Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Ваши искуства со Сетек

stefan

lurker
13 април 2007
680
530
Прилеп
github.com
Ете јас купив Dell 15-3567 од пред 3 месеци во Сетек. И можам да кажам дека тие бедни 4 гб и тој Seagate ХДД дискот од 1ТБ е тиња, 3 минути бутираше Windows 10. И на крај во нервоза сам го отворив му ставив ССД и рам од 4гб на 2400 мhz и разликата е во брзина сега како "ден и ноќ".
Па сега да сигурно ми е изгубена гаранцијата (ако го сетат дека е расклопуван), али несакав повеќе со нив да да се плеткам и да го чекам од сервис цела недела , иначе да мораше овој лапптоп да се расклопи на парам-парче за да стигнеш до слотовите за рамот и дискот.
 
TouchIT

lurker
9 јули 2018
901
643

исти specs е и мојот....М2 ссд му стави така?
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Не овој модел Dell 15-3567 нема слот за м.2 . Му ставив обичен 2.5 SSD.
Нема да ти престане гаранцијата не е проблем, освен ако не си го испогребал или пола штрафови да му пафнат.

Sent from my Redmi Note 6 Pro using Tapatalk
 
Arabian

lurker
5 ноември 2013
717
458
Денес решив да купам хдд, отидов до сетек (пошто само таа ИТ продавница ја има во градот:angry:) и земав Тошиба П300 (Бидејќи 2 недели не може да стаса порачаниот EZEX од ск). На прво приклучување со пц, како хелихоптер да имам вградено во пц ме зачуди гасам, прештекувам кабли викам чекај да не сум утнал нешто(Ако нема простор за тоа али ај да бидам сигурен пак) , наредно уклучување хдд веќе беше мртво. Враќање во сет објаснувам вака вака, епа дечко мора на сервис. Каков сервис бре, пред 20мин е купен дајте ми нов, не неможе така мора на сервис да се провери потоа ќе видиме дали ке одобрат нов. (Ако порачан хдд му требаат 2+недели , можам да замислам што ќе се случи за сервис, ама ајде че видиме)
 
TATA_MATA

poweruser
25 март 2013
2.148
3.022

Какви две недели чекање, барај си парите- ќе те за**ат. Ќе те насанкаат дека ти си виновен и нема шанси да има позитивен исход од тоа чекање за тебе. Ако нив им требаат 15 дена за да проверат дали хард дискот е мртов тоа е нивни проблем.
 
Arabian

lurker
5 ноември 2013
717
458
Какви две недели чекање, барај си парите- ќе те за**ат. Ќе те насанкаат дека ти си виновен и нема шанси да има позитивен исход од тоа чекање за тебе. Ако нив им требаат 15 дена за да проверат дали хард дискот е мртов тоа е нивни проблем.
Ќе почекам една недела, ќе видиме исход што како ке е. Овде и нај неписмениот може да утврди дека самиот хдд е нефункционален. Али ќе видиме што ќе произлезе од ,,сервисерите,,.
 
Goce gl

hello world
3 март 2019
100
287
Од сетек робата е како да играш игра на среќа или ќе биди или не:) а обично се губи има и такви кои добиваат но се многу ретки:)
 
TATA_MATA

poweruser
25 март 2013
2.148
3.022
Ќе почекам една недела, ќе видиме исход што како ке е. Овде и нај неписмениот може да утврди дека самиот хдд е нефункционален. Али ќе видиме што ќе произлезе од ,,сервисерите,,.
Ќе ти измислат нешто за една недела и додека сите се екипираат може да биде доцна. Во најмала рака, отиди постави си граници дека за една недела е твојот рок, па нека му ја мислат
 
Goce gl

hello world
3 март 2019
100
287
Ќе почекам една недела, ќе видиме исход што како ке е. Овде и нај неписмениот може да утврди дека самиот хдд е нефункционален. Али ќе видиме што ќе произлезе од ,,сервисерите,,.
Друже совет немој да чекаш земи си ги парите да не ти дадат пак некој чкарт па пак да се замараш со нив
 
Arabian

lurker
5 ноември 2013
717
458
Од сетек робата е како да играш игра на среќа или ќе биди или не:) а обично се губи има и такви кои добиваат но се многу ретки:)
За жал така е. Знам како функционираат али тоа е, некад си приморан да пазаруваш од кај нив. Али за се си има лекција
Ќе ти измислат нешто за една недела и додека сите се екипираат може да биде доцна. Во најмала рака, отиди постави си граници дека за една недела е твојот рок, па нека му ја мислат
Па спомнато е дека среда очекувам нов(вторник ќе го прателе на сервис) па ќе видиме што ќе произлезе.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.156
16.247
Арап, барај си ги парите назад, имаш законско право. Повикај се на законот. Кога ќе ти ги вратат прашај ги сакате сега пак да купам одкај вас или да одам во друга продавница?
 
Arabian

lurker
5 ноември 2013
717
458
Арап, барај си ги парите назад, имаш законско право. Повикај се на законот. Кога ќе ти ги вратат прашај ги сакате сега пак да купам одкај вас или да одам во друга продавница?
Кој закон, тука во оваа дупка полицијата не функционира како што треба а не пак ДПИ да барам. Ќе почекам до среда, ако не сакал некел одам по правосудната варијанта.
Инаку тоа е проблемот, нема друга продавница. Еден риверсофт има , ама неќеш да влезеш таму, се вракаш назад во времето :D
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.480
7.743
Скопје
www.facebook.com
Арап, барај си ги парите назад, имаш законско право. Повикај се на законот. Кога ќе ти ги вратат прашај ги сакате сега пак да купам одкај вас или да одам во друга продавница?
А што се криви вработените што им наредиле шефовите така да праваат?
 
Arabian

lurker
5 ноември 2013
717
458
А што се криви вработените што им наредиле шефовите така да праваат?
Пане све е то во ред, али уредот е расипан уште на прво палење, зошто едноставно не ми дадат нов уред (јас како муштерија да сум задоволен од услугата) па они подоцна нека си го праќаат на сервис , во фабрика на тошиба кај сакаат.
 
Ulrezaj

hello world
20 јуни 2012
438
708
Охрид
Ulrezaj's setup  
Processor & Cooler
Intel I9 - 9900k / NZXT Kraken X62
Motherboard
Gigabyte z390 Aorus Master
Storage
Samsung 860 Evo 250 GB / 3TB Toshiba
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB Kingston HyperX Predator 3200Mhz
Video card
ASUS ROG STRIX RTX 2070Super
Case
Asus TUF GT501
Mouse
Razer Mamba Tournament Edition
Keyboard
Razer Blackwidow Ultimate Stealth
Monitor
Alienware AW2518H
OS
Windows 10 64bit
Не сте во право. Кога се враќа уред а притоа се напоменува дека не е нешто во ред со уредот фирмата има и тоа како право да го задржи за да се утврди дали уредот бил механички оштететен или па дека фали нешто. Вработениот не е овластен за таква работа освен ако не е сервисер.

Сум работел во продажба пред 6 години и имав случај каде што муштетрија ми кажува дека сака да го врати лаптопот после неколку дена бидејќи не му се свиѓал како работи. Бев наивен и одма му ги вратив парите без да проверам на лице место од око дали е се во ред со лаптопот. Го праќам на сервис на проверка и ми кажуваат дека фали рам меморија. Дури и кога се враќа производ без посебна причина треба да се испрати на сервис поради проверка.
 
Добро тоа е сосема друго. Али јас не барав ништо освен функционален хдд. Ако толку сакаат има сериски број на хдд, има сериски на гаранцијата да се идентификува дека се прави муабет за тој хдд. Нека отвори капак на пц нека го уштека ке добие резултат.
 
Ulrezaj

hello world
20 јуни 2012
438
708
Охрид
Ulrezaj's setup  
Processor & Cooler
Intel I9 - 9900k / NZXT Kraken X62
Motherboard
Gigabyte z390 Aorus Master
Storage
Samsung 860 Evo 250 GB / 3TB Toshiba
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB Kingston HyperX Predator 3200Mhz
Video card
ASUS ROG STRIX RTX 2070Super
Case
Asus TUF GT501
Mouse
Razer Mamba Tournament Edition
Keyboard
Razer Blackwidow Ultimate Stealth
Monitor
Alienware AW2518H
OS
Windows 10 64bit
Те разбирам потполно пошто сум се нашол и на двете страни, и како вработен и како купувач. И јас сум се нашол буквално во иста ситуација како тебе и нормално не ми било сеедно, воопшто.

Но стави се во ситуација дали некој вработен што зема плата каква што зема ( а можеш да претпоставиш каква плата земаат во Сетек ) би се замарал некој па тој да носи одлука дали уредот е исправен или не или па дека има некој проблем и слично. Би било добро во секој дуќан да имаат лице овластено за оваа работа за одма да се завршуваат некој ситуации како твојата која што да бидам искрен ( иако законот им овозможува - не требале да го праќаат во Скопје воопшто туку требале само да ти го заменат или па да ти вратат пари.
 
Знам , поради таа плата што ја даваат секој што има 3грама ум бега од таму. Шефовите се понашаат како продавницата да е на татко им и тоа е. Квалитетниот кадар одамна избега.

@borcep Јас го отпакував. Кога видов дата на производство 2019 ми се стемни. 1 година е метлеан по рафтови на магацини
 
Pane24

GpuHardware
31 октомври 2012
6.480
7.743
Скопје
www.facebook.com
Пане све е то во ред, али уредот е расипан уште на прво палење, зошто едноставно не ми дадат нов уред (јас како муштерија да сум задоволен од услугата) па они подоцна нека си го праќаат на сервис , во фабрика на тошиба кај сакаат.
Не се секирај, ке ти дадат нов.
Причината ти ја наведе @Ulrezaj, бидеќи и на мене ми се десило со фалична матична па ми рекоа за 2-3 часа за да се провере на сервис.
Али дека немаа иста таква ми понудија друга или парите назад. Нормално си ги земав парите.
 
Avid

senior
21 јануари 2009
6.439
11.493
Скопје
Од сетек робата е како да играш игра на среќа или ќе биди или не
Нема врска ова не им вадете афери, ова се изолирани случаи.
Да не ги тагнувам, има еден особено репутабилен член, многу пати купувал од Сет и немало проблем.
Бу ху.
 
Deksa

user
9 февруари 2012
1.001
905
Робата е секаде иста, ако така гледаме анхоч е полн со кинезарија од алиекспрес.
А сет се малку тешки за враќање пари или менување на производи, ама биди упорен и повикај се на закон за потрошувачите и немаш гајле.

Имав јас 2 проблеми со сет, еднаш за графичка се натегавме дека била ок, па на крај ја сменија.
Вториот пат беше смарт тв сакаа да го сервисираат после еден ден, па на мое инсистирање ми ги вратија парите.

Во анхоч земав елепхоне едно кинеско ѓубре од тел, па ми вратија пари уште на врата, дури не го ни вклучи да види дали работи, телефонот беше исправен ама не ми се допадна звукот низ микрофонот и фингерпринтот и така и објаснив.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
Топ 3 поплаки на форумов за retailers: Сетек како Сетек, мука е да вратиш производ. Анхоч како Анхоч, ретко имаат попусти. Нексио како Нексио, фукнционират преку Viber.

#ФирмивеНечинат, а уствари ние како муштерии им дозволуваме да прават што сакаат.

Или ко што би рекол, Иле, потврден кењатор, кој пишува само во оваа тема - ЌЕ ГИ СТИГНЕ АМЦ СУДБИНА, ЕДЕН ДЕН.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно