ИТ Огласник е нова услуга која ќе им овозможи на членовите полесен начин за користење на огласите. Проектот е во фаза на развивање и ќе следат многу измени кои ќе бидат редовно објавувани во оваа тема.
Од овој момент директно постирање на огласи во соодветните теми е невозможно и истите ќе ги објавувате преку ИТ Огласникот. За секој оглас автоматски ќе се креира и тема во соодветниот потфорум во кој ќе биде дозволена дискусија без разлика дали е проценка или едноставно сметате дека цената не е реална или слично... секако истите правила ќе важат и во нив. Со ова се овозможува поголема дискусија кај огласите и можност за интеракција.
Објавувањето огласи е бесплатно и секој оглас ќе биде валиден 60 дена. По истекот на овој период огласот автоматски се означува како завршен и не е возможно понатамошно менаџирање со истиот, доколку сакате да го излистате огласот пак - ќе треба да објавите нов оглас.
Менување на содржина
Сопствен оглас ќе може да се менува за 60 минути (важи за сите кориснички групи), за темите остануваат истите пермисии како и претходно.
Промена на цена
Промена на цена е возможна и истата е достапна се додека не го означите вашиот оглас како продаден/купен (нема лимит).
Освежување
Освежување е возможно еднаш на 48 часа, а лимит за освежување на огласи е 3 за Огласувачи и 5 за проверени огласувачи, BASIC и 1337.
Оценување
За секоја купо-продажба можете да означите член со кој сте тргувале и меѓусебно да се оценувате. Статус на проверен огласувач ке се одобрува САМО врз основа на овие параметери (во фаза на развивање). Секоја евидентирана злоупотреба на системот за оценување ќе се казнува со бришене на спорниот поен.
До огласите ќе имаат пристап и нерегистирани корисници со што контакт информациите ќе бидат видливи само за најавени членови.
Искористете ја оваа тема за да прашате/пофалите/искритикувате...ќе се обидам да одговорам на сите.
Со почит тимот на IT.mk
P.S Огромна благодарност до членовите кои одвоија од своето време и се нафатија да го тестираат сервисот за да дадат фидбек од прва рака.

Изменето од модератор:

.