1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

upWork (поранешно oDesk) (работа и повлекување пари)

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од petelko23, 3 Април 2012.

  1. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    317
    273
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Ако удриш "withdraw proposal" дали ги добиваш назад конекциите?
     
  2. spytronicmk

    spytronicmk
    Intern

    38
    15
    4 Август 2017
    Не. Не ги добиваш назад.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  3. spytronicmk

    spytronicmk
    Intern

    38
    15
    4 Август 2017
    Само што добив известување... Новост на Upwork.

    Request non-Upwork client testimonials

    Може да побарате review од клиент нaдвор од Upwork. Приметив дека бараат некои основни детали и Linkedin профил од клиентот. Потоа прават проверка и процесот може да трае до 2 недели.

    Искрено не знам кои им се критериумите. Ми изгледа дека е прилика за многу нови фејк reviews.
     
  4. todorovilin

    todorovilin
    Intern

    1
    0
    20 Јануари 2019
    Здраво дечки. Јас сум релативно нов на форумов. Се обидов да се вратам наназад низ неколку страници, меѓутоа не ја пронајдов информацијата што ја барав, па затоа одлучив да го поставам моето прашање тука:
    Како ја префрлате заработката од Upwork? Пред малку сакав да се регистрирам на Payoneer, но ми бара IBAN/SWIFT и се откажав.
    Исто така сакам да прашам како оди регулацијата за данок?
     
  5. Benedicta

    Benedicta
    Intern

    71
    27
    7 Декември 2017
    Машко
    Јас префрлам пари преку Payoneer. Данок не плаќам, не ги префрлам потоа на македонската сметка. A za IBAN/SWIFT - ми бараше и мене и ги внесов податоците. Тоа беше пред 4 години скоро, и не сум имала проблем до сега.
     
  6. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,350
    796
    12 Април 2017
    Машко
    Само отвори си девизна сметка и ќе се реши проблемот.
     
  7. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    962
    1,164
    9 Јуни 2011
    Машко
    Ај да се јавам и ја во темава.
    После долго-годишна пауза од Апворк пред недела дена решив пак да се регистрирам.
    Иницијалниот профил од пред некоја година ми го деактивираа, поради немање клиент, иако баш во моментот кога ме блокираа почнав да работам со 2-ца, тогаш решив да се откажам и да не се замарам веќе со ова.
    Но имајки ја на ум корона ситуацијава и она што се дешава со ИТ компаниите и работењето од дома, верувам дека ќе имам време и услови да почнам да фриленсам, чисто да се има некој side gig.

    Ја следам темава одамна и читам што се дешава тука, но ова сеа што го видов со конекцииве не знам како да го толкувам - дали стварно ќе се подобри ситуацијата за фриленсерите со тоа што ќе има помалку proposals или им е само уште еден начин како да го полнат буџетот?

    Ако добро сфатив, нема веќе фри конекции и мора да се купуваат, по 0.15$ each.
    За човек што планира тек да почне да се гради на платформава, зар не е поисплатливо да се земе Плус планот? Со него добиваш 70 конекции и некои перкс...

    Исто така гледајки низ огласиве за мојата бранша (web development, scripts etc со python), гледам некои featured огласи од по 12-14$ што нуди клиентот, а бара девелопери со 4+ години искуство. Зар не е ова малце мизерно? 4 години искуство во сферата јас ставив 25$+ цена, а овој нуди пола од тоа...

    Она на што иницијално планирам да ги трошам конекциите ми се на „проверени“ селери кои имаат верифицирано payment и имаат историја со други ленсери.

    Кажете ми некој друг начин за иницијално бустање на профилот, како да добијам повеќе exposure? Го решив она readiness test-от (нели имаше порано topic-specific тестови?), го средив портфолиото со проекти, формална слика, description, popular projects etc etc..
    Дали е сеуште изводлива опцијата да платам на некој да постира џоб и review? (don't scold me please)

    Или да има некој во слична бранша како мојава што е willing да ја аутсорса temporary неговата работа на мене, чисто за иницијален фидбек, секако би го сработил нештото за многу помалку од она што ти би му го наплатил на клиентот?

    (off-topic: Имам [Lvl-1] account на Фивер, ако му треба на некој да го бустам таму)
     
    Последна промена: 15 Март 2020
  8. BadGirl007

    BadGirl007
    Intern

    129
    31
    3 oктомври 2018
    Женско
    Мал офф топик.

    Нели не беше дозволено креирање на друг профил во случај да си баниран? Веднаш ти го блокираат новиот профил...
     
  9. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    962
    1,164
    9 Јуни 2011
    Машко
    Не знам, можеби ме имат „заборавено“ :D
    Додуша сега не се регистрирав како МК државјанин... така да ваљда не ме гледаат како истиот од порано.
     
    На BadGirl007 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,837
    26,062
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Дали дечки имате приметено одкако започна кризава, намаелн обем на работа и зголемени саатници?
    Ако претходно имаше по 20-тина нови работи на ден (во мој круг на интерреси), сега е паднат на 3 до 4, а фриленсерите го имаат покачено саатниците и до 15-20 долари.
     
  11. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,186
    2,706
    21 Јануари 2011
    Машко
    Намален обем на работа да.
     
    На stefan_v му/ѝ се допаѓа ова.
  12. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,335
    639
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Не приметувам такво нешто, исто е како предходно.
     
  13. Ragnar

    Ragnar
    Practice makes perfect

    952
    1,050
    9 Декември 2015
    Машко
    Намален е бројот на огласи барем во мојата област. Со редовните клиенти што зборев ми рекоа дека тие фриленсери што не им се многу битни (што ги користат од време на време или со помал обем на работа) ги откачиле. Нормално, првичен страв. Ама ќе се среди кога ќе пројде ова (АМА КОГА ЌЕ ПOМИНЕ!? :) )
     
    На stefan_v му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    317
    273
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    како ги откачиле од првичен страв? не им плаќаат месечна плата - па да мора да ги отпуштат.
    едноставно можи да не го најмува фриленсерот ако нема работа, или не?
     
  15. Ragnar

    Ragnar
    Practice makes perfect

    952
    1,050
    9 Декември 2015
    Машко
    И мене ми нема логика, демек до сега прогледувале низ прсти, сега само најдобрите. Можеби имам чудни клиенти:)
     
  16. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    317
    273
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    шо не ќе прочита чоек на форумов
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ragnar

    Ragnar
    Practice makes perfect

    952
    1,050
    9 Декември 2015
    Машко
    Ги прекинале contracts со сите неесенцијални фриленсери што работат за нив. Ако имале некои проектчиња што ги тестирале и експериментале (или фриленсери) сега ги укинуваат и се фокусираат само на тоа што им е главно. Сега појасно е?
     
    На zdravkovskii му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    962
    1,164
    9 Јуни 2011
    Машко
    Дали има некој Client акаунт на Upwork и е willing да ме буста иницијално, дури тргне машинава?
    Купив премиум пакет, аплицирам константно, но иде многу бавно, да не речам никако.
    Секако, услуга за услуга || услуга за пари.
    Ако има некој - нека пише ПП.
     
  19. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    317
    273
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Не знам дали ќе ти игра улога тој "boost"-от баш, подобро среди го добро портфолиото и аплицирај со конкретни пораки за проектите( колку шо можи, знам дека во глобала глупости пишат )

    Патем, овој тред на редит ми помогна мене:
    How To Find Freelance Work Fast : freelance
     
    DonFrozex, TheMarshal и на krashot им се допаѓа ова.
  20. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    962
    1,164
    9 Јуни 2011
    Машко
    Средено е друже, 2 страни со проекти, убав description, профи профилна, на сите пишувам уникатни пропосалс .. верувам дека све е тип топ... but still....
    ај ќе го ѕирнам постот сега.
     
  21. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    317
    273
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    ако има некој од истата сфера тука, нека го види и нека ти дај коментар како да го подобриш (ако е за подобрување)
     
  22. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    962
    1,164
    9 Јуни 2011
    Машко
    Успеав да завршам работа преку еден пријател кој има стар акаунт на Апворк, така да се надевам нема да изгледа апла дека е бустање.
    Ако му треба на некој помош околу бустање - пишете ПП, ќе гледам да ви излезам во пресрет.

    Е сега, гледајки ги сите тие предлози (proposals) од другата страна (како клиент), и профилите кои што аплицираат - направив мала анализа:
    • Добиени 70+ пропосали за hourly job за Django, MVP project.
    • ПОЛА од нив не ги ни читаат барањата, така лупаат Cover letter (CL). (барав да се спомне едно зборче во првата реченица). Во таа половина имаше и луѓе шо bid-аat со 50-80$ a не читаат барања.
    • 95%+ од апликантите наводно се под NDA и не можат да споделат повеќе од нивните претходни проекти (ова е разбирливо додуша). Така да нивните GitHub/Lab/BitBucket профили се прилично „сиромашни“.
    • Просечниот hourly wage за оваа работа е некаде околу 40$.
    • Најниско се „даваат“ Индо-Пакистани и слична бранша кои имаат од 0 до 100$ заработени на Апворк, и англискиот им е прилично тапа. Нивниот ранг е од 8$ до 15$-20$. GitHub профилите им се ко на дете од 8-мо одделение, со не-довршена калкулатор задача и следење многу лоши принципи на кодирање. Но затоа CL им се тип-топ, апла се гледа дека се copy-paste од некаде.
    • Средниот рејт од 40$ е у принцип од луѓе од источна Европа (читај ех. СССР држави) кои имаат доста добри портфолиа и GitHub акаунти. Овие пишуваат добри CL и имаат баш добар пристап. Добив само по 1 CL од ленсери од МК, АЛ и БиХ.
    • Нај-cocky се Амери или профили од слични high-end држави, кои бид-аат и на до 120$ за MVP проект -.- ти ветуваат дека се подобри од инжињерите во НАСА, и се со менаџерско размислување дека 9 жени можат да ти родат бебе (деливираат проект) за 1 месец.
    Имајки го целиот овој insight у тоа како стојат работите од другата страна, како клиент, во исто време сум и мотивиран и демотивиран, гледајки луѓе што имаат заработено и по 200к на Апворк а од друга страна толку добри и веќе етаблирани профили, како да се пробиеш меѓу сите нив :?

    Се надевам дека ова колку толку ќе им послужи на дечки кои ги интересира каква е ситуацијата општо на Апворк. Имајте у предвид дека во вашата бранша може е поразлично. Ако имате уште слични информации - споделете, да развиеме дискусија што/како/зошто.
     
    На bxxxn, spytronicmk, NecrotoX и уште 4 други им се допаѓа ова.
  23. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,842
    2,693
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Дечки еден клиент прекина да комуницира, работата е скоро завршена, само требаше уште да ми прати некои податоци ама не реплицира.
    Има уште 2 milestones од целиот проект. Прочитав дека доколку одам на Submit Work и поминат 14 дена без одговор, парите автоматски ги добивам. Но, што ќе се случи со парите од последниот milestone?
     
  24. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,335
    639
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Ако парите се во escrow ќе ги добиеш, ако не се ништо зависи од волјата на клиентот, може и да не ги добиеш.
    Пред да почнеш некоја работа обавезно проверувај дали сите пари се во escrow и ако не се барј целата сум да биде.

    Пробај прво да ја контактираш поддршката, може тие да го контактираат.
     
    На NecrotoX му/ѝ се допаѓа ова.
  25. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,842
    2,693
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Во escrow се само тие од актуелниот milestone, после него има уште еден што практично е само формално предавање на работните фајлови.
    Ова прв пат вака ми се случува затоа не ни помислував претходно да проверувам дали парите се ставени, али после случкава ќе пазам и на тоа.

    Клиентов иначе е многу културна жена (наставничка) од Америка. Беше супер задоволна од досегашната работа и многу респонзивна, комунициравме редовно и све тоа али одеднаш ја снема. Сакаше и на Кикстартер да искочи со проектов во мај. Да не фатила корона упм.. Ај ваљда не сум таков малер :)
     
    На krashot му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...