mdeni
senior
- 24 септември 2012
- 6.058
- 5.992
Не гледам никаква врска меѓу електрични возила и компјутери во ништо повеќе од обични возила и компјутери. И двете имаат компјутери во нив. И тоа во голема мера истите компјутери. Електрично возило е возило што оди на електричен мотор. Многу е жално што електрични возила ги поистоветуваме со нешто „компјутерски модерно“, а нема врска едно со друго. Или па не дај боже да ги наречеме компјутери на тркала. Тоа се возила за пренос на патници и стоки од едно до друго место. Голем дел од електричните може да се наречат евентуално „батерии на тркала“, бидејќи тоа и се. Најголемиот дел од цената, тежината и проблемите им потекнуваат од батеријата. Нажалост сеуште начин на складирање на енергија е батерија и тоа и ги прави многу нелогичен и скап избор.Електричните возила се во суштина компјутери на тркала. Особено понапредните верзии што имаат самостојно управување.
Кога не би се ставале непотребните компјуери во електричните возила, и не би се глумело лудило со правење електрични возила од 2-3 тони и големина за на отворено - а притоа рејнџот им е 300-600км, нема поента на електрично возило. Електрично возило има поента:
1. Мало возило како E-up кое ќе биде под 8000евра, и ќе е со мала батерија, и мала максимална брзина не повеќе од 80кмч.
2. Уште помало возило како Fiat Topolino кое ќе биде под 7000 евра и ќе е со мала батерија и мала максинална брзина од не повеќе од 80кмч.
3. Електрични скутери за во град кои се возат со Б категорија и се ограничени на 45кмч, но тој лимитер може да се тргне за да се возат со А категорија со 80кмч.
4. Доставни возила кое ќе биде под 30000евра, и ќе е со батерија, и мала максимална брзина не повеќе од 80кмч.
5. Такси возила кое ќе биде под 30000евра, и ќе е со батерија, и мала максимална брзина не повеќе од 80кмч.
Мометнално тоа е електрично. Градскиот дел да се растерети од галамата и смрдеата. Толку. Се додека нема алтернатива на батеријата, тоа е тоа.
Ова се бара. А не Тесли, Сајбер глупости, ЕQS и остало перење пари и правење на џемпери од луѓе што немаат поим од општество и им е испод част да се во помало возило од А6 во град.