Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Телекабел оптички пакети

Speedster

hello world
1 јануари 2016
463
427
Некој друг карпош - влае - ѓорче реон проблем со Телекабел оптика ???

Нема ни ТВ ни Интернет
 
Halaf

hello world
27 јуни 2015
90
140
Во глобала многу задоволен од Телекабел во Битола, од Мај го користам досега 2-3 пати имаше прекин од кој најдолгиот беше 1 час другите по 15-20 минути. Брзината топ, пинг топ. Фајбер оптик афкорс. П.С дур палам цигара Warzone ја спушти:ROFLMAO:

st.png st2.png
 
coki

:(){ :|:& };:
26 ноември 2021
429
620
/home/coki

Погледнете го атачментот 120367Погледнете го атачментот 120368
Викаш Телекабел, а тестов ти е од Телеком. Ако си на Телекабел, под "Change Server" треба да ти пишува Telekabel, а не Makedonski Telekom.
 
thrw

lurker
3 декември 2021
706
578
Интересна работа е што цел Декември имам брзина 600-700 горе/доле а плаќам за 150/150, дури се јавив да ги информирам дека имам многу поголема брзина отколку што плаќам и рекоа дека си на 150/150 пакетот. Ќе видиме дали ќе биде вака долго. Ама тоа што без никаква информација гасат интернет и после се недостапни, не ми се допаѓа воопшто. Сепак имам втор провајдер па само менувам кабел кога тоа ќе се случи.
Ако некој уште чека за дневното мерење на брзина од мене, веќе не можам да гарантирам за резултатите зошто ме подигнаа на многу поголема брзина отколку што плаќам и мерењето нема да биде исто за тие што плаќаат за тој пакет.

Ќе информирам колку ќе ми биде сметката после завршување на месецот.
 
Halaf

hello world
27 јуни 2015
90
140
Викаш Телекабел, а тестов ти е од Телеком. Ако си на Телекабел, под "Change Server" треба да ти пишува Telekabel, а не Makedonski Telekom.
Okay Sherlock, плаќам сметки во Телекабел сакаш и фактура да прикачам или како? Оти неќам да те остам во двоумење...
 
coki

:(){ :|:& };:
26 ноември 2021
429
620
/home/coki
Okay Sherlock, плаќам сметки во Телекабел сакаш и фактура да прикачам или како? Оти неќам да те остам во двоумење...
Не мора таков однос, само забележав дека нема никаде Telekabel во тестот прикачен погоре.
 
Godlike

lurker
11 октомври 2014
881
1.012
Викаш Телекабел, а тестов ти е од Телеком. Ако си на Телекабел, под "Change Server" треба да ти пишува Telekabel, а не Makedonski Telekom.
1671615227215.png
И јас сум на телекабел оптика од 2017, на почетокот неколку месеци имав IP од Телеком па потоа стално од Неотел.
Исто се работи за БТ, ако ги провериш адресите на интернет ќе пишува дека се под telekabel/robi
 
coki

:(){ :|:& };:
26 ноември 2021
429
620
/home/coki
Јасно, значи на тие локации одат преку инфраструктурата на други провајдери. Фала на инфо, не знаев. Мислев Телекабел се стриктно со своја инфраструктура.
Мислењето е автоматски споено:

Малку непрофесионално со именувањето на блоковиве, али нема врска
 
  • ми се допаѓа
Реакции: thrw

Godlike

lurker
11 октомври 2014
881
1.012
Јасно, значи на тие локации одат преку инфраструктурата на други провајдери. Фала на инфо, не знаев. Мислев Телекабел се стриктно со своја инфраструктура.
Обратно, Телекабел има поголема покриеност со инфраструктура во Битола( Оптички кабли по бандери ).
Изгледа ги имаат изнајмено серверите од Неотел и Телеком за доделување IP.
Другите провајдери користат метод подземја кабли, и тоа е многу потешко да се изведи тука.
А1,Телеком и Неотел треба да барат дозвола од општина + во таа линија каде што сакат да копаат ако има некој приватник и таму треба да контактираат со газдата, затоа телекабел става каде што сака без овие чекори.
 
Изгледа зависи каде како, кај мене Телекабел влегува под земја.
 
Godlike

lurker
11 октомври 2014
881
1.012
Изгледа зависи каде како, кај мене Телекабел влегува под земја.
Зависи каде да, на почетокот пред неколку години по бандери наредија насекаде.
Сега последните 2-3 години, во старата касарна каде што се гради се и сешто почнаа под земја.
Во касарната има голем метален ормар со шахта, и сум забележал екипи од а1, телеком, неотел и телекабел таму.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.165
3.215
Струмица
Мојата оптика од Телекабел во Струмица исто вози преку Телекомска адреса 62.162.*, бев меѓу првите со Оптик40 пакетот, а гледам и другар ми има 62 162 адреса од Телекабел а покасно скокна на оптик.
 
Halaf

hello world
27 јуни 2015
90
140
Кајмене оптички кабел преку бандера оди, колку шо знам во Битола досега само Телеком пушта подземја кабли, ама ете и Телекабел пуштале на некој одредени региони.
 
Sapphire

user
11 ноември 2015
1.207
810
Дали имате проблем при Download, кај мене од било која страна да направам Download, брзината почнува со 15мб и после неколку секунди ми паѓа на 4мб.
 
Ab@ace

lurker
21 мај 2016
849
733
Дали имате проблем при Download, кај мене од било која страна да направам Download, брзината почнува со 15мб и после неколку секунди ми паѓа на 4мб.

Дискутирано е за ова за жал така ке ти остане и кај мене е така
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.830
4.973
Писти Охту
Последниве 10тина дена оптикава од телекабел охрид (строг центар) е катастрофа. Една минута има, 5 нема. Среде работа се сјеба оптиката не можеше да повлечи dhcp адреси и им требаше 4 сати да решат. На секое јавување во тех поддршка : господине се е во ред од наша страна, ако имате проблем јавете се пак. Џабе е јавувањево. Еве, и денеска е исто - 1 мин има 5 мин нема.
 
Abkanis

read-only
22 септември 2016
44
45
Дали имате проблем при Download, кај мене од било која страна да направам Download, брзината почнува со 15мб и после неколку секунди ми паѓа на 4мб.
А пак јас мислев да ги ангажирам после празнициве да дојдат да средат, ама како што ми гледа џабе ќе се малтретирам, штета што се уште не го решија ова.
Ми падна чудно само, пред некое време имаа пуштено побрза конекција и немаше ваков проблем.
 
kristijan1001

hello world
29 септември 2014
130
112
RARBG.COM ne otvara vejke. Raboti samo so VPN, Ostanatite mirror sajtovi gi otvara.
 
Последна промена:

Godlike

lurker
11 октомври 2014
881
1.012
Би требало да стават опција месечен пакет надоградба за брзо, со доплаќање на 200 денари дупла брзина.
1675148094402.png
Пред некој ден полето се отвараше и пишеше 200 денари за еден календарски месец, сега не го отвара полето за надградба.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно