1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Позитивни/Негативни искуства со сервиси

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од Fatal1ty_, 26 Септември 2013.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,260
    24,692
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Пошто има многу теми за искуства со нашите сервиси за хардвер, оваа тема ќе ја назначиме како официјална во која секој ќе може да си го каже неговото мислење и искуство со сервисите.
    Со тоа ќе се добие поквалтетна дискусија и доколку ви треба мислење ќе можете да го побарате на едно место, а не да лутате по форумите.

    Еве јас ќе почна со моето позитивно искуство со СЕТ сервисот.

    Однесов лаптоп на поправка вчера околу 16:00 часот, сега пред 5 минути ми се јавија да си го подигнам бил поправен. Дефектот беше нешто со графички чип.
    Браво за брзата интервенција.
     
    Borsa, xenon, Enforcer_ и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,129
    736
    8 Април 2007
    Машко
    Да не ти кршам среќа ама требало да почекаш додека да го земеш/пробаш да бидеш сигурен дека стварно е ок.
     
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,260
    24,692
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Не сум го земал уште. На работа сум попладне ќе идам и ќе го проверам на лице место нормално ;)
     
  4. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,519
    15 Јануари 2011
    Машко
    Пушти Furmark, нека не те лажат комунистите дека работи без да пробаш екстремен торчур тест! :D
     
  5. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,662
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Секогаш сум имал позитивно искуство со сервисот на Анхоч, професионални и спремни да ти излезат во пресрет, многу пати направиле и повеќе од што требало.
     
  6. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,954
    3,948
    18 Септември 2013
    Машко
    Јас пак спротивно - однесов еднаш дел под гаранција, седеше недела дена кај нив за на крај да ми кажат дека не се поправа. Го земав, само го отвориле и го затвориле значи ни исчистено внатре се познаваше дека не е пипнато. Го земав, го однесов во приватен сервис и го направија за ич пара.
     
  7. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,662
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Добро е да се знае.
    Јас лично до сега не сум имал негативно искуство со нив, ама од друга страна и не се десило да треба да ми поправаат некој дел. Тие делови што ќе се расипеле ми ги заменувале со нови. Корисник сум на нивниот сервис од 2004.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  8. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,954
    3,948
    18 Септември 2013
    Машко
    Па да, и покрај тоа купувам од нив стално периферии (дека имаат најголем избор на лгоитек) и лаптопот ми е од таму земен (дека се доста добри цените) ама од тогаш не очекувам да ако нешто се расипе го поправат - едино замена ако имаат уште на лагер од истото ама тоа само ако брзо ти се расипе нешто - ако помине година/две ќе немаат ист дел секако.

    Иначе да го пофалам сервисот на Сет. Имав лоша струја во еден стан и ми зуеше нешто во напојување земено од нив (CM M520) и памтам убаво за случкава дека ме поткачи кола на излегување од сервисот :)) Во секој случај кажав веќе и на друга тема, луѓето беа многу фини, и професионални. Влегуваш и се гледа дека имаат и опрема и дека ги отвараат и проверуваат па дури и поправаат деловите (имаа еден тон уреди во секаква состојба на лево на десно и еден тон опрема). Ме повикаа да ми покажат дека се е во ред со волтажите на нивните мерни уреди и дека не зуи кај нив ич итн итн итн. Мала работа, ама ми влеа доверба во нивниот сервис... е сеа кој знае може така само импресија ми оставило ама сепак, има сервиси што ми оставиле негативни импресии на прв поглед.
     
  9. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    516
    312
    2 Март 2010
    Машко
    Ако делот бил под гаранција и не се поправа би требало да ти дадат ист таков нов или сличен на него, или пак да ти ги вратат парите. Има веќе такви дискусии за заштита на потрошувачи. Требало да си побараш замена, мислам дека не би правеле проблем.
     
    На Alucard му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Spamalot

    Spamalot
    Gaining Experience

    902
    226
    13 Јуни 2011
    pozitivno iskustvo so mebius, pozitivno iskustvo so ddcom, negativno iskustvo so anhoch i edno 4-5 negativni iskustva so set
     
  11. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,519
    15 Јануари 2011
    Машко
    Лично не сум имал проблем досега, 1 интервенција Анхоч, 2 Сет, 1 АМЦ.
     
  12. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,836
    6,425
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Anhoch, носам сд картица во Петок ради тоа што коруптира фајлови од време на време, во Понеделник ми се јавуваат, неможевме да го потрврдиме кварот ама еве нова за секој случај. :carefree:
    Anhoch, hdd 400gb Hitachi пун со бед сектори 4 дена пред истекот на гаранцијата, повели нов од 500 гб и 1 месец гаранција (мислам) за секој случај.:carefree:

    СЕТ, itx плоча со расипани FUSB хедери (и двата) на сервис, дечко за ова ли се мења плоча WTF :supershock: сепак ја сменија
    СЕТ (ГТЦ), Asus G41 плоча ја зимам, одам дома инсталирам ОС, не работи LAN картицата. Воопшто ја нема ни во биос ни во виндовс. Вадам, пакувам (2 саати мах.) ја враќам во ГТЦ, сакаа да ме пратат на сервис. Држ не дај, ги натерав таму да ја пробаат во салон (за што им требаше околу 4 саати) па понудија замена или пари. :supershock:

    ТДК, Графичка MSI 560GTX, после 2 дена (нова) почна артефакти да прави по цел екран, па покасно и воопшто да не работи. Ја носам и ми држат лекции како ова е најверојатно корисничка грешка, дека ако и втората така ми правела немале да можат да ја сменат. Среќа втората работеше. :mad:

    Мобико (лептокарија) телефон некој сони ериксон под гаранција се закочуваше/мрзнеше од време на време. 6 пати носен на сервис, 6 пати враќан како поправен (а не е), веќе истекуваше гаранцијата и морав да го уклучам на 50волти зошто готово ќе го изгубев. Го сменија цел на крај (ваљда лом бил внатре).:mad:

    Нико (ова беше пред доста години) CRT монитор Proview, 17". Кога го ротираш лево десно сам се магнетизираше (целиот лилав стануваше), немаше магнети ни дома кај мене ни во сервис кај нив. Одбија да го заменат, се магнетизирал ради електромагнетното поле на земјата (да, планетата). Пошто најверојатно немал потребна заштита тој модел, они не можеле да одговараат за тоа. Барав пари назад и со триста муки (пред фискалните беше ова) ги добив. :angry:
     
  13. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,954
    3,948
    18 Септември 2013
    Машко
    Како што кажав не паметам што беше фрката точно, ама не беа нељубезни а делови такви немаа на залиха и така знам ми требаше делот и го поправија на друго место, отиде гаранцијата после тоа. Ама од тогаш имам таква импресија за нив. Не помогна и што кога бев последно горе сервисот видов деца некои што се шетаа од соба во соба (сервисерите) и се договараа дота како ќе играат во тој момент (или некоја друга игра, не знам - ако грешам нека ми простат). Едноставно не ми делува професионално нивниот сервис, а од едното искуство што сум го имал пред најмалку 4-5 години не ми завршија работа ко што сакав - чекав предолго знам и на крај друг сервис ми заврши работа ептен брзо оти ситница некоја во прашање беше мислам (нешто од рангот на одлемена жица).
     
  14. BuuGz

    BuuGz
    Gaining Experience

    86
    69
    8 Мај 2013
    Машко
    Скоро секогаш имам купено од Аnhoch, од којзнае колку делови само двапати сум вратил делови, еднаш Рам мемориа еднаш напајање и во двете ситуации ми дадоа комплетно нови делови.

    Во SET само имам купено една матична и еден телевизор, матичната ме зеза малце со DIMM слотовите и ќе треба деновиве да ја вратам па да видам дали ќе ми завршат работа, а телевизорот има еден мртов пиксел и поминав еден ден и ги прашав дали да го донесам за поправка ми рекоа не.....

    И друго место што сум купил е RIVERSOFT мада од дамна е тоа само памтам дека од неколку пати само еднаш една матична ми цркна и одма ми ја променија.

    edit; Ја мразам тастатурава...само грешам на неа...
     
  15. Dinamit

    Dinamit
    Gaining Experience

    496
    423
    25 Мај 2013
    Машко
    Лошо искуство со МЕбиус.Луѓево еднаш ме направија будала и од тогаш веќе не им влегувам.Баш она типична македонштина во која што си работат веројатно роднините на газдата:confused: .Иди доле барај го незнам овој и оној,до мене не е,одам доле ми вика оди горе јас не сум задолжен.:) На крај отидов горе го фатив за гуша вработениот кој беше навистина кривецот и така право во сервис.:offended: Типот едно си збори кога е сам,а друго кога се заедно.Најстрашно е што несакаа ни да ми го заменат делот.Морале да го проверат.Им дадов рок 2 недели пред тоа,и на крај отидов го фатив типот за врат и правец во сервис,да видам кој навистина ме матка.Прифатија да ми го заменат делот ама да причекам уште 3 дена.Реков парите назад па одете млатете некој друг.

    За анхоч немам зборови.Едноставно се број еден во Македонија.Иако не сум имал многу пати можност да однесам нешто на сервис,сепак за замена за делови,пример пократок за подолг кабел,послаб за појак диск итн. секогаш ми менуваат.Исто така кога сум имал дел под гаранција а бил расипан секогаш бил заменет и тоа без да чекам 5-10 или незнам месец дена.Одма го проверуваат и менуваат.
     
  16. 7n00dle7

    7n00dle7
    Gaining Experience

    552
    345
    26 Февруари 2012
    Машко

    Извини не те видов онака целиот во збунка од што ми се брзаше...
     
    bogoevski, Karamba, toshex и на уште 1 им се допаѓа ова.
  17. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,493
    2,485
    14 Мај 2008
    Машко
    Позитивно искуство со Анхоч и Сет. Им се поставив како колега сервисер, убаво им објаснив што беа дефектите, и едните и другите ме поканија да влезам во сервис со нив и заедно да ги оправиме дефектите. Од Сет дури ми извадија и ценовник од репарирани делови, да си изберам нова плоча за поевтино (не се оправаше старата).

    Негативно искуство со Мебиус. Ми рикна Кингстон усб стикче од 2 гига, интересно е што стоеше на сметка од некојси 50-60000 денари. Не сакаа да ми го заменат. Цигани смрдливи. Тоа фирмата им е разделена на 3 дела, шетаат луѓе натака-навака цело време. Сервисот - турлитава. Ги бива за продажба, поддршка кур.

    Позитивно искуство со Паком и Амако, оставаш дел на сервис, за ден-два ти јавуваат дека е направен или заменет, молим лепо. Чиста работа.

    Негативно искуство со Нико. Имав земено Mushkin рам од кај нив, и едната плочка цркна, даваше преку 5000 ерори на мемтест после 1 минута. Прво не сакаа да ми ја примат, ми ја бараа фактурата. Ајде им донесов фактура, ја примија. Е сега сите знаеме дека меморија се тестира за 2 минути. Ја ставаш во конфигурација, пушташ мемтест и чекаш црвено. Нико ги немаше 2 НЕДЕЛИ. После тоа отидов да ги искарам, ми викаат, дечко ние пред недела дена ти се јавивме. Ме лажат копуците. Среќа новава меморија си тера.
     
    Војвода, shifty и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  18. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,503
    3,408
    11 Декември 2008
    Машко
    Позитивно икуство со Анхоч, претежно од нив ми се купувани деловите.
    Купив филипс монитор, го отворив дома и имаше 1 мртов пиксел. Им објаснив што е проблемот, ми го заменија со друг самсунг, дури подобар модел со HDMI приклучок.
    На хард диск почнаа да се јавуват бед сектори, ги поправав 2-3 пати но веќе не се регенерираа, го пратив во сервис за 2 дена ми пратија нов хард диск.
    Плус да не зборам за корисничка поддршка, за одредени попусти како редовен муштерија итн.

    Со Мебиус исто имав позитивно искуство, еднаш имав расипано напојување ми го заменија со ново, другпат рам меморија ми сменија без проблем, исто така и една графичка EVGA купена од Нико ми ја средија со нов кулер за само 300 денари.
     
    На shifty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,833
    1,365
    10 Август 2010
    Машко
    Однесов лап-топ кај Kjosmofon, сервисот му се наоѓа во Аеродром кај станицата Тобако1. Прва класа, за 1-2 саата ми го замени дисплејот и си го однесов дома лап-топот истиот ден.
    +ми направи попуст.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,260
    24,692
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    +1 За Гоце ака Kjosmofon И јас имам носено полнач кај него ми го среди за смешни пари.
     
  21. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,662
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Браво, значи ако некад имам проблем јас со лаптоп, да знам кај да идам :)
     
  22. bogoevski

    bogoevski
    Unstoppable

    1,685
    2,662
    29 ноември 2009
    Машко
    Сваштара
    Јас имам позитивни искуства со Анхоч, негативните поени одат кај Saphire. На братми му рика по трет пат грапичка карта, го носам цел компјутер и при секое носење ми мењаа нова грапичка т.е. понова генерација (пошто иста ко рикнатата немаат). веќе ми е срам да го носам, да не помислат дека намерно ги рикам картиците.
     
  23. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,764
    5,730
    7 oктомври 2011
    kalfa
    Не носи кај нив, *едери се ќе ти украдат деловите.
     
  24. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,767
    1,530
    22 oктомври 2012
    Машко
    Ако нема физички оштетувања, има да ја сменат, и оро ќе ти заиграат ако треба...
    Ѕвер, и јас би играл така во таква ситуација ;)
    Мислиш Тобако 2 :)

    Искуство:

    DDCom +
    ITD +
    SET -/+
     
  25. smole

    smole
    Unstoppable

    2,924
    3,275
    18 Април 2007
    +2 Со Гоце, профи е.
     

Сподели

Вчитување...