Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Слободата на говорот во модерното информатичко општество

  • Ја почнал/а темата zlaki
  • Време на почнување

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Јас научив (не дека не знаев и претходно) дека кога некој муабет макар малку ќе навлезе во политички води, некои луѓе ја губат способноста за нормално смирено разговарање - ако под нормално смирено разговарање подразбираме двострана размена на информации кои се анализираат и не се игнорираат. Малку да замириса на политика работата, и луѓево наеднаш стануваат билборди способни само за еднонасочна комуникација, прикажување на однапред зададена количина податоци (воглавно пропаганда за политичката опција која ја одбрале)
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.226
16.385

До некаде се сложувам но не сосем.
Не дека членовите се партиски војници, туку политичката тема сите нас не боли и ни стои на жуљ. Јас некако се воздржувам од коментирање но не гарантирам дека ќе се воздржам од детонирање на домашно направена експлизивна направа некогаш и негде :D
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.959
4.169
Слобода на говор е да кажеш што ти душа сака, се друго е цензура..
Не, тоа е она што ни го продаваат под "слобода на говор". Слобода на говор е да изнесеш нешто што ќе има корисен и позитивен ефект врз/за заедницата, пример разоткривање државен криминал и слични класифицирани информации, смислено скриени од јавноста. Не е слобода на говор да навредуваш, да се закануваш и шириш омраза, туку тоа е манифестација на лични фрустрации бидејќи само ти се чувствуваш подобро после тоа, додека кај останатите кои го восприемаат тој говор се создава негативна енергија, страв и слични, секако негативни, емоции и возможно - ставови. Затоа сметам дека "да кажеш се што душа ти сака" е многу широка и непрецизна дефиниција.
 
windows8

lurker
12 февруари 2012
790
1.037
Скопје
windows8's setup  
Motherboard
MSI B350 PC MATE
Keyboard
CANYON
Monitor
DELL P2416D
OS
Windows 10 x64
Не, тоа е она што ни го продаваат под "слобода на говор". Слобода на говор е да изнесеш нешто што ќе има корисен и позитивен ефект врз/за заедницата, пример разоткривање државен криминал и слични класифицирани информации, смислено скриени од јавноста. Не е слобода на говор да навредуваш, да се закануваш и шириш омраза, туку тоа е манифестација на лични фрустрации бидејќи само ти се чувствуваш подобро после тоа, додека кај останатите кои го восприемаат тој говор се создава негативна енергија, страв и слични, секако негативни, емоции и возможно - ставови. Затоа сметам дека "да кажеш се што душа ти сака" е многу широка и непрецизна дефиниција.
“Слобода на говор“ и “говор на омраза“ се многу релатвни нешта, пример: слободата на говор да кажеш дека си македонец може да премине во говор на омраза во блиска иднина, многу заебана ситуација :)
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Слобода на говор е да изнесеш нешто што ќе има корисен и позитивен ефект врз/за заедницата, пример разоткривање државен криминал и слични класифицирани информации, смислено скриени од јавноста. Не е слобода на говор да навредуваш, да се закануваш и шириш омраза...
OK, племенито и добронамерно замислено - иако можеби малку наивно. Велиш дека слобода на говор е само ако тоа што се зборува е корисно и позитивно, друго ништо да не смее да се зборува... Но те молам кажи ми кој е способен објективно и непристрасно да одлучува што е корисно и позитивно, а што е штетно?

Ти? Јас? Политичарите?
Кој е толку објективен за со мирна совест да му дадеш таква огромна моќ? Моќ по желба да цензурира СЕ што се зборува?

Навистина, ако имаш некакви заблуди за објективноста на политичарите (државата), погледни што во моментов се случува со Џулијан Асанж (да не давам домашни примери, пошто одма ќе стане токсична атмосферата)...

До некаде се сложувам но не сосем.
Не дека членовите се партиски војници, туку политичката тема сите нас не боли и ни стои на жуљ. Јас некако се воздржувам од коментирање но не гарантирам дека ќе се воздржам од детонирање на домашно направена експлизивна направа некогаш и негде :D
Не нареков никој партиски војник. Едноставно општо мислев дека кога политика влегува во разговорот, наеднаш голем дел од луѓево стануваат неспособни за нормален разговор со конструктивна двонасочна комуникација. Инаку често станува збор и за луѓе со кои на други теми може да направиш сосема интелегентен муабет.

Ако кога станува збор за политика, таквите несвесно веднаш ги делат луѓето на „свои и туѓи“. Пријатели и непријатели. Со непријателите не се дискутира, непријателите се етикетираат, демонизираат, се напаѓаат.

edit: Ни се случува трајбализам, делење на племиња. Сето тоа доведува до токсична атмосфера каде се „наградуваат“ (со лајкови, и сличнo) и најмногу се мотивираат најотровните и најпогани јазици, кои навредуваат, тие кои се изиграваат силеџии во интернет етерот. Едноставно и луѓето кои во реалниот свет никогаш не би се однесувале толку невоспитано, на социјалните мрежи се понашаат крајно вулгарно и непријателски.
Еве интересен напис за овој феномен: Are Toxic Political Conversations Changing How We Feel about Objective Truth?
 
Последна промена:

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.959
4.169
“Слобода на говор“ и “говор на омраза“ се многу релатвни нешта, пример: слободата на говор да кажеш дека си македонец може да премине во говор на омраза во блиска иднина, многу заебана ситуација :)
Слобода на говор е да си се декларира секој како што милува. А тоа што на некој со психолошки проблеми ќе му смета тоа што некој се декларира како што милува тоа е веќе говор на омраза. Значи луѓето полни со омраза се проблемот и тие треба да бидат санкционирани, мора да се искорени омразата. Се зависи од нас и мнозинството кое како такво одлучува во демократски уредените општества. Ако мнозинството одлучи дека тие што живеат овде треба на документите да се декларирани како македонци(или државјанство:македонско), тогаш така ќе биде. Живееме во заедница, сите придонесуваме за неа, сите имаме право да ја обликуваме со секакви форми на делување. Ако мнозинството на заедницата во која живееме донесе некаква одлука, макар и различна од таа која ја преферираме лично, тоа е одлука која се однесува на цела заедница. Тоа е демократијата. И убава и грда, но сепак го отсликува нивото на кое се наоѓа заедницата во просек, таа е реалната слика.

Причината за говор на омраза, понекогаш, е што некои не ја разбираат демократијата и истовремено се исполнети со негативна енергија и имаат психолошки проблеми(и секако дека не се свесни за тоа). Реално, штета што кај нас психолозите се табу тема. Мислам дека како што имаме матичен лекар, така треба да имаме и матични психолози(разговор на секои 2-3 месеци во времетраење од минимум 1 час). Некои луѓе се способни за самоконтрола, себекорекција, но некои не. Токму вториве се целната група, а останатите ќе имаат само регуларен разговор, најчесто. Секако дека не сум доволно упатен во оваа област, но мислам дека како идеја има потенцијал.

Мислам дека во основа - нашето општество е затруено. Треба систематски пристап за да се излекува и тоа ќе трае долго време.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.959
4.169
OK, племенито и добронамерно замислено - иако можеби малку наивно. Велиш дека слобода на говор е само ако тоа што се зборува е корисно и позитивно, друго ништо да не смее да се зборува... Но те молам кажи ми кој е способен објективно и непристрасно да одлучува што е корисно и позитивно, а што е штетно?

Ти? Јас? Политичарите?
Кој е толку објективен за со мирна совест да му дадеш таква огромна моќ? Моќ по желба да цензурира СЕ што се зборува?

Навистина, ако имаш некакви заблуди за објективноста на политичарите (државата), погледни што во моментов се случува со Џулијан Асанж (да не давам домашни примери, пошто одма ќе стане токсична атмосферата)...
Ме потсети на(K-Pax):
'But how do you know right from wrong?' - Dr.Powell
'Every being in the universe knows right from wrong' - Prot

edit: Ни се случува трајбализам, делење на племиња. Сето тоа доведува до токсична атмосфера каде се „наградуваат“ (со лајкови, и сличнo) и најмногу се мотивираат најотровните и најпогани јазици, кои навредуваат, тие кои се изиграваат силеџии во интернет етерот. Едноставно и луѓето кои во реалниот свет никогаш не би се однесувале толку невоспитано, на социјалните мрежи се понашаат крајно вулгарно и непријателски.
Еве интересен напис за овој феномен: Are Toxic Political Conversations Changing How We Feel about Objective Truth?
Заради ова сметам дека од секаде треба да се отстрани можноста за давање подршка( во вид на лајкови и слично) или пак да се имплементира на начин на кој објаснувам во понатамошниот текст. Со тоа ќе се задржи неизвесноста и секој поединец кој ја конзумира комуникацијата самостојно ќе извлече заклучок, односно кај секого ќе се поттикне размисловен процес. А кога постои гласање/лајкови/подршка, тој мисловен процес е заменет со прифаќање на она што е веќе прифатено од мнозинството. Ако мнозинството греши и поединецот ќе извлече погрешна информација од комуникацијата. Ајде да гласаме да се отстрани јавното лајкување на форумов, нека биде анонимно и за бројот на подржувачи да знае само тој кој го изнесол мислењето(но не и имињата/акаунтите на подржувачите). Ова секако ќе допринесе за поголема непристрасност и неутралност. Секој ќе има бројач на лајкови под својот псевдноним на форумот и соодветна титула(како сатисфакција, респект од заедницата и сл.). Истиот тој бројчаник нека се обновува секој месец, за да не може во реално време да се знае исход од одредена комуникација.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Интересно... Но ете ќе го „оправиме“ форумов. Што правиме со останите 99% од социјалните мрежи? Фејс, Твитер, Јутуп?
Трајбализмот е подоста време овде, нема лесно да се искорени (ако воопшто).

Ме потсети на(K-Pax):
'But how do you know right from wrong?' - Dr.Powell
'Every being in the universe knows right from wrong' - Prot
Дап, секој прави разлика меѓу добро и лошо - но не сите според ист критериум. И тоа е само ако одлучиме дека некој воопшто решил да прави добро (многумина дефакто и дејуре прават лошо во светов). Воедно треба да сме многу наивни за да веруваме дека политичарите се раководат според принципот „прави само добро“.

Втор пат, и се надевам дека овојпат нема да го игнорираш прашањево: Ако политичарите (државата) ни мислат добро, односно - ако политичарите ја почитуваат слободата на говор и не ги злоупотребуваат правните механизми... Тогаш што се случува со Џулијан Асанж од 2012-та па наваму? Човекот само ја практикува слободата на изразување, што му прават политичарите сега во моменотов на Џулијан Асанж?
Да политичарите разликуваат што е лошо, но што со тоа сознание, дали добро му прават Џулијан Асанж?
 
Последна промена:

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.959
4.169
Интересно... Но ете ќе го „оправиме“ форумов. Што правиме со останите 99% од социјалните мрежи? Фејс, Твитер, Јутуп?
Трајбализмот е подоста време овде, нема лесно да се искорени (ако воопшто).

Дап, секој прави разлика меѓу добро и лошо - но не сите според ист критериум. И тоа е само ако одлучиме дека некој воопшто решил да прави добро (многумина дефакто и дејуре прават лошо во светов). Воедно треба да сме многу наивни за да веруваме дека политичарите се раководат според принципот „прави само добро“.

Втор пат, и се надевам дека овојпат нема да го игнорираш прашањево: Ако политичарите (државата) ни мислат добро, односно - ако политичарите ја почитуваат слободата на говор и не ги злоупотребуваат правните механизми... Тогаш што се случува со Џулијан Асанж од 2012-та па наваму? Човекот само ја практикува слободата на изразување, што му прават политичарите сега во моменотов на Џулијан Асанж?
Да политичарите разликуваат што е лошо, но што со тоа сознание, дали добро му прават Џулијан Асанж?
Се извинувам, ненамерно било, не го игнорирам прашањето.

Политичарите се избраници на народот во своите држави. Јас би ти поставил друго прашање - дали народите во тие држави земаат во обзир како политичарите функционери го третираат Асанж? Дали можат да реагираат или да го искажат тоа на следните избори? Да, секако дека можат, и едното и другото. Прашање - дали политичарите функционери се слика и прилика на народите на државите од каде доаѓаат? Да, во потполност. Барем во демократските уредувања. Дали се слика на стадиумот на интелектуален развој на просечниот граѓанин? да, во потполност. Доколку тие народи би размислувале свесно и би разликувале добро од зло, како што секое живо суштество во универзумот може да разликува ( под добро мислам добро за секој, а не за сопствен бенефит, така да со ова мислам одговарам и на претходното прашање за различното толкување на лошо и добро. Значи зборувам за објективно толкување на добро и зло, не за субјективно. Тоа објективно толкување вклучува разгледување од сите можни аспекти. Емпатија ), тогаш ќе направат промена. Но, тие народи замижуваат, дали замаени од пропагандата или незаинтересираност, вината во целост паѓа на нив. Политичарите во суштина се умешни актери со непоштени намери и економски и логистички моќно лоби.

Познавам многу луѓе кои не сакаат да се вмешаат во политика за да не си го оцрнат ликот, она што го граделе целиот свој живот. Што кажува тоа за сцената со политичари? Дека тие се занимаваат со се освен со политика. Дури и самиот поим политика е веќе изваден од контекст од она што оригинално бил замислен. Сега е само параван што му се продава на народот и треба да симболизира нешто комплексно кое само одредени експерти знаат да го работат. Политиката во минатото постоела само како поим што однесувал на меѓународна комуникација, умешност на преговарање, извлекување поволности, компромиси без војна и слично. Сега веќе долго време упорно се форсира на домашна сцена, како поим кој се однесува на меѓупартиска јавна комуникација со цел занимавање на народот додека партиите и нивните членови си ги остваруваат своите економски агенди. А партиите не се ништо друго освен здруженија на граѓани кои работат за интересите на здружението и никој друг. Сведоци сме на спроведување на популистички мерки се со цел на стекнување на партиски поени за повторна победа на избори. Сите се тие краткотрајни бескорисни мерки за народот како целина. Единствен бенефит ќе извлечат само оние кои се блиски до партијата на власт(партиите). Ако народот е свесен и способен да размислува и расудува, тогаш овие глупости со фондовите за идеи нема да поминат неказнети. Но, пропагандата работи под полна пара, па така некои ќе заборават, некои ќе бидат замаени од пропагандата, и на следните избори некои повторно ќе дадат доверба на истите лажговци. И се така во круг.

А и "лидерските средби", кои се случуваат зад затворени врати...И сега, и Пржино. Кажуваат многу за тоа што претставуваат политичките партии. Толку од мене за политичарите одн. културно декларираните лажговци/лопови со истакнати актерски способности.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Фино размислување, и елоквентно кажано. Ајде сега најважните моменти од тоа што го кажуваш, конкретно да ги примениме на темата на дискусијава. Значи ако политичарите се корумпирани клептократи (какви што се), а мнозинството од популацијата се неуки и несвесни за злото што го прават политичарите... Тогаш откаде побогу замислата дека е можно некој политичар објективно да спроведува огромна моќ како што е цензура на слободата на говор? :)

Со оглед на кажаното, мислам дека добро ги разбираш работиве. Следно е само да ги ставиш во сите овие моменти во правилен контекст за и самиот да дојдеш до заклучокот дека случаите како Миленко се користат како casus belli за оправдување на репресивни мерки и потиснување на човековите права и слободи.

дали народите во тие држави земаат во обзир како политичарите функционери го третираат Асанж? Дали можат да реагираат или да го искажат тоа на следните избори? Да, секако дека можат, и едното и другото.
Но, тие народи замижуваат, дали замаени од пропагандата или незаинтересираност, вината во целост паѓа на нив. Политичарите во суштина се умешни актери со непоштени намери и економски и логистички моќно лоби.

Задршка само дека не целам кон амнестија на Миленко, туку само покажувам каква манипулација врз јавното мислење се прави со случаите како неговиот.

Сите знаеме дека цензура е лоша работа, ама филмот што ни се прави е дека демек морало да се сложиме со оправдувањето дека лошата работа (цензурата) е неопходна за се справиме со други лоши работи (Миленко). Но ако се размисли реално, нема таков кантар што Миленко (па уште и неколку дузини негови клонови како бонус) би ги покажал како потешки (поголемо зло) од ЦЕНЗУРАТА.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.959
4.169
Фино размислување, и елоквентно кажано. Ајде сега најважните моменти од тоа што го кажуваш, конкретно да ги примениме на темата на дискусијава. Значи ако политичарите се корумпирани клептократи (какви што се), а мнозинството од популацијата се неуки и несвесни за злото што го прават политичарите... Тогаш откаде побогу замислата дека е можно некој политичар објективно да спроведува огромна моќ како што е цензура на слободата на говор? :)

Со оглед на кажаното, мислам дека добро ги разбираш работиве. Следно е само да ги ставиш во сите овие моменти во правилен контекст за и самиот да дојдеш до заклучокот дека случаите како Миленко се користат како casus belli за оправдување на репресивни мерки и потиснување на човековите права и слободи.

Задршка само дека не целам кон амнестија на Миленко, туку само покажувам каква манипулација врз јавното мислење се прави со случаите како неговиот.

Сите знаеме дека цензура е лоша работа, ама филмот што ни се прави е дека демек морало да се сложиме со оправдувањето дека лошата работа (цензурата) е неопходна за се справиме со други лоши работи (Миленко). Но ако се размисли реално, нема таков кантар што Миленко (па уште и неколку дузини негови клонови како бонус) би ги покажал како потешки (поголемо зло) од ЦЕНЗУРАТА.
Мислам дека превземањето на мерки од страна на ОЈО е нешто што требаше одамна да се направи. И сметам дека во случајот со Миленко не се работи за неоснована цензура. Самиот поим цензура не означува нешто негативно. Има цензура на псовки во телевизиските шоуа, има цензура во филмовите, има цензура на секаде и се е тоа смислено направено зависно од аудиториумот. На социјалните мрежи опфатен е целиот аудиториум, па следствено цензурата мора да биде најрестриктивна. Не смееме да дозволиме да се сее омраза во никаква форма бидејќи таа лесно преминува од една во друга форма, лесно преминува во насилство. Миленко и сите како него мора да бидат казнети. Како и сите останати по социјалните мрежи кои се закануваат, навредуваат и шират омраза. Мора да го прифатеме фактот дека социјалните мрежи играат значајна улога во секое општество. Паралела на тежината на исказот даден на социјалните мрежи би било писмена објава на истиот тој исказ во државен дневен весник и национална телевизија. Потенцијалот и јавноста од квантитативен аспект не е воопшто занемарлив кога станува збор за социјалните мрежи, дури би рекол дека е и доста поголем. Тоа што досега немаше никаква контрола не значи дека не требало да има. Сметам дека треба да има цензура на тие три ставки - горов на омраза, закани и навреди. Цензура и санкција. Прво предупредување, па прекршочно, па кривично. Цензура на информации од јавен интерес во никој случај не смее да постои. И во случај да постои тоа нешто, народот сам мора да реагира. Протести, реакции во странски медимуми, меѓународен притисок,...молотови коктели итн. Грција и Бугарија во неколку наврати ни презентираа како се реагира на државен криминал. Со тоа што народите во тие држави се на друго интелектуално ниво, во просек, кога станува збор за националниот интерес. Кај нас сеуште се' се гледа низ призмата на личниот интерес.

Мислам дека моментално цензурата во било која форма ни претставува најмалиот проблем за кој треба да бидеме загрижени. Со претходната гарнитура постоеше многу поизразена џелатска цензура и истата брутално се спроведуваше. Но, овој народ се правеше слеп на таа цензура ( Никола Младенов побогу, зарем некој заборави?). Цензура мора да постои и нејзиното спроведување мора да биде регулирано со закон за кој ќе одлучуваат народните пратеници. И повторно, како тие ќе одлучат зависи од народот и само од него и неговата визија и капацитет. Полошо од легална праведна цензура е нелегална и џелатска цензура како претходно или немање цензура воопшто.

Еве како сметам дека е разумно да се постапи во случајот со Миленко. Би го повикал на разговор, не во полициска станица, туку на психолог, со налог од Суд, по закон. Да му се објасни зошто тоа што го прави не е исправно. Ако повторно го направи тоа, ќе плати казна за тоа што државата прави трошоци во поглед на човечки ресурси за да ги контролира изливите на омраза кои тој не може да си ги контролира. Третиот пат ќе полежи затвор каде што редовно ќе има психолошка терапија - сесии со психолог или тим од психолози. Неговите акции имаат негативни импликации врз конзументите на неговиот разглас одн. т.н фејсбук профил. И тие конзументи ќе почнат да разликуваат добро од лошо.

Правилното аплицирање на цензурата може да има само позитивен ефект врз една заедница. Џелатското аплицирање може да има негативен исто како и неспроведувањето на цензура.

Со ова во целост го искажав мојот став во врска со цензурата. Се додека преовладува разумот цензурата во правилна форма и начини на спроведување ќе има само позитивен ефект.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Уште еднаш: Ако некој се заканил тоа е нешто што е квантитавно мерливо. Ако некој се заканил со „метак во глава“, тоа секако е закана за убиство. Постојат јасни закони за закани и насилство, и за тоа кои се казните за давањето такви закани.
Од друга страна говор на омраза може да биде буквално било што. Говор на омраза квантитавно воопшто не е мерлив како заканите, или било кое друго прекршување на законите.

Навистина се надевам последен пат морам да го повторам ова за Миленко: Ако е точно тоа што беше изнесено за заканите и повикување на насилство, тогаш судот веднаш нека го гони за тоа кривично дело - за закани со насилство.

Аман. Миленко одамна веќе стана заморно клише во муабетов. Зборуваме за нешто бескрајно многу поголемо од еден Муленко - многу ли барам ако замолам да го заборавиме дрвото барем на некое кратко време додека дискутираме за шумата?

Се додека преовладува разумот цензурата во правилна форма и начини на спроведување ќе има само позитивен ефект.
Хмм... „Се додека преовладува разумот... цензурата ќе има само позитивен ефект“. Но ова мисла баш и нема некоја логика. Пошто токму ако секогаш преовладува разумот - никогаш не би имало потреба од нешто како цензура. Нели?

Друже. Ајде да се вратиме едно прашање кое многу пати го поставив, и на тебе и на многу други, но никој никако да ми го одговори. Би бил благодарен ако ми одговориш (и мене, ама и себе): Кој е тој што одлучува што ќе се цензурира? Истото и за сите можни рационализации на таа репресија, кој одлучува што е „правилна форма на спроведување на цензура“?

Ајде елементарно, да се обидеме да дојдеме до заеднички заклучок. Прво ова со прашањево да го расчистиме, па потоа да видиме како ќе ни одат размислувањата.
 
Последна промена:

kebe

hello world
29 март 2012
306
280
Јас сум навистина изненаден и навреден од вашиот говор на омраза. Ве молам престанете.
 
Daniel86

poweruser
28 мај 2013
4.395
12.062
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Aula Moon Slasher
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Asus TUF Gaming VG27AQ3A
OS
Windows 11 Pro

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.903
5.621
Можно ли е сајт да преживее надвор од најпопуларните платформи? Ќе дознаеме наскоро. ⋆ IT.mk

Еве еден блатантен пример за злоупотреба на моќ, и кршење на правото на слобода на говор. Социјалните мрежи не се ни суд ни судии за да одлучуваат што е а што не е „говор на омраза“.
Да беше до мене глупанов уште одамна ќе го изгасев. Слободата на говор, не е истовремено и право јавно да тресеш глупости, навреди и закани. А овај богами со милиони следбеници и тоа како е во групата на медиуми или особи кои имаат големо влијание. И после ќе каже некоја зелена како што му е секој 2 збор, и некоја будала ќе потепа пола школо.
Шти се однесува до социјалните медиуми, они не судат, него викаат по нашите стандарди (како приватни компании) овој не го сакаме. Има таму ТОС нека си чита и нека се придржува, ако не чао адио.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.601
3.212
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
@Lokvan и @marv Нека смени декој аватар, помислив дека Yoda не само што збори обратно, туку почнал сам со себе да си збори :p
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
217jy0.jpg
Да беше до мене глупанов уште одамна ќе го изгасев. Слободата на говор, не е истовремено и право јавно да тресеш глупости, навреди и закани.
Напротив слобода на говор е токму право и да тресеш глупости.
Не ми е јасно зошто толку многу луѓе не го разбираат овој факт. Легално секој смее да биде глуп и да зборува глупости (а твое, мое, и сечие право е дали ќе го слушаме или ќе го игнорираме). Па замисли само - ако со закон се забрани да се тресат глупости - наеднаш 99.9% од луѓето нема да смеат ништо да кажат. :D

Но ако се работи за заканување и други кривични дела, тогаш си постојат судови и судски процеси за да се утврди кој е крив. Maрк Цукерман, Сергеј Брин, Лери Пејџ, и другите IT газди, не се ни судии ниту сe полиција. Немаат право да одлучуваат што е кривично дело а што не е, а според ниедни други критериуми немаат право на никој да му одземаат слобода на говор и на изразување... Ова се фактите, и сеедно е колку тебе (или мене) лично не ни се допааѓаат суратите како Алекс Џонс (или кој и да е друг).
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.601
3.212
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Posle 10+godini ne mi pada na pamet

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
А не, прво преговори за аватарот во посредство со модератор, кампања па реферундум... Форумов ќе одлучи за аватарот :D.
Се извинувам за оффтопик и за благо тролање, ама сметам дека на темава и фали малце ,,посветли" моменти, знае да забега.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Можно ли е сајт да преживее надвор од најпопуларните платформи? Ќе дознаеме наскоро. ⋆ IT.mk

Еве еден блатантен пример за злоупотреба на моќ, и кршење на правото на слобода на говор. Социјалните мрежи не се ни суд ни судии за да одлучуваат што е а што не е „говор на омраза“.

Многу ме интересира како Twitter е крив за кршење на слобода на говор, така што спреми еден километарски пост и те молам објасни ми.

Јас можам да ти кажам во 3 реченици зашто ситуацијава е сосема нормална и дека ова што го постираш е комплетна глупост, ама поинтересно за сите ќе биде ако продолжиш со ширење на твојава агенда.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.822
6.520
SK
Тајлер, ти си еднакво спремен да ги игнорираш фактите и во краток и во подетално образложен пост.
Јас можам да ти кажам во 3 реченици зашто ситуацијава е сосема нормална и дека ова што го постираш е комплетна глупост, ама поинтересно за сите ќе биде ако продолжиш со ширење на твојава агенда.
Не дека поназад не се обиде и во многу повеќе од 3 реченици, но проблемот кај тебе не е во бројот на речениците - туку во бројот на фактите.

Патем фала за очигледниот ад хоминем, ефикасно покажуваш каква „дискусија“ се прави кога се игнорираат фактите а инсинуациите и шпекулациите се претставуваат како факти. Не дека си ти лично крив што на ова е спадната културата на јавното дискутирање во ова општество, но секако и самиот активно придонесуваш кон проблемот.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.903
5.621
217jy0.jpg

Напротив слобода на говор е токму право и да тресеш глупости.

..., а според ниедни други критериуми немаат право на никој да му одземаат слобода на говор и на изразување...

Слободата за тресење глупости, говор на омраза, повикување на насилство, итн, итн. Да е право на секого но не без последици. Првиот амандман на УСА за кој сите се факаат како слепи за стап важи само И само за владините институции.
"Congress shall make no law respecting an establishment of religion, or prohibiting the free exercise thereof; or abridging the freedom of speech, or of the press; or the right of the people peaceably to assemble, and to petition the Government for a redress of grievances."
Заднје колку знам сите овие што го банираа не се владини институции. Сите си имаат свои политики за користење, и ако ти се свиѓаат ОК, ако не пријатно. Не му го угасија сајтот него, ете му го нека си пишува.
Човеко башка има јавни настапи на собори и трибини каде јавно повикува на насилство против трансексуалци, педери, лејзбејки, 9/11, тоа масакрот и школото, итн. За тоа и се води званична постапка во Сад и ќе видиме.

Значи, уште еднаш. ФБ, АППЛЕ, Гоогл и остали, се приватни "издавачи" и можат да тераат уредувачка политика како им е мило. Исто како и секоја тв или весник во светот па и кај нас.

Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.814
10.135
Тајлер, ти си еднакво спремен да ги игнорираш фактите и во краток и во подетално образложен пост.

Не дека поназад не се обиде и во многу повеќе од 3 реченици, но проблемот кај тебе не е во бројот на речениците - туку во бројот на фактите.

Патем фала за очигледниот ад хоминем, ефикасно покажуваш каква „дискусија“ се прави кога се игнорираат фактите а инсинуациите и шпекулациите се претставуваат како факти. Не дека си ти лично крив што на ова е спадната културата на јавното дискутирање во ова општество, но секако и самиот активно придонесуваш кон проблемот.

Twitter има сопствен ToS (Terms of Service) и Community Guidelines кои ги прифаќаш пред да го користиш сервисот. Алекс Џоунс ги прекршува пропишаните правила на платформата која е во приватна сопственост. Алекс е баниран и причината апсолутно не е поврзана со „немање слобода на говор“, кратко и јасно.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно