Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
За Сузуми од лично искуство знам дека се симнува до ~220 вати (еве ја мојава сега во моментов толку троши). Не знам за новите модели (со новиот фреон), но разликата не би требало да е повеќе од дел од 1% (и тоа во корист на новите модели)... За Даикин не се сомневам дека има соодветни модели, ете како предложените. И генерално клими од повисока класа (често јапонски) се тие кои имаат можност за симнување на пониска потрошувачка (наместо да целосно да се исклучат).
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.098
6.041
Даикинот ftxf20 25 i 35 имаат иста надворешна. Само треба да се одбере помала, за спални и слично за да е послаба но потивка. Штом е за дневен престој тогаш комотно може 35ка да се оди.

Тошиба Сузуми исто 13ка може.

Многу инвестиција, а мал простор. Незнам колку ќе се исплати тоа искрено.
 
doktore

read-only
18 септември 2019
32
5

А на што да се грееме ние што живееме во куќи со помали соби ако на клима не се исплати ?
На термо или на греалка повеќе се исплати ?

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Не, тој едноставно мисли дали се исплати поскапа клима како Даикин/Тошиба/Мици (во однос на поевтина - клима).

Од тој аспект, релативна е работата. Зависи што се разбира под „исплатливост“. Ако комфорот е важен тогаш повеќе пари за поскапа клима и поголем комфор е исплатлива давачка. Но ако парите се проблем, тогаш поевтина клима и помалку комфор... Но сеуште со бенефит од помали сметки за греење.
 
Нормално, секој комфор се плаќа. Кога ќе ми текне лаптопот пред некоја година го зедов за 33-34000 и енего седи не уклучен со месеци, па криво ми е да земам клима за помалу пари од тоа, и тоа за основна потреба како греење, а не луксузирање

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
mnikolce

lurker
27 октомври 2016
805
622
Ајде малку коментари за Pipe management и естетика.
Дали е во ред да се редат под прозорци надворешните единици, странично, во ќош?
Каде да поминуваат цевките и каблите?

*Двете слики се од нова зграда, од истиот источен ѕид - делумно поставиле држачи, сите дупки се рандом позиционирани а така висат и цевките...

Јас не сакам ова да го гледам. Вие?
(Монтираните клими: нерешено Грее : Вивакс, едно Хјундаи, едно Митсубиши...
a80766a9f4c39e75e0cc3d4ee6149b01.jpg
71d850929a1e03cb657e40a9e57ead71.jpg

Sent from my MI 4W using Tapatalk
 
jasminajac

read-only
21 февруари 2019
24
2
Ме интересира да прашам дали кога климата (бидејки тапа сум пд клими а зимава ке се грееме на клима)модулира надворешната единица треба да исклучи скроз со работење или треба да си работи нормално само внатрешната да намали и како е подобро на авто фан или на прв фан бидејки на прв фан ми е поконфорно пошто се работи за мал простор од 16 м2.
 
Што клима имаш?
И да прашам кој знае дали има проблем нешто климата ако е поставена надв.единуца непокриена, место каде нема покрив?
Дали ќе има чести дефрости, проблеми од дожд и снег и др.

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
jasminajac

read-only
21 февруари 2019
24
2
Што клима имаш?
И да прашам кој знае дали има проблем нешто климата ако е поставена надв.единуца непокриена, место каде нема покрив?
Дали ќе има чести дефрости, проблеми од дожд и снег и др.

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
грее фери лцлх 3,5
 
jasminajac

read-only
21 февруари 2019
24
2
Ме интересира да прашам дали кога климата (бидејки тапа сум пд клими а зимава ке се грееме на клима)модулира надворешната единица треба да исклучи скроз со работење или треба да си работи нормално само внатрешната да намали и како е подобро на авто фан или на прв фан бидејки на прв фан ми е поконфорно пошто се работи за мал простор од 16 м2.
@mdeni
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.098
6.041
Ќе си пробаш како ти одговара.

На прв фен може да не е доволно да загрее. Иако штом е толку мала просторијата може и да е доволно.

Стави 24ц и аутофан за почеток.

Ако ти е ладно стави 25.

Ако ти е топло стави 23ц.

Ако бучи стави на помал фен и пак истово.

24.

Ако е топло 23.

Ако е ладно 25.

Ако уште е ладно 26.
 
jasminajac

read-only
21 февруари 2019
24
2
Ќе си пробаш како ти одговара.

На прв фен може да не е доволно да загрее. Иако штом е толку мала просторијата може и да е доволно.

Стави 24ц и аутофан за почеток.

Ако ти е ладно стави 25.

Ако ти е топло стави 23ц.

Ако бучи стави на помал фен и пак истово.

24.

Ако е топло 23.

Ако е ладно 25.

Ако уште е ладно 26.
a дали кога модулира климата надворешната треба да исклучи единица .сега еве наместена е на 23 ауто фан работи едно време со појак фан потоа намалува работи така некои десетина мин за потоа да исклучи скроз и ндворешната и внатрешната единица и така све во круг незнам дали е ова нормално работење,извини што те замарам ама баш ме интересира како е правилно да работи.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.098
6.041
Нормално е, топло е надвор сеуште. Како ќе заладува помалку ќе се гаси надворешната. А кога ќе стигне 0 и испод тоа, ќе почне да гаси внатрешната заради дефрости.

Се е тоа нормално.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.581
8.230
Мелмак
Благодарам @mdeni и @FLEGMA за објаснувањата извинете дури сеа ги видов.

Штом температурата влијае (логично) на моменталниот COP ме интересира дали работи шо не тераат да се осќеаме постудено имаат влијание на работата на надворешна единица?

Пример може да е -5 степени надвор, ама да дува многу ветер и да се осеќа ко -15 - дали тоа значи дека единицата (пошо вади топлина од воздух) има поотежната работа или пак е као термометар и не е битно дали дува, врне или има мраз се дури температурата е Х степени?
 
Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Другови. Би сакал да прејдам на клима, па да видам шо ке препорачате. Живеам во куќа без изолација, обични прозори, на спрат кој е поладен од приземјето во соба од околу 20-22 квадрати. Значи неизолираните зидови и те како ја шмукаат топлината. И дали мислите дека внатрешна изолација би вршела работа?
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Благодарам @mdeni и @FLEGMA за објаснувањата извинете дури сеа ги видов.

Штом температурата влијае (логично) на моменталниот COP ме интересира дали работи шо не тераат да се осќеаме постудено имаат влијание на работата на надворешна единица?

Пример може да е -5 степени надвор, ама да дува многу ветер и да се осеќа ко -15 - дали тоа значи дека единицата (пошо вади топлина од воздух) има поотежната работа или пак е као термометар и не е битно дали дува, врне или има мраз се дури температурата е Х степени?
Na Cop ot vlijae I brzinata na fan.na vnatresnsta.
Kaj Site klimi Cop ot e testirani na maksimalen fan bez turbo ama vo realniot zivot smeta klimata Da TI raboti na maksimum fan.( mitsu nema turbo )
Na zima Ako klimata raboti na maksimum fan pobzo odi vo defrost. I najdobro e Da raboti na sreden fan.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.581
8.230
Мелмак
Na Cop ot vlijae I brzinata na fan.na vnatresnsta.
Kaj Site klimi Cop ot e testirani na maksimalen fan bez turbo ama vo realniot zivot smeta klimata Da TI raboti na maksimum fan.( mitsu nema turbo )
Na zima Ako klimata raboti na maksimum fan pobzo odi vo defrost. I najdobro e Da raboti na sreden fan.

Не прашував за FAN speed туку за природни ствари: дожд, ветер, марз итн.

Пример ако е добро да има проток на воздух би си помислил дека ветер би правело подобра ефикасност.

Идејата е дека некад ако извадиш надвор термометар покажува пример 0 степени, ама има фатено мраз, или пак дува ветар или пак врне дожд и се осеќа као многу постудено.

Дали и во тие ситуации е иста, подобра или полоша ефикасноста на надворешните единици - пошо ко шо читав инвертерот ја зимал топлината од воздухот и ја враќал внатре (обратно на фрижидер).

Значи ако е така, температурата е фиксна ама е „постудено“ надвор. Тоа шо апликациите на мобилен го пишуваат "feels like" поладно, тоа ме интересира дали влијае или пак стрикно си се водат според температура и ништо друго единициве.

Се обидувам да разберам кои се фактори влијаат у ефикасноста значи (од природните). Не знам како подобро да го објаснам ова за да биде разбрано прашањето.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.098
6.041
Апсолутно Тоше. Ветер многу и помага на климата. (вентилаторот во надворешната прави „ветер“). Но во извесни ретки случаи може да и одмогне ако му дува контра вентилаторот. Ама нашите ветришта се симболични за климата да има некој реален ефект.

Дожд менува бидејќи влажноста на воздухот директно влијае на поголемо нафаќање на мраз. Бидејќи изменувачот е под 0, и отежнува на климата која мора да прави дефрост повеќе. Ако е изменувачот над 0, никаков проблем не и прави дожд.

Снег прави исти проблеми со тоа што се таложи. Но климата го решава исто како погоре со дефрост. Пак е влажноста реалниот проблем.

Магла... исто. Влажноста. Исто дефрост.

Влажност голема, исто дефрост.

Скратено, само влажноста прави проблем. Таа се јавува околу 2 до -5 степени. Тука се тие дефрости и слично. Затоа и капацитетот на климата често тука има пад и на графиците на мерење. На пример околу 0 степени со 99% влажност има повеќе дефрости и замарање климата, мора да прекинува со работа и да дефростира. Од друга страна на -15 влажноста често е многу помала зошто објектите наоколу се веќе оладени под 0 степени и влажноста е претворена во мраз/слана/снег и слично. И влажноста е на пример 50%. Климата ќе се осеќа МНОГУ помоќно отколку горната ситуација 0 со 99%, иако сега е -15 ама со 50% влажност. Помалку дефрости ќе има. Згора на тоа ако е за Скопје муабетот и загадувањето околу 0 е ЕНОРМНО од истиве причини, температурна инверзија и влажност. Кога е -15 надвор е стакло чисто. А со тоа што е стакло чисто на -15, иако е поладно самиот објект има повеќе сончеви добивки преку ден, па и тоа дополнително и олеснува на климата. А секако и на нас ни ја намалува депресијата сонцето.
 
Tajson

lurker
25 февруари 2016
655
864
Ајде вака утрински со кафе да ти одговорам.
Да влијание има, надворешната единица во зима колку е по сува и протокот на воздух е поголем таа работи по оптимално отколку да биде затестен воздухот (во случај на магла ) каде оросувањето на изменувачот доведува до формирање на мраз и зтварање на протокот на воздух.
Нормално големо влијание има и атмосверскиот притисок кој не секаде и секогаш е ист. Сумарум, проветрена страна изложена на сонце позитивно влијае на COP - от на климата.
Честопати знаат трговците да презентираат податоци за клими со податоци за COP за медитеранските земји каде зимите се поблаги, и каде има ветер, што не е случај за Скопје каде имаме некогаш и по два три месеци магла, смог и често надворешните единици замрзнуваат и се случуваат чести дефрости. Тука огромна предност имаат климите со подобри компресори и дворедни изменувачи и добро конципиран софтвер кој правилно ќе го менаџира компресорот и внатрешната единица за што понеприметна и поконфорен филинг во домот.

Само едно не ми е јасно, да фрлиш 60 иљадарки за телефон кој после две години максимум три оди во канта, а за клима уред(инвертер) кој ќе те грее и лади десетина и повеќе години, се бараат клими со сомнителни карактеристики кои не за џабе чинат смешни пари, и се оди на варијанта да се плати поефтино, кое подоцна излегува поскапо, нели.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.581
8.230
Мелмак
Благодарам на сите објаснувања, многу ми се разјаснија работите. Веројатно значи и позицијата на надворешната единица може да се оптимизира да биде на место со повеќе проток на воздух, каде не се задржува толку влага и мраз. Ова сигурно изведувачот ќе си знае ама сега знам бар да си ги потпрашам кога ќе се става.
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Ајде вака утрински со кафе да ти одговорам.
Да влијание има, надворешната единица во зима колку е по сува и протокот на воздух е поголем таа работи по оптимално отколку да биде затестен воздухот (во случај на магла ) каде оросувањето на изменувачот доведува до формирање на мраз и зтварање на протокот на воздух.
Нормално големо влијание има и атмосверскиот притисок кој не секаде и секогаш е ист. Сумарум, проветрена страна изложена на сонце позитивно влијае на COP - от на климата.
Честопати знаат трговците да презентираат податоци за клими со податоци за COP за медитеранските земји каде зимите се поблаги, и каде има ветер, што не е случај за Скопје каде имаме некогаш и по два три месеци магла, смог и често надворешните единици замрзнуваат и се случуваат чести дефрости. Тука огромна предност имаат климите со подобри компресори и дворедни изменувачи и добро конципиран софтвер кој правилно ќе го менаџира компресорот и внатрешната единица за што понеприметна и поконфорен филинг во домот.

Само едно не ми е јасно, да фрлиш 60 иљадарки за телефон кој после две години максимум три оди во канта, а за клима уред(инвертер) кој ќе те грее и лади десетина и повеќе години, се бараат клими со сомнителни карактеристики кои не за џабе чинат смешни пари, и се оди на варијанта да се плати поефтино, кое подоцна излегува поскапо, нели.

Па колкав процент купуваат телефон од 60к? Добро е да се види некоја статистика. Јас мислам тие се <1%.
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно