Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Ги нема од прв дн, се обратив до официјалните, ми рекоа дека не се потребни тие филтри ги немаме ние... кај може да се купат ако ги има негде и какви треба да барам? Благодарам
Кои филтри се тие? Треба да идат со климата или се од некоја додатна опрема?
 
Magical

hello world
15 август 2008
434
453
Кои филтри се тие? Треба да идат со климата или се од некоја додатна опрема?
US $1.59 6%OFF | 1Pc Air conditioner filter sterilization cotton sheet antibacterial anti-formaldehyde small black

Sent from my SM-N975F using Tapatalk
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Јас мислев ти фали како тој од сликата. Можеш слободно да тераш и без овие.
 
StefanК1

read-only
11 јануари 2021
5
0
Здраво на сите, читав страници наназад и можам да кажам дека сте од голема помош. Според тоа што прочитав за да добијам што подобар совет ви требаат што повеќе информации во врска со станот и неговата изолација па се надевам дека нема да испуштам нешто битно. Ми треба помош околу изборот на клима.

Ви прикачувам слика од распоредот на станот и квадратурата. Зградата не е нова градба, има дебели ѕидови, станот се наоѓа на 2 ри кат, сите надворешни ѕидови имаат изолација 10цм освен еден ( означен на сликата ), исто така сите прозори и врати се пвц со 3 гуми. Низ целиот стан имам спуштен плафон со тервол изолација и висина на собите е 240цм. Дневната соба P1 има два преградни ѕидови од гипс картон исполнети исто така со тервол изолација. На подот има топол под како изолација 10цм, паркет а врз него ламинат.
Според мене крајниот план е во сите 3 соби да се постави по една клима ( ги означив позициите на сликата ), би се користеле како главно греење а исто така и за ладење.

Гледав клими од брендови како Мидеа, Хаиер и Вивакс па ми треба ваше мислење околу нив, и дали би била доволна 3.5kw на клима во дневна P1 или 5.5kw? Исто така за собите P2 и P3 според големината која јачина на клима би препорачале да се намести? Да ми дадете некоја препорака за инвертер клима што би била економична но и да може да биде примарен извор пред се на топлина за зимно време, буџетот ми е 30 до 40к по клима. План на станот.png
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Што има под станот и над станот?
Дали се нови и добри прозорците?

Јас би рекол 2х2.5 и 1х3.5 само да не се основни модели.
 
NikolaVendetta

read-only
12 декември 2010
44
0
Техномаркет - VIVAX COOL 12000BTU ACP-12CH35AERI

Некој што го користи клима уредот, позитивни и негативни страни?

Сакам да го земам, па ме интересира мислење.
Инаку станува збор за 20м3, дневна соба, куќа без термо изолација (во блиска иднина ќе биде и термо изолација).
Планирам да ја користам и за затоплување, поради доцна доаѓање од работа, па ми треба нешто „инстант“ затоплување во зимски период.

Луѓето во Техномаркет ја испофалија климата па ми треба и некое реално мислење.
 
Климите се многу лоши и нелогични за „инстант“ затоплување. Многу поефикасна ќе биде ако ја оставиш на 24ц на пример да грее 24/7, наместо да ја форсираш. Згора на тоа и целиот простор ќе се загрее и ќе почнат да зрачат топлина и самите објекти во собата, ѕидовите, мебелот и слично. Со тоа се добива многу попријатен престој во собата отколку да е се мраз и да пуштиш инстантно клима која само ќе го загрее воздухот. (исто како и секое друго грејно тело) ама објектите ќе останат ладни. Згора на тоа потрошените киловати ќе се со понизок COP, и ќе се во скапа тарифа.

Јас би препорачал да ја вклучиш и да ја оставиш постојано на константна температура со цел да се искористи „ИНВЕРТЕР“ делот од климата и да и се овозможи на истата да го загрее целиот простор, да ги загрее предметите и ѕидовите, да и се овозможи да работи на минимално оптеретување на компресорот и вентилаторот, да и се овозможи да работи на што е можно повисок COP и ефикасност. Односно да си ја одработи својата работа за која е купена. Меѓудругото со овој нормален начин на работа ќе се намали форсирањето на климата, со тоа ќе се намали и мрзнењето на единицата, како и вибрациите и абењето. Понатаму ќе и се овозможи максимално искористување на ефтината тарифа на струјата.

Главното незадоволство од греење со инвертер клима уреди е „не е како парно, не грее, не е згреан просторот итн.“ Ете зошто не е сето тоа. Затоа што се гаси климата, наместо да се користи правилно. Згора на сите други недостатоци кажани погоре.

Одамна не сме го повториле ова четиво, а повторувањето е мајка на знаењето, па убаво е да повториме, од време на време.

Ако сакате инстантно загревање ви препорачувам да си земете нешто од овој тип:
gBx16G1.png
 
NikolaVendetta

read-only
12 декември 2010
44
0
Можеби малку погрешно ме разбра за „инстант“ или пак јас лошо се изразив, не битно.
Станува збор за месеци кога сум сам дома и сум во просторијата не повеќе од 4-5h, а температура од 16 - 18c е сосема доволно, при тоа уредот да го користам и за ладење на овие жешки денови.
Гледам има и wifi вклучен во цената така да и тоа ќе биде од корист.

Конкретно мислење за моделот што го пишав погоре во постот.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.511
Ако сакате инстантно загревање ви препорачувам да си земете нешто од овој тип:
gBx16G1.png
Не се заебавајте со вакви препораки, некој ќе ги сфати сериозно.
Ова е наменето за големи сали, хангари, дворови и слични простори. За домови и слични затворени простории може да е многу опасен.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
613
342
Техномаркет - VIVAX COOL 12000BTU ACP-12CH35AERI

Некој што го користи клима уредот, позитивни и негативни страни?

Сакам да го земам, па ме интересира мислење.
Инаку станува збор за 20м3, дневна соба, куќа без термо изолација (во блиска иднина ќе биде и термо изолација).
Планирам да ја користам и за затоплување, поради доцна доаѓање од работа, па ми треба нешто „инстант“ затоплување во зимски период.

Луѓето во Техномаркет ја испофалија климата па ми треба и некое реално мислење.
Вивaкс Аери е еден oд нaјдoбрите инвертер мoдели нa Вивaкс клими мнoгу зaдoвoлни кoрисници имa oд Аери Мoделoт oдличнa климa
 
StefanК1

read-only
11 јануари 2021
5
0
Што има под станот и над станот?
Дали се нови и добри прозорците?

Јас би рекол 2х2.5 и 1х3.5 само да не се основни модели.
Станот е на 2 ри кат, под него и над него има станови ако мислиш на тоа. Сите прозори се нови пвц и се добри.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.995
Станот е на 2 ри кат, под него и над него има станови ако мислиш на тоа. Сите прозори се нови пвц и се добри.
Останувам на кажаното 2х2.5 и 1х3.5 брендот ќе си го избереш сам, само да не се основни модели.
Јас еве би рекол буџет опција Хаиер Тундра две 2.5 и една 3.5.
Средна опција Даикин две FTXF25 и една FTXF35
Премиум Мицубиши три LN25
 
skullmonkey

poweruser
25 април 2007
4.503
3.454
Скопје
www.gorast.com
Ми треба совет. Се мисам меѓу овие две клими:
и

Малце ми е шубе дека кога гуглаш Midea Nordic не излегува ништо освен Сетек. После се воспостави дека на сајтот на мидеа оди под името Midea Extreme SavE што ми е дополнително шубе, зошто така ја смениле и дали бројките кои ги даваат со неа се точни.

За било какво подетално инфо и совет сум ви благодарен.
 
Astraion

poweruser
24 ноември 2012
2.165
3.215
Струмица
Техномаркет - VIVAX COOL 12000BTU ACP-12CH35AERI

Некој што го користи клима уредот, позитивни и негативни страни?

Сакам да го земам, па ме интересира мислење.
Инаку станува збор за 20м3, дневна соба, куќа без термо изолација (во блиска иднина ќе биде и термо изолација).
Планирам да ја користам и за затоплување, поради доцна доаѓање од работа, па ми треба нешто „инстант“ затоплување во зимски период.

Луѓето во Техномаркет ја испофалија климата па ми треба и некое реално мислење.
Без ПВЦ и изолација не очекувај многу, јас така се мачев со неа и лани решив да одам all in, коментаров е од оваа зима. 3.5 ќе ти е таман за 20м2.
Јас ја користам веќе шеста година, постариот модел со R410. Толку ја платив тогаш 37500 + 2500 монтажа, и за мид рејнџ клима е одлична, имајќи предвид дека имаш ПВЦ и изолација стиропор барем 5цм. Ако немаш барем ПВЦ, викендов што помина немаше да постигне, а затоплувам втор спрат на куќа 60м2. Дефрост прави за 3-4 минути, и единствена мана - надворешната единица е гласна кога грее на ауто, и на температури од -5 на доле.
За ладење Еко модот ѝ е одличен, 500че на месец.

Денес беше најладно (-4Ц во 14ч/ -10Ц на полноќ) и цел ден маваше снег, влажност 90%, климата ја оставив на 24Ц (макс 3фан; дување најдоле цел ден) и држеше 22-23Ц цел спрат, а направи 5 дефроста. (скриншот)
Погледнете го атачментот 97411 Погледнете го атачментот 97412
Сега ако треба да зимам нова клима ќе доплатам за јапонец, Даикин или Митсубиши. Низ маалото го шетам кучето навечер и има 2-3 Даикина 18ки, си предат глас не можеш да им чуеш. :)
 
StefanК1

read-only
11 јануари 2021
5
0
Останувам на кажаното 2х2.5 и 1х3.5 брендот ќе си го избереш сам, само да не се основни модели.
Јас еве би рекол буџет опција Хаиер Тундра две 2.5 и една 3.5.
Средна опција Даикин две FTXF25 и една FTXF35
Премиум Мицубиши три LN25
Фала на совет, ќе ги разгледам и споредам моделите.
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
613
342
Ми треба совет. Се мисам меѓу овие две клими:
и

Малце ми е шубе дека кога гуглаш Midea Nordic не излегува ништо освен Сетек. После се воспостави дека на сајтот на мидеа оди под името Midea Extreme SavE што ми е дополнително шубе, зошто така ја смениле и дали бројките кои ги даваат со неа се точни.

За било какво подетално инфо и совет сум ви благодарен.
5.5 кв Вивaкс Аери или 5.5кв Хaиер Тундрa
 
Igordobro

hello world
14 октомври 2018
76
15
Кoј мoдел нa МАХ имaш стaви слики oд Внaтрешнaтa и Нaдвoрешнaтa единицa и Дaлечинскoтo дa видиме кoе прoизвoдствo ( ребрендиранa ) е климaтa МАХ

Инaку зa климa земи си или Хaиер Тундрa или Vivax AEMI

Климaтa ти е тoп сo здрaвје дa јa кoристите и дoлгo дa ве служи

Стaви сликa oд Внaтрешнaтa единицa најверојатно пo спецификaциите е VIVAX АЕРИ мoделoт сo сивa Внaтрешнa единицa.

Фала на фидбек, јас сум на прв поглед вака задоволен, фино лади и тивка е.

еве и фотки од моделот. Аери е.
Photo 15.7.21, 18 57 49.jpg е
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.027
1.842
Скопје

klima fan

lurker
14 јуни 2021
613
342

Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169
Да не има некој кој користи топлотна пумпа од типот на Митсу Зубадан, Даикин Алтерма , Гри Версати ? Ако има некој нека пише пп да се посоветувам :D

Фала однапред.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно