Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Аудио опрема: Слушалки, засилувачи, звучни карти, звучници, HI-Fi (аудиофилска дискусија)

Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Најубаво е кога човек своето хоби ќе го претвори во професија - еве јас сум жив пример. Своето хоби за звучници уште пред 15 години го претворив во професија (фирмата Аудио Експерт). Последниве години правам и проекти за акустика.
Мене уште од 7 одделение основно ме фасцинираше хај-фај техниката (тогаш немаше ништо друго, персоналните и домашни компјутери не беа измислени!), а особено ме интересираа звучниците, па уште тогаш одлучив дека ќе студирам електро факултет. Низ сиве овие години многу читав за аудио техниката (со посебен нагласок на звучниците), дадов едно чудо пари за книги и списанија (интернет тогаш немаше), научив многу работи и открив дека колку и да учам, пак ќе има нешто ново што допрва треба да го научам.
Убавината на оваа професија е што во секое време дома и во работилницата имам разни одлични звучници што сум ги проектирал за некои клиенти. Еве еден пример:

ScSpbox1.jpg
20220227_132005.jpg
Снимено е со мобилен, перспективата е изобличена заради краткиот фокус на објективчето. Сепак, се забележува дека ова не е самостоечка кутија, иако волуменот дава можност за изработка на повисока и поелегантна кутија. Клиентот имаше специфично барање за максималната висина на кутијата, па затоа пропорциите на кутијата се такви какви што се.
Еве ја измерената фреквенциска карактеристика:
ScSpX_T.png

Измерената фреквенциска карактеристика отстапува од идеалната рамна линија само +/- 1 dB, а пар од овие звучници чини 990 евра.
Побарајте некој друг звучник со слична фреквенциска карактеристика (ако воопшто најдете таков) и погледнете која цена ја има. :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.520
SK
Некој предлог за буџет варијанта 17см/6.5" звучници/драјвери наменски за во врата од кола, нешто two-way (со високотонец на истиот драјвер)?

Не барам нешто аудифилско ниту па блиску до тоа, само нешто што нуди добра вредност за парите и да ги заменам ОЕМ звучниците кои се прилично лоши.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.038
1.846
Скопје

немаш опција за високотонец повисоко да монтираш? без разлика на квалитет самата положба за високотонец доле у нозе е далеку од идеална :) прашувам пошто одредени возила дури и да немаат вградено стандард, може да имаат инсталација и позиција за одделни високотонци.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.520
SK
Во право си, ама буџетот го налага изборот... Такви ми одговараат повеќе заради репродукција на мидрејнџот, не заради вградените високотонци. Пошто изборот за звучници на таква локација (во врата) е или басови/вуфери или full range драјвер (обично или со високотонец, или со конус во средина, за репродукција на високите тонови).
Ако одам на варијанта одделно вуфери + мидрејнџ + високотонци, ќе треба повеќе пари.

Инаку веќе има постоечки високотонци на повисоко место (на шал таблата). Треба да проверам ама претпоставувам дека имаат некоја пасивна скретница со филтер за високотонците а надоле веројатно иде звукот нефилтриран... Можам да експериментирам дали ќе биде подобро со нив или без нив. Ама во основа што и да направам ќе биде подобро од сегашниве ОЕМ звучници. Само ми треба совет ако знае некој за добар модел/бренд во буџет класа.
 
Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Звучник (за цел опсег) во предните врати е најзастапена изведба, но е најлошото решение од акустички аспект. Уште полошо е кога станува збор за задните врати. Повеќето модели коли имаат предвидено место за високотонец повисоко, во предната табла или во арматурата (касата од вратата) напред, веднаш до шофершајбната. Ако тоа не е случај, подобро е да ставиш две елипси 6х9 инчи зад задните седишта, на задната полица.

Edit: @Lokvan ме претрка за неколку секунди со објаснувањето. Значи сепак имаш високотонци напред, само не си задоволен од звукот? Тие високотонци сигурно имаат high-pass филтер за нив, па макар да бил тоа и обичен кондензатор. Ниско/среднотонецот во вратата може, но и не мора да има свој low-pass филтер.
Проблемот со озвучувањето во кола е што мора да биде многу скапо, за да биде добро (квалитетни звучници и свртници, сабвуфер(и), предзасилувач, DSP процесор, засилувачи...).
За најевтино решение заборави на звучниците напред и стави наместо нив некои подобри (коаксијални) елипси позади (малку ќе ти биде чудно што звукот ќе доаѓа одзади, ама поважно е звукот да биде квалитетен). Не би знаел кој модел да ти препорачам, не ме интересирала таа област за озвучување во кола. Елипса 6х9 позади ќе дава многу подлабоки басови од драјвер во врата.
Имам измерено неколку модели коаксијалци и посебни сетови високотонец/нискотонец, ама резулатите најчесто беа очајно лоши.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.823
6.520
SK
Јасно ми е за каков квалитет станува збор... Затоа не барам добро туку по-добро. :)
Сегашните ОЕМ звучници се многу неосетливи, пробано со неколку радија. Пробани се и на надворешно појачало, звукот иако погласен е многу анемичен и тапа. Критериумот не е висок ама овие навистина не ги бива. :)

Мислев некој ако веќе разгледувал се распрашувал или скоро купил нешто, па да сподели искуства кон кои брендови/серии да се фокусирам.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.352
5.385
Скопје
hackitfree.github.io

Мислењето е автоматски споено:

Квалитет ако сакаш ова само ... 11К
Најубаво е кога човек своето хоби ќе го претвори во професија - еве јас сум жив пример. Своето хоби за звучници уште пред 15 години го претворив во професија (фирмата Аудио Експерт). Последниве години правам и проекти за акустика.
Мене уште од 7 одделение основно ме фасцинираше хај-фај техниката (тогаш немаше ништо друго, персоналните и домашни компјутери не беа измислени!), а особено ме интересираа звучниците, па уште тогаш одлучив дека ќе студирам електро факултет. Низ сиве овие години многу читав за аудио техниката (со посебен нагласок на звучниците), дадов едно чудо пари за книги и списанија (интернет тогаш немаше), научив многу работи и открив дека колку и да учам, пак ќе има нешто ново што допрва треба да го научам.
Убавината на оваа професија е што во секое време дома и во работилницата имам разни одлични звучници што сум ги проектирал за некои клиенти. Еве еден пример:

Погледнете го атачментот 110491
Погледнете го атачментот 110493
Снимено е со мобилен, перспективата е изобличена заради краткиот фокус на објективчето. Сепак, се забележува дека ова не е самостоечка кутија, иако волуменот дава можност за изработка на повисока и поелегантна кутија. Клиентот имаше специфично барање за максималната висина на кутијата, па затоа пропорциите на кутијата се такви какви што се.
Еве ја измерената фреквенциска карактеристика:
Погледнете го атачментот 110495

Измерената фреквенциска карактеристика отстапува од идеалната рамна линија само +/- 1 dB, а пар од овие звучници чини 990 евра.
Побарајте некој друг звучник со слична фреквенциска карактеристика (ако воопшто најдете таков) и погледнете која цена ја има. :)
Драјверите да кажеше кои се ?
 
Последна промена:

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.038
1.846
Скопје
Јасно ми е за каков квалитет станува збор... Затоа не барам добро туку по-добро. :)
Сегашните ОЕМ звучници се многу неосетливи, пробано со неколку радија. Пробани се и на надворешно појачало, звукот иако погласен е многу анемичен и тапа. Критериумот не е висок ама овие навистина не ги бива. :)

Мислев некој ако веќе разгледувал се распрашувал или скоро купил нешто, па да сподели искуства кон кои брендови/серии да се фокусирам.
MTX не се лоши, на предходната кола менував јас ама со се радиото, види колку ти е излез на радиото, ако е нешто ептен слабо тоа џабе ке менуваш друго. Јас ги сменив пример само басовите во врата, ги оставив фабричките високотонци. Инаку не се до толку разлика во цена МТX ов пример дал ке земеш одделни ил не (бар колку што памтам кога прашував). Во Vox капиштец ги има овие (ваљда и на друго место) .. И види си со колата како ти е за големина, има некои со плитки звучници, што ке имаш проблем со нормални афтер маркет ради дубината за магнетот и сл.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.627
19.384
Клиентот имаше специфично барање за максималната висина на кутијата, па затоа пропорциите на кутијата се такви какви што се.
Значи клиентот имаше барање кутиите да бидат со одредени димензии а ти мораше да се снајдуваш со волуменот па испадна што испадна, така?

Навистина интересно.
 
Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Не, волуменот мора да биде тој што е оптимален за драјверот, па кога висината е фиксна, однапред зададена вредност според желбите на клиентот (заради просторните услови), тогаш што ќе испадне за ширината и длабочината за да се добие потребниот волумен - тоа ќе биде. Всушност, и за ширината имаше услов (полабав), па на крај остана само да се играме со длабочината на кутијата, за да се добие потребниот волумен. Не знам дали може да се забележи на фотографијата, ама длабочината на кутијата е прилично голема.
 
Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Токму тоа, особено за бас-рефлекс мора да биде според пресметаниот волумен.
Кај аcoustic suspension (затворените, „компресиони“) кутии постои еден релативно (со нагласок на релативно!) широк опсег на оптималниот волумен, но кај бас-рефлекс оптималниот опсег на волуменот е многу потесен и тука нема нешто многу простор за произволни желби.
 
ajan

hello world
16 март 2013
55
92
ajanovski.info
Не, волуменот мора да биде тој што е оптимален за драјверот, па кога висината е фиксна, однапред зададена вредност според желбите на клиентот (заради просторните услови), тогаш што ќе испадне за ширината и длабочината за да се добие потребниот волумен - тоа ќе биде.
Да се надоврзам на двете теми во исто време. Дали има некоја формула по која може да се направи приближна проценка колкав е оптималниот волумен на кутијата, без да се имаат детални спецификации за драјверите и без да се прави мерење со специјална опрема? Имам неколку вишок драјвери зачувани од поранешен автомобил, би ги искористил за нешто.
 
Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Формули има, но за да се пресмета потребниот волумен за звучна кутија, сеедно дали е затворена („компресиона“, acoustic suspension) или бас-рефлекс, претходно мора да се знаат Thiele-Small параметрите на драјверот. Без да се знаат Thiele-Small параметрите - ништо!
Иако постојат некои тотално застарени табели и номограми за „пресметка“ на звучни кутии, базирани само врз дијаметарот на драјверот, тие се потполно погрешни. Едноставно, кај тие табели и номограми однапред се претпоставени Thiele-Small параметрите врз база на дијаметарот на драјверот - а тоа не е можно, бидејќи драјвери со ист дијаметар може да имаат драстично различни параметри.

Во твојот случај сепак може нешто приближно да се одреди:
Драјверите за автомобили скоро секогаш имаат Qts параметар (од Thiele-Small параметрите) приближно еднаков на единица (Qts = 1), така што во обзир доаѓа само затворена („компресиона“) кутија, или трансмисиона линија (TL - Transmission Line). Така, за „компресиона“ кутија за драјвер од 6,5 или 8 инчи ќе треба волумен од околу 10 - 15 литри, за драјвери од 4 или 5,25 инчи треба околу 4 - 8 литри. Кутијата треба целосно да се исполни со материјал за дампирање - полиестерска „волна“ за полнење перници, или стаклена (минерална) волна. Не очекувај некои длабоки басови, бидејќи резонантната фреквенција Fs речиси секогаш е околу 80 Hz (за поголемите драјвери од 6,5 и 8 инчи), или 100 - 120 Hz за помалите. Освен тоа, звучниците за кола обично имаат нагласени средни и високи, па затоа пожелно е изработената кутија да се постави непосредно до (на) ѕид.

Кои драјвери за кола ги имаш (фирма и ознака)?
 
Последна промена:

InSides

lurker
21 февруари 2009
780
2.092
Назад од голем сервис:
  1. Рамнотежата на звучните единици сведена на разлика од 0.1dB помеѓу каналите;
  2. Стариот полураспаднат кабел заменет со ViaBlue EPC-4, во комбинација со ViaBlue SC-2 раздвојувач и Neutrik NC4MXX-B приклучок;
  3. Поставени нови перничиња за слепоочниците изработени од природна кожа;
  4. Сервис на резонантната кутија позади звучните единици;
  5. Длабинско чистење.
Still sounding out of this world.

NLr5wqo.jpg
 
ajan

hello world
16 март 2013
55
92
ajanovski.info
Кои драјвери за кола ги имаш (фирма и ознака)?
Благодарам за сите информации.

Инаку драјвери имам повеќе, но не се од ранг на „аудиофилска опрема“ па не знам дали се за оваа дискусија.

Пример:
Kenwood KFC-1337C - https://www.kenwood.de/WebFiles/File/de/download/archive/kfc1337.pdf и
Pioneer TS-G1310 - како на овој оглас - PIONEER TS-G1310
и други неименувани
 
Vladimir Filevski

hello world
17 февруари 2019
273
630
Да, драјверите дефинитивно не се на некое аудиофилско ниво, па затоа слободно употреби ги препораките што ти ги дадов претходно.
 
hpetrovski

hello world
22 октомври 2018
131
280
Скопје
www.instagram.com
Назад од голем сервис:
  1. Рамнотежата на звучните единици сведена на разлика од 0.1dB помеѓу каналите;
  2. Стариот полураспаднат кабел заменет со ViaBlue EPC-4, во комбинација со ViaBlue SC-2 раздвојувач и Neutrik NC4MXX-B приклучок;
  3. Поставени нови перничиња за слепоочниците изработени од природна кожа;
  4. Сервис на резонантната кутија позади звучните единици;
  5. Длабинско чистење.
Still sounding out of this world.

NLr5wqo.jpg
БООО
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.352
5.385
Скопје
hackitfree.github.io
Не знам - мене не ми се допаѓаат. Па да ме стега слепоочница крвоток у мозок да ми нарушуе ? А дизајн - како од редлајт стрит :ROFLMAO:
Секоја чест членот знае што е добар звук сигурно ама баш и изгледаат како out of this world.
 
Последна промена:

InSides

lurker
21 февруари 2009
780
2.092
Да бидеме искрени, AKG K-1000 се класичен statement piece на компанија - никогаш не ни очекувале да бидат широко комерцијално прифатени. Дополнително, се појавиле во време (~1990) кога пазарот се уште не бил приемчив на "скапи" слушалки, затоа и има само неколку ептен fringe производи во таа категорија.

Најдов цена во САД од $549 во 1990та. Корегирано за инфлација, тоа значи денес ~$1,250. Далеку од ефтино, секако, но во денешно време не е шокантна таа цена - има десетици, ако не и стотици, комерцијално достапни слушалки со повисока цена. Културата на лично слушање била поинаква тогаш.

K-1000 го носат оригиналното значење на flagship производ, кога компанијата вика - направи го најдоброто што го можеш и знаеш во полето во кое работиш, без ограничувања за (1) буџет, (2) време, (3) комерцијална исплатливост, па дури и (4) естетика. Поинаква политика за поинакво време, во кое било важно преку вистински производ (а не мануфактуриран хајп) да покажат кој што може.

Јас ги доживувам како извонредно привлечни токму поради пристапот form follows function. Не би рекол никогаш дека се убави, ама тоа никогаш не им била ни целта.

Она што мора да им се признае е дека инжинерите не се кочеле никаде, токму затоа што не ни очекувале дека било кога ќе влезат во производство. Затоа има мала количина изработени (во моментот кога им се потрошиле алатите (tooling), сфатиле дека комерцијално е неисплатливо по било која цена да ги продаваат за да направат нови алати за изработка).

Дали имаат поента? Апсолутно, но си бараат поддршка од еден цел ланец на уреди - со осетливост од 74dB, им треба солиден засилувач да ги мрдне. Дополнително, немаат никаква изолација кон надвор, па и не се нешто прифатливи за слушање околу други личности, освен ако не сакаш и тие да ја слушаат музиката. Ама имаат природен crossfeed (преслушување) па нивната презентација многу повеќе наликува на звучници отколку на слушалки.
 
InSides

lurker
21 февруари 2009
780
2.092
Имав прилика неколку дена да плакнам очи и уши со нешто кое не очекував дека ќе го слушнам во својот систем.

zvpXGYb_d.webp

Грамофонски кертриџ (глава) - Ortofon SPU Royal G MK2

Накратко, можам да кажам дека ја заслужува придавката "кралски". Надолго, ако има интерес. :)
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.128
2.345
Некој го има микрофонов да каже искуство?

Според тестов звукот е топ само ме интересира некој да не го имал и да каже дали има проблеми при користење(дали windows не го препознава итн). За состаноци и за гејминг ми е.

View: https://www.youtube.com/watch?v=BsmGvrv-VlQ
 
Audiofil

user
28 октомври 2007
1.155
556
MTX не се лоши, на предходната кола менував јас ама со се радиото, види колку ти е излез на радиото, ако е нешто ептен слабо тоа џабе ке менуваш друго. Јас ги сменив пример само басовите во врата, ги оставив фабричките високотонци. Инаку не се до толку разлика во цена МТX ов пример дал ке земеш одделни ил не (бар колку што памтам кога прашував). Во Vox капиштец ги има овие (ваљда и на друго место) .. И види си со колата како ти е за големина, има некои со плитки звучници, што ке имаш проблем со нормални афтер маркет ради дубината за магнетот и сл.
Мислам дека MTX воопшто не вредат за парите.За 50 евра од продавницата карши Млечен ресторан до самата перална ги земав овие и кога ги слушнав искрено малку бев разочаран бидејки имаа големи осцилации низ цел фреквентен опсег а на неколку места имаше такви пикови да буквално уво да ти откине.За среќа на телефонот софтверот на TEAC одлично си ја врши работата па преку параметарскиот еквилајзер успеав да го балансирам целиот опсег и да го добијам посакуваниот резултат:($79) MTX T6C402 4inch Speakers - T6C402
 
За тие што ги листаш не би знаел, јас горе што пишав важи за следниве
MTX TX250C product page, не го побарав моделот кога пишав прошлиот пат :) ко со секој производител сигурно има разлики и варијации со моделите нели
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно