Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Телевизори (искуства, препораки, совети, мислења...)

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
При кратка споредба на двата во дуќан (никаква темелна споредба само онака површинска споредба) сликата на LG 49UJ7507 беше супериорна и општо MU серијата на Самсунг е послаба од претходната KU серија (и според мислење на корисници а и лично се уверив).

ЛГ користи RGBW што мене лично не ми прави ќеиф но помеѓу овие два модела јас лично без размислување би го зел ЛГ-то според квалитет на слика а за други опции не сум запознат пошто ми беа секундарни.

Ме интересира врз кои критериуми ги донесе овие заклучоци?
Дали на телевизорите беше пуштено ДЕМО или одеа кабелски канали?
Какви беа поставувањата и сетирањата?
Дали телевизорите беа иста големина на екраните? Веројатно да зошто кажа дека за конкретните модели кажуваш мислење.

Зошто МU серијата би била подобра од KU, кога користените панели се идентични, електрониката е идентична, евентуално промена во фрејмот има, ако тоа влијае.

На хрватските сајтови има многу добри експерти кои што вршат мерење на светлината, имаат термални камери и еден куп други работи :)
 
Delta111

hello world
23 мај 2010
134
146

Кажав само површинска споредба што значи не сум бил во можност да ги подесам на максимално убава слика туку била (претпоставувам) фабричката :).

Мислам дека и двата беа 49“ или едниот 49“ другиот 55“. Проблемот е што кај нас не пуштат едно демо да се врти на сите телевизори (како во странство што имаат обичај) туку секој бренд свое видео или статична слика. Од тоа што беше пуштено ЛГ-то мене ми беше подобро.

И во Нептун и во Анхоч имаат КУ и МУ и на двете места сликата на КУ е поинтензивна и боите делуваат поживо (не во негативна насока). Во Анхоч ги имаат поставено двата модела еден до друг и ептен ми беше евидентна разликата. Не се приметува колку е послаба МУ ако е сама тогаш сликата делува топ.

Затоа најубаво секој сам да си провери пошто не секој има исти критериуми за квалитет на слика (на страна рецензии коишто можат но и не мора да се финален репер за избор) :).
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Затоа и прашав. Помеѓу 49", 50" и 55" има огромна разлика како во панелите, така и во производителите на самите панели.
Тоа се и главните разлики кои можеш да ги видиш кога ги имаш телевизорите еден до друг.
Исто демо не се пушта од проста причина: ЛГ ако му пуштиш црни сцени ке се изгуби во просторот и времето, а на Самсунгот ако му пуштиш живи бои, ке ти го распара окото. Не е случајно редењето на телевизорите секој на својот штанд.
+ еве ти инфо дека скоро сите 55" телевизори, користат ИПС панел, но од различен производител. :)
Филипс и ЛГ користат ЛГ, Сони користи ЛГ, Самсунг користи ИПС/ПЛС нивни итн :D
 
olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.882
3.809
И во Нептун и во Анхоч имаат КУ и МУ и на двете места сликата на КУ е поинтензивна и боите делуваат поживо (не во негативна насока). Во Анхоч ги имаат поставено двата модела еден до друг и ептен ми беше евидентна разликата. Не се приметува колку е послаба МУ ако е сама тогаш сликата делува топ.

KU-серија е ланска 2016, MU-серија е само наследник од оваа 2017 година :) Ништо разлика не би требало да имаат, може само различни подесувања да биле, различни панели и слично.

Инаку за LG, лани земав 3 комада и ги враќав (49UH6507, 43UH610V и LH560V), по катастрофа слика немав видено на телевизор задниве 10 години, џабе и IPS панел и све, кога ставаат ефтини RGWB панели, со излитени бои, никаков контраст, слаб агол на гледање и слично. И на интернет рецензиите истото го пишува, и неколку луѓе тука исто имаа пишано лани кога земаа слични модели и беа крајно разочарани од сликата.
LG-то што го имав земено пред 4 години LA660S има 5 пати поубава слика и бои од овие денешни 4к ѓубриња. Плус ми се погоди со Sharp ASV-VA панел со одличен контраст, бои, а за агли на гледање подобро и од најдобрите IPS, скроз од страна гледање нема никакво избледување на бои, glow, или било што.
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Читајќи ги дискусиите на форумот на крајот ни самиот незнам што да одберам. Ајде вака. Дајте ми предлог за некој тв 43 или 49 инчи, кок има убава слика, бои, контраст, агол. Телевизорот ми е за гледање тв и по некој филм од интернет. Игри не ме интересираат
 
Pane-G

user
9 мај 2012
1.678
1.005

До колку буџет ?

Sent from my iPad using Tapatalk
 
Delta111

hello world
23 мај 2010
134
146
Затоа и прашав. Помеѓу 49", 50" и 55" има огромна разлика како во панелите, така и во производителите на самите панели.
Тоа се и главните разлики кои можеш да ги видиш кога ги имаш телевизорите еден до друг.
Исто демо не се пушта од проста причина: ЛГ ако му пуштиш црни сцени ке се изгуби во просторот и времето, а на Самсунгот ако му пуштиш живи бои, ке ти го распара окото. Не е случајно редењето на телевизорите секој на својот штанд.
+ еве ти инфо дека скоро сите 55" телевизори, користат ИПС панел, но од различен производител. :)
Филипс и ЛГ користат ЛГ, Сони користи ЛГ, Самсунг користи ИПС/ПЛС нивни итн :D

Во ред е тоа секако постојат разлики ама ако е користен ист панел и иста електроника (иста серија) нема да има значителна разлика помеѓу 49“ и 55“ (потенцирам значителна а би требало и ако има разликата да е минорна).

Точно е дека секој производител си ги знае слабостите и се труди да ги истакне добрите особини но затоа е форумов да им ги откриеме слабостите или пак да ги потенцираме според нас јаките страни. Воопшто не сум љубител на пуштање демо фотографии наместо видео небаре го зимаш тв-то за гледање фотки :D. Самсунгот некои модели имаат пресатурирани бои но освен да ги споредиме во дуќан по можност со демо стик и не ни преостанува друго за споредба. Да сме развиена земја би имало демо соба па ќе наместиш неколку модели еден до друг темелно ќе ги истестираш во различна светлина и го земаш според тебе најдобриот. Пошто кај нас нема демо соба ќе го тестираш на неонка, ќе читаш рецензии и ќе фрлаш лото дека ќе ти се падне добар панел пошто не мора модел во Германија (одличен на тестови) да го има истиот панел за Источна Европа каде ние со гордост сакаме да припаѓаме :D.

Инаку Самсунг користи VA панели, LG IPS а SONY IPS и VA панели во зависност од серијата :).

KU-серија е ланска 2016, MU-серија е само наследник од оваа 2017 година :) Ништо разлика не би требало да имаат, може само различни подесувања да биле, различни панели и слично.

Инаку за LG, лани земав 3 комада и ги враќав (49UH6507, 43UH610V и LH560V), по катастрофа слика немав видено на телевизор задниве 10 години, џабе и IPS панел и све, кога ставаат ефтини RGWB панели, со излитени бои, никаков контраст, слаб агол на гледање и слично. И на интернет рецензиите истото го пишува, и неколку луѓе тука исто имаа пишано лани кога земаа слични модели и беа крајно разочарани од сликата.
LG-то што го имав земено пред 4 години LA660S има 5 пати поубава слика и бои од овие денешни 4к ѓубриња. Плус ми се погоди со Sharp ASV-VA панел со одличен контраст, бои, а за агли на гледање подобро и од најдобрите IPS, скроз од страна гледање нема никакво избледување на бои, glow, или било што.

Во право си, LG моделите што ги спомна се од послабите но ќе се сложиш за просечен корисник што првенствено го интересира цена а се друго му секундарно и не се така лоши :D. Имам познати што воопшто не читаат рецензии туку одат во дуќан го прашуваат продавачот што е тука најдобро за таа цена и се враќаат дома со ЛГ презадоволни. Просечен корисник ниту знае за RGBW ниту да бидеме реални би приметил разлика и да му посочиш. Сака само да има пристојна слика и да не му се расипе бргу па да се матка по сервиси друго и не го интересира а такви се најголем дел од купувачите, среќа нивна. Ние „цепидлаките“ за добра слика губиме време по рецензии, па споредби, па форуми ама тоа е тоа, сакаме максимум за парите односно најдобар однос цена и перформанси :).

Тоа за разликата во квалитет помеѓу KU и MU моделите и мене ме изненади но ете и лично се уверив (според фабрички подесувања не сум ги тестирал со лично видео) на две различни места и плус доста читав по форуми така има и други што истото го тврдат дека MU серијата е степеница под KU серијата, зашто и како си знае Самсунг
smile.png
.

Sharp знае да има доста солидни панели и модели но штета што е кај нас послабо застапен и воопшто да бидеме реални кај нас се носат претежно поефтините серии од речиси сите брендови што е секако поврзано и со малиот пазар и слабата куповна моќ на населението.
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Во ред е тоа секако постојат разлики ама ако е користен ист панел и иста електроника (иста серија) нема да има значителна разлика помеѓу 49“ и 55“ (потенцирам значителна а би требало и ако има разликата да е минорна).

Точно е дека секој производител си ги знае слабостите и се труди да ги истакне добрите особини но затоа е форумов да им ги откриеме слабостите или пак да ги потенцираме според нас јаките страни. Воопшто не сум љубител на пуштање демо фотографии наместо видео небаре го зимаш тв-то за гледање фотки :D. Самсунгот некои модели имаат пресатурирани бои но освен да ги споредиме во дуќан по можност со демо стик и не ни преостанува друго за споредба. Да сме развиена земја би имало демо соба па ќе наместиш неколку модели еден до друг темелно ќе ги истестираш во различна светлина и го земаш според тебе најдобриот. Пошто кај нас нема демо соба ќе го тестираш на неонка, ќе читаш рецензии и ќе фрлаш лото дека ќе ти се падне добар панел пошто не мора модел во Германија (одличен на тестови) да го има истиот панел за Источна Европа каде ние со гордост сакаме да припаѓаме :D.

Инаку Самсунг користи VA панели, LG IPS а SONY IPS и VA панели во зависност од серијата :).

Во право си, LG моделите што ги спомна се од послабите но ќе се сложиш за просечен корисник што првенствено го интересира цена а се друго му секундарно и не се така лоши :D. Имам познати што воопшто не читаат рецензии туку одат во дуќан го прашуваат продавачот што е тука најдобро за таа цена и се враќаат дома со ЛГ презадоволни. Просечен корисник ниту знае за RGBW ниту да бидеме реални би приметил разлика и да му посочиш. Сака само да има пристојна слика и да не му се расипе бргу па да се матка по сервиси друго и не го интересира а такви се најголем дел од купувачите, среќа нивна. Ние „цепидлаките“ за добра слика губиме време по рецензии, па споредби, па форуми ама тоа е тоа, сакаме максимум за парите односно најдобар однос цена и перформанси :).

Тоа за разликата во квалитет помеѓу KU и MU моделите и мене ме изненади но ете и лично се уверив (според фабрички подесувања не сум ги тестирал со лично видео) на две различни места и плус доста читав по форуми така има и други што истото го тврдат дека MU серијата е степеница под KU серијата, зашто и како си знае Самсунг
smile.png
.

Sharp знае да има доста солидни панели и модели но штета што е кај нас послабо застапен и воопшто да бидеме реални кај нас се носат претежно поефтините серии од речиси сите брендови што е секако поврзано и со малиот пазар и слабата куповна моќ на населението.
Па предложи нешто најдобар однос цена - перфоманси, квалитет...
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
При кратка споредба на двата во дуќан (никаква темелна споредба само онака површинска споредба) сликата на LG 49UJ7507 беше супериорна и општо MU серијата на Самсунг е послаба од претходната KU серија (и според мислење на корисници а и лично се уверив).

ЛГ користи RGBW што мене лично не ми прави ќеиф но помеѓу овие два модела јас лично без размислување би го зел ЛГ-то според квалитет на слика а за други опции не сум запознат пошто ми беа секундарни.
Предложи ми ти некој тв за кој мислиш дека е добар во однос на цената
 
Pane-G

user
9 мај 2012
1.678
1.005
Со какви панели се овие lg од серија 7

Имаш избори ЛГ серија 7 поточно 7507 или ако има уште подобро серија 8 и втроро Сони како што предложи горниот член имаш и Самсунг серија 7 или 8 ама рамен ,а не закривен тоа е ѓубре според мене

Sent from my iPhone 6s Plus using Tapatalk
 
Enquito

poweruser
8 август 2017
2.603
1.764
Со какви панели се овие lg од серија 7
ОК се овие UJ модели, но сепак малку е специфичен буџетот, би требало да има серија SJ која е измеѓу ОЛЕД и УХД, т.н Супер УХД која користи, нано цел, тип на квантум дот, и има многу добро озвучување, саунд систем Харман Кардон, и секако најдобар контраст.
 
Pane-G

user
9 мај 2012
1.678
1.005
ОК се овие UJ модели, но сепак малку е специфичен буџетот, би требало да има серија SJ која е измеѓу ОЛЕД и УХД, т.н Супер УХД која користи, нано цел, тип на квантум дот, и има многу добро озвучување, саунд систем Харман Кардон, и секако најдобар контраст.

Е за ова треба ЛГ серија од 8 па нагоре,а не серија 7

Sent from my iPad using Tapatalk
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Е за ова треба ЛГ серија од 8 па нагоре,а не серија 7

Sent from my iPad using Tapatalk
Е јасно ми е дека последните серии се најдобри, но се и најскапи па буѓетот не дозволува, па затоа барам компромис помеѓу цена и перфоманси. Ај да земеме вака да ги погледниме работите. Да сме купиле тв пред година-две, значи серии 6-7, дали после година две, односно сега би го менувале телевизорот, или би го користеле уште неколку години, да речеме пет шест, а за тоа време ќе излезат уште толку нови серии. Зборот ми е немаме стандард и неможеме да трчиме со времето и развојот на техниката, ама можеме за пристојна цена да избериме нешто со подобри перфоманси, да има бар квалитетна слика, бои, контраст, итн
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
ОК се овие UJ модели, но сепак малку е специфичен буџетот, би требало да има серија SJ која е измеѓу ОЛЕД и УХД, т.н Супер УХД која користи, нано цел, тип на квантум дот, и има многу добро озвучување, саунд систем Харман Кардон, и секако најдобар контраст.
Во потполност се согласувам со тебе, но секој неможе да издвои толкав буџет за тв.
LG 49SJ810V е 56000 денари
A
Sony 49XE7005 BAEP е 38000 ден.
Е за ова би можело да се размислува
 
Pane-G

user
9 мај 2012
1.678
1.005
Во потполност се согласувам со тебе, но секој неможе да издвои толкав буџет за тв.
LG 49SJ810V е 56000 денари
A
Sony 49XE7005 BAEP е 38000 ден.
Е за ова би можело да се размислува

Па нели рековте буџет за 50-60,000 денари и ете ви серија 8 (сј810в) ?! Но како и да е, и серија 7 ЛГ е солидна само ако има со звучник Хармон Кардон е уште подобро ,а за Сони не е лош ама не е со андроид туку е друг софтвер базиран на линукс пошо е BAEP ама тоа не сум сигурен тоа да се провери . Сепак све тоа тука е најважното а тоа се опциите и подршка во смисла на хардверски на пример колку ХДМИ приклучоци,УСБ ,блутут,вграден ФајВај,WiDi,Miracast, DLNA се тоа најчесто имаат самсунзи и еЛЏија , а Сони и Панасоник и Филипс си имаат свој начин на ниво во смисла ,,да се помачиш” или воопшто немаат. Предлагам гледај на ЈуТуб за рецензии за овие двата модели Сони и ЛГ и ќе знаеш полесно.

Sent from my iPad using Tapatalk
 
Delta111

hello world
23 мај 2010
134
146
Самсунг држат висока
Е сега размислувам помеѓу LG 43UJ7507 и SONY 43XE7005 и двата се по 37000 денари, што мислите кој е подобар

Земаш УСБ стик со наснимани некое филмче, серија, спорт (во неколку резолуции од УХД до послаба), неколку добри ХД/УХД фотки и ги споредуваш во дуќан двата телевизора и кој повеќе ти прави мерак тој земи го. Ако не можеш и потоа да се одлучиш види колку ти се битни додатните опции (смарт, ХДМИ приклучоци, далечинското).

Инаку се согласувам со препораката на @olikomerc
 
MitkoI

hello world
11 јуни 2017
442
202
Па нели рековте буџет за 50-60,000 денари и ете ви серија 8 (сј810в) ?! Но како и да е, и серија 7 ЛГ е солидна само ако има со звучник Хармон Кардон е уште подобро ,а за Сони не е лош ама не е со андроид туку е друг софтвер базиран на линукс пошо е BAEP ама тоа не сум сигурен тоа да се провери . Сепак све тоа тука е најважното а тоа се опциите и подршка во смисла на хардверски на пример колку ХДМИ приклучоци,УСБ ,блутут,вграден ФајВај,WiDi,Miracast, DLNA се тоа најчесто имаат самсунзи и еЛЏија , а Сони и Панасоник и Филипс си имаат свој начин на ниво во смисла ,,да се помачиш” или воопшто немаат. Предлагам гледај на ЈуТуб за рецензии за овие двата модели Сони и ЛГ и ќе знаеш полесно.

Sent from my iPad using Tapatalk
Да реков 50-60000 но мислев за 55 инчен тв. Меѓутоа сватив дека е тој преголем за соба 4х4, со оглед на далечина од која ќе се гледа 2,5м. Затоа мислам дека 43 инчен е сосема доволен. Е сега пак нешто друго ме мачи. Некаде на форумив прочитав дека кај тв оод 50 инча 4к не вреди, па ова не ми е јасно во која смисла не вреди.
Исто прочитав дека андроид е повеќе за телефони него ли за телевизори. Исто така прочитав дека сите тв имале исти панел 1.3. Што повеќе читам се повеќе прашања ми се отвараат
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Ако си за 55-ка, имаш и до 45000 одлични модели. 634 ЛГ, имаш Самсунг 6172, имаш Сони 7005 за 52000 ,

И Сонито и ЛГ-то ти се со ИПС панели, рачунај дека во темна просторија екранот ке ти свети како ламбичка, за ЛГ-то не сум сигурен дека има и некој вид на диминг, локал или кој и да е, Самсунгот е со ПЛС панел, во темница ке биде темен, но денски ке има пресатурирани бои. Ке си намалиш Колор од сетингс и ке добиеш посакуван ефект. Кај Сонито и ЛГ-то ке имаш пореални бои, но контрастот и она со нивото на црно нема никогаш да ги добиеш.
Мораш да одбереш со што можеш да живееш и со што не можеш да живееш.

Јас сум голем противник на Андроид телевизор. Јас сум за телевизор кој нема никаков оперативен, па дури да не е ни со смарт опции, али кога би бирал, би го избрал помалото зло, односно смарт наместо Андроид.

Зошто?
Па од проста причина што андроидот ме ограничува и ми ствара нервози. Прво го плаќаш многу поскапо од смарт ТВ. Второ мора да внимаваш на хардверот во телевизорот, а никој тоа не го гледа. И кога уствари ке сватиш дека си купил андроид ТВ со 8Г вградена меморија и дека освен оние апликации кои ги има фабрички вградено, не можеш да си играш со некој други, сваќаш дека уствари си во шах мат позиција. Со тек на времето, апликациите кои се вградени ке се апдејтираат, слично на мобилните. Со тоа работниот простор ке се намали уште повеќе, телевизорот и целокупниот софтвер ке се успорат и практично за две години ти ке имаш мобилен кој сакаш да го треснеш од земја зошто му е потребна цела една вечност да отвори слика.

Смарт ТВ се решава со бокс од 3000 до 6000 денари, андроид кој и да се успори ке го ресетираш, ке го фрлиш или ке купиш нов.
За две години дали ке фрлиш 50 000 денари ако се успори? Нормално дека не.

Чисто овака просто видување на работите :)
Тоа е моето мислење, во твојата одлука не се мешам.

Повеќе пари во моментот вредат да се дадат само за ОЛЕД. За ТВ преку 45 000 или 50 000, класичен ЛЦД, апсолутно не вреди по мене. Реков, разликите се минорни, панелите се доведени до совршенство, нема потреба за ситничарење.
Со добро подесување на параметрите и калибрација на панелот, сликата се доведува до совршенство и скоро идсентичен приказ за во домашни услови.

Поздрав и убав ден.
:*
 
Pane-G

user
9 мај 2012
1.678
1.005
Кај мојот ЛГ серија 8 го има диминг,локал, и се друго подесувања за посакувана слика

Sent from my iPhone 6s Plus using Tapatalk
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно