1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Ваши искуства со Сетек

Дискусија во форумот 'Сетек' започната од IT Lady, 19 oктомври 2016.

  1. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,594
    13,840
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    И јас имам 65-ка за на сервис....Од Itonix ми посочија дека овластениот сервис ќе дојде да си го земе телевизорот. Планирам да ги викнам кога нареден пат ќе идам на неколку дена надвор од дома. Инаку не знам како би ја однел освен со пикап/комбе/камион.
     
  2. maci

    maci
    On your way to fame

    2,885
    648
    2 Април 2008
    Внатрешниот вентилатор ти тропа?
    Испратено од Redmi Note 2 преку IT.mk форум апликација
     
  3. Aowek

    Aowek
    Gaining Experience

    517
    222
    14 Април 2012
    Машко
    Надворешниот
     
  4. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,535
    12,784
    2 Август 2012
    Машко
    Клуч 13-ка и стегни ја перката.
    Нормално, ако ти е достапна за работа.
     
  5. Autosk

    Autosk
    Intern

    4
    2
    12 Март 2020
    Машко
    Здраво дечки. Имав купено пред неколку месеци лаптоп од Сетек. Лаптопот набрзо појави проблем со хард дискот.
    Тропаше многу. Незнам стручни термини како да го објаснам, но некое време го работев така додека не почна да паѓа виндоусот.
    Пријатели кои се разбираат малку повеќе ми спомнаа дека дискот бил отиден и да го носам на сервис. Ќе го заменеле дискот и се ќе било во ред со лаптопот.

    Пред да го однесам ми појави и проблем при влез во Биос кажуваше дека има некоја си мала меморија на дискот.

    Ми јавија т.е јас им јавив да ги прашам до каде е работата. Ми рекоа дека го тестирале лаптопот и ме побарале ама не ме добиле. Лаптопот бил исправен, само треба да се инсталира виндоус.

    Напоменав во документот дека неколку пати ми паѓа виндоусот веќе. И се почесто се случува тоа. Кажав и дискот дека тропа она како на стариот лаптоп (со оглед на тоа што тој почна да тропа по 10 години користење)
    Овој по нецели 20 часа работа почна да тропа.
    Незнам како Сетек не го виделе тоа.

    Не се разбирам баш што проверуваат, ама вака како што им зборам на пријателите, велат кога веќе си им кажал што е проблемот, треба да ти го заменат делот и да ти завршат работа, бидејќи си им го опишал проблемот и веднаш знаат дека е до дискот и може да проверат дали е исправен.

    Имам некој осет дека ме маткаат. Всушност цела недела ќе фати уште малку.
    За дефект кој е очигледен и за кој треба макс. 10 минути да се види штом се пушти мене лаптопот ми стои 4-5 дена.


    Многу е чудно што овластен сервисер за мојов лаптоп е некоја фирма Аиртоник каде пријателот и го има носено лаптопот негов, а Сетек воопшто и не го пратиле таму.

    Незнам дали сетек се и они овластени за ти лаптопи и ако не се дали имаат такви дискови воопшто.

    Решив да пребарам по гугл за фирмава Сетек и ми испаднавте вие.
    Ако може да каже некој колку време ќе ме врткаат вака и дали воопшто тие смеат да го сервисираат лаптопот.
    Логиката ми е ако они не се официјален сервис значи немаат ни резервни делови.

    Дали воопшто ќе си го заменат дефектниот дел или ќе ме маткаат уште неколку дена/недели вака , каде видливо расипан дел ми велат дека е исправен?
     
  6. Astro

    Astro
    Guru

    6,396
    8,868
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ако е така како што кажуваш изгледа дека дискот навистина не е во ред. Во тој случај не треба нив да ги интересира што има на лаптопот а што нема, дали има Виндоуд или не, они мора да си направат дијагностика со специјализирани алатки. Ако има дефект ќе се покаже на тестот. Толку е просто.

    Речи им дека ако сметаат дека дискот е исправен, нека ти дадат испечатено резултати од SMART тест, или Diagnostics Test Log од апликацијата што е наменета за таков диск.

    И на крај би рекол, како побогу работиш на хард диск и како не си го сменил до сега со SSD.
     
  7. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,015
    2,556
    21 Јануари 2011
    Машко
    Ова тебе што ти се случува мене ми се случува во авто сервис.
    Конкретно за твојот проблем, лаптопот мора да ти го вратат во определен сервисен рок. После пиши на темава дали е исправен или не.
     
    На viktorce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Autosk

    Autosk
    Intern

    4
    2
    12 Март 2020
    Машко
    Немам потреба за појачување, не играм игри, а и не го користам многу.
    Мене лаптопот ми треба за ворд, огласи и Youtube додека сум на плац. Мада и youtube ретко пуштам.

    Си вршеше и стариот лаптоп работа, но бидејќи беше стар и со слаба батерија решив да го сменам.
    Така да и овој ми е превише.
     
  9. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,196
    1,844
    13 Јануари 2014
    Машко
    И Word и Chrome ќе ти работат многу побрзо од SSD. По ова што го кажуваш, дискот ти е пред рикнување, и реинсталација на оперативен систем нема да го реши проблемот. Ако ти го вратат со истиот диск, 99% сум сигурен дека ќе го имаш истиот проблем. Ако веќе менуваш, подобро земи некое помало SSD отколку поголем HDD.

    За муабетов од Сетек, чим си им кажал дека дискот тропа, а не го смениле туку ти реинсталирале Windows, да, ќе да те маткаат. Кога ќе го земаш лаптопот од кај нив, уклучи го на лице место и види дали ќе тропа пак. Ако тропа, остави го и инсистирај да се смени дискот, чим си го зел пред некој месец значи е под гаранција. Би требало да можеш за некоја ситна доплата (или без неа) да ставиш и SSD, нема да те кошта ништо а ќе добиеш многу, дури и за такви едноставни задачи за кои го користиш лаптопот.
     
  10. Astro

    Astro
    Guru

    6,396
    8,868
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL

    А ако земал па лаптоп за 12.000, како што земаат многу, па и ССД тешко дека ќе го спаси. Да си ќутиме треба боље :)
     
    На StalkeR, Gaston, Daniel86 и уште 3 други им се допаѓа ова.
  11. Canibalot

    Canibalot
    Gaining Experience

    71
    90
    29 Јуни 2016
    Машко
    Баш на тие се осеќа разлика. :)
     
  12. Astro

    Astro
    Guru

    6,396
    8,868
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Баш на Dual Core Celeron од 4.5w :D
     
  13. Canibalot

    Canibalot
    Gaining Experience

    71
    90
    29 Јуни 2016
    Машко
    Сеа пред една недела на едно пријателче му отиде хардот, му викам ајде земи ссд ќе ставиме, го глеам лаптопов целерон викам овој нема да направи разлика. За мое изненадување топ испадна, брзо се подига за сурфање и јутуб добар. И он задоволен вика побрз бил него пред 6 години коа го земал :D
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Autosk

    Autosk
    Intern

    4
    2
    12 Март 2020
    Машко
    Не е лаптопот од 12000 денари, туку 19000 денари. Се консултирав пред да земам и ми спомнаа дека i3 е повеќе од доволно за моите потреби.

    Се јавив пред малку и ми рекоа уште не бил готов . На мое прашање зашто го држат толку, конечно кажаа дека бил до дискот, ама немале на лагер и чекале да им стигне.
    Незнам што беше проблем уште на почетокот да кажеа. Дискот нечини, чекаме да ни стигне и ќе ви го замениме. Ќе си почекав и готово.
    А не да извртуваат исправен ви е лаптопот. Виндоус ви треба.

    Самите се ставаат во незгодна ситуација.
    Јас Не гледам проблем во вработените. Напротив горе доле љубезни беа.
    Се осеќа дека проблемот во фирмата им е од повисоките кругови т.е шефови
    кои пробуваат да бутнат, па ако пројде пројде и вработените
     
    Последна промена: 13 Март 2020
    На viktorce и Nikola G им се допаѓа ова.
  15. Astro

    Astro
    Guru

    6,396
    8,868
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Немаат хард диск на лагер? Е јебига брат, ондак тука завршува секоја приказна. СЕТ (се од техника) а да немаат диск на лагер, мислам тоа ти е како Кочанчанец да не вози Алфа Ромео ЈТД.

    Очигледно дека во таа фирма немаат поим од деловна етика и морал, никогаш немале, а веројатно никогаш и ќе немаат. И онака се со една нога во гроб, да не почнеа со пегли и бојлери до сега ќе ги немаше од дамна, со таков деловен мајндсет. Дечките на каса им се „фини“ но не се многу бистри кога ќе ги конфронтираш, што е и очекувано. Не се тие криви, таква им е улогата.

    Иначе i3-че ти е супер за тоа што ти треба па и повеќе од доволно. Исправно што не си се попалил на „лаптоп“ од 12.000.
     
    Последна промена: 13 Март 2020
    На RoninMK и Tomislav96 им се допаѓа ова.
  16. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    362
    260
    13 Март 2015
    Машко
    Добро подобро да си почека и да му стават диск како што треба, отколку да му бутнат некој стар, што и нема да ме чуди.
    Во право си и ти, малку е чудно да немаат диск, ама да почекаме и да видиме како ќе се заврши работата. Реално да беа Анхоч сега ќе му извадеа диск од нов лаптоп и ќе му дадеа.


    Мислам дека членот @Autosk повеќе се побуни тука зашто го маткале дека е во ред.
    Самиот рече дека немало да биде проблем да му кажеле дека немаат. Него го изнервирало веројатно односот со кој пробале да го зезнат. (Windows ти фали :D)

    Имам кажано и порано
    Сетек е битпазар фирма. Никогаш не се добива ветеното и често во цената е вклучен и мајтап со луѓето.
     
  17. Janev

    Janev
    Intern

    29
    39
    16 Јуни 2018
    Машко
    @Autosk дали заврши работа? Завршувате и ве снемува после. Кажете епилог
     
    На Ile bocev, goranzoran, TheMarshal и уште 2 други им се допаѓа ова.
  18. Astro

    Astro
    Guru

    6,396
    8,868
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    СЕТ имаат њух за тоа кој клиент каков е. Лесно намирисуваат ако некој ги капира како стојат работите и вршат работи без проблем, али секако прво ќе пробаат да те преебат. Ако покажеш заби ќе почнат да мафтаат со опафчето.
     
    CBB_6, Luca Toni и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  19. Saban

    Saban
    Intern

    7
    15
    16 ноември 2019
    Машко
    Mene me kontaktire od videodata tie bile ovlasteni serviseri, mi rekoja da go pustam so posta TV na nivna smetka, ama sega nemozam posto Tv mi e vo Centar zupa ne rabotit postata,ama planiram da gi tuxam posto jas im se obrativ posle 3 dena koristenje a tie me sutke vaka onaka i na krai mozele da platet kargo ke vidam da se srede situacija pa planiram da gi tuzam, imam sliki o video od problemot i imam kontaktirano i poraka na viber imam od videodata i plus zapisnik od nevladina za zastita na kupivaci nema da se otkazam lesno
     
    На ivan88 и Astro им се допаѓа ова.
  20. Autosk

    Autosk
    Intern

    4
    2
    12 Март 2020
    Машко
    Чекав да се јават, ама ги немаше вчера и денес. Ќе им sвонам утре пак да видам до каде е
     
  21. it_boy

    it_boy
    Gaining Experience

    381
    307
    9 Јули 2018
    Машко
    Неможам да најдам друга тема да прашам вака,Лаптопот има гаранција до 2022 земен од сетек дали ако му ставам повеќе рам и ссд ќе изгубам гаранцијата?
     
  22. Avid

    Avid
    Guru

    4,278
    6,373
    21 Јануари 2009
    Зависи од политиката на фирмата, прашај ги, ама најверјатно да ако не се прави кај нив надградбата.
     
  23. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,346
    7,320
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Кај нашиве фирми може да изгубиш гаранција и за помали работи.

    Пошто зборевме во другата тема, претпоставувам дека се работи за Dell лаптоп? Dell како фирма дозволува отварање и надградување на лаптопи и десктопи. Гаранцијата е секогаш јасна кај нив т.е. 3 Years Parts Only Warranty и ако скршиш нешто на плоча кога менуваш рам/ссд е многу очигледно дека ти си крив за тоа. А да цркнеш матична со промена на рам/диск не е можно или барем не е многу веројатно (криви пинови на SODIMM слот се пак физичка оштета).

    Ланком ги почитува овие правила на Dell, исто и Макпетрол. Со договор на нивниот сервис и приложени фотки од dell diagnostics, сум носел на пример само хард дискови или мемориски модул за замена (ради тоа што на пример компјутерот е потребен да работи во меѓувреме), а исто нудат и on-site сервис.

    Колку од ова поштува СЕТ никој незнае. Во една тема се спомнуваше дека за BIOS upgrade правеле проблеми, иако OEM лаптопи на делл што доаѓаат со виндовс примаат автоматски firmware updates.
     
    На Gaston и G4M3R им се допаѓа ова.
  24. G4M3R

    G4M3R
    On your way to fame

    549
    504
    26 Јуни 2012
    Машко
    Зависи од лаптопот. Тие што бараат целосно расклопување за да додадеш/смениш дел може да ти одбијат гаранција.
    Ако има засебен дел од пластиката/слот што се отвара за рам и хдд, тогаш можеш да смениш. Оттука имаш уште една „цака“ а тоа е ако има пломба на некој штраф од хард дискот тогаш тој неможеш да го менуваш.
    Ова погоре за сам, на своја рака ако сакаш.

    Правилна опција е, им носиш деловите во сервис со све лаптопот и тие ти ги вградуваат. Се друго ти е лотарија :).
     
  25. it_boy

    it_boy
    Gaining Experience

    381
    307
    9 Јули 2018
    Машко

    Да за Dell-от се работи,има гаранција до 2022 ,како што гледав на Youtube мора цел да се расклопи сепак јас не би го гибал би му го однел на некој што е професионаленец не сакам да ризикувам исто така не планирам да го вадам хард дискот иако немам потреба од него сепак би го чувал заради гаранцијата,лаптопот има посебен м2 слот за ссд ,значи на тој слот планирам ссд и плус да додам уште 4гб рам,како што читав сервисот е во ск а јас сум од бт па ќе треба да го испраќам до кај нив и незнам колку би прифатиле така...
     

Сподели

Вчитување...