При кратка споредба на двата во дуќан (никаква темелна споредба само онака површинска споредба) сликата на LG 49UJ7507 беше супериорна и општо MU серијата на Самсунг е послаба од претходната KU серија (и според мислење на корисници а и лично се уверив).
ЛГ користи RGBW што мене лично не ми прави ќеиф но помеѓу овие два модела јас лично без размислување би го зел ЛГ-то според квалитет на слика а за други опции не сум запознат пошто ми беа секундарни.
Ме интересира врз кои критериуми ги донесе овие заклучоци?
Дали на телевизорите беше пуштено ДЕМО или одеа кабелски канали?
Какви беа поставувањата и сетирањата?
Дали телевизорите беа иста големина на екраните? Веројатно да зошто кажа дека за конкретните модели кажуваш мислење.
Зошто МU серијата би била подобра од KU, кога користените панели се идентични, електрониката е идентична, евентуално промена во фрејмот има, ако тоа влијае.
На хрватските сајтови има многу добри експерти кои што вршат мерење на светлината, имаат термални камери и еден куп други работи![]()
И во Нептун и во Анхоч имаат КУ и МУ и на двете места сликата на КУ е поинтензивна и боите делуваат поживо (не во негативна насока). Во Анхоч ги имаат поставено двата модела еден до друг и ептен ми беше евидентна разликата. Не се приметува колку е послаба МУ ако е сама тогаш сликата делува топ.
Читајќи ги дискусиите на форумот на крајот ни самиот незнам што да одберам. Ајде вака. Дајте ми предлог за некој тв 43 или 49 инчи, кок има убава слика, бои, контраст, агол. Телевизорот ми е за гледање тв и по некој филм од интернет. Игри не ме интересираат
Затоа и прашав. Помеѓу 49", 50" и 55" има огромна разлика како во панелите, така и во производителите на самите панели.
Тоа се и главните разлики кои можеш да ги видиш кога ги имаш телевизорите еден до друг.
Исто демо не се пушта од проста причина: ЛГ ако му пуштиш црни сцени ке се изгуби во просторот и времето, а на Самсунгот ако му пуштиш живи бои, ке ти го распара окото. Не е случајно редењето на телевизорите секој на својот штанд.
+ еве ти инфо дека скоро сите 55" телевизори, користат ИПС панел, но од различен производител.
Филипс и ЛГ користат ЛГ, Сони користи ЛГ, Самсунг користи ИПС/ПЛС нивни итн![]()
KU-серија е ланска 2016, MU-серија е само наследник од оваа 2017 годинаНишто разлика не би требало да имаат, може само различни подесувања да биле, различни панели и слично.
Инаку за LG, лани земав 3 комада и ги враќав (49UH6507, 43UH610V и LH560V), по катастрофа слика немав видено на телевизор задниве 10 години, џабе и IPS панел и све, кога ставаат ефтини RGWB панели, со излитени бои, никаков контраст, слаб агол на гледање и слично. И на интернет рецензиите истото го пишува, и неколку луѓе тука исто имаа пишано лани кога земаа слични модели и беа крајно разочарани од сликата.
LG-то што го имав земено пред 4 години LA660S има 5 пати поубава слика и бои од овие денешни 4к ѓубриња. Плус ми се погоди со Sharp ASV-VA панел со одличен контраст, бои, а за агли на гледање подобро и од најдобрите IPS, скроз од страна гледање нема никакво избледување на бои, glow, или било што.
До 50-60000До колку буџет ?
Sent from my iPad using Tapatalk
Па предложи нешто најдобар однос цена - перфоманси, квалитет...Во ред е тоа секако постојат разлики ама ако е користен ист панел и иста електроника (иста серија) нема да има значителна разлика помеѓу 49“ и 55“ (потенцирам значителна а би требало и ако има разликата да е минорна).
Точно е дека секој производител си ги знае слабостите и се труди да ги истакне добрите особини но затоа е форумов да им ги откриеме слабостите или пак да ги потенцираме според нас јаките страни. Воопшто не сум љубител на пуштање демо фотографии наместо видео небаре го зимаш тв-то за гледање фотки. Самсунгот некои модели имаат пресатурирани бои но освен да ги споредиме во дуќан по можност со демо стик и не ни преостанува друго за споредба. Да сме развиена земја би имало демо соба па ќе наместиш неколку модели еден до друг темелно ќе ги истестираш во различна светлина и го земаш според тебе најдобриот. Пошто кај нас нема демо соба ќе го тестираш на неонка, ќе читаш рецензии и ќе фрлаш лото дека ќе ти се падне добар панел пошто не мора модел во Германија (одличен на тестови) да го има истиот панел за Источна Европа каде ние со гордост сакаме да припаѓаме
.
Инаку Самсунг користи VA панели, LG IPS а SONY IPS и VA панели во зависност од серијата.
Во право си, LG моделите што ги спомна се од послабите но ќе се сложиш за просечен корисник што првенствено го интересира цена а се друго му секундарно и не се така лоши. Имам познати што воопшто не читаат рецензии туку одат во дуќан го прашуваат продавачот што е тука најдобро за таа цена и се враќаат дома со ЛГ презадоволни. Просечен корисник ниту знае за RGBW ниту да бидеме реални би приметил разлика и да му посочиш. Сака само да има пристојна слика и да не му се расипе бргу па да се матка по сервиси друго и не го интересира а такви се најголем дел од купувачите, среќа нивна. Ние „цепидлаките“ за добра слика губиме време по рецензии, па споредби, па форуми ама тоа е тоа, сакаме максимум за парите односно најдобар однос цена и перформанси
.
Тоа за разликата во квалитет помеѓу KU и MU моделите и мене ме изненади но ете и лично се уверив (според фабрички подесувања не сум ги тестирал со лично видео) на две различни места и плус доста читав по форуми така има и други што истото го тврдат дека MU серијата е степеница под KU серијата, зашто и како си знае Самсунг.![]()
Sharp знае да има доста солидни панели и модели но штета што е кај нас послабо застапен и воопшто да бидеме реални кај нас се носат претежно поефтините серии од речиси сите брендови што е секако поврзано и со малиот пазар и слабата куповна моќ на населението.
lg 49 uj 7507До 50-60000
Со какви панели се овие lg од серија 7lg 49 uj 7507
Овој е 49инчи со 5 години гаранција во Нептун.
Или овој нешто поголем ако сакаш 55инчи
lg 55 uj 701 v
Предложи ми ти некој тв за кој мислиш дека е добар во однос на ценатаПри кратка споредба на двата во дуќан (никаква темелна споредба само онака површинска споредба) сликата на LG 49UJ7507 беше супериорна и општо MU серијата на Самсунг е послаба од претходната KU серија (и според мислење на корисници а и лично се уверив).
ЛГ користи RGBW што мене лично не ми прави ќеиф но помеѓу овие два модела јас лично без размислување би го зел ЛГ-то според квалитет на слика а за други опции не сум запознат пошто ми беа секундарни.
Со какви панели се овие lg од серија 7
ОК се овие UJ модели, но сепак малку е специфичен буџетот, би требало да има серија SJ која е измеѓу ОЛЕД и УХД, т.н Супер УХД која користи, нано цел, тип на квантум дот, и има многу добро озвучување, саунд систем Харман Кардон, и секако најдобар контраст.Со какви панели се овие lg од серија 7
ОК се овие UJ модели, но сепак малку е специфичен буџетот, би требало да има серија SJ која е измеѓу ОЛЕД и УХД, т.н Супер УХД која користи, нано цел, тип на квантум дот, и има многу добро озвучување, саунд систем Харман Кардон, и секако најдобар контраст.
Самсунг држат високаЕ за ова треба ЛГ серија од 8 па нагоре,а не серија 7
Sent from my iPad using Tapatalk
Е јасно ми е дека последните серии се најдобри, но се и најскапи па буѓетот не дозволува, па затоа барам компромис помеѓу цена и перфоманси. Ај да земеме вака да ги погледниме работите. Да сме купиле тв пред година-две, значи серии 6-7, дали после година две, односно сега би го менувале телевизорот, или би го користеле уште неколку години, да речеме пет шест, а за тоа време ќе излезат уште толку нови серии. Зборот ми е немаме стандард и неможеме да трчиме со времето и развојот на техниката, ама можеме за пристојна цена да избериме нешто со подобри перфоманси, да има бар квалитетна слика, бои, контраст, итнЕ за ова треба ЛГ серија од 8 па нагоре,а не серија 7
Sent from my iPad using Tapatalk
Во потполност се согласувам со тебе, но секој неможе да издвои толкав буџет за тв.ОК се овие UJ модели, но сепак малку е специфичен буџетот, би требало да има серија SJ која е измеѓу ОЛЕД и УХД, т.н Супер УХД која користи, нано цел, тип на квантум дот, и има многу добро озвучување, саунд систем Харман Кардон, и секако најдобар контраст.
Во потполност се согласувам со тебе, но секој неможе да издвои толкав буџет за тв.
LG 49SJ810V е 56000 денари
A
Sony 49XE7005 BAEP е 38000 ден.
Е за ова би можело да се размислува
Самсунг држат висока
Е сега размислувам помеѓу LG 43UJ7507 и SONY 43XE7005 и двата се по 37000 денари, што мислите кој е подобар
Да реков 50-60000 но мислев за 55 инчен тв. Меѓутоа сватив дека е тој преголем за соба 4х4, со оглед на далечина од која ќе се гледа 2,5м. Затоа мислам дека 43 инчен е сосема доволен. Е сега пак нешто друго ме мачи. Некаде на форумив прочитав дека кај тв оод 50 инча 4к не вреди, па ова не ми е јасно во која смисла не вреди.Па нели рековте буџет за 50-60,000 денари и ете ви серија 8 (сј810в) ?! Но како и да е, и серија 7 ЛГ е солидна само ако има со звучник Хармон Кардон е уште подобро ,а за Сони не е лош ама не е со андроид туку е друг софтвер базиран на линукс пошо е BAEP ама тоа не сум сигурен тоа да се провери . Сепак све тоа тука е најважното а тоа се опциите и подршка во смисла на хардверски на пример колку ХДМИ приклучоци,УСБ ,блутут,вграден ФајВај,WiDi,Miracast, DLNA се тоа најчесто имаат самсунзи и еЛЏија , а Сони и Панасоник и Филипс си имаат свој начин на ниво во смисла ,,да се помачиш” или воопшто немаат. Предлагам гледај на ЈуТуб за рецензии за овие двата модели Сони и ЛГ и ќе знаеш полесно.
Sent from my iPad using Tapatalk
TABLET AMAZON KINDLE KIDS 2024 6" 16GB 11th Gen, Unicorn Valley
7.950,00 ден
MOUSE WIRELESS GEMBIRD ONLY BLUETOOTH, 6 BUTTONS, Black, MUSWB-6B-01
450,00 ден
MONITOR 27" GIGABYTE GS27FA SS-IPS, 1ms, 180Hz, 1920 x 1080, 2x HDMI, DP
8.560,00 ден
MOUSEPAD BLIZZARD World of WarCraft 20th Anniversary XL 900x420x4m
1.690,00 ден
CPU INTEL ULTRA 5 225 max turbo 4,9GHz, 10 CORE, 22MB s.1851, BOX w/o cooler BX80768225
11.900,00 ден
MOUSE WIRELESS USB XIAOMI COMFORT EDITION, 2.4GHz, BLACK, XMWXSB04YM
760,00 ден