Vladimir Filevski
hello world
- 17 февруари 2019
- 273
- 630
Најубаво е кога човек своето хоби ќе го претвори во професија - еве јас сум жив пример. Своето хоби за звучници уште пред 15 години го претворив во професија (фирмата Аудио Експерт). Последниве години правам и проекти за акустика.
Мене уште од 7 одделение основно ме фасцинираше хај-фај техниката (тогаш немаше ништо друго, персоналните и домашни компјутери не беа измислени!), а особено ме интересираа звучниците, па уште тогаш одлучив дека ќе студирам електро факултет. Низ сиве овие години многу читав за аудио техниката (со посебен нагласок на звучниците), дадов едно чудо пари за книги и списанија (интернет тогаш немаше), научив многу работи и открив дека колку и да учам, пак ќе има нешто ново што допрва треба да го научам.
Убавината на оваа професија е што во секое време дома и во работилницата имам разни одлични звучници што сум ги проектирал за некои клиенти. Еве еден пример:
Снимено е со мобилен, перспективата е изобличена заради краткиот фокус на објективчето. Сепак, се забележува дека ова не е самостоечка кутија, иако волуменот дава можност за изработка на повисока и поелегантна кутија. Клиентот имаше специфично барање за максималната висина на кутијата, па затоа пропорциите на кутијата се такви какви што се.
Еве ја измерената фреквенциска карактеристика:
Измерената фреквенциска карактеристика отстапува од идеалната рамна линија само +/- 1 dB, а пар од овие звучници чини 990 евра.
Побарајте некој друг звучник со слична фреквенциска карактеристика (ако воопшто најдете таков) и погледнете која цена ја има.