GeorgeMitrevski
hello world
- 26 октомври 2011
- 68
- 17
George.Mitrevski стварно нема никаква потреба да дофрлате, па и критикувате лице кое веројатно да неречам воопшто не го познавате, конкретно мислам на Јане.
Ако навистина не можиш да ја разбериш поентата на она што го напишав, немам друг начин како да го објаснам. А пак ако навистина го споредуваш критичкото размислување и критикување со дофрлување, тогаш кривицата не е твоја него на системот што те образовал до сега.
Пишувањето на рецензии тука е на систем кој го нарековуме "double blind reading". Тоа значи, онај што пишува рецензија не треба да знае кој е авторот на трудот, а авторот на трудот не треба да знае кој ја пишува рецензијата. И затоа кога од некое списание ќе ми пратат труд за рецензија, името на авторот е избришано. Е, тука јас и ти не се слагаме. Ти викаш дека за да ги критикувам академските трудови на Јане, јас треба добро да го знаме него лично. А јас викам дека најдобар критичар на академски трудови е онај што не го познава авторот. Најелитните универзитети во Америка не признават објавени трудови ако не поминале по овај систем на "double blind reading".
Дали сега ти е јасно зошто Министерот Тодоров ланската година бараше од професори да издават трудови во списанија со импакт фактор? И дали ти е јасно зошто мнозинство професори се бунеа? Трудови во такви списанија се издават само со овај систем на "double blind reading". И, што мислиш, колку од овие таму би поминале на ваков систем? Бошевски и Трентов, академик и професор, веќе десет години пробат да ја убдат јавноста дека едно од писмата на каменот Розета е напишан на старо-македонски, и многу се успешни во тоа во Македонија? Ај нека пробат да ги објават нивните заклучоци во некое списание со импакт фактор?
Пази, ни збор не реков како фактички Јане ги држи своите предавања, ниту пак колку студентите се задоволни или незадоволни без разлика на нивната религија. За тоа нека го фалат тие што го познават лично. Ништо немам против во тоа.