Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Аудио кај мобилните телефони

xenon

нуспојава
15 јануари 2011
4.822
12.877
Skopje
wemaxa.com
nxp-audio-lead.jpg





За сите што си поиграле малку посериозно со HTC One знаат колку фронталната поставеност на двата стерео звучници од двете страни на екранот, феноменалната дефиниција на тоновите и динамичниот опсег се доволни овој уред до денес да го држат на врвот од мултимедијалените уреди, не само помеѓу мобилните телефони.

Kaj HTC One, секој звучник има свое, 5V појачало произведено од NXP. Фирмата сега тестира подобрени, 9V верзии на ова појачало кои треба да се најдат во мобилните уреди во текот на идната година.

Моментално, сеуште трае трката за кој има подобар дисплеј, кој има побрз процесор и повеќе рам, додека аудиото како една клучна сензорна димензија се игнорира и најчесто има лошо, унилатернално позицирани звучничиња со често лош квалитет.

http://phys.org/news/2013-11-nxp-tfa9895-mobile-audio-quality.html
http://www.engadget.com/2013/11/04/nxp-reveals-TFA9895-speaker-audio-chip/

За подетални информации гуглајте: TFA9895

 

тотето

lurker
4 октомври 2011
694
674
Битола/Скопје
Мислам дека нема потреба инвестирање многу во квалитетен звучник/појачало. За малце пари имаш блутут звучници. Подобро е да, но не е исплатливо.

Знам дека некој аудиофили ќе се бунтоват, ама на просечниот корисник не му треба толку моќен звучник.
 

igor_xxxx

user
10 септември 2010
1.309
1.756
Јас би бил пресреќен ако почне посериозен развој на процесирањето на сигналот и солиден плејбек на 24/96 или 24/192Khz.Ова би било за мене 100000 пати покорисно од гледна точка на поквалитетен звук од мобилен.
 

Crinkle

read-only
13 ноември 2013
1
0
Skopje
Ме интересира ова ако некој може да ми одговори? Прашував многу луѓе и уште не знам што да правам.
Нов телефон веднаш имаше дефектна слушалка, го однесов на сервис и демек ја порпавија но проблемот уште постоеше, малку поднамален. Пак го однесов на сервис откако во мобилара ми рекоа дека нема да ризикуваат да го отворат, бидејќи можел да биде заебан аудио чипот на телефонот. Но не го направија.
Е сеа аудиото на телефонот, од слушалки, па се до звучници, микрофони, е супер, јавување преку слушалки и спикер е одлично... само главната слушалка е расипана и гласовите се со доза на зуење и затишеност. Дали има шанси да е дефектно целокупното аудио на телефонот со тоа што влијае само на еден негов проблем? Што мислите?
 

xenon

нуспојава
15 јануари 2011
4.822
12.877
Skopje
wemaxa.com
Пробај си ја среќата на forum.gsm.mk - специјализирани се за мобилни и има доста сервисери присутни во секое време - и млади дечки што ќе се нафатат да го средат.

Alfa Mobil - Водњанска
Mega Mobil - карши Тобако 2

итн.

Ме интересира ова ако некој може да ми одговори? Прашував многу луѓе и уште не знам што да правам.
Нов телефон веднаш имаше дефектна слушалка, го однесов на сервис и демек ја порпавија но проблемот уште постоеше, малку поднамален. Пак го однесов на сервис откако во мобилара ми рекоа дека нема да ризикуваат да го отворат, бидејќи можел да биде заебан аудио чипот на телефонот. Но не го направија.
Е сеа аудиото на телефонот, од слушалки, па се до звучници, микрофони, е супер, јавување преку слушалки и спикер е одлично... само главната слушалка е расипана и гласовите се со доза на зуење и затишеност. Дали има шанси да е дефектно целокупното аудио на телефонот со тоа што влијае само на еден негов проблем? Што мислите?
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно