Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!
Статус
Затворена за нови мислења.

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.179
Ми треба уште време за тестирање кога се надевам дека ќе напишам малку подетално едно мое виидување за DNA како и за Replay. Она кое сега ме стимулира да напишам е што онака пафкајќи, зема и жена ми еден паф со DNA. Првичната реакција беше „ова многу брзо реагира“. А беше пафнала само Ендура претходно.

Како поминува време така се повеќе почнувам да се воодушевувам на DNA. И како повеќе осознавам можам да забележувам разлики. Ајстикот го вратив на 1.00 фирмвер и веќе не ме вади од TC. Ќе пробам пак 1.03 а за лисицата сеуште немам време.

Од оваа перспектива DNA нуди навистина голема прецизност во TC. 316 профилот (не знам дали е 316L во искрајб зашто не сум го запалил) е одлично дотеран. На иста ватажа резултатите се конзистентни. Бидејќи често милувам поладен вејп лесно доаѓам до температурниот лимит кој ме прекинува за кратко. Кај Риплеј интересно е што ова не се случува. Има некој параметар кој јас не можам да го видам но тера до недоглед и еднаш до два пати во денот може да се случи check atomizer која порака е чинам несоодветна зашто сум скоро сигурен дека е постигнат температурен лимит со забревтан вејп.

Кога од брзање ќе се зезнам и ќе стиснам дека сум ставил нов коил (а е истиот од претходно) темературната контрола се разбира ја зезнувам. Не знам како но Риплеј дури и кога задава нова вредност на отпор повторно почнува од нула и не греши. Ова ми е чудно. Барем колку што можев да забележам од досегашното скромно искуство со немање време да се посветам ни оддалеку како што треба. Можеби има влијание сензорот за амбиентална темература, можеби претходни информации... не знам.

Како и да е риплеј нуди комфор на притискање, вејп и селектирање на посакувана температура во два едноставни чекори. Не со бројки туку на осет што многу олеснува при промена на амбиентална температура, течност, грејач и сл.

Прихит на риплеј е фабрички добро подесен за лесен билд од една жица. 1ом SS316, 11-12W и Риплеј си е инстантен. Не и пред меморирање на паф, кога ми изгледа дека прихитот или е оф или е со помал интензитет.

Повторно ќе речам уште ми е рано. Морам да навлезам повеќе во проблематиката. Ама сум се повеќе сигурен дека DNA не е шала и сум пресреќен со изборот.
 

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.660
13.707
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Баш ќе пишев. Откако SDNA отиде да се сретне со Големиот Маниту, се вратив на Рулето, но температурната контрола ми беше многу променлива - час добра, час преслаба (повеќе накај второво). Му ставив неколку материјали (TFR) за челик, но ситуацијата не се подобри премногу. Конечно најдов време да му направам Case Analyzer и ситуацијата е многу подобра, иако уште е рано да се каже со сигурност (буквално пред 5 минути го завршив). Сега веќе не мора да кревам до 240 степени, туку и на 215 го дава чувството на кое бев навикнат (нели, атомизерот е ист, кучичот).

Крајот на анализата:

Clipboard01.png

АвтомаЦки си ги внесе податоците:

Clipboard02.png
Но при Upload се заблокира Рулето, не реагираше на команди (а пуцаше), екранот остана на некаде 5% осветленост (само се насетува дека нешто пишува на него). Тоа ми се случи и пред неколку дена при полнење, soft reset го оправи. Лош знак е, но не можам ништо (веќе го подместив рибонот на екранот и нема Screen Disconnects). Затоа и ги правев скриншотиве, бледо се сеќавам дека имаше проблем и при аплоудот на некој друг мод, па за секој случај. Добро ми дојде да не ја изгубам работата од неколку саати. Ќе видиме.

Инаку, ова беа оригиналните поставки:

Clipboard03.png
Калибрацијата се прави според видеото, се остава модот долго време со вклучен УСБ кабел во него, но не и во компјутер, со термометар покрај него, за да се олади на собна температура (многу време му треба, функцијата е експоненцијална; најдобро десетина саати). Кога ќе се стабилизира температурата, се приклучува на компјутер и како на моите скриншоти, се удира Mod>Thermal>Case Analyzer. Се внесува собната температура и се остава да работи. Ова приклучување треба да се изведе што побрзо, за да не се загрее модот од тоа што почнал да се полни. Понатаму се` е автомаЦки (си го полни и лади неколку пати).

Собната температура треба да биде константна цело време, но кај мене варира, не е климатизирано, па тоа внесува непрецизност, но тоа е. Пред да почнам, на дигиталниот термометар видов дека температурата расте во моментот, па внесов пола степен повисока. За пола саат, колку што му требаше да почне, ја погоди точно таа температура (имав среќа). :hay:
 

shitpost101

hello world
9 февруари 2018
407
297
ја вака чисто да прашам, ми подарија умбрела цигара и течност... е сега незнам дали ја ептен брзо ја трошам или едноставно е срање квалитет, као првично викам да пробам да не трошам толку пари на цигари, али вака ми дадоа 10мл шишенце за 2-3 дена го потрошив, Некој инсајт да даде колку трошите на ден. ?
 

Ace Lud

Баниран/a
7 април 2012
1.130
2.098
USA
PrivateLadyEscorts.com
ја вака чисто да прашам, ми подарија умбрела цигара и течност... е сега незнам дали ја ептен брзо ја трошам или едноставно е срање квалитет, као првично викам да пробам да не трошам толку пари на цигари, али вака ми дадоа 10мл шишенце за 2-3 дена го потрошив, Некој инсајт да даде колку трошите на ден. ?
10мл на 2-3 дена тоа е одлично ја 20мл на ден
П.С: колку цигари си пушел(пушиш) + нивната цена и ке видиш кај си

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

shitpost101

hello world
9 февруари 2018
407
297
10мл на 2-3 дена тоа е одлично ја 20мл на ден
П.С: колку цигари си пушел(пушиш) + нивната цена и ке видиш кај си

Sent from my Mi A1 using Tapatalk

Абе се воздржувам по малце...ама така по таа математика поскапо и од цигари испаѓа 30 мл да е 450 ден, ти значи трошиш по да речеме 300 денари/ден ...а, ја обично трошев по 1 кутија на ден што значи 85 ден, ова коа требаше поефтина алтернатива да ми биде. xD
 

OldSchoolPvP

lurker
13 февруари 2014
744
1.169
Shutter Island
ја вака чисто да прашам, ми подарија умбрела цигара и течност... е сега незнам дали ја ептен брзо ја трошам или едноставно е срање квалитет, као првично викам да пробам да не трошам толку пари на цигари, али вака ми дадоа 10мл шишенце за 2-3 дена го потрошив, Некој инсајт да даде колку трошите на ден. ?

Порано мислам имавме на некоја страна пишувано кој колку троши ама неможам да го најдам во индексот сега.
Инаку сосема океј ти е таа потрошна, повекето се на diy затоа им е поевтино него да купуваат готова манџа.
Јас сум променлив вчера на роденден бев само вечерта имав едно 10-15 мл изпарено за 2-3 саати, еве денес до сега дали 2мл имам. ( Директ инџекшен ), иако има некои и mtl што парат повеќе него ние на дробно.
 
28 јануари 2017
2.066
4.729
Ресен
Одговорот зависи од тоа каква цигара имаш и колку тргаш.

Едит: @shitpost101 не кажа, каква цигара имаш?
 
Последна промена:

shitpost101

hello world
9 февруари 2018
407
297
@shitpost101
А здравјето по која цена го рачунаш?

Незнам што да кажам искрено пушач сум 12 години,а ако веќе збориме во однос на рак и тие работи има доста луѓе што немаат пушено па умреле од рак на бели дробови...мене ми беше поентата да ми е поефтино, да не беше така едноставно само ке ги баталев скроз.
 

shitpost101

hello world
9 февруари 2018
407
297
Да ти кажам право само тоа ми остана, за тоа такозвано здравје, остаив пиење,турско кафе, нескафе, 3 во 1, како, благо, газирани сокови...само уште ова ми остана и да се обесам веќе. xD

Одговорот зависи од тоа каква цигара имаш и колку тргаш.

Едит: @shitpost101 не кажа, каква цигара имаш?
некоја умбрела аио на страната пишува 1800 дека е.
 
Изменето од модератор:

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Таман е цигарата и таман си со течноста. За поефтино кај @MikickoHC или @Sharlovski , или миксај си са течности.
Лично искуство 5+ со двајцата.
 
Последна промена:
28 јануари 2017
2.066
4.729
Ресен
Его Аио, таман си е тогаш, посебно кога ќе земам предвид дека ти е тазе и тргаш доста често. Колку никотин користиш? Дали те задоволува ударот/гребењето на грло? Ако на второво одговорот ти е “не“ тогаш треба да зголемиш никотин и ќе ти се намали малку и потрошњата.
90% од почетниците со таков тип на цигара трошат од 2-4мл на ден.

Да, квалитетните течности во Амбрела се скапи (Flavor Art), по евтините не ги имам пробано али по кажувано (и тука на форумов) не биле баш нај нај. Ако користиш да речиме исклучиво Flavor Art, иста ќе ти е математиката со цигарите (здравјето тргнато на страна).

За по евтино би било да земиш течност од локалниве “миксери“ ако можам така да кажам а за нај евтино е да мешаш сам. Делува прилично застрашувачки и комплицирано на почеток али малку по малку му се зема редот, сака доста време и читање бидејќи има и заебани состојки (никотинот) кој во концентрирана форма не е за потценување и грешките може да се фатални посебно со деца и миленичиња.

@Ace Lud
- Имам томос 50 кубици, ми го дадоа на поклон ама некако многу бензин ми троши, 2-3 литри, колку ви оди вас на 100км?
- Супер си со томосот, јас со Харлито 20л/100км не ме вадат.
Морав Аце, извини :)
 

shitpost101

hello world
9 февруари 2018
407
297
Его Аио, таман си е тогаш, посебно кога ќе земам предвид дека ти е тазе и тргаш доста често. Колку никотин користиш? Дали те задоволува ударот/гребењето на грло? Ако на второво одговорот ти е “не“ тогаш треба да зголемиш никотин и ќе ти се намали малку и потрошњата.
90% од почетниците со таков тип на цигара трошат од 2-4мл на ден.
4mg е колку што приметив, сега за сега ми е ок, али имам тенденција да ми треба појако после некое време така и со цигарите беше, но за тоа понатаму ке гледам.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.179
@shitpost101 немој да тргнуваш од математика за колку е поефтино. Тоа е многу лошо осмислена кампања на Амбрела. Може и да штедиш финансиски во однос на цигари ама зависи од многу фактори како што ти напоменаа.

Се додека си на ум дека цигарите или овие ециг е исто, и дека умираат и оние кои не пушат, извини вака што ќе ти речам директно, ама ништо не си направил. За да прифатиш ециг мора малку да имаш и став зашто се разбира дека на прва проба регуларните цигари ќе ти изгледа дека ништо не може да ги замени.

Туку дур ми е тука мислата да се пофалам со една матна фотка од овој т4елефонов кој му дојде време да го сменам:

20180521_162947.jpg
 

shitpost101

hello world
9 февруари 2018
407
297
@shitpost101
Се додека си на ум дека цигарите или овие ециг е исто, и дека умираат и оние кои не пушат, извини вака што ќе ти речам директно, ама ништо не си направил. За да прифатиш ециг мора малку да имаш и став зашто се разбира дека на прва проба регуларните цигари ќе ти изгледа дека ништо не може да ги замени.

Се имав едно време 1 година откажано, башка не ми е тоа проблем да речеме овие денови дур ја имам е-циг, немам цигара запалено.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.179
Се имав едно време 1 година откажано, башка не ми е тоа проблем да речеме овие денови дур ја имам е-циг, немам цигара запалено.

Ако си најдеш поефтин извор на течности како повеќето нас тука, и ако грејачите не ти се од тие од амбрела по 200-300 денари туку како на пример нарачка од интернет (или локално ако некој од нашите ги нуди) во најмала рака финансиски ќе ти дојде исто како цигарите што си ги пушел. Ако не и нешто поефтино.

За некој месец ако решиш да навлезеш во проблематиката може да дојде и многу поефтино.

Јас цугам 5 мл на ден во просек.
 

shitpost101

hello world
9 февруари 2018
407
297
во однос на грејачот, некако многу брзо ми угрева, или ја врска си немам или грејачот.
 

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.660
13.707
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Сигурно е грејач со мала отпорност.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.080
14.179
Бидејќи добивам ПП со прашања а и знам дека некој од Вас веќе го нарачаа сакам и овде официјално да потврдам:

$14.43 KF Prime Styled RTA Rebuildable Tank Atomizer - 316 stainless steel / 22mm diameter at FastTech - Worldwide Free Shipping

Работи како што треба!

Се пожалив дека тече. Бев новајлија и најверојатно не ставав памук како што треба. Сега кога му го земав редот се појавуваа само капки горе кај отворот за дополнување. Сменив гумичка од комплетот кој дојде со него. Сега е сув барут.

Можно е таа горна гумичка да сум ја уништил јас додека сум местел капаче без да го наводенам орингот.

Значи уште еднаш, функционира одлично и да не ви е мака што сте нарачале.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно