За Сузуми од лично искуство знам дека се симнува до ~220 вати (еве ја мојава сега во моментов толку троши). Не знам за новите модели (со новиот фреон), но разликата не би требало да е повеќе од дел од 1% (и тоа во корист на новите модели)... За Даикин не се сомневам дека има соодветни модели, ете како предложените. И генерално клими од повисока класа (често јапонски) се тие кои имаат можност за симнување на пониска потрошувачка (наместо да целосно да се исклучат).