Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Враќање на звучници

Synchrony

read-only
14 јули 2016
39
96
Скопје
Synchrony's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6500
Motherboard
Gigabyte GA-H110M-S2H
Storage
SSD Plus 240GB + WD10EZEX
PSU
Cooler Master G550M
RAM
16GB DDR4 2133 MHz Kingston HyperX Fury (2 x 8GB)
Video card
Sapphire NITRO OC+ RX 480 8GB
Case
Deepcool Tesseract BF
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10
Бидејќи на моја голема среќа до сега буквално никогаш сум немал проблем со дефектен хардвер не знам баш како одат овие работи, па да ве замолам да ми кажете какви се вашите искуства. Имено, пред неколку часа купив звучници Logitech Z333 од Анхоч од Сити Мол. Звучниците се нефункционални, поточно излезот на вуферот за еден од звучниците не работи, па така утре планирам да им ги вратам. Како оди процедурата во овие ситуации? Им ги носам, им ја објаснувам ситуацијата? Претпоставувам и они самите ќе сакаат да ги тестираат?
 

Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.486
7.753
Скопје
www.facebook.com
Однеси му ги и кажи му дека не работе излезот , тие ке ги тестираат и доколку излезе дека навистина се неисправни ке ти понудат замена за нови или пари .
 

bicikle

poweruser
3 март 2018
2.061
1.013
Имав на времето фрка со мпЗ плеер, ми го сервисираја 2-3 пати, после го забаталив, али не проработе како што треба. Така да ако пробаат дате мафтаат со сервиси, настојувај да си ги земеш парите или скроз нови да ти дадат. Не би требалода имаш проблем.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.731
Кај нив. Инсистирај на нови т.е. пари. Ќе те пратат во сервис, ќе ги пробааат и ќе ти издадат документ за враќање пари или замена со кој после у дуќан ќе завршиш работа. Ако си платил со картица, не мора ни во дуќан, за ден-два све ќе ти вратат на картицата.
Сликај све пред да носиш таму за твоја документација. Може и видео :)
 

SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Обавезно со видео...и да снимаш све. Ќе си стаиш кацига на глава, а на кацигата GoPro камерче. Пошто да се види све убаво, за не дај боже.

Глеаш @kirev ги знае сите манипулации, дури и политиката на банката за враќање на средства наплатени со картица.

Т.е. ја да сум на твое место би го носел и @kirev , за секој случај. Дечкото е спремен и има многу знаење, на сите фирми им ги знае процедурите.

Ај сеа без тролање малу.

1. Мора да се вратат пари/замени производот во рекламен период од 15 дена. Нормално по желба на купувачот, доколку производот е без оштетувања и ја има целосната амбалажа.

2. Политиките на банките не ги знаеш, така да неможеш да кажеш дали за 1-2 дена ќе му бидат вратени парите на картица.

3. Нема никаква причина да те заебе некој, за твои пари и тоа некоја си да речам пониска сума. Демек вработениве ги наградуваат ако заебат некој или ако го влечат со денови? Незнам, не ја разбирам таа логика.

4. Ако незнаеш каква е процедурата, те молам нареден пат прескокни.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.731
Фала за „дечкото“, а километражата моја кажуе дека неколку пати истото сум го прошол кај Анхоч. Најмногу сум вратил 32 инчен ТВ, еднаш таблет, два тв бокса и усб хаб ЗАЕДНО (све им беше шкарт) а скоро беше дуо усб (ми дадоа ново после 3 години користење)

1. Амбалажата не смее да биде причина ако производот е купен неисправен. Што ќе ѝ прават? Ќе го продадат неисправен пак?
2. Тоа е искуството. Помага во животот.
3. Аха. Во некој паралелен универзум. Враќањето роба во Македонија е одисеја. Оне РЕКЛАМИРАШЕ 3гб месечен 3г интернет во пакет (и со слика на билборди и во весници) со телефон кој што НЕМА 3Г. Другарка ми до ДПИ се жалеше во сите законски рокови. НИШТО.
4. И за тебе важи истото

(не знам дали се важи и дека сум еден од оснивачи на здружение за заштита на потрошувачи кое што веќе не функционира, или тоа нема везе?)
 

SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Фала за „дечкото“, а километражата моја кажуе дека неколку пати истото сум го прошол кај Анхоч. Најмногу сум вратил 32 инчен ТВ, еднаш таблет, два тв бокса и усб хаб ЗАЕДНО (све им беше шкарт) а скоро беше дуо усб (ми дадоа ново после 3 години користење)

1. Амбалажата не смее да биде причина ако производот е купен неисправен. Што ќе ѝ прават? Ќе го продадат неисправен пак?
2. Тоа е искуството. Помага во животот.
3. Аха. Во некој паралелен универзум. Враќањето роба во Македонија е одисеја. Оне РЕКЛАМИРАШЕ 3гб месечен 3г интернет во пакет (и со слика на билборди и во весници) со телефон кој што НЕМА 3Г. Другарка ми до ДПИ се жалеше во сите законски рокови. НИШТО.
4. И за тебе важи истото

(не знам дали се важи и дека сум еден од оснивачи на здружение за заштита на потрошувачи кое што веќе не функционира, или тоа нема везе?)
Значи во Анхоч се ти било вратено и направено според твоите желби така?

1. Амбалажата мора да биде целосна, затоа што се прави RMA(ако производот е вратен во рекламен рок од 15 дена). За да се направи RMA, ја бараат амбалажата, бидејќи производот бил нефункционален од старт.

2. Кое искуство? Има 15 банки во Македонија, сите си имаат различна политика, нема тука никакво искуство.

3. Значи сега збориш за сосема различна област.

4. Знам јас многу добро како одат процедурите.

А за последното ↓
здружение за заштита на потрошувачи кое што веќе не функционира
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.731
Па кој рекол дека не ми било. Он е нов и мора да припази.
И башка што ти е проблемот со мене? Може да се сосредоточиш на проблемот на дечкото? Него да му помогнеш? А не на себе (пошто изгледа дека ти треба помош, така)?
А за последното - па барем сме пробале у оваа вукојебина. Ти ни толку. Ете пробај и ти па раскажувај како си прошол со знаењето под 1., 2., 3. и 4.
 

SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Па кој рекол дека не ми било. Он е нов и мора да припази.
И башка што ти е проблемот со мене? Може да се сосредоточиш на проблемот на дечкото? Него да му помогнеш? А не на себе (пошто изгледа дека ти треба помош, така)?
А за последното - па барем сме пробале у оваа вукојебина. Ти ни толку. Ете пробај и ти па раскажувај како си прошол со знаењето под 1., 2., 3. и 4.
Немам проблем со тебе ниту со некој друг. Имам проблем со луѓе што прават фама од се. Одма се пишуваат сценарија и дезинформации за било што. Сега замисли членов ја чита темава и си вика нишо не праам ја, ако е волку замарање не ги враќам.
На крај не завршил работа членот затоа што некој му ги кажал сите црни сценарија и го уплашил.

Убаво што сте пробале, не викам не. Ама и тој што имал пролив пробал да прдне и рекол ај можда нема да се усерам, ама...се усрал.

Јас пробав да направам соработка со СОС Детско село, пред година дена, ама увидов дека пола од членовиве си чистат по подрум, па испаднавме ѓубриште на крај. Така да сум завршил со тие работи.

Како и да е, да не одиме ОФ. Ова ќе биде последниот мој одговор на темава.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.731
Бујрум, може ние сме серковци а ти не си. Никад нема да дознаеме пошто ти фуфка да пробаш (а може знаеш дека ќе се посереш и тоа јако па затоа не пробуваш). Дури и од два месеца проба за ангажман си се повлекол. Мислам плачипи*ки ги викаа во старо време. Али ти си знаеш. Може и нешто ќе кажеш конкретно за проблемот и како да го реши.

(наравоучение - тој што после години на интернет не сфатил дека не треба да се коментира на луѓе туку на тема, не е вреден да му одговараш... човек се учи додека е жив, ех)
 

Synchrony

read-only
14 јули 2016
39
96
Скопје
Synchrony's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6500
Motherboard
Gigabyte GA-H110M-S2H
Storage
SSD Plus 240GB + WD10EZEX
PSU
Cooler Master G550M
RAM
16GB DDR4 2133 MHz Kingston HyperX Fury (2 x 8GB)
Video card
Sapphire NITRO OC+ RX 480 8GB
Case
Deepcool Tesseract BF
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10
Фала на одговорите дечки! После работа ги пакувам назад у кутија и им ги носам у Анхоч.
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.163
16.254
Има 15 банки ама сите имаат една единствена процедура.
Сметководството на Анхоч прави налог за плаќање на твојата сметка и после ова важат истите правила за било кој безготовински промет. Клирингот се извршува во 12:30 и тогаш ги добиваш парите на сметка ако исплатат Анхоч пред 12. Ако не, тогаш парите ти стигаат утредента. Ако сте во иста банка парите ќе стигнат речиси веднаш и тоа е тоа.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.642
3.219
Фала на одговорите дечки! После работа ги пакувам назад у кутија и им ги носам у Анхоч.
Од досегашно искуство со Анхоч, дечките се ок и ти нудат нов производ.
Тоа сепак е правилно и праведно, ти си купил производ и тие не се во кутијата и не знаат дали нешто е дефектно или не. Затоа и се проверуваат работите при купување, дали се исправни...
Доколку немаат ист таков на лагер, земаш пари и си бираш нешто ново.
Други продавници ми се имаат натегано и секогаш сум решавал случај со инспектори.
До сега сум вратил секакви производи во секакви продавници. Вклучително душек за спална, ист модел, два пати, двата пати мораше да интервенира инспектор. По вториот пат купив друг. Деновиве ќе го враќам. Продаваат ѓубре за многу пари, па мислат дека народ ко порано ќе си трпи секакво срање. Тоа е искуството мое. Ако си во право и чуваш документација, ако не сака продавачот, инспекторите завршуваат работа.
 

spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3.832
4.975
Писти Охту
со анхоч, досега само едно нешто сум вратил таму, беше сет тастатура и глувче кулер мастер, шо се расипа скролот. и тоа пази, беше на околу две недели пред истек на гарантен рок. го примија сетот, по недела дена ми се јавија: ова не се прави, сакаш да почекаш дур да донесеме ист таков сет, или парите во целост назад? комплет кутија имав однесено, како шо дојде. фино, си ги зедов парите, слегов долу во дирекција, си купив друг сет, пак од кај нив. за мене лично, си останаа фер, доследни, не ни пробале да ме заебат.
 

ARMac

senior
2 октомври 2010
9.388
12.328
Скопје
androgaming.com
Сум враќал во Анхоч отпакувани производи, но со фул амбалажа. Не сум бил задоволен или имале дефект. Ако сум платил вo ќеш издаваат парагонче потпишуваш и си ги зимаш парите.

За плаќање со картичка сторнираат.

Нема никаков проблем на вработените им е кажано да го почитуваат тоа право, за разлика од сет на пример кај што за враќање плоча ќе те убедуваат дека кучето дома што лаело во близина и правело сметњи и така.
 
7 февруари 2013
949
1.088
Пред месец дена земав тастатура и глушец бежични, тастатурата топ беше глушецот на метар едвај работеше, појдов одма проверија ги тестираа, потврдија и ми ги сменија одма за нови (новите исто ги пробавме и топ беа)
 

olikomerc

poweruser
11 декември 2008
4.884
3.812
Да да снимање обавезно со скупа камера, да се види све до најситен детаљ.
Плус најмалце 4 сведоци со тебе да си поведеш да потврдат дека не работи излезот.
Ама да не бидат во никаква роднинска/пријателска врска со тебе, за да биде верно.

Шала на страна, врати им ги најнормално назад, кажи дека дома одма кога си ги пробал не работел излезот и готово. Нека си пробаат они ако сакаат во салон 2 минутки работа и завршена приказна, или други зимај или пари ќе ти вратат.
 

kirev

senior
31 мај 2010
9.059
7.731
Да да снимање обавезно со скупа камера, да се види све до најситен детаљ.
Плус најмалце 4 сведоци со тебе да си поведеш да потврдат дека не работи излезот.
Ама да не бидат во никаква роднинска/пријателска врска со тебе, за да биде верно.

Шала на страна, врати им ги најнормално назад, кажи дека дома одма кога си ги пробал не работел излезот и готово. Нека си пробаат они ако сакаат во салон 2 минутки работа и завршена приказна, или други зимај или пари ќе ти вратат.
Не претерувај. Документацијата може да ја загуби (веќе на пр. не прифаќаат гаранции без фискална сметка). Ако ја слика - има копија. Ако покаже на видеото како НЕ се слуша звучникот, така нема да мора да го закачува и да го пали за да им покаже (може више имале такви кварови)... Анхоч се најбољи у Македонија за поштување на гаранција. Освен ситни потпикувања (не ми дадоа нова гаранција кога ми го заменија усб дуо стикот со петгодишна гаранција и сл.).
 

Synchrony

read-only
14 јули 2016
39
96
Скопје
Synchrony's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6500
Motherboard
Gigabyte GA-H110M-S2H
Storage
SSD Plus 240GB + WD10EZEX
PSU
Cooler Master G550M
RAM
16GB DDR4 2133 MHz Kingston HyperX Fury (2 x 8GB)
Video card
Sapphire NITRO OC+ RX 480 8GB
Case
Deepcool Tesseract BF
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10
Го начекав истиот дечко од вчера, му ја објаснив ситуацијата, ме праша дали сакам да ми ги вратат парите или во случај да ги имаат на лагер истите да ми дадат други. Треба до петок да стигнат од Битола бидејќи само таму ги имаа и да ми јават за да ги замениме. Така да, браво за Анхоч, очекував повеќе време да изгубам. :)
 

SiPy`

poweruser
23 јуни 2015
3.115
5.321
Многу голема грешка што не си снимил ова.



Шала на страна, ништо друго не ни очекував. Баш ми е мило.
 

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв