце користена освен ако на финасиски план те нешто кочи , нема воопшто да размислеш да ја земеш?
и јас нит сум фотограф нит авантурист или археолог, палеонтолог па сакам да шетам и сликам да видам различни култури, животни, острови:D, нели ако не те кочат парите(у некој си граници и нормали не збориме за којзнај какви технологии или богатство од пари) твоја желба е шо ке ти прави ќеф поздрав
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.904
4.583
Повторно гледаш на работите од твоја гледна точка, кога веќе спомна Солун, јас би идел на Бахамите на пример, и сега и ова ќе биде неправилно зошто е ценовно не содветно според твоите ставови? подобро да идеш 5 пати во Солун него на бахамите, претпоставувам нешто такво ќе одговориш.

Не, ќе одговорам дека пасусов нема никаква врско со тоа што погоре го пишав (што би правел со заштедените пари од некупување на нешто). И ја би идел на Бахамите, кога веќе фантазираме.

...но не гледам да создадам истомисленици на оваа тема, со тоа што ќе го потенцирам мојот став како правилен...

кој како сака нека си ги троши сопствените пари, нема правила.


Ни јас не гледам да создадам истомисленици, нити имам потреба од истите. Мојот став е искажан во рамките на оваа дискусија.

Апсолутно кој како сака нека си ги троши парите, секој си има своја математика.

@Jovan2389 Се согласувам со твојот последен пост, тогаш за фото опремата мооооооожеби би се размислил сериозно, ама незнам дали би ја земал.

Јас мојот став за темата го кажав, го објаснив поопширно и тоа е тоа. Се повлекувам од понатамошно постирање од темава бидејќи сметам дека немам повеќе што да кажам.
 

tenkot

hello world
26 јули 2009
57
149
Купувам, зочто да не. Обавезно проверка пред да купам though :geek:
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно