1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Ваши искуства со Сетек

Дискусија во форумот 'Сетек' започната од IT Lady, 19 oктомври 2016.

  1. Aleksanda

    Aleksanda
    Intern

    11
    7
    5 Февруари 2010
    И јас сум повеќе за тоа. Да си разгледам, а не одма да ми се залепи повелете.
    Со вработените сум немал проблеми, ама со политиката на фирмата и гледање да ти бутне расипано тоа да.
    Мана им е односот на газдите и што многу производи им се отварани, приправени и тие се обидуваат да ни ги бутнат како нови.

    Мислам дека се водат од оваа политика. Ќе пикнеме 10 делови. 5 нема да приметат, а другите 5 ќе ги маткаме со враќање.
    Јас имав проблем со еден полнач за лаптоп, кој даваше сосема различни волтажи на инстумент од декларираните.
    Го купив од салон па ме моткаа во сервис, да го проверат, па од сервис демек исправен е.
    И вистина полначот беше исправен, јас не реков дека не е, ама беше со други карактеристики што немаа врска со напишаните. Па мрчеа за пари не сакаа да вратат.
    Му реков најди ми на тој во сервис, ваков полнач како што ви е пишано на етикетата и ќе го замениме. Не сакаше да заврши работа. Молам лепо назад во салон по 3 пат и си ги земав парите.

    Ми стана после јасно. Се развозев 3-4 пати Центар- Рузвелтова, а они за полначот добро знаеле дека не е таков како што е пишан. Нив им е гајле, трошоци немаат, па затоа и вртат.
    Еве и да се направат мангупи и да кажат дека не знаеле, најмалку што треба да направат е да ги тргнат полначите од продажба, а не некој тоа да му го прават
    како што мене ми направија и да го вртат и него по 3-4 пати.

    Да налетаат на некој што ќе им стегне тужба и да си побара за 3-4 одења натаму наваму пари х 10 , нема да им текне веќе овие далавери да ги прават. А до тогаш не ги боли.
    Веројатно политиката на фирмата е дека Од 10 купувачи , 5 нема да приметат што добиле.
    Другите 5 ќе ги моткаат со надеж дека некој ќе се откаже. И од нив статистички само 2-3ца ќе си ги добијат парите назад.
    Што значи дека Сетек 7 души преварил со лажен производ, а дури и овие 2-3ца како мене се изгорени со време и трошоци.

    3-4 пати до Центар ( времето е пари, а исто и трошоците)

    Во странство имам купено телефон. Имаше проблем, отидов во салон и веднаш ми дадоа друг. Ни сервис, ни чекај да го прашаме газдата ни ништо. За 5 минути средив работа , и немав дополнителни трошоци освен еднаш што се вратив.
    Мислам дека добив и подарок кога се вратив.

    Незнам дали има некој закон со кој што ќе можеме да си поднесеме тужба против Сетек, и да си наплатиме за вакви малтретирања при враќање.
    Пример 3 пати сум одел до Центар и Рузвелтоа и имам пр. трошоци 1500 денари, Бидејќи грешката е кај Сетек и покрај тоа што одбиваат веднаш да го вратат производот да платат пример 4500 денари.

    Тоа во иднина ќе ги одврати од превари, кои веќе е јасно дека ги прават доста време.
     
    Последна промена: 17 Мај 2020
    ivan88, viktorce, Rukfash и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    738
    681
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    Александра? is that you?
     
  3. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    592
    992
    16 Јануари 2016
    Машко
    Александа го забораил р-то негде најверојатно.
     
    На VerGer му/ѝ се допаѓа ова.
  4. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    738
    681
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    хаха прав си, сега видов дека ни ја не сум го прочитал убаво .. се извињавам
     
  5. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,188
    2,708
    21 Јануари 2011
    Машко
    Кое женско проверува полнач на инструмент, дај молим ти се?!
     
    Aleksanda, Avid и на VerGer им се допаѓа ова.
  6. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    738
    681
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    да де, тоа ми беше .. ама грешно го прочитав името
     
  7. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    638
    367
    5 ноември 2013
    Машко
    Update: Денес бев во дукан, договорот беше со приоритет да се погледне да ми се одобри замена денес, но по се изгледа ситуацијата оди во правец како што кажавте вие, уредот сеуште не е пристигнат во сервис. Потоа изгледа ќе следи уредот сам сум го оштетил. Додека е време некој да ми посочи како функционира ДПИ? Мора лично да се пријави или може телефонски/електронски ?
     
  8. Aowek

    Aowek
    Gaining Experience

    567
    282
    14 Април 2012
    Машко
    Лично одиш, пријава пополнуваш ти даваат бројче за некој ден се јавува сетек ти се извинува и го средуваш проблемот.
     
  9. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    638
    367
    5 ноември 2013
    Машко
    Ај да се распрашам кај имаат во моево село па ќе идам да ги посетам
     
  10. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    974
    1,703
    20 Јануари 2015
    Машко
    Не мора да бараш по селото, види овде : Пријава


    Испратено од Redmi 6 преку IT.mk форум апликација
     
  11. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    638
    367
    5 ноември 2013
    Машко
    Да тоа и го ставив како линк. ЌЕ и дадам уште 24часа ако нема никаков абер ќе дополнам пријава. Па ке видиме што ќе биде.
    --- Споени мислења, 21 Мај 2020 ---
    Добив одобрена замена. Утре ќе идам да видам дали имаат ezex со доплата, на овие не и верувам повеќе.
     
    На DaVoRkNe и Rukfash им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...