Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Царинска тарифа

Gappo

hello world
20 јануари 2016
180
250
За почеток, не ти е точна математиката, на цената на производите треба да ја додаеш цената на транспортот, па на таа цена да пресметаш царина, па на таа сума после да пресметаш данок, не иде тоа така, ај ке соберам 18+8 и тоа се 26%..
Еве да речеме дека пратката ти е 400 евра сосе испорака (даут, али ок), значи 400*1,08=432, 432*1,18=509. 509-400=109 евра т.е. 6750 денари и на тоа имаш уште барем 200 денари за отворање и затворање на пакет, значи грубо, 7000 денари. Ова е ако ти е 400 евра сосе транспорт.
Секако, секогаш може да е грешка кај нив и да ти царинат по друга стапка и ти можеш да приговараш и да дојдеш до твојата стапкам, а секако може и ти да си грешка со гледање во тоа грдиот ексел со царински стапки.
Не сфаќам зошто доставата да има врска со царината? Не е тоа производ кој го добивам и кој ја поминува границата, што ќе царинат? Замисли на граница проаѓаш и те прашуваат колку бензин си потрошил и тоа ти го вклучуваат во производот шо го пренесуваш, ми нема логика. Ко што знам вредноста на производот се царини, пред 2 години исто така нарачував и царината беше исто колку што имав пресметано.

Инаку еве и сосе достава да е, тоа е 457 евра. 450+18%=539. 539+8%=582. 582-457=125 евра - 7687 денари. И 200 тие шо ги спомна, 7887, пак не стигаме до 8300. И плус еден од производите, според нивниот закон за царинска тарифа е ослободен од царина, така што дури и помалку треба да испадне.
 
Последна промена:

wiwux

hello world
3 април 2020
62
34
Здраво, дали некој има искуство со порачки од StockX, дали доставуваат во МК, дали и како се пресметува царина, данок, ... ?

Пишав и во друга тема, но таа била само за DHL, доколку има потреба избришете ја.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.061
7.736
Не сфаќам зошто доставата да има врска со царината? Не е тоа производ кој го добивам и кој ја поминува границата, што ќе царинат? …
Најди некој документ на сајтот на царина и ќе дознаеш детали како се царинат производите. И, да, ако купиш гуми во странство и ги намонтираш - должиш царина и данок ако те фатат.
 
DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.632
Скопје / Автокоманда
Здраво, дали некој има искуство со порачки од StockX, дали доставуваат во МК, дали и како се пресметува царина, данок, ... ?

Пишав и во друга тема, но таа била само за DHL, доколку има потреба избришете ја.
StockX ти те тешка превара има на reddit и на google.
Не викам можно е да доставуваат гледав јас опции од тамо исто но кога читав ревјуа и што се преват си реков боље да платам 100 евра повеќе него да се замарам со ова.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.172
18.787
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS

Не ти се исплати порачка на патики и остала брендирана роба затоа што имаат многу високи давачки, имаат свои увозници, итн итн итн. Грубо кажано, давачките се на ниво на цената на патиките. Другар има порачувано иначе од СоткЏ ама не во МК, во ГР, стигаат без проблем, ваљда треба и да купиш од некој добар продавач, пошто ова е нешто како маркетплејс за патичиња генерално.

Не сфаќам зошто доставата да има врска со царината? Не е тоа производ кој го добивам и кој ја поминува границата, што ќе царинат? Замисли на граница проаѓаш и те прашуваат колку бензин си потрошил и тоа ти го вклучуваат во производот шо го пренесуваш, ми нема логика. Ко што знам вредноста на производот се царини, пред 2 години исто така нарачував и царината беше исто колку што имав пресметано.

Инаку еве и сосе достава да е, тоа е 457 евра. 450+18%=539. 539+8%=582. 582-457=125 евра - 7687 денари. И 200 тие шо ги спомна, 7887, пак не стигаме до 8300. И плус еден од производите, според нивниот закон за царинска тарифа е ослободен од царина, така што дури и помалку треба да испадне.
Не го пишував јас правилникот за царинење, едноставно, така е. А за споредбата со бензин за колата, не е соодветна, едни правила важат за нарачки и пакети други за пренос на роба преку граница и сумите се различни и процедурата и се.
Иначе прво се пресметува царина, па после данок, данокот по дефиниција е секогаш последен во пресметката, ама нејсе, толку е бројката.

Патем, многу непознати имаме во твојов случај за да ти кажеме точно. Сега според висинава на транспорт ми делува дека и не е преку Пошта на МК нарачката, туку дека е преку некоја ДХЛ/УПС брза пошта. Ако они имаат грешка во пресметката барем полесно ќе се разбереш со нив одколку со државниве. Ако е со некоја од брзите пошти, тогаш имаш и 1600-1900 денари лежарина. Шознам, еве денес види што ќе направиш и чекаме тука исход.
 
Gappo

hello world
20 јануари 2016
180
250
И, да, ако купиш гуми во странство и ги намонтираш - должиш царина и данок ако те фатат.
Па нормално, гумите се материјален производ кој го пренесуваш преку граница и го користиш. Доставата е услуга која си ја платил за да бидат донесени материјалните производи и не би требало да има ефект врз вредноста на стоката.
Патем, многу непознати имаме во твојов случај за да ти кажеме точно. Сега според висинава на транспорт ми делува дека и не е преку Пошта на МК нарачката, туку дека е преку некоја ДХЛ/УПС брза пошта. Ако они имаат грешка во пресметката барем полесно ќе се разбереш со нив одколку со државниве. Ако е со некоја од брзите пошти, тогаш имаш и 1600-1900 денари лежарина. Шознам, еве денес види што ќе направиш и чекаме тука исход.
Нарачката е од Thomann.de, кај што имаа опција DHL Македонска Пошта (не DHL Express) - 50 евра, или UPS Express - 75 евра, јас го избрав првото и целиов процес ко што знам идеше преку македонска пошта.

Нејсе, фала за информациите, барем поподготвен ќе одам сега. Секако на ниеден начин не стигнува до 8300 царината. Патем, во царинскиот ценовник сè што е наведено се материјални стоки. Нема дел за транспорт, достава и сл. така што не знам како воопшто одредуваат царинска стапка за такви работи.
 
Последна промена:

krema

OG
24 јуни 2009
15.726
15.819
youtu.be
Доставата е услуга која си ја платил за да бидат донесени материјалните производи и не би требало да има ефект врз вредноста на стоката.
Има ефект и секогаш во основицата за царинење влегува и поштарината.
така што не знам како воопшто одредуваат царинска стапка за такви работи.
Ете одредуваат, од секогаш било така.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.172
18.787
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Нејсе, фала за информациите, барем поподготвен ќе одам сега. Секако на ниеден начин не стигнува до 8300 царината. Патем, во царинскиот ценовник сè што е наведено се материјални стоки. Нема дел за транспорт, достава и сл. така што не знам како воопшто одредуваат царинска стапка за такви работи.
Не се царини со посебна стапка транспортот, туку како основица за царинска постапка се зема цената на производот + транспортот. Значи која ти е стапката за звучниците таа е и за транспортот.

Извор: Царинска управа

Screenshot 2024-01-26 at 13.00.26.png

Ети ти извадок од законот, значи цената плус поштарина до Македонија. Затоа тие 200 денари што ги наплаќаат дополнително во пошта/царина не се дел од процесот на царинење.
 
Последна промена:

gamon

user
15 септември 2014
1.669
1.951
orgrimar
Има ефект и секогаш во основицата за царинење влегува и поштарината.

Ете одредуваат, од секогаш било

Не сфаќам зошто доставата да има врска со царината? Не е тоа производ кој го добивам и кој ја поминува границата, што ќе царинат? Замисли на граница проаѓаш и те прашуваат колку бензин си потрошил и тоа ти го вклучуваат во производот шо го пренесуваш, ми нема логика. Ко што знам вредноста на производот се царини, пред 2 години исто така нарачував и царината беше исто колку што имав пресметано.

Инаку еве и сосе достава да е, тоа е 457 евра. 450+18%=539. 539+8%=582. 582-457=125 евра - 7687 денари. И 200 тие шо ги спомна, 7887, пак не стигаме до 8300. И плус еден од производите, според нивниот закон за царинска тарифа е ослободен од царина, така што дури и помалку треба да испадне.
Друже не се замарај, наместо да кинеш нерви тука еден мејл до Светска Трговска асоцијација и ќе сменат правилник кој се користи скоро во цел свет, после ке искинеме од порачки од секаде.
 
ForcefieldDown

hello world
20 декември 2018
95
70
Здраво, дали некој има искуство со порачки од StockX, дали доставуваат во МК, дали и како се пресметува царина, данок, ... ?

Пишав и во друга тема, но таа била само за DHL, доколку има потреба избришете ја.
Сум нарачувал јас. Отприлика на таа цена што ти ја дава за плаќање на страницата (сосе достава), за царина, данок и шпедиција вкупно ќе треба да доплатиш уште 50% од вредноста (ако нарачуваш патики на пример).
 
Последна промена:

Gappo

hello world
20 јануари 2016
180
250
Не се царини со посебна стапка транспортот, туку како основица за царинска постапка се зема цената на производот + транспортот. Значи која ти е стапката за звучниците таа е и за транспортот.

Извор: Царинска управа

Погледнете го атачментот 134136

Ети ти извадок од законот, значи цената плус поштарина до Македонија. Затоа тие 200 денари што ги наплаќаат дополнително во пошта/царина не се дел од процесот на царинење.
Океј, вака испаѓа целата ситуација. Уствари ако имаш повеќе производи во една пратка, они не го царинат секој производ посебно, туку целата сума што си ја платил (без разлика што вклучува таа - достава, провизија, итн...) ти ја царинат, пази, според производот со највисока царинска стапка. Значи ти ако си нарачал 10 производа, од кои 9 имаат 0% царина, а десеттиот има царинска стапка 15%, они ќе ти наплатат 15% царина за сите 10. Прекрасно.

Ако сакаш коректно да ти го царинат секој производ колку што си е, требало да ангажираш шпедиција, за која се наплаќа 3000 денари и уствари пониската царина шо ќе ја добиеш пак не ти се исплаќа.

Во случајов чаре само ако можеш некако со продавачот да се договориш посебно да ти ги спакува/шипува пратките или да не ја пишува доставата во фактурата.

Во врска со мојата пресметка, ако некој го интересира исходот, прво јас згрешив што цело време сметав царина на вкупната сума од 457 евра која всушност после конверзија испаѓа наплата од 29694 денари на картичка, a не 28151 ко што сум си конвертирал на гугл. Тоа се 1500 денари што сум ги утнал. Значи:
29694+8%=32070.
32070+18%=37843.
37843-29694=8148 денари.

Они некако добиле 7800 со истава пресметка, не знам како, ама на тоа идат плус 250 денари за препакување од царина и плус 150 денари провизија за кога уплаќаш на лице место во пошта и така стигнуваме до 8300. Целава работа е осмислена да ти земат што е можно повеќе пари, колку и да е некоректно.

Да не зборувам и за тоа каква екскурзија беше целиов процес со подигањево на праткава, со 6 пати идење во пошта и 2 пати во царина додека конечно ми дадат да си ја земам. Од Германија до Пошта пратката стигна за 10 дена. Од Пошта до мои раце 1 месец и 1 ден. Да не ми текне друг пат преку Македонска Пошта да нарачувам било што. Ем се изначекав, ем се изнашетав, ем не заштедив значителна сума во споредба со тоа што ќе платев да купев сè од Македонија.

Многу поубаво искуство имав пред две години, кога слушалките што ги нарачав само што пристигнаа одма отидов во царина кај Железничка, уплатив на лице место и таму ми ги дадоа. А овој пат беше 10 дена седи во царина, нема известување, па идам таму за да ми речат чекај ти фали фактура, па прати на мејл скриншотови, па прати втор мејл пошо првиот сум го пратил пред официјално да ми стигне известувањето во сандаче за да пратам мејл, па чекај 2 недели да процесираат, па да ја однесат во друга пошта од кај што треба да подигнам, па поштарот ми се јавува да дојдам, па таму да ми речат што си доаѓал уште не е процесирана, па да се враќам по 2 дена, па да идам да се жалам за царината... rip.
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.061
7.736
Било каде кога мораш нешто да цариниш (на пр. ако нарачаш стар лаптоп од САД а ти привремено живееш во Лондон) го јадеш подолгиот крај. Сосе барање на царините, шпедитери, ... Така што добар си. Следниот пат - стави една третина на сумата и така пресметај дали ти се исплаќа.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
6.172
18.787
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Океј, вака испаѓа целата ситуација. Уствари ако имаш повеќе производи во една пратка, они не го царинат секој производ посебно, туку целата сума што си ја платил (без разлика што вклучува таа - достава, провизија, итн...) ти ја царинат, пази, според производот со највисока царинска стапка. Значи ти ако си нарачал 10 производа, од кои 9 имаат 0% царина, а десеттиот има царинска стапка 15%, они ќе ти наплатат 15% царина за сите 10. Прекрасно.

Ако сакаш коректно да ти го царинат секој производ колку што си е, требало да ангажираш шпедиција, за која се наплаќа 3000 денари и уствари пониската царина шо ќе ја добиеш пак не ти се исплаќа.

Во случајов чаре само ако можеш некако со продавачот да се договориш посебно да ти ги спакува/шипува пратките или да не ја пишува доставата во фактурата.

Во врска со мојата пресметка, ако некој го интересира исходот, прво јас згрешив што цело време сметав царина на вкупната сума од 457 евра која всушност после конверзија испаѓа наплата од 29694 денари на картичка, a не 28151 ко што сум си конвертирал на гугл. Тоа се 1500 денари што сум ги утнал. Значи:
29694+8%=32070.
32070+18%=37843.
37843-29694=8148 денари.

Они некако добиле 7800 со истава пресметка, не знам како, ама на тоа идат плус 250 денари за препакување од царина и плус 150 денари провизија за кога уплаќаш на лице место во пошта и така стигнуваме до 8300. Целава работа е осмислена да ти земат што е можно повеќе пари, колку и да е некоректно.

Да не зборувам и за тоа каква екскурзија беше целиов процес со подигањево на праткава, со 6 пати идење во пошта и 2 пати во царина додека конечно ми дадат да си ја земам. Од Германија до Пошта пратката стигна за 10 дена. Од Пошта до мои раце 1 месец и 1 ден. Да не ми текне друг пат преку Македонска Пошта да нарачувам било што. Ем се изначекав, ем се изнашетав, ем не заштедив значителна сума во споредба со тоа што ќе платев да купев сè од Македонија.

Многу поубаво искуство имав пред две години, кога слушалките што ги нарачав само што пристигнаа одма отидов во царина кај Железничка, уплатив на лице место и таму ми ги дадоа. А овој пат беше 10 дена седи во царина, нема известување, па идам таму за да ми речат чекај ти фали фактура, па прати на мејл скриншотови, па прати втор мејл пошо првиот сум го пратил пред официјално да ми стигне известувањето во сандаче за да пратам мејл, па чекај 2 недели да процесираат, па да ја однесат во друга пошта од кај што треба да подигнам, па поштарот ми се јавува да дојдам, па таму да ми речат што си доаѓал уште не е процесирана, па да се враќам по 2 дена, па да идам да се жалам за царината... rip.

FHxBH26X0AQQ3xV

Сето ова што го опиша е скроз стандардно сценарио... за жал. Мене ми стигна пратка на 05.01 и на 22ри отидов во пошта кај Железничка и после 20 мин висење на шалтер ми рекоа, ок ке ја процесираме, ке ти стигне кај тебе во пошта и ке си платиш што треба. Во превод, ако не дојдев да си ја барам, можеби и на лето ќе ја процесираа. А можеби и никад. За греови сме колку е се прелошо во државава и нефункционално и ти останува само да не се нервираш и однапред да очекуваш најлошо сценарио, па се друго да ти искочи како бонус.

Со здравје да си ги користиш стварите и опупти се и уживај си во нив.

П.С. Сум терал и процедури и во Фершпед и на Аеродром со носење документи со дремење со се комплет, така да, ова и не е толку лошо искуство.
 
wiwux

hello world
3 април 2020
62
34
StockX ти те тешка превара има на reddit и на google.
Не викам можно е да доставуваат гледав јас опции од тамо исто но кога читав ревјуа и што се преват си реков боље да платам 100 евра повеќе него да се замарам со ова.

Не ти се исплати порачка на патики и остала брендирана роба затоа што имаат многу високи давачки, имаат свои увозници, итн итн итн. Грубо кажано, давачките се на ниво на цената на патиките. Другар има порачувано иначе од СоткЏ ама не во МК, во ГР, стигаат без проблем, ваљда треба и да купиш од некој добар продавач, пошто ова е нешто како маркетплејс за патичиња генерално.

Одлучив да не нарачувам од StockX, ќе морам преку некој пријател/роднина од странство.. За патики од 150-200 eur ќе треба да платам речиси дупло.
 
15 септември 2012
1.164
1.300
Не сфаќам зошто доставата да има врска со царината?
Затоа што се царини на вредноста на стоката на влез во државата со вклучени сите трошоци во кои се вкалкулирани утовар, транспорт, осигурување, се што ти е наплатено на фактурата или на банкарскиот извод од плаќањето...
 
Rilind

professional curtain replacer
26 февруари 2019
577
897
Не би требало да платиш нешто повеќе од ова, бидејќи вкупната цена + 5% ддв на импортирање ти излегува $684.34, со тоа што ќе ти вратат тој малиот остаток. Овде само ќе треба со ИнТиме да се расправаш да им пратиш документи за они да бркат работа на твое име, ама не плаќаш ништо - ова е моето искуство.
 
Rilind

professional curtain replacer
26 февруари 2019
577
897
Тебе ти вратија?
Немав импорт фее бидејќи книги си нарачав и тие не подлежат под даноци, само платив за шипинг во Амазон - ништо овде со ИнТиме, си ги добив со брза пошта од кога беа процесирани од царина овде - 0ден наплата.
 
ForcefieldDown

hello world
20 декември 2018
95
70
Не би требало да платиш нешто повеќе од ова, бидејќи вкупната цена + 5% ддв на импортирање ти излегува $684.34, со тоа што ќе ти вратат тој малиот остаток. Овде само ќе треба со ИнТиме да се расправаш да им пратиш документи за они да бркат работа на твое име, ама не плаќаш ништо - ова е моето искуство.
Зошто не ти наплатија InTime за вршење царинска постапка?
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв