Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Позитивни/Негативни искуства со сервиси

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11
АМАКО +
АНХОЧ +
ИТД +
МЕБИУС - -
ТДК - -
ПАКОМ +
CT Computers - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
K2 +
SAAF + -
PREMIUM -
 
pinky

lurker
23 мај 2009
525
428
Еден поздрав до Видео Дата... им однесов DVD во сервисот во Карпош пред година-две.
Се јавувам после 3 месеци откако им го однесов и дечкото што го сервисирал ми вика:
"Еј абе све пробавме, ама ништо не ни успеа. Уште еден дел утре треба да ни стигне, па со тој да тестираме". Изглеа од Сатурн им го пратиле.
Следниот ден добивам порака дека DVD-то е поправено и да одам да си го земам од Драчево. Инаку имам точно 35 километри пат до таму и назад.

Си го земав DVD-то, го палам дома... не работи. Ај што не го поправиле, туку го дорасипале... претходно подработуваше по малку. И им го вратив во Карпош.
Ми пишуваат порака после месец дена пак да одам до Драчево :angry:. Вториов пат среќа го поправиле, ама го скршиле регулаторот за звук и цело го изгребале. Касно приметив тоа, па ме мрзеше пак да тепам пат до Драчево да се расправам.

Да сумираме... вкупно извозев стотина километри, почекав четири месеци, првиот пат уредот го добив тотално дефектен, а вториот физички оштетен.

Оцена 0/10.
 
Steam.

user
31 мај 2011
1.102
1.027
Чаир
Steam.'s setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5700X3D w/ Thermalright Peerless Assassin 120 Digital ARGB White
Motherboard
ASUS TUF B550M-PLUS
Storage
Samsung 970 EVO PLUS 1TB + 2TB WD20EZRX x2 + WD SN770 1TB
PSU
Corsair RM1000e
RAM
32GB DDR4@2666MHz
Video card
Gigabyte RTX 5070 Ti WINDFORCE OC SFF
Case
LIAN LI Lancool 206 White
Mouse
Darmoshark M2
Keyboard
Epomaker HE80
Audio
JCally JM20 MAX w/ Sennheiser HD 599
Monitor
AOC Q27G4ZR + ASUS ROG XG27ACS
OS
Windows 11
Еден поздрав до Видео Дата... им однесов DVD во сервисот во Карпош пред година-две.
Се јавувам после 3 месеци откако им го однесов и дечкото што го сервисирал ми вика:
"Еј абе све пробавме, ама ништо не ни успеа. Уште еден дел утре треба да ни стигне, па со тој да тестираме". Изглеа од Сатурн им го пратиле.
Следниот ден добивам порака дека DVD-то е поправено и да одам да си го земам од Драчево. Инаку имам точно 35 километри пат до таму и назад.

Си го земав DVD-то, го палам дома... не работи. Ај што не го поправиле, туку го дорасипале... претходно подработуваше по малку. И им го вратив во Карпош.
Ми пишуваат порака после месец дена пак да одам до Драчево :angry:. Вториов пат среќа го поправиле, ама го скршиле регулаторот за звук и цело го изгребале. Касно приметив тоа, па ме мрзеше пак да тепам пат до Драчево да се расправам.

Да сумираме... вкупно извозев стотина километри, почекав четири месеци, првиот пат уредот го добив тотално дефектен, а вториот физички оштетен.

Оцена 0/10.

слично гомно, носам сони слушалки, и викам фино лепо на таа таму што е, десната послабо работи од левата, потивко е.Она си ги зима ги става кај нејзе на телефон, ми вика, супер се бе дечко.Ги носи внатре кај тие у сервис и тие викаат океј се.10 минути се расправав со неа дека не е во ред, и ова е 2ор пат веќе со истиот модел на слушалки да ми се заебува нешто.10 мин поминаа, оваа вика "ај ќе ти пишам ливче", за да бидат сервисирани.Ова беше пред 2 недели.Уште не ми се ни јавиле.

И првиот пат кога бев ми мрчеше за сериски број, а на телефон ми рече само сметката од кај што си ги купил донеси ја.Исто и за тоа мрчење некои 5 минути, за на крај да ми даде нешто као крајна одлука, испринта некој документ таму, и однесов да ми дадат нови.
 
angjeleski

hello world
23 април 2007
202
11
Хехе еве уште еден ГООООЛЕМ --------------- за Видео Дата.
Пред година и нешто купив фрижидер LG и забележав дека кога се исклучува моторот вентилаторот загребува малку на лимот од конструкцијата. Не дека сам не знаев да го одштрафам лимот и да го наместам ама за фрижидер од 40-тина илјади денари мислам дека тоа не смееше да се случи. Се јавив во Видео Дата им кажав за проблемот и велат: во ред пријавено ќе пратиме сервисер.

Поминаа 2-3 недели сервисер нема. Се јавив уште еднаш и ми рекоа дека ќе интервенираат но пак ги немаше, па решив самиот да си го исправам лимчето и да не тропа повеќе.

Е сега интересна работа е што одам после година дена за друг мој проблем и ги замолив ако може да бидат по експедитивни затоа што имав лошо искуство ,и девојката на приемно се изненади затоа што никој не дошол. Проверува случајот на компјутер и вика: па да, овој случај е решен и завршен. Слатко се изнасмеав. Некој си запишал дека е решено без да дојде.
 
Dinamit

hello world
25 мај 2013
440
615
Кога сме веќе кај видео дата,ајде и јас да кажам нешто.Пред 9-10 години од заштеда си купив телефон сони ериксон Т610(инаку врвен модел во тоа време).Појави некои проблеми во тек на гаранција(Не се сеќавам што беше,веројатно и воопшто несакаше да упали или пак се рестартираше,стварно не можам да се сетам)

Отидовме и како и обично кај ваквите сервиси почнаа ти паднало во вода,чај или незнам што.Одговорот беше.Жал ми е ама ние не можеме да го сервисираме поради ваша грешка.Да биде уште поинтересно татко ми ме предупреди претходно дека можно е да ми направат финти ова она,ако им го оставам и ми укажа пред мене да го прават.Но нели за да си оди се по протокол кога ќе се отиде не го фаќаат одма и треба да го оставиш.2 Недели и повеќе бев без телефон,и кога се јавив ми беше кажано дека паднал во вода,чај или некој си друг X-напиток и не можат да го поправат т.е можат али нормално да се дале незнам колку евра и + да се чекало 2 недели за дел.Појдовме со татко ми таму и откако влезе он и видоа дека не стои мало дете пред нив со кое може да се заебаваат,телефонот беше експресно отворен и направен во рок од 15 минути.

П.С Значи не само што телефонот не бил паднат во вода,не само што не се јавија за една недела,туку после две и тоа јас се јавив.Несамо што немало дел и требало да се чека толку туку напротив дел имало и можел одма да се среди телефонот,но некој сакал да си стави паричка во џепчето и плус да не заврши веднаш работа.

Значи поука од ова ми е.Во голем број сервиси ако си учтив и добар 99% ќе го јадеш стапот.Овде ретко може да се заврши работа како што треба,а притоа и двете страни т.е сервисот и странката да бидат задоволни.

Така да еден ГОЛЕМ минус за ВидеоДата,а и еве да не е се така во минус.

Голем + и голема љубезност од Анхоч.навистина луѓето се број еден каде што имам некаде влезено.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.612
8.257
Мелмак
Огромна препорака за К2 сервисот на @kjosmofon. Еве што треба да знаете:

1. Оставив лаптоп сабајлето, ми го средија истиот ден си го земав попладнето

2. Целосно чистење внатре + паста и падови со одличен квалитет за евтина пара

3. Резултати: 20-25 степени поладен, и неопишливо потивок ми е сега лаптопот = подобри перформанси и помалку ме нервира

И како бонус ми ја залепија пластиката кај што ми беше пукнала од падови. Огромна благодарност!
 
bogoevski

user
29 ноември 2009
1.706
2.757
Hønsebybotn
bogoevski's setup  
Processor & Cooler
Повеќејадрен со множител
Motherboard
Црна со црвени детали
Storage
Препун
PSU
Предимензионирано
RAM
Доволно
Video card
Нај јака со 8 гигавати
Case
Гломазно
Mouse
Немам, чувам мачки.
Keyboard
Тивка
Audio
Стерео со двигател
Monitor
Прецизен
OS
Џам
Вчера при копирање од HDD на SSD одприлика 60 GB ситни JPG фајлови, мојот драг OCZ vertex 4 пушти душа. Смрди на изгорено ама јако!

Купен ми е од ТДК, уредно под гаранција. Го однесов у сервис, ама не понесов гаранцијски лист. Викам по серијски број сигурно ќе го најдете. Искрено не очекував таква реакција од момакот на приемно во сервис.
  • Аааа, овој горен е, плус гаранцијата ти е истечена а и да ти е под гаранција неможеме да ти го замениме пошто нема веќе такви SSD-а.
Добро, фала, пријатно тркнав до дома, најдов гаранцијата сосе фискална и се вратив назад.
Овој пат ме услужи млада дама. Фино отвори налог за сервис, напиша два-три збора, ми зема телефонски број.
Убав ден, пријатно, се најдобро...

Кога сме кај искуства, користам OCZ Vertex 4 128GB SSD, од мај 2012 до сега, нема промени во перформанси. Никаков проблем.

Какви се вашите искуства со ТДК?
 
gOJDO

sensei
23 јануари 2008
11.065
19.034
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&BGB@@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^5@@@@@@@@&P5P#@@@@@@BPPG@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Кога сме веќе кај видео дата,ајде и јас да кажам нешто.
Јас бев да прашам за замена на стакло на телефон, кое наводно морало со се екран да се менува(иако во други сервиси го менуваа само стаклото). Ми рекоа ќе ми се јават за да ми кажат цена. Две недели ги нема, па ми се јавуваат откако јас завршив работа на друго место за 3–4 пати поефтино.
 
bogoevski

user
29 ноември 2009
1.706
2.757
Hønsebybotn
bogoevski's setup  
Processor & Cooler
Повеќејадрен со множител
Motherboard
Црна со црвени детали
Storage
Препун
PSU
Предимензионирано
RAM
Доволно
Video card
Нај јака со 8 гигавати
Case
Гломазно
Mouse
Немам, чувам мачки.
Keyboard
Тивка
Audio
Стерео со двигател
Monitor
Прецизен
OS
Џам
Топло препорачувам од TDK никогаш и ништо да не купите.
Не сакате да знаете какво грозоморно искуство е да однесете нешто кај нив на сервис.

SSD-то го погребав и 40 дена помен парастос му направив, а од нив ни трага ни глас, требаше да им одам 7-8 пати да ги подсетувам и немаше ништо да направат да не ми пукнеше балонот.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.140
7.821

И на крај што искочи?
 
Krkac

hello world
29 февруари 2008
181
198
И јас да ги поздравам видео дата и да им порачам на нивните партнери дека пред месец - два кога купував бела техника, едно од прашањето беше и кој е сервисер на истиот за да знам под кој реден број да го ставам како можен производ кој ке го купам. Нормално, на крај избрав производ кој ги имаше истите карактеристики ама сервисер не беше видео дата .
Купив ТВ Samsung од Сетек на кој сервисер беше видео дата, после 6 месеци работа телевизорот се расипа (немаше слика), го разгледав нивниот сајт и видов дека имаат опција да го земат производот од дома на територијата на Скопје. Се јавив и успеав некако да договорам да дојдат да го земат (иако требаше да почекам 5-6 дена) , дојдоа го констартираа дефектот на лице место и го однесоа во сервис.
За 27-28 дена ми го вратија назад, со забелешка дека е сменет цел панел поради откажуваше на лед осветлувањето, и до тука се беше во ред (преголтнувајки го фактот што повеќе од месец дена немав ТВ).
После месец дена телевизорот повторно се расипа со потполно истиот дефект, овојпат малку потешко се договорив со нивниот телефонски оператор да дојдат да го земат (јбг далеку е драчево а немам возило). Поминаа 30 дена откога го земаа, се јавувам телефонски да прашам дали е готов, ми одговараат дека телевизорот се уште не е поправен. Отидов лично до сервисот за да видам што е проблемот, ми кажаа дека наводно испратиле допис до самсунг со мојот проблем и сеуште чекале нивни одговор. Најкултурно ги замолив да ми го заменат со нов телевизор, затоа што веќе вторпат телевизорот е на сервис со ист дефект и затоа што беше поминат рокот за сервисирање на производот. Прво ми рекоа да почекаме уште малце за да видиме што ке одговорат од самсунг и дека ке ми се јавеле кога ке биде готов телевизорот. Кога запнав малку појако, ми рекоа дека замена не требало да направат тие туку сетек и дека треба таму да одам за тоа, а не кај нив (што во некоја рака беше точно ама не ми кажаа дека прво треба тие да ми дадат посебен документ за тоа).
Отидов до Сетек, ми објаснија лугето дека не можат да ми го заменат телевизорот додека не им однесам специјална потврда од сервисот. Изнервиран од тоа што веќе двапати телевизорот на сервис, повеќе од 30 дена тв-то е во сервис наместо да се вратам во сервисот и повторно да се расправам, отидов во инспекција.
По некој ден ми се јави инспекторот да ми каже дека е одобрен нов телевизор и дека треба да одам до сервисот за да ја земам потврдата и со нејзе да одам до Сетек каде ке ми го заменат телевизорот. Ми се јавија и од сервисот да ми го соопштат истото и да ми кажат да им го однесам далечинскиот управувач и каблите од ТВ-то за да можат да ми ја издадат потврдата.
Налетав на мал проблем и од сетек, не од аспект дека не сакаат да ми го заменат телевизорот туку затоа што чекав подолго време иако предходно кога прашував рекоа дека инстанто се менува ако имам документ, бидејки требало некој и кај нив да одобри замена а наводно шефот на продавницата го немал тоа право.
 
kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3.740
5.916
skopje
k2laptop.mk
Друже ти си крив предобар си бил. Ако уред е повеќе од 30 дена на сервис можеш да бараш нов или повраток на парите до денар.
Не треб а многу разговори со сервисерри-продавници веднаш пазарна инспекција и инсистирање на казна, ти ако добиеш уред нов а нив не ги казнат и следниот корисник ќе пробаат да го изиграат. Законот ни е добар само мора да се спроведува со премногу нервоза и ургенции. Од безброј ургенции ни една продавниза-сервис не е казнета ради малверзација со клиенти, ги казнуваат са други работи.
 
Krkac

hello world
29 февруари 2008
181
198
Друже ти си крив предобар си бил. Ако уред е повеќе од 30 дена на сервис можеш да бараш нов или повраток на парите до денар.

Тоа и го направив, пријавив во пазарна инспекција ама прво по процедура морав да побарам од сервисот замена, па кога ме одбија имав на што да ја базирам пријавата. Првиот пат немав законски аргумент да побарам замена (иако побарав), а вториот пат бидејки поминаа 30 дена, се потрудив да си го остварам законското право што ми следува.
 
ВКУПНО 30 дена. Значи вториот пат, уште третиот ден си требал да бараш пари назад.
 
Dinamit

hello world
25 мај 2013
440
615
Сум пишувал погоре за искуството со Видео Дата.Посакувам нареден пат нешто да ми се расипе од кај нив и да пробаат да ме направат будала пак.

Сега нема инсекции,туку директно мејл на Самсунг или друг производител во зависност за кој производител се работ,за да знаат на кои глупаци им дале да им бидат овластен сервисер.
Е така се решава со овие ЦРНЦИ.А со пазарна инспекција,добро знам кои платеници работат таму.

Потплатени се сите тие и тоа за мали пари.Зарем некој очекува во држава како нашата да има право и инспекција.Ич не се ни трудам да одам.Ако ми се расипал Самсунг производ одам прво во Видео Дата,а ако таму ме млатат директно мејл на Самсунг.Е тогаш убаво ќе ги изгорат и ќе се свестат се разбира ако Самсунг во меѓувреме не им го одземе овластувањето
 
kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3.740
5.916
skopje
k2laptop.mk
Какви се трговците ниоз 2 примера
1 фирма увезе 1000 телевизори, за месец дена продаде 600 од кои 500 се вратија и не беше возможна поправка. Сеуште ги продаваа другте од лагер а со рекламираните им даваја исти такви али по 30 дена чекање, па пак им ги враќаја и се наново
2 3-4 000 таблети , за 2 месеци продадени пола и сите рекламирани и вратени во сервис, не ги тргнаја од лагер останатите и сеуште ги продаваја по флаери
 
kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3.740
5.916
skopje
k2laptop.mk
Сум пишувал погоре за искуството со Видео Дата.Посакувам нареден пат нешто да ми се расипе од кај нив и да пробаат да ме направат будала пак.

Сега нема инсекции,туку директно мејл на Самсунг или друг производител во зависност за кој производител се работ,за да знаат на кои глупаци им дале да им бидат овластен сервисер.
Е така се решава со овие ЦРНЦИ.А со пазарна инспекција,добро знам кои платеници работат таму.

Потплатени се сите тие и тоа за мали пари.Зарем некој очекува во држава како нашата да има право и инспекција.Ич не се ни трудам да одам.Ако ми се расипал Самсунг производ одам прво во Видео Дата,а ако таму ме млатат директно мејл на Самсунг.Е тогаш убаво ќе ги изгорат и ќе се свестат се разбира ако Самсунг во меѓувреме не им го одземе овластувањето
не се замара самсунг , верувај, пријавени се стотици пати исто и кај сони
 
Krkac

hello world
29 февруари 2008
181
198
ВКУПНО 30 дена. Значи вториот пат, уште третиот ден си требал да бараш пари назад.
Мислам дека си грешка, не се собираат деновите од сите сервиси заедно туку само од моменталниот.
Тогаш законот и дополнувањата на законот ги прочитав неколку пати, плус се јавив и во здружението за заштита на потрошувачи и такво нешто не ми спомнаа, ниту пак јас такво нешто прочитав. Ако сум грешка, те молам исправиме за да знам за другпат.
 
Последна промена:

Dinamit

hello world
25 мај 2013
440
615
не се замара самсунг , верувај, пријавени се стотици пати исто и кај сони
пријател од Србија вака проба,откако однесе расипан телефон Сони и виде дека почнале да го млатат.

Но пријателот се си сликал и документирал.
Им пишал дека секогаш користи нивни производи но по ова што му се случило и по таков ирогантен однос во сервисот,иако му се допаѓа брендот Сони ќе размислел дали другпат да купи бидејќи не е сигурен дека ако истиот му се расипе дека ќе му биде уредно поправен.

Сето тоа придружено со слики од самиот почеток:

1.Слика од проблем со телефонот,
2.Слика од документот кога е купен
3.Слика уште колку има гаранција
4.Слика од Сервисот каде го однел
5.Слика од документот кој му го издале дека не му го прават

Од сони му одговорија уште истиот ден.Проблемот бил јавен во повеќе телефони на Сони.За 24 часа човекот си доби нов телефон,а овластениот сервисер за Сони во Србија набрзо го затворија.

Сакам да кажам дека со самото пишување на производителот они си знаат кои им се најчести мани на производите.Ако го имало јавено проблемот и кај исти таков производ голема е шансата да ти го заменат производот а овластениот сервисер да го затворат.

Се случува кога ќе ти речат дека иако со гаранција не се прави и мора да си го платиш дефектот,нашиве тука во сервис да го пријават делот како расипан,од таму на пример самсунг да им прати дел,а тебе да ти го наплатат.Тоа е кривично дело и се одговара за тоа.
 
kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3.740
5.916
skopje
k2laptop.mk
Мислам дека си грешка, не се собираат деновите од сите сервиси заедно туку само од моменталниот.
Тогаш законот и дополнувањата на законот ги прочитав неколку пати, плус се јавив и во здружението за заштита на потрошувачи и такво нешто не ми спомнаа, ниту пак јас такво нешто прочитав. Ако сум грешка, те молам исправиме за да знам за другпат.
ВКУПНО, а максимално може 3 пати да ти се расипе под гарантен рок, на 3 пат или нов или пари назат
Ако ти се расипал 2 пати и ти го држеле 20 дена првиот и 10 ден вториот ти следува нов или пари
 
Krkac

hello world
29 февруари 2008
181
198
ВКУПНО, а максимално може 3 пати да ти се расипе под гарантен рок, на 3 пат или нов или пари назат
Ако ти се расипал 2 пати и ти го држеле 20 дена првиот и 10 ден вториот ти следува нов или пари
Ете не сум знаел дека може да се собираат, јас се мислев дека тоа важи во еден сервисен период.
Нешто линк до тој закон/упатство/прирачник да не ти се наоѓа при рака, за да знаеме кога било кој од нас ке има некаков проблем да се повикаме на него?
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно