Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Филтер за воздух

yasho

hello world
11 јануари 2014
479
636
Скопје
Ајде малку да ја продрмаме темава благовремено, пред да дојде маглата :)

Препорака за прочистувач на воздух, за соба од 40тина м2, да го има на лагер во Мк, да е разумно тивок/ефикасен/квалитетен/ефтин (по тој ред)... И потрошните материјали, филтри-милтри да ги има во Мк и да се со разумна цена...
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.898
4.579
Ајде малку да ја продрмаме темава благовремено, пред да дојде маглата :)

Препорака за прочистувач на воздух, за соба од 40тина м2, да го има на лагер во Мк, да е разумно тивок/ефикасен/квалитетен/ефтин (по тој ред)... И потрошните материјали, филтри-милтри да ги има во Мк и да се со разумна цена...

Гледај Blueair или Winix.
 

yasho

hello world
11 јануари 2014
479
636
Скопје
Гледај Blueair или Winix.
Каде ги има да ги видам? Кои модели да ги гледам?
Евентуално искуства со китајци налик на Грее/Шиаоми? Читав за овие, ама немам искуство од прва рака со ниеден, ни кај себе, ни кај блиски..
 

smole

poweruser
18 април 2007
3.898
4.579
Каде ги има да ги видам? Кои модели да ги гледам?
Евентуално искуства со китајци налик на Грее/Шиаоми? Читав за овие, ама немам искуство од прва рака со ниеден, ни кај себе, ни кај блиски..

Јас овој ќе го зимам, нека залади малце.

Продавницата им е во Ново Лисиче, позади Т-хоме, на почеток на НЛ кога идеш од Аеродром по ВС Бато улицата, после семафорите лево во комплексот на продавници.

Исчитај ја темава, Грее/Шаоми и компанија не ако си озбилен за филтрирање на воздухот, доста тестови се постирани.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Јас би рекол дека нема уред на пазарот од кој реално можеш да очекуваш „озбилно“ филтрирање на воздухот. Има такви кои имаат озбилен маркетинг. Но да, на долг рок прават разлика и на крајот на краишата подобро да имаш одошто да немаш.

Изборот меѓу „неозбилни“ китајци и „озбилни“ корејци (склапани со китајски делови/материјали) тоа си е твое и сечие размислување и одлука. Кај најчесто користените модели перформансите генерално се на страна на корејците, но несразмерно во однос на разликата во цена (ова посебно важи за заменските филтри). Односот на пари перформанси е таков да два китајци го тепаат кореецот во секој поглед (два лоша убише Милоша), и тоа за слична цена, со тоа што за цените така беше преклани но не гарантирам дека сега е така пошто не ги следам повеќе цените (и Гри се иску*назија со цените, во последно време само кога се на акциски цени се исплативи). Но пишувано е подоста за споредбиве и овде и во темите со рецензии. Да не се повторуваме.

едит: Тоа што можеби не си слушнал, а слабо се дискутира, е идејата за употреба на билки и растенија за филтрирање и прочистување на воздухот. Изгуглај nasa clean air plants study и ќе најдеш еден куп текстови и видеа. Билкиве посебно добра комбинација се со филтер уредиве, затоа што билките се успешни во прочистување на хемискиот аспект на загадувањето додека филтер уреди се сведуваат на механичко филтрирање. За ова последново многумина овде се противат, но без некои посебно убедливи аргументи (ако плацебо и рекламни материјали не ги сметаме за аргументи). :)

Ќе ја сликам некој ден мојата домашна џунгла, ако не заборавам.
 
Последна промена:

bibiajvi

read-only
5 октомври 2018
1
0
Здраво :)
Дали може некој да ми помогне да го направам вистинскиот избор ?
 

Атачменти

  • 43201648_2179895028964824_1915726096016343040_n.jpg
    43201648_2179895028964824_1915726096016343040_n.jpg
    273,8 KB · Прегледи: 88
  • 43232849_1012368712278747_3049703775485820928_n.jpg
    43232849_1012368712278747_3049703775485820928_n.jpg
    235,4 KB · Прегледи: 89

Speedster

hello world
1 јануари 2016
463
427
Gree земав јас . Да ти кажам искрено после пребришување на подот со ајакс или други средства дали ради тоа или не . Почна да дава чуден мирис прочистувачот . Тоа зборам после 1 месец користење . Бев земав нов филтер пак исто . Така да следен што би земал е Winix или Blueair . Така да мислам да го скокнеш Gree . Сепак мое мислење и мое искуство
 
Последна промена:

Delta111

hello world
23 мај 2010
134
146
Земав Грее тој што беше на попуст 7-8000 минатата година но само неколку пати го имам уклучено. Реално е само јак вентилатор и механички филтер со сензор ама тоа се и најскапите модели. Мојот модел нема никаков мирис но по читање на зилион форуми и рецензии видов дека секој па и најскап модел може да има фалинка или да мириса, тоа и кај Блу и кај Виникс може да се случи. Засега е ок понатаму ќе видиме.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Реално е само јак вентилатор и механички филтер со сензор ама тоа се и најскапите модели.
Oва како заклучок слободно може да се постави во уводниот пост на темава. :)

Уредиве се прво и основно механички филтри, меѓусебно се разликуваат по протокот на воздух и буката што ја прават. Истиов заклучок повеќе пати сум го потенцирал.

Хемиската филтрација е смешки со сите тие сребрени и од активен јаглен решетки. Ова ќе го разбере секој што има филтер за вода и има видено низ колкав слој од јаглен поминува водата, наспроти решетките во филтриве за воздух кои имаат широки отвори, и за некакво ефикасно филтрирање не може да стане збор. Само со јонизирање донекаде се прави хемиско филтрирање, но и тоа е релативно неефикасно, покрај тоа што е штетно ако во просторијата има луѓе (озон). Во ред е ако може со тајмер да се пушта додека нема луѓе дома, и да се исклучува саат пред да се вратат луѓето. Некои уреди демек не пуштаат озон, за тие што се спремни без објаснување да им веруваат на рекламите.

Ова е накратко целава тема, сублимирана.


Мојот модел нема никаков мирис но по читање на зилион форуми и рецензии видов дека секој па и најскап модел може да има фалинка или да мириса, тоа и кај Блу и кај Виникс може да се случи.
Нема што да мириса во ваквите уред, освен материјалот од филтерот. Тој ако фати мувла, или ако упие хемикалија, ќе смрди. Ако тоа платното (или што и да е) упило Ајакс или нешто такво, ќе смрди додека не се замени заменскиот филтер во уредот. Пошто заменските филтри ионака се предивдени за менување одвреме навреме, и не траат вечно. И да, истото може да се деси на било кој уред ако не се внимава.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.623
3.175
Повторно актуелна темава, повторно истите глупости.
Кола е возило со 4 тркала, волан, седишта...
Е сега како ќе биде склопена, колку безбедно ќе те вози, колку удобно ќе те вози, тоа сам решаваш (нели согласно средствата што ги имаш).
Можеш и пеш, што ќе ти е кола, @Lokvan така би направил :)
Може и со точак или тротинет... Ама цела фамилија ако треба да ја носиш, сепак ќе земеш кола. Камион не ти треба. Комбе, можеби, зависи колкава ти е фамилијата....
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Можеш и пеш, што ќе ти е кола, @Lokvan така би направил :)
Може и со точак или тротинет... Ама цела фамилија ако треба да ја носиш, сепак ќе земеш кола. Камион не ти треба. Комбе, можеби, зависи колкава ти е фамилијата....
По твојава паралела, ти како Хари Потер со метла би ги летал. :)
Летање со метла не е толку различно од плацебо за пречистување на хемиски загадувачи со уредиве - гледано од аспект на шансите за успех во намерата.

Ок, можеби и не е фер споредбава. Со метла можеби и ќе стигнеш некаде, ако ја ставиш на рамо и отидеш пешки. ;)
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Aj сега малку сериозно. Сакам да укажам на едно реално решение за хемиските загадувачи. За разлика од плацебото од филтер уредиве ова е решение кое е испитано со научна студија, решение кое потврдено (и измерено) одстранува хемиски загадувачи.

Поназад спомнав дека постојат билки кои филтрираат штетни хемиски соединенија од воздухот. Некои од нив се исклучително успешни во тоа филтрирање. До толку да една НАСА спровела детално испитување и студија какви хемиски загадувачи овие билки може да филтрираат и колку успешно го прават тоа. Пошто нели, за НАСА е интересно тоа што во затворените простори на шатловите и свемирските станици билките би биле многу поевтино и полесно одржливо филтрирање отколку филтер уреди кои бараат одржување и заменски материјали (плус билките даваат бакшиш конверзија на CO2 во кислород).

Овде можете подетално да прочитате за тоа:
https://ntrs.nasa.gov/search.jsp?R=19930073077
(пдф) http://hdl.handle.net/2060/19930073077
NASA Clean Air Study - Wikipedia

На последниот линк од Википедија има табела со тоа кои билки колку и што филтрираат. Издвоив дел од табелата со две од поинтересните билки:
upload_2018-10-7_21-52-19.png


Првата е Sansevieria trifasciata или кај нас попозната како Свекрвин јазик. :hay:
Sansevieria trifasciata - Wikipedia

Втората, Dracaena reflexa:
Dracaena reflexa - Wikipedia



Некои од билките на списокот (повеќето всушност) ги има во локалните цвеќари и продавници за хортикултура. Некои од нив лесно се размножуваат по вегетативен метод (едноставен принцип: исечи парче од билката и бапни го во саксија со погодна земја и ѓубриво).

Јас од минатото лето/есен се нафатив да го збогатам домот со вакви билки, и еве пар фотографии од мојата џунгла која наскоро ќе се преместува низ просториите на „зимските локации“ (кога ќе се зачади воздухот надвор):

Dzungla_01.jpg Dzungla_02.jpg

Сите саксии со Sansevieria trifasciata (свекрвин јазик) што ги гледате на двете фотографии се потомци на една билка. Sansevieria мутантиве веќе се толку нараснати да саксиите им се мали, па наскоро ќе морам (пак) да ги поделам сите Sansevieria на два дела. Имам уште саксии и (пак) ќе го дуплирам бројот на билките.

Според стујата на НАСА една Sansevieria филтрира:
1196 µg/h of benzene
1,304 µg/h of formaldehyde
405µg/h of trichloroethylene

Не е лошо а?
Плус бонус кислород. Бонус разубавување на домот.

Сето ова може и вие да го имате и тоа за смешни пари (во однос на цената на филтер уредиве). Се што треба е малку труд.
Но недовербата (и мрзата и когнитивната дисонанца) се јаки во просечниот човек. Плацебото и buyer's remorse во комбијација со скапиот маркетинг, се уште појаки. Затоа ретко кој се замара со употреба на билки за филтрирање на хемиски загадувачи. На жалост. Полесно е самозалажување и верување во приказните од продавачите.

Ова се разбира не значи дека не е добро да се има и филтер уред. За таа функција која тој уред може да ја направи (релативно) успешно: механичко филтрирање на партикли и честички од воздухот. Се добива одлична комбинација со билките: филтер уред механички филтрира партикли и честички (прашина и саѓи и што се не) од воздухот, а билките филтрираат хемиски загадувачи.

Толку за сега, и се надевам дека барем на некој му помогнав полесно и побезбедно да го преживее претстојниов период на висока загаденост. :)


P.S. Видеово можеби го имам линкано некогаш, но сеедно еве го пак
View: https://www.youtube.com/watch?v=gmn7tjSNyAA
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.623
3.175
Супер се билкиве, само треба да имаш 200 дома, или да се преселиш кај што им е природна средина.
Зборуваме за различно и ненормално сценарио. Надвор има 1000пм10, со тоа и дома имаш 1000 пм10.
Шума да имаш, нема да ти помогне. Ти треба механички филтер, плус секој можен екстра додаток за да биде побрзо и поуспешно филтрирањето на воздухот.
НЕ НЕ НЕ, НЕ Е МАГИЈА, делува. Мерено е, со уклучен јонизатор, побрзо прочистува. Верувам ако има уште некој филтер, ќе биде уште поуспешен. Тоа е и разликата меѓу старо фичо и нов мерцедес. Двете ќе те превезат, но за колку време, колку удобно и како ќе се осеќаш е разликата. Ти би со метлатата на рамо, ја би да се возам малку поудобно, па ако немам за мерцедес мајбах, имам за ете некој форд што ми е доволно ок.
И мислам дека доволно се труе темава со твоите билки. Слободно отвори тема за билкарство и како билките прочистуваат. Да прочистуваат, но брзината не им е баш најјака страна. Количината што треба да ја имаш, ќе те чини повеќе од средно скап прочистувач сосе заменските филтри во период од 5 години. Не сите живееме во куќа со 200 квадрати дневна, за да може да оставиме 150 квадрати да биде џунгла. Аман доста не труеш со твоето убедување. Останува само тоа. УБЕДУВАЊЕ.
Фактите не се на твоја страна.
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.608
1.563
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
@Lokvan само внимавај, повеќето од цвеќињата прочистувачи се отровни. Треба внимавање со мали деца.
Јас моментално користам и Winix и го полнам станот со цвеќиња (ем прочистуваат ем естетски добро изгледаат), дури и во спална соба ставам алое вера - кое испушта кислород преку ноќ.
Ќерка ми (2,5г.) од мала е учена дека не смее да ги чепка растенијата во станот.
А како бонус, планирам и зачински билки, во чиста земја со течно губриво од калифорниски црви, кои ќе се користат за јадење :)

Друга работа со цвеќињата, тие прочистуваат, ама ја немаат брзината на прочистување како прочистувачите.
Само цвеќиња, би биле по ефикасни само кога се работи за затворен простор, на кој не му треба луфтирање.
Прочистувачот, во зимски услови, отворам прозор во спалната соба неколку минути, го пуштам на турбо прочистувачот и добивам чист воздух + кислород за 15тина минути. Цвеќиња би требало денови да поминат за да го средат воздухот.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Прочистувачот, во зимски услови, отворам прозор во спалната соба неколку минути. Го пуштам на турбо прочистувачот и добивам чист воздух = кислород за 15тина минути. Цвеќиња би требало денови да поминат за да го средат воздухот.
Се разбира, во зима обавезно странување рано кога уште не се разбудени трујачите со ќумбињата и циганите и погоните кои горат гуми и акумулатори. И долго луфтирање. И било кога во денот ако се начека чист воздух (на пример ветер дувнал) - секогаш долго луфтирам, некогаш и по пола саат.
Сеедно што ќе се излади домот, ништо друго не го освежува воздухот како свеж надоворешен воздух.

@Lokvan само внимавај, повеќето од цвеќињата прочистувачи се отровни. Треба внимавање со мали деца.
Апсолутно, ама како што сам кажуваш тоа секако треба мора да се научат децата. Пошто кога ќе излезат надвор можат да ги направат истите (и други) глупости.

Ова е ОК како важно предупредување, но не е причина да не се користат билки дома. По таа логика треба да се одстранат и сите штекери со струја, сите шпорети, сите ножеви и кујнски прибор, и се друго што може да направи децата да се повредат.

Не велам дека ова го тврдиш, само илустрирам дека децата не може да се изолираат од светот - напротив мора да се едуцираат за светот и за опасностите во него. Не може да бидат чувани во стаклено звоно и под надзор 24/7. Порано или подоцна ќе мора да излезат надвор. :)

едит:
Друга работа со цвеќињата, тие прочистуваат, ама ја немаат брзината на прочистување како прочистувачите.
Зависи од бројот, 6-7 билки (од наведените) се доволни по возрасен човек. И секако се поефикасни од филтер уредиве, кај кои само јонизирањето прави некакво хемиско филтрирање - а јонизирање не би смеело да се користи додека има луѓе во домот. Другото „филтрирање“ кое се фалат дека го прават а не го прават, како сребрени и јаглени решетки, тоа е само плацебо за лесноверните купувачи (на кои не им требаат научни студии, веруваат во рекламите).

Не знам дали го виде видеото што го поставив, со ликот од Индија кој живее во еден од најзагадените градови во светот. Целата зграда од фирмата му е со 6-7 билки по човек внатре во канцелариите. Мерењата покажуваат инзворедни резултати во однос на загадувањето надвор. Ова што го зборувам е испитан концепт, не е рандом помодарство од вчера.





едит 2:
Фактите не се на твоја страна.
Навистина? :)
- Од една страна е НАСА и нивните ИЗМЕРЕНИ количини од benzene, formaldehyde, trichloroethylene, и други хемии, кои овие билки ги одстрануваат.

- Од друга страна си ти, и рекламите од продавачите. Те молам кажи ми повеќе за тоа на чија страна биле фактите. :D :D

Супер се билкиве, само треба да имаш 200 дома, или да се преселиш кај што им е природна средина.
6 до 7 по возрасен човек за просечна просторија. Тоа се фактите. Знаеш што се факти така - податоци и резултати измерени во научна студија факти, а не рекламни пораки на амбалажата на производ.

мислам дека доволно се труе темава со твоите билки. Слободно отвори тема за билкарство и како билките прочистуваат.
Онтопик сум. Објаснив како да се дополни механичкото филтирање на филтер уредиве, со билки кои комплементно ќе одстрануваат хемиски загадувачи. Не гледам некој друг да се буни освен тебе, но секако имаш право да ги пријавиш моиве постови како офтопик - па нека арбитрира модератор кој од нас двајца е во право.

Да прочистуваат, но брзината не им е баш најјака страна. Количината што треба да ја имаш, ќе те чини повеќе од средно скап прочистувач сосе заменските филтри во период од 5 години. Не сите живееме во куќа со 200 квадрати дневна, за да може да оставиме 150 квадрати да биде џунгла. Аман доста не труеш со твоето убедување. Останува само тоа. УБЕДУВАЊЕ.
Фактите не се на твоја страна.
Едноставно не си во право.
Јас досега платив само 40-тина саксии (за сега пола ги имам искористено), кои ги начекав на акциска цена. Земја имаш насекаде, земи лопата и пар вреќи запали ја колата и одбери каде има неглиенста почва - песок може да додадеш потоа дома (за да биде малку поалкална почвата). Одличен црн хумус има на Водно, над етно селото, во долот каде што е највлажно. Не треба многу повеќе од рака две хумус по саксија, или една полна поцврста кеса. Таман заедно со шетање пред или после кафе и пијачка (или ручек) во ресторанот во етно селото.

Ти треба само по една билка од цвеќара, за година дена ќе ја умножиш х10. Од идната година јас ќе имам вишок, и ќе можам да давам парчиња од мојата Sansevieria trifasciata на било кој што ќе посака. Заедно со совети што и како треба да се прави. И нормално, ќе си помагаме сите за вакви работи. А ако на тебе ти се даваат пари, купи наеднаш се од цвеќара но така дефинитивно ќе испаде поскапо. Само немој да тврдиш дека не може и евтино ама со малку пот и труд, и со малку испрљани дланки.

Уште да ти објаснам и дека саксиите може да се ставаат на сталажи, може да се прават носачи од ковано железо. Саксиите може и да висат од плафонот - има украсни капачиња да не се гледаат штрафовите (нормално ако плафонот не е од гипс картон). Има многу опции и начини, и дефинитивно саксии може да им се најде место во било која просторија. Само ако се сака. Кој не сака ќе кажува колку е кисело грозјето (како лисицата во басната) и ќе си го „чува“ здравјето со плацебо од рекламните материјали од филтер уредиве.
 
Последна промена:

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.623
3.175
@Lokvan
Наса има одлична статија. Виде дека тоа се однесува на неполн кубик и дека време на прочистување е неколку саати? Тоа загадување беше како нормално загадување во цивилизиран свет. Кај нас во зима има 1000. Тоа трае со саати. Кога паѓа, паќа на 300. Не спушта под 200 со денови. Во тој период не ти помага ни џунгла да имаш дома. НЕ знам како ова не ти влегува во глава. Никој не ти ги спори растенијата. Не се доволно брзи. Разбираш. Со мојот филтер за еден саат од 1000 сведов на 3. Токсичен е воздухот. Дишиме отров. Џабе ти се билките. Помагаат, но не доволно. И немам место за сите цвеќиња по дома. Уште помалку би ставил работи што се отровни, а да се на дофат на деца. Едукација е едно, но многу често прават глупости оти си играат. Гледаш да намалиш опасни работи по дома, а не да додаваш.
Тоа е. погледни ги фактите. Филтрите се подобра опција од цвеќиња за во нашево скопје. За некаде каде што имаш загадување кое се крева до 20пм10, имаш голем стан, или подобро куќа, или уште подобро, живееш во швајцарија на алпите...
Купи си филтер, почни да дишеш нормално.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Филтрите се подобра опција од цвеќиња за во нашево скопје...
Купи си филтер, почни да дишеш нормално.
Неточно, правиш забуни и изнесуваш погрешна теза. Читај повнимателно: Јас не бирам меѓу едното и другото, ниту тврдам дека не треба да се користат филтер уреди. Тврдам дека филтер уреди лошо (или никако не) одстрануваат хемиски загадувачи, и затоа комбинацијата од филтер уреди и билки е тоа што е потребно. Едните филтрираат механички честички како прашина и саѓи од ќумбиња, вториве филтрираат хемиски загадувачи.

Тоа е тезата. Само филтер уред не е доволно. Најдобра е комбинацијата од филтер уреди и билки. Ништо повеќе и ништо помалку.


И немам место за сите цвеќиња по дома. Уште помалку би ставил работи што се отровни, а да се на дофат на деца. Едукација е едно, но многу често прават глупости оти си играат. Гледаш да намалиш опасни работи по дома, а не да додаваш.
Тоа е. погледни ги фактите...
Фактите се дека ја игнорираш реалноста. Како да зборуваш за цијанид а не за секојдневни растенија какви милиони луѓе секако имаат по дома. Таа токсичност повеќе се однесува на мачки и кучиња, отколку на homo sapiens.

Такви растенија нема надвор? По дворови? Во природа?
Децата ги пушташ некогаш да си играат надвор, или ги чуваш во затвор?

Дали имаш дома кујнски прибор? Фрлај одма, јади со раце пошто децата (не дај боже) може да се повредат со ножеви и вилушки. Имаш дома шпорет? Фрлај одма, децата (не дај боже) може да се изгорат. Имаш детергенти и средства во бања и во кујна? Фрлај одма, децата (не дај боже) може да се отрујат. Имаш електрична инсталација? Вади ги осигурачите веднаш пошто децата (не дај боже) може да брцнат во штекер...

И така натаму. Можам десетици примери да набројам од работи од кои (не дај боже) може да се повредат децата. Но сите тие работи ги користиш секојдневно, затоа што си одлучил дека тие работи ти се потребни а децата и онака мора да ги едуцираш за опасностите во светот во кој живеат.


@Lokvan
Наса има одлична статија. Виде дека тоа се однесува на неполн кубик и дека време на прочистување е неколку саати?
Те молам само немој да сега вака провидно (од демагошки побуди) да се обидуваш да толкуваш студии, додека истовремено целосно го игнорираш концептот и неговата применливост. Концептот е докажан многу пати од многу луѓе, некои можеш на ТЕД да ги видиш како држат предавања за тоа како успешно го примениле концептот со билки, како го користат со години и какви одлични резултати имаат. Потребни се 6-7 билки по возрасен човек. Родители плус две деца? 25 билки би биле доволно, 30 би биле одлично. Немаш место за 25 саксии? Во Јапонија или Хонг Конг да не живееш? Пошто во 40-тина м2 има доволно место за толку саксии.

Но не е проблемот во невозможност. Проблемот може да е само во инает и/или мрзливост. Ти друже си класичен пример за Buyer's remorse - Wikipedia и за Cognitive dissonance - Wikipedia (зедно одат). Игнорираш факти, игнорираш научни студии. Полошо, се обидуваш да ги спинуваш за да истераш некоја теза за филтер уредиве, приказна за плацебо кое изгледа ти е неопходно за да не се чуствуваш лошо. Епа риалити чек: Сам на себе и на домашните им правиш лошо кога вака ја игнорираш реалноста. Полошо, се обидуваш и други овде да ги ставиш во истиот филм.

Терај. Мое е само да ти укажам дека лошо ти идат објаснувањата за постапките. Ти терај како сакаш, твое си е и сечие, кој како за себе ќе прави и направи.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
@Lokvan, имаш ли измерено колку е ефикасноста на билките што моментално ги имаш дома? За колку време го пречистуваат воздухот?
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.623
3.175
@Lokvan, имаш ли измерено колку е ефикасноста на билките што моментално ги имаш дома? За колку време го пречистуваат воздухот?
во негово име, нема измерено. плацебо пуштено на најјако, обвинува за психо ефекти, а самиот пати од нив.
заборава каде живее, заборава какво е загадувањето и колку време е потребно да се сведе на минимум тоа загадување. зборува за хемикалии и отрови, ја промашува основната работа, механичко загадување.
очигледно нема деца, оти ако има ќе знае како се обезбедува домот за деца да не направат глупост. не живеат во стаклено ѕвоно, но не им носам отровни растенија во период кога се ставаат во уста. тоа е дебилно. обзбедување на дом, е сосем друга работа и нема зошто да ја трујам темава со тоа.
ајде локване, ќе дојде загадувањето, земи мерач од некого од форумов и измери како ти е дома во џунглата. фотографирај и објави.
доволно е објаснување на темава. супер е да се живее на планина и да се има цвеќиња по дома. ама живееме во скопје и се гушиме во смог. подобра опција од механички филтер на кој има секакви додатоци кои го подобруваат прочистувањето за жал нема. ок, подобро е да се иселиш.
 

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
@Lokvan само внимавај, повеќето од цвеќињата прочистувачи се отровни. Треба внимавање со мали деца.
Јас моментално користам и Winix и го полнам станот со цвеќиња (ем прочистуваат ем естетски добро изгледаат), дури и во спална соба ставам алое вера - кое испушта кислород преку ноќ.
Ќерка ми (2,5г.) од мала е учена дека не смее да ги чепка растенијата во станот.
А како бонус, планирам и зачински билки, во чиста земја со течно губриво од калифорниски црви, кои ќе се користат за јадење :)

Друга работа со цвеќињата, тие прочистуваат, ама ја немаат брзината на прочистување како прочистувачите.
Само цвеќиња, би биле по ефикасни само кога се работи за затворен простор, на кој не му треба луфтирање.
Прочистувачот, во зимски услови, отворам прозор во спалната соба неколку минути, го пуштам на турбо прочистувачот и добивам чист воздух + кислород за 15тина минути. Цвеќиња би требало денови да поминат за да го средат воздухот.
Систем со алги може да замени 30тина растенија кога станува збор за емисија на кислород. За филтрирање од јаг.диоксид. А за филтрирање од други штетни гасови алгите не помагаат како растенијата, а особено не отворањето на прозорец.
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
во негово име, нема измерено. плацебо пуштено на најјако, обвинува за психо ефекти, а самиот пати од нив.
заборава каде живее, заборава какво е загадувањето и колку време е потребно да се сведе на минимум тоа загадување. зборува за хемикалии и отрови, ја промашува основната работа, механичко загадување.
очигледно нема деца, оти ако има ќе знае како се обезбедува домот за деца да не направат глупост. не живеат во стаклено ѕвоно, но не им носам отровни растенија во период кога се ставаат во уста. тоа е дебилно. обзбедување на дом, е сосем друга работа и нема зошто да ја трујам темава со тоа.
ајде локване, ќе дојде загадувањето, земи мерач од некого од форумов и измери како ти е дома во џунглата. фотографирај и објави.
доволно е објаснување на темава. супер е да се живее на планина и да се има цвеќиња по дома. ама живееме во скопје и се гушиме во смог. подобра опција од механички филтер на кој има секакви додатоци кои го подобруваат прочистувањето за жал нема. ок, подобро е да се иселиш.

Ја читам темава и морам да се вмешам после 10тина поста натиго дајмиго. @Lokvan многу добро ја кажува својата теза, и воопшто не ви ги напаѓа, ниту пак тврди дека се лоши драгоцените ви филтри за воздух. Тврди дека единствено се добри за механички загадувачи. ПМ честички, прашина. влакна, јас би дополнил полен ако имаат саглам филтер. И тука некаде им е крајот. Што правиме со Хемикалиите. Азотни соединенија и гасови, ЦО2, ЦО, разни органски загадувачи, итн. Дополнително што многу сумљиво работат они со вграден јонизатор па некои други и озонер, кои освен поскапите модели кои се добро испитани, другите може и да се здравствено опасни.
Еве ја неговата теза, која потполно држи вода.
Јас не бирам меѓу едното и другото, ниту тврдам дека не треба да се користат филтер уреди. Тврдам дека филтер уреди лошо (или никако не) одстрануваат хемиски загадувачи, и затоа комбинацијата од филтер уреди и билки е тоа што е потребно. Едните филтрираат механички честички како прашина и саѓи од ќумбиња, вториве филтрираат хемиски загадувачи.
Тоа е тезата. Само филтер уред не е доволно. Најдобра е комбинацијата од филтер уреди и билки. Ништо повеќе и ништо помалку.
 
7 февруари 2013
948
1.086
Ме интересира колку само од кориснициве што купуваат прочистувачи на воздух се пушачи ... која е таа иронија..

А секако, подобар филтер за воздух од цвекиња во домот нема.. Прозори кај мене зимно време не се ни отвараат, секогаш е свеж домот со чист воздух

Испратено од SM-N960F преку IT.mk форум апликација
 

Speedster

hello world
1 јануари 2016
463
427
Дали може да се помогне без да се влече на една или друга страна или ако се влече да се кажат факти од луге што стварно ја разбираат раб . Зашто земав Грее се средив ај што испушта озон плус и почна да мираса иако сменет големиот главен филтер . А тоа дека јас несмеам да избришам по дома зашто ако избрисам со ајакс или било кое средство подот тогаш одма филтерот / прочистувачот треба да почне да мириса чисто сумјам . Тоа е исто со некој да ми дојде на гости со јак парфем и значи ако мене ми е прочистувацот упален после тоа треба да менјам сите филтри или прочистувацот дека некој ми влегол со парфем у кука , а не да ми го прочисти воздухот . Така да тоа дека несмеам да бришам како некој погоре што напиша мислам дека не држи . Него дали може некој ми помогне ми се роди керка пред некој ден , Грее колку што касно увидов испушта озон . Дали може да ми кажете кој е болје дали Winix или Blue Air . Ке ви бидам многу благодарен на помошта знаци ке биде употребуван за во спална соба а повремено и во дневна . Исто така пошто исто ме интересира и процент на загаденост дали двата уреди дали поскап пофетин е битно ја имаат таа функција. Исто така дали двата уреда имаа серифициран филтер колку што видов мислам дека Blur Air имаше или обратно . Исто неколку страни назад мислам дека @gOJDO пишано дека мислам дека се информирал доста па земал Winix мислам . Како и да ке ве замолам на помош . ФАЛА ОДНАПРЕД :)
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.623
3.175
Активен јаглен треба да го реши проблемот со мирисот. Ако мириса и покрај тоа, тогаш можно е пластиката да е од лош квалитет, па да испушта некаква миризба. Затоа виникс има сертификати, што според некои тука беа само маркетинг. Во момент кога се е маркетинг, фирма што прави милијарди, не одвоила нешто ситно за да добие сертификати и со тоа да си ја подобри продажбата е вон памет.
@Speedster едноставно е. Види кој има дозвола за продажба на европски/амерички пазар и одлучи се за некој од нив. Лично имам виникс и сум презадоволен.
 

Speedster

hello world
1 јануари 2016
463
427
Фала ти многу @JasSum . Исто колку што гледав на google . По топ 10 брeндови на прочистувачи нема листа каде што го нема Winix . На пример од 10 webstrani на 8 Winix на 2 Blueair како бранд го имаше у топ 10 . Но еве ај ке причекам уште некое мислење ако не да се иде дирекно да се земе Winix .
 

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно