Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Даноци на пари од Онлајн сметки...Вистини и Митови

Статус
Затворена за нови мислења.

lynx

poweruser
4 септември 2008
3.722
3.574
Еве во овие два поста се ти е кажано, мислам понатамошно објаснување е непотребно.

Јас на крај на година ги пријавувам сите приходи во УЈП. Значи пријавување и плаќање се две различни работи. Да ги пријавиш мора ако парите прошле на сметка во Македонија (и трансакциска и жиро), а да ги платиш зависи. Нешто како поклон ќе пројде, нешто ќе платиш и така. Колку посто плаќаш зависи од тоа колку пари се во прашање и како си стигнал до нив.

Ако не пријавиш ништо, а на сметка ти легнале пари, банката им доставува изводи во УЈП и ако паднеш под лупа тешко тебе. Казните се огромни и се наплаќаат со блокирања сметки, извршители и слично. Ако не пријавиш може и да пројде дака ако се некои ситни парички, ама секогаш има ризик.

Она што ви треба е ПДД-ГДП Годишна даночна пријава за утврдување на персоналeн данок на доход

Значи ако парите поминат низ платен промет, поминат (или се задржат) низ било која сметка низ било која банка во земјава, и девизна и трансакциска, парите мора да се пријават. Во УЈП имаат увид во сите сметки. Казните се движат од 500 до 1000 евра за физички лица.

Ако парите ги добивате на рака, во ќеш (преку WU на пример) или во некаква си конпензација и немате апсолутно никаква врска со ниедна банка, не мора да се пријавуваат.
 
R

Roncic

Гостин
1. Дечко те прашав дали си се соочил некогаш со ситуацијата, и дали воопшто плаќаш некаков данок освен тој за шекерќиња и гуми за џвакање.
2. Не постои платен промет и причината е многу едноставна
Тоде Тодев префрла пари на Тоде Тодев... ( Тоа стои во изводот од банката ).
3. Немам намера повеќе да се објаснувам кој свати свати кој не не.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.983
roka.mk

А Зашто и како да пријавам пари за кои УЈП нема увид? ујп пара данок за парите на твојата сметка.
Јас не те разбирам.
 
R

Roncic

Гостин
Нема потреба од пријавување на парите. Исто како што немаш потреба да пријавуваш пари при влез во Македонија ( до 10.000 евра ). Првата трансакција кон пејпал не се прави во Македонија па да има платен промет на тие пари.
Кога доцниш со плаќање на данок добиваш на домашна адреса писмо со уплатница од УЈП со пресметан данок кој треба да го уплатиш. Во нив досега никогаш не ми бил пресметан било каков данок на пари кои стасуваат од мое име од пејпал и слични страни. Но на секој денар кој е стасан од друго име има пресметан данок.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.983
roka.mk
А како да го плаам данокот на парите што ми се на скрил и не ми се извадени на картичка?
 
MarkoHF

lurker
30 септември 2008
851
1.165
Скопје - Кисела Вода
MarkoHF's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3570k w/ Corsair H100
Motherboard
Gigabyte Z77X-UD3H
Storage
Samsung 840 EVO / Western Digital 1TB EZEX
PSU
Gigabyte ODIN 700W
RAM
8GB Kingston HyperX Beast
Video card
Intel HD 4000
Case
Corsair Air 540
Mouse
Microsoft Sidewinder X8
Keyboard
Microsoft Sidewinder X6
Audio
AKG MK212
Monitor
Samsung S22B300H
OS
Windows 7 Ultimate 64-Bit
А како да го плаам данокот на парите што ми се на скрил и не ми се извадени на картичка?

Ако парите не ти се на картица туку само на Скрил немаш што да пријавуваш кога парите не се во Македонија.
Исто како ако имаш имот во странство ти не плаќаш данок за тој имот во Македонија.
Се пријавува Данок само ако ги "увезеш" парите во Македонија т.е да ги рпефрлиш на картица. А Скрил не е во Македонија.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.983
roka.mk
Тоа ми е јасно Марко така функционирам до сеа, но според Roncic треба на тие пари да плаќам...
 
R

Roncic

Гостин
Парите се веќе твои. На што ќе плаќаш данок кога ги повлекуваш на картица?
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.983
roka.mk
Парите се веќе твои. На што ќе плаќаш данок кога ги повлекуваш на картица?
Тврдењето ти е многу корекно, Кога ги примаш парите од скрил на извод ти стои skrill(monybookers твое име)...Но праиме моабет за голема сума на пари 10 000е годишно, пари кои мораш да ги приавиш на државата, ако не пријавиш стигаат казни. Ова е одговор од Сметководител, врабоен во банка (на девизи)...и теорија која ја корисам последни 3 години.
 
R

Roncic

Гостин
Еве ќе ги пријавиш, на што би платил данок ? Државата нема никаква основа да бара било каков данок.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.239
5.559
Скопје
Кога доцниш со плаќање на данок добиваш на домашна адреса писмо со уплатница од УЈП со пресметан данок кој треба да го уплатиш.

Да, ти стига решение за плаќање данок доколку претходно си поднел даночна пријава. Во спротивно, не би рекол ќе, но ако те приметат, ќе ти стигне решение за наплата, плус казна за затајување данок.

Околу легнување на финансии од странство во мојот случај. Моментално работам за странска организација и примам хонорар еднаш месечно. При склучување на договорот им дадов трансакциска, свифт и ибан од банката. Во меѓувреме отидов до УЈП да се распрашам за процедурата за пријавување данок и колку тој би изнесувал. Ми рекоа бидејќи мојот прилив е означен како „хонорар“, најверојатно ќе биде 10% (и така и бидна, откако го добив решението). Законот налага во рок од 15 дена, за мојот случај, да поднесам Аконтативна Даночна Пријава (која се однесува на прилив на средства од странство). При првата исплата, парите легнаа во банка, не на моја лична сметка, пришто потпишав некое си генерално полномошно, да секогаш кога ќе ми стигнат пари од таа фирма (само таа, не од други - така им функционира тоа полномошно), веднаш ми се префрлат на трансакциска (одат на девизната, не на денарската, после јас ги префрлам преку мобилен).

Рончич мислам дека е во право кога вели дека не пријавуваш ништо доколку стојат на Скрил, бидејќи сепак сеуште не се влезени во нашиот систем на промет. Е сега, види што вика налогот кога ги префрлаш од Скрил на твојата трансакциска сметка. Ако е од Калчо до Калчо, не е проблем според мене (бидејќи не се наплаќа данок за трансакција помеѓу физички лица), но ако е од Фирма до Калчо, можно е да подлежи на данок. Мој предлог е ако веќе си вршел трансакција од Скрил, Пејпал или слично на твоја сметка, извади извод од банката (или нејзиното електронско банкарство) и оди во УЈП распрашај се. Не знам за колкави суми станува збор, но не би ризикувал секако. И казна да попиеш не е малку.

Ова би го предложил до сите кои примаат пари од странство. Можеби е во сива состојба како што кажа lynx, можеби не ве приметиле до сега, но јас не би ризикувал со затајувањево данок.

Во спротивно... :D
Tax-Evasion-for-Dummies.jpg
 
pLaToOn

hello world
24 јануари 2012
227
190
Тврдењето ти е многу корекно, Кога ги примаш парите од скрил на извод ти стои skrill(monybookers твое име)...Но праиме моабет за голема сума на пари 10 000е годишно, пари кои мораш да ги приавиш на државата, ако не пријавиш стигаат казни. Ова е одговор од Сметководител, врабоен во банка (на девизи)...и теорија која ја корисам последни 3 години.

Пари од странство может да се добијат по повеќе основи. Најгруба поделба би било уплата од физичко лице и уплата од правно лице.
Кога се работи за уплата од физичко лице во зависност од тоа зошто се уплатени, што треба сами да наведете ќе зависи дали ќе платите ПЕРСОНАЛЕН данок или не.
Кога се работи за уплата од правно лице (Скрил е правно лице), на уплатениот износ МОРА да се плати персонален данок во рок од 7 дена од денот на уплатата (7 до макс. 15 беше) и истото да се пријави во ПДД-ГДП образецот. Ова мора да се направи без никакви отстапки.

Дополнително на претходното, треба да знаете дека со многу земји имаме договори за избегнување на двојно оданочување, но тоа се најчесто земји кои не се од наш интерес (во секој случај ги нема Америка и Австралија на пример кои се големи фриленс клиенти) и посебно битно во случаи кога се користат посредници од типот на оДеск, Фриленсер и сл неможе да бидете ослободени од плаќање данок затоа што не се исполнети основните предуслови за ослободување (фирмата исплаќач на парите да има платено данок и вие да имате целосна документација за тоа што треба да се приложи до УЈП).

Значи, на страна сите муабети - МОРА да се плати ПЕРСОНАЛЕН данок. Неплаќањето повлекува казни од 500 до 1К + плаќање на заостанатите долгови со камати. Имајте на ум дека УЈП има право да изврши ревизија на вапите трансакции во претходните 5 години (мислам дека беа 5) и за истите фино лео да ве напенали со дебели каматички и казни.

На друг форум се водеше често истава дискусија и затоа однапред ќе напишам нешто што таму упорно се тврдеше дека неможе да се случи. УЈП има право да побара од вас докази за тоа како се стигнати парите кај вас. Значи, ако наведете дека пари уплатени од Скрил се поклон, не е УЈП таа што треба да го побие тоа, туку вие сте тие кои тоа треба да го докажат со изводи и историјат на уплати од Скрил. Во случај на затворени акаунти на Скрил, не се секирајте, историјатот за вапите трансакции ќе биде долго чуван така да од една страна ако повлечете пари па го затворите акаунтот нема да можете да докажате (вие не УЈП) дека парите биле поклон, а од друга страна ако се работи за големи пари УЈП ќе добие информации и покрај тоа што акаунтот е затворен (ако покрај неплаќањето на данок што во секој случај ќе го санкционира има сомневање за перење на пари).

Не паѓајте на изјави од тип интернет трговијата не е регулирана, тоа е сива зона и сл. Се е убаво и прецизно дефинирано и се знае точно кои трансакции подлежат на оданочување (овие ДА). Тоа што некому не му се допаѓа да плаќа па во очекување на ослободувања за интернет трговија се повикува на непостоење на прописи па џавка наоколу (а притоа има врски да не го закача) нема да ве спаси од плаќање казни (зошто вие немате врски). Платете си и мирно спијте ... па ако ништо друго добро е што персоналниот е навистина низок во споредба со други земји.
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.814
33.983
roka.mk
Фала ти мајсторе.
НЕ ПРАВАМ ПОВЕЌЕ ДИСКУСИЈА

Се што требаше сите да знаеме ни објасни! Што се однесува до мене митот е РАЗОТКРИЕН.

Едно прашање само...7-15 дена од примањето на парите?

А нели се пријавува на крај година до 15Март?
 
R

Roncic

Гостин
Го почитувам Вашето мислење ( сметам дека ги познавате законите ) .
Сакам да расчистам нешто еднаш за секогаш.
Дали со префрлање на пари од странска сметка на мое име кон сметка на исто име во Македонска банка треба да се плати некаков данок?
Без заобиколувања и други работи Да или Не.
 
bogoevski

user
29 ноември 2009
1.706
2.757
Hønsebybotn
bogoevski's setup  
Processor & Cooler
Повеќејадрен со множител
Motherboard
Црна со црвени детали
Storage
Препун
PSU
Предимензионирано
RAM
Доволно
Video card
Нај јака со 8 гигавати
Case
Гломазно
Mouse
Немам, чувам мачки.
Keyboard
Тивка
Audio
Стерео со двигател
Monitor
Прецизен
OS
Џам
Ве читам и пак ми е све побркано, сепак ќе е најдобро информација од прва рака од УЈП па да се сподели тука.

Јас од прва рака имам информација дека не треба да пријавувам кеш којшто го прикачувам на шалтер у банка на сопствената трансакцијска доколку парите се поклон, ме прашаа за потекло им кажав дека е кеш од свадбени подароци.

Тоа што продавам на eBay, парите не ги праќам кај нас на трансакцијска, инстант ги трошам на eBay пак, у круг, у круг :)
 
dejan_str

senior
8 април 2011
8.368
5.392
OHRID кај ензероно
Ве читам и пак ми е све побркано, сепак ќе е најдобро информација од прва рака од УЈП па да се сподели тука.

Јас од прва рака имам информација дека не треба да пријавувам кеш којшто го прикачувам на шалтер у банка на сопствената трансакцијска доколку парите се поклон, ме прашаа за потекло им кажав дека е кеш од свадбени подароци.

Тоа што продавам на eBay, парите не ги праќам кај нас на трансакцијска, инстант ги трошам на eBay пак, у круг, у круг :)

Па и јас го кажав тоа, и мене истото ми го кажаа и го практикувам.Исто и Лице ако ти прати пари на трансакција не се плаќа персонален(освен доколку сам кажеш дека се заработени)Но за некој пари кој пристигаат од некој онлајн сметки под дифолт стои во описот на испраќачот дека се Хонорар или надоместок за соработка и со тоа не можеш да се крепиш на тоа дека се поклон и ке си платиш персонален.Све зависи од каде и како ти стигаат парите на сметка.
 
vlavot

poweruser
29 октомври 2009
3.150
3.090
vlavot's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-2500k (4.6Ghz OverClocked) + Corsair H80i
Motherboard
Asus Sabertooth P67 B3 Rev 3.0 TUF Military-Grade
Storage
Samsung 840 pro 256 GB + WD5000AAKX SATA3 500GB Blue
PSU
Chieftec APS-650CB A-135 80PLUS
RAM
Kingston Hyper X Genesis 2X4GB DDR3 1866Mhz Dual-Channel
Video card
Asus Radeon R9 290 4GB + NZXT KRAKEN G10 & Corsair H55
Case
Cooler Master CM Storm Trooper
Mouse
Corsair Vengeance m95 White
Keyboard
Cooler Master Storm Trigger Z Cherry Mx Brown
Audio
Marantz PM6005 + Wharfedale Diamond 9.6
Monitor
Dell UltraSharp U2414H 24''
OS
Windows 10 Pro X64
Значи фрчат мислења од сите страни, можеби и сите сте во право, значи за скрилл УЈП имат шанси да имат увид бидејќи е веродостојна таа сметка, а што е со Пејпал, кога влечам пари од Пејпал на картица да одам да ги пријавам тие пари? Е како да ги пријавам кога акаунтот е лажиран, невалиден, и практично го во уште во старт прекршувам законот. Не можам да поднесам документ за добиени пари од фалсификуван лажен акаунт? Уште одма ќе го окркам.

И уште нешто дали има случај каде што некој добил високи казни од 500-1000 евра за затајување на данок на ваков начин како интернет трансакции, зборам за мала сома едно 300-400 евра во рок од 5-6 месеци?
 
pLaToOn

hello world
24 јануари 2012
227
190
Фала ти мајсторе.
НЕ ПРАВАМ ПОВЕЌЕ ДИСКУСИЈА

Се што требаше сите да знаеме ни објасни! Што се однесува до мене митот е РАЗОТКРИЕН.

Едно прашање само...7-15 дена од примањето на парите?

А нели се пријавува на крај година до 15Март?

Игнорирај го моментот за редовно плаќање по прием на пари се додека не почнеш да остваруваш редовни приливи во кој случај може да има потреба од аконтации. Она на што мораш да внимаваш е пријавување на приходите во ПДД-ГДП (до 15 март секоја година) а потоа чекај да ти стигне известување. Сепак, јас лично уплаќам веднаш по прием на пари за да не ги потрошам нели :)

Го почитувам Вашето мислење ( сметам дека ги познавате законите ) .
Сакам да расчистам нешто еднаш за секогаш.
Дали со префрлање на пари од странска сметка на мое име кон сметка на исто име во Македонска банка треба да се плати некаков данок?
Без заобиколувања и други работи Да или Не.

Да или Не одговори постојат само на дивиот запад. Во основа може да се каже не, но сепак има многу можни подпрашања. На пример: како си ги заработил парите - си бил на работа во странство? Тогаш немаш никаков проблем, но ако не си бил тогаш како ти како жител на Македонија имаш твоја сметка во странство а не смееш?

Ве читам и пак ми е све побркано, сепак ќе е најдобро информација од прва рака од УЈП па да се сподели тука.

Јас од прва рака имам информација дека не треба да пријавувам кеш којшто го прикачувам на шалтер у банка на сопствената трансакцијска доколку парите се поклон, ме прашаа за потекло им кажав дека е кеш од свадбени подароци.

Тоа што продавам на eBay, парите не ги праќам кај нас на трансакцијска, инстант ги трошам на eBay пак, у круг, у круг :)

Потполно исправно. Парите кои не влегле во Македонија нема зошто да ги интересира УЈП, но може да ги интересира ИРС за тоа како тебе некој ти платил. Во секој случај ти си апсолутно чист. За уплата на кеш на шалтер исто така нема зошто да плаќаш, зошто под претпоставка парите се веќе оданочени и само проформа треба да наведеш извор.

Значи фрчат мислења од сите страни, можеби и сите сте во право, значи за скрилл УЈП имат шанси да имат увид бидејќи е веродостојна таа сметка, а што е со Пејпал, кога влечам пари од Пејпал на картица да одам да ги пријавам тие пари? Е како да ги пријавам кога акаунтот е лажиран, невалиден, и практично го во уште во старт прекршувам законот. Не можам да поднесам документ за добиени пари од фалсификуван лажен акаунт? Уште одма ќе го окркам.

И уште нешто дали има случај каде што некој добил високи казни од 500-1000 евра за затајување на данок на ваков начин како интернет трансакции, зборам за мала сома едно 300-400 евра во рок од 5-6 месеци?

Искрено УЈП ги боли пенкалото дали се од Скрил или ПејПал или од некоја десета фирма. Од фирма се ... за нив е битно да се оданочат, а ти со насмевка на лице да го трошиш нето износот. Дали ПејПал има договор со Македонија или не нема никаква врска, тоа ги засега ПејПал и никој друг. Немојте да мешате приванти компаниски правила на работење со закони на една држава.
 
pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.731
3.406
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Кога повлекувате пари од ваш пејпал е следново:
Налогодавач: Петко Петкоски
Износ: 500ден (износ во денари)
Примач: Петко Петкоски.
 
pLaToOn

hello world
24 јануари 2012
227
190
Кога повлекувате пари од ваш пејпал е следново:
Налогодавач: Петко Петкоски
Износ: 500ден (износ во денари)
Примач: Петко Петкоски.

Не е можно ПејПал да не е спомнат. Од Скрил конкретно во секцијата налогодавач пишува сметка: Петко, сопственик на сметка: Скрил. Претпоставувам дека слично е и кај ПејПал. А пошто и двете институции не се банки ... следува се што е претходно напишано.

Едит: Како може да има исплата во денари од ПејПал? Тоа банката сама го смислува извештајот?
 
stefan_v

user
3 мај 2010
1.426
604
macedonius.com
Не е можно ПејПал да не е спомнат. Од Скрил конкретно во секцијата налогодавач пишува сметка: Петко, сопственик на сметка: Скрил. Претпоставувам дека слично е и кај ПејПал. А пошто и двете институции не се банки ... следува се што е претходно напишано.

Едит: Како може да има исплата во денари од ПејПал? Тоа банката сама го смислува извештајот?
PayPal во согласност со законите на EU e БАНКА(функционира како банка во европа од 2007 година). Исто и Скрил(кој е од UK). Ова е точно 100%.
 
pLaToOn

hello world
24 јануари 2012
227
190
PayPal во согласност со законите на EU e БАНКА(функционира како банка во европа од 2007 година). Исто и Скрил(кој е од UK). Ова е точно 100%.

Интересно ... незнаев дека се тренасформирани во банки. Нејсе, како и да завртиш од секаде ѕид ... не смее да поседуваш сметка во странска банка освен ако во одредени услови (привремена работа, школување и сл.).
 
HoLfElDeR

hello world
13 октомври 2010
227
148
Непозната
Има минимум лимит на кој се плаќа данок. т.е имам примано пари од скрил 2000 денари, треба да плаќам данок???
 
jovica3

hello world
23 декември 2010
53
25
А за подигање на пари од payoneer картичка? И за тоа ли треба данок да се плаќа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

ИТ маркет

На врв Дно