xenon
εικονοκλάστης
Лоша ситуација е кога интервентно возило треба да помине на семафор, а пред него коли.
Денес вторпат се најдов во таква ситуација, на семафор (црвено светло) со камери, брза помош со пуштени сирени, и никој не се мрда.
А некогаш секунди се во прашање за човечки живот...
Toa e, беше разговарано наназад баш за ова сценарио, никој и нема да се мрдне. Петко не го боли тасе за Васе што е во амбулантното ако Петко добие макар и 1 денар казна и забрана за возење само затоа што навлегол во раскрсница или преминал семафор на црвено за да застане некаде на страна и да го пропушти амбулантното/пожарната итн.
Се додека Петко лично не е засегнат, Петко ќе си седи мадро како што рекол чичкото од телевизија. Човечка природа, сакаме да не регулира AI маи и роботи, да не постои здраворазумска / логичка флексибилност, сакаме ригидност, се радуваме и скандираме за казни, епа тоа е.
Оние што клатат врата буџетарите-курсисти треба во ваква ситуација мануелно да интервенираат со тоа што ќе го сменат тајмингот на сигнализацијата на цел семафор и ќе отворат зелен сигнал каде што има амбулантно возило, не е ова на глава на Петко и тие околу него.
