cakii
hello world
- 23 февруари 2011
- 397
- 731
Дечко, ти не разбираш основни поими. OEM лиценца ќе имаш легално само ако си купил компјутер со кој дошол Windows. Во секој останат случај лиценцата ти е нелегална:
1. Од пиратски софтвер генерирана OEM лиценца
2. Купена од ebay, која е или препродавана или генерирана од пиратски софтвер
И во двата случаи ти немаш ЛЕГАЛНО И ВАЛИДНО Windows. Ако земат да те анализираат, ќе видат дека таа и таа OEM лиценца е дадена на (пример) HP, а ти имаш некој твој склоп на компјутер што не одговара на брендираните. Исто ќе биде ако ме анализираат мене.
Единствената разлика меѓу мојата OEM и твојата OEM лиценца е што ти си платил за неа. Microsoft не го интересира дали ти си платил на некој од eBay или не, така да меѓу мојата и твојата нема разлика во очите на Microsoft.
Не шири веќе дезинформации...
Не знам зошто упорно ја избегнуваш најбитната разлика ...
Твојата лиценца дошла од активатор во кој никогаш не можеш да бидеш 100% сигурен дека во позадина не ти прави некоја беља, додека со купена (нелегална) лиценца си внесуваш Product Key и Windows-от ти е активиран и можеш раат да спиеш.
Еве ти конкретен пример, напиши на Google Microsoft Toolkit 2.6.5 и најди кој линк е virus free. 95% од линковите што ќе ги најдеш се со вируси !
Еден куп луѓе знам што се напуниле со вируси од таквите "активатори".
Вториот начин точно дека не е легален, поготово не за у фирма пред инспекција, ама за домашна употреба барем си раат дека си избегнал активатор кој што во позадина може да прави 300 чуда. Ниедна инспекција нема да ти влезе дома да ти го провери Windows-от.
За 1000 денари воопшто не би се мислел и би си купил OEM клуч.