Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

IT.mk Огласник [change log, информации, забелешки]

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.784
33.893
roka.mk
ИТ Огласник е нова услуга која ќе им овозможи на членовите полесен начин за користење на огласите. Проектот е во фаза на развивање и ќе следат многу измени кои ќе бидат редовно објавувани во оваа тема.

Од овој момент директно постирање на огласи во соодветните теми е невозможно и истите ќе ги објавувате преку ИТ Огласникот. За секој оглас автоматски ќе се креира и тема во соодветниот потфорум во кој ќе биде дозволена дискусија без разлика дали е проценка или едноставно сметате дека цената не е реална или слично... секако истите правила ќе важат и во нив. Со ова се овозможува поголема дискусија кај огласите и можност за интеракција.

Објавувањето огласи е бесплатно и секој оглас ќе биде валиден 60 дена. По истекот на овој период огласот автоматски се означува како завршен и не е возможно понатамошно менаџирање со истиот, доколку сакате да го излистате огласот пак - ќе треба да објавите нов оглас.

Менување на содржина
Сопствен оглас ќе може да се менува за 60 минути (важи за сите кориснички групи), за темите остануваат истите пермисии како и претходно.

Промена на цена
Промена на цена е возможна и истата е достапна се додека не го означите вашиот оглас како продаден/купен (нема лимит).

Освежување
Освежување е возможно еднаш на 48 часа, а лимит за освежување на огласи е 3 за Огласувачи и 5 за проверени огласувачи, BASIC и 1337.

Оценување
За секоја купо-продажба можете да означите член со кој сте тргувале и меѓусебно да се оценувате. Статус на проверен огласувач ке се одобрува САМО врз основа на овие параметери (во фаза на развивање). Секоја евидентирана злоупотреба на системот за оценување ќе се казнува со бришене на спорниот поен.

До огласите ќе имаат пристап и нерегистирани корисници со што контакт информациите ќе бидат видливи само за најавени членови.

Искористете ја оваа тема за да прашате/пофалите/искритикувате...ќе се обидам да одговорам на сите.

Со почит тимот на IT.mk

P.S Огромна благодарност до членовите кои одвоија од своето време и се нафатија да го тестираат сервисот за да дадат фидбек од прва рака.
 
Изменето од модератор:

goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Новиот концепт сигурно ќе има некој недостаци кои верувам ќе се корегираат. Сепак оверал ми се бендисува.
 

TATA_MATA

poweruser
25 март 2013
2.148
3.019
Немам купено многу половни работи заради хоштаплери, но на форумов тоа не ми било воопшто проблем. Постои меѓусебна почит и одговорност меѓу членовите и тоа е за секоја пофалба. Темата за позитивни искуства со купопродажба е милина да се чита и е врвот на оваа наша заедница.

Како и да е, извесно време се спремав да отворам тема за --Форум vs Огласник-- и за тоа како огласите колку и да се добри го убиваат форумов и IT ентузијазмот на форумов. Грубо, 6-7 од 10 теми се во подфорум Продавам, а тешко е да коментираш и да имаш ентузијазам за новиот хардвер, ако стариот ти стои непродаден. Тешко е да коментираш колку во суштина е добар i3 12100f, ако имаш непродаден i9 9900k за 2-3 пати поголема цена.

Можеби најпозитивно од сите измени е
ќе биде дозволена дискусија без разлика дали е проценка или едноставно сметате дека цената не е реална или слично
бидејќи сметам дека се претера со некои цени. Половен хардвер од пред 2-3 години без гаранција да се продава за 20-30% повисока цена од нов хардвер со гаранција за мене е недопусливо. Тоа е ниво на пазар 3 и реклама 5, а не на оваа заедница. Паметам времиња кога ќе се пишеше "цена форумска" и тоа носеше тежина.

Мислам дека новите измени се многу добри и значајни чекори во вистинската насока. Мој предлог е во општиот преглед на огласот да се додаде и дали производот има гаранција и до кога(во квадратчето до тип, состојба, цена и истекува)
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Огласник каде што е дозволено да се критикува и коментира на цени.... Пиши пропало. Баш заради тоа и ми се згадија фејзбук огласниците.
Имаш избор и за тоа, не дека те тепа некој ако не сакаш под овие услови

Sent from my Телефон using Tapatalk
 
И

Избришан член 42370

Гостин
Огласник каде што е дозволено да се критикува и коментира на цени.... Пиши пропало. Баш заради тоа и ми се згадија фејзбук огласниците.

Сигурно коментарите нема да бидат од типoт на "Ценаааа?!" што споредуваш со фејсбук и остали социјални мрежи.
Овдека кога ќе пробате/продадете 580-ка за 300 евра или 5700XT за 500, ќе има поинакви коментари.
Одлична одлука на администрацијата.
 

koki

hello world
3 март 2010
276
154
Не ги користам огласите често, ама пофалба за трудот и ви посакувам поголем успех.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Преку тапаток нема читање огласи а? Или јас нешто грешам?

Sent from my Телефон using Tapatalk
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.784
33.893
roka.mk
Јас би сакал, но нема начин како да се имплементира немаме сорс код ни ништо. Освен стандардни функции не може да се мења ништо. А жално е заради тапаталк останеме заробени во 2010 година.

Ако најдам начин секако дека ќе го имплементираме.

Поздрав.
 

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.290
5.269
Скопје
hackitfree.github.io
Можеби најпозитивно од сите измени е
„ќе биде дозволена дискусија без разлика дали е проценка или едноставно сметате дека цената не е реална или слично„
бидејќи сметам дека се претера со некои цени. Половен хардвер од пред 2-3 години без гаранција да се продава за 20-30% повисока цена од нов хардвер со гаранција за мене е недопусливо. Тоа е ниво на пазар 3 и реклама 5, а не на оваа заедница. Паметам времиња кога ќе се пишеше "цена форумска" и тоа носеше тежина.
Не се слагам со ова воопшто - ценкање и совети колку нешто би требало да чини му штетат на огласувачот.
Има право која сака цена да ја пише - има право да ја намали - секакви совети од незаинтересирани странки придонесуваат до непотребни нервози - убедувања и паметувања. Кога се работи за цена (освен ако не е проценка) единствени што треба да учествуваат во одредување на истата се огласувачот и потенцијалниот купувач !
Мислењето е автоматски споено:

Огласник каде што е дозволено да се критикува и коментира на цени.... Пиши пропало. Баш заради тоа и ми се згадија фејзбук огласниците.
Точно така Пане. Освен ако не сакаш проценка - никој не би требало да има право да ти соли памет која цена треба да продадеш твој уред платен со твои тешко заработени пари. Јас сум за никакви коментари после цената - ако нешто го интересира некој строго во ПП договарање !
 

Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.479
7.743
Скопје
www.facebook.com
Не се слагам со ова воопшто - ценкање и совети колку нешто би требало да чини му штетат на огласувачот.
Има право која сака цена да ја пише - има право да ја намали - секакви совети од незаинтересирани странки придонесуваат до непотребни нервози - убедувања и паметувања. Кога се работи за цена (освен ако не е проценка) единствени што треба да учествуваат во одредување на истата се огласувачот и потенцијалниот купувач !
Точно така! Не може никој на мене на мои вложени пари да ми диктира цена и заработка. Мое е дали сакам компонентите да ги продавам долго време или брза продажба.
 

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
Како може некој со коментар да диктира цена?
Овде се работи за тоа што ќе има коментари што нема да му се допаднат на продавачот, ама тоа е негов проблем. Дискусијата ќе овозможи за помалку упатените членови да направат потемелна анализа на продуктот што се продава, и врз основа на тоа пореална евалуација на предметот од интерес.
Треба ова. Еве еден конкретен пример: има оглас кој подолго време стои, а цената не се корегира. Предметот го купува член со 0 мислења по договорена цена која е значително пониска. Огласувачот го затвора огласот и така остава нереална претстава за пазарната вредност на предметот што е продаден.


Испратено од Redmi Note 10s преку IT.mk форум апликација
 

D

Администратор
31 март 2007
4.019
4.200
www.aqtos.com
За коментари и дискусија - форум е и охрабрена е дискусија.
Никој ништо не ви кажува, едноставно си коментира - може коментарот да му држи вода, може да не му држи... но не мора да влегувате во дискусии ако не сакате.

Не мора се вака да е:

duty_calls.png
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Точно така! Не може никој на мене на мои вложени пари да ми диктира цена и заработка. Мое е дали сакам компонентите да ги продавам долго време или брза продажба.

Пане, огласникот не е замислен да се прават заработки, туку да продадеш нешто кое го поседуваш (половно) и некој друг да си најде добра зделка.
 

Banjifiko

poweruser
28 октомври 2008
3.961
6.054
Skopje
Пане, огласникот не е замислен да се прават заработки, туку да продадеш нешто кое го поседуваш (половно) и некој друг да си најде добра зделка.
Огласите оддамна си ја изгубија својата форумска смисла...
 

Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.479
7.743
Скопје
www.facebook.com
Пане, огласникот не е замислен да се прават заработки, туку да продадеш нешто кое го поседуваш (половно) и некој друг да си најде добра зделка.
А тој што ке го продаде тоа половно нема да остваре заработка? Ке ги донира тие пари на црвен крст?
И тоа е заработка со цел да продаде стар хардвер за да си купе нов хардвер со самото тоа што ке додаде уште 10% сума за ново.
Вие си знаете. Инаку у право сте форумов ја изгубил таа формуска заедница уште од пред некоја година.
Јас си го кажав своето мислење , ептен ми пречаат коментари на мој оглас.
 

hehexd

hello world
18 септември 2019
156
239
А тој што ке го продаде тоа половно нема да остваре заработка? Ке ги донира тие пари на црвен крст?
И тоа е заработка со цел да продаде стар хардвер за да си купе нов хардвер со самото тоа што ке додаде уште 10% сума за ново.
Вие си знаете. Инаку у право сте форумов ја изгубил таа формуска заедница уште од пред некоја година.
Јас си го кажав своето мислење , ептен ми пречаат коментари на мој оглас.

Мислам дека терминот заработка значи да го продадеш продуктот за повеќе пари отколку што си го купил, со што разликата се дефинира како профит(заработка). Продавање половно значи продавање за помалку пари отколку што си го купил, со што нема заработка.

Е сеа у специфични моменати како на пример купена графичка карта за 4000 па продадена 1 година подоцна за 13000 половно - не важи она погоре, али тоа е привремено, а горната дефиниција е постојана .
 

TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
А тој што ке го продаде тоа половно нема да остваре заработка? Ке ги донира тие пари на црвен крст?
И тоа е заработка со цел да продаде стар хардвер за да си купе нов хардвер со самото тоа што ке додаде уште 10% сума за ново.
Вие си знаете. Инаку у право сте форумов ја изгубил таа формуска заедница уште од пред некоја година.
Јас си го кажав своето мислење , ептен ми пречаат коментари на мој оглас.

Јас не гледам во нормална ситуација дека некој гледа на „заработка“ од оглас, секако е стар производ кој си го купил поскапо од што го продаваш. Не навлегувам искрено на сите бизниси што се прават тука, но ова е форум, а тоа подразбира заедница и дискусија.
 

D

Администратор
31 март 2007
4.019
4.200
www.aqtos.com
Продадено - Novi graficki MSI Ventus 1660s 6gb. Ете администрацијата нека погледне во избришаните мислења и да каже какви дискусии се тоа ?!!?

Пане, огласникот не е замислен да се прават заработки, туку да продадеш нешто кое го поседуваш (половно) и некој друг да си најде добра зделка.

ИТ Огласник во некоја следна итерација ќе добие дистинкција - продажба на мало vs големо и физички vs правни лица и што тоа ќе значи.
Ултимативната цел е да угодиме на сите, меѓутоа се разгледуваат опции како да направиме модус за општо добро. За тоа, потоа.
 

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.589
6.863
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Да видиме како ќе функционира, секогаш може да се врати стариот модел без коментирање, јас мислам нема ништо лошо во тоа да се проба.
 
  • ми се допаѓа
Реакции: D

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв