Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Safe City - Камерите за казнување

18 август 2019
1.229
1.204
Човеково право да вози кола? :)
Конкретно пишувам за забрана на сам во кола. Не ги извртувај работите. Со кое право може некој тоа да ми го забрани? Не ќе ли е тоа кршење на моите права? Можат да ми забранат да возам автомобил, ама не и ова.
Ако треба да одам на клиника, треба ли да барам уште двајца за таму? Ако ја носам колата во сервис, ми требаат ли уште двајца?
Најверојатно должен си сам да си ги ажурираш податоците во МВР поврзани со регистрацијата на возилото.
Самите ќе ме ажурираат за петнаесетина дена.
 
Steff_92

hello world
28 јули 2017
293
210
Куманово
Дали некој доби слика како изгледа снимката?
Дали е со infrared регистрирано и преку ден?

Колку што најдов инфо за тие камери, пресметуваат брзина со сликање и детектирање таблица во нејзин опсег повеќе пати, па според брзината помеѓу прва и втора слика /детекција на рег. таблица пресметува брзина.

Не е ласерски како радарите.

Инаку почнаа и со погрешни мејлови и телефони грешени на технички преглед.
Стигаат казни кај погрешни луѓе, а ти не си ни свесен за тоа :)
 
DarthJe5us

poweruser
2 јануари 2012
3.104
2.343
Не личи ко да имаат систем за поплаки. Барем од тоа што го пишува во записникот, опцијата е изгледа да го испринташ записникот, да го потпишеш и да го однесеш во станица на сообраќајна полиција и да чекаш да те викнат на “суд“. Т.е. тој полицискиот суд кој нема врска со остатокот од судството.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.771
6.482
SK
Човеково право да вози кола? :)

Правото на слобода на движење (универзално признаено во чл. 13 од Универзалната декларација за човекови права и чл. 12 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права).
Ова право овозможува човек да се движи, да ја напушта државата, да се враќа во својата држава. Не подразбира право на конкретен вид превоз.
Во право си за повеќето напомнати работи но не и за ова. Ова подвлеченото е адвокатски тип на аргумент, технички гледано можеби држи вода но само вака извадено од контекст.

Да, ти можеш сувопарно онака да го толкуваш правото на слобода но општата логика вели дека возење автомобил е општо прифатен вид на личен превоз. Општа забрана општо прифатен вид на личен превоз - заради некои еколошки/итн причини- ако не дејуре тогаш дефакто е нарушување на право на слобода на движење (настрана казни заради предизвикување општа опасност и телесни повреди/смрт).

Притоа не велам дека целта да се намалат гужвите не е благородна цел. Но да припазиме малку какви сѐ права им даваме на апаратите на власт и од какви сѐ човечки права се откажуваме заради некакви наводни бенефити. Има примери каде ова се покажало дека се користи за намалување на права а придобивките се никакви.
Најпосле во Скопје со скопскиот јавен превоз, постојат релации каде за да дојдеш од од точка А до точка Б, разликите во пристигање меѓу автомобил и градски превоз - се навистина долг времески период. Ако треба да се прекачиш од еден на друг автобус земајќи ги во предвид честотата, точноста и брзината на градските автобуси - ќе ти треба можеби и цел час повеќе. Не дека и на релациите со еден автобус брзо и навремено се пристигнува.

Метро тешко дека ќе имаме некогаш овде но кога ќе направат нешто пореално - како надземни железнички линии над булеварите - кога ќе го средат јавниот превоз да биде макар употреблив ако веќе не добар, тогаш може да гледаме како да обесхрабриме возење аута во град (но не и да ги забраниме).
Мислењето е автоматски споено:

Се фаќам за еден детал, но гледам како ова можат да го искористат некои апаратчик имбецили. Повторно, целта иако благородна сепак не оправдува нарушување на право на слободно движење.
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.290
Знаат тие како треба, не се секирајте. Сега сме бесплатни бета тестери.

Има measurement uncertainty кај тие уреди. Најчесто има толеранција од 10%. Во Германија е околу овој процент до 100 на час.

Има односно мора да има корекција заради грешки во мерењето на двете страни.
Љутви место 18-ки има ставено буриња од 22 "цола" и после ела разбери се. (во Германија овие податоци се запишани во сообраќајна)

И крај краева, не само колку на час туку и колку време траело.

Ова не е дистопија. Тие ги исповадија DPF филтрите, трујат се околу себе ама проблем се плус 5 на час. Не верувам!

Мобилните се далеку поголем проблем.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.568
3.206
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Не личи ко да имаат систем за поплаки. Барем од тоа што го пишува во записникот, опцијата е изгледа да го испринташ записникот, да го потпишеш и да го однесеш во станица на сообраќајна полиција и да чекаш да те викнат на “суд“. Т.е. тој полицискиот суд кој нема врска со остатокот од судството.
Што си се фатил со тие поплаки. Без камери како е, ако ти пише казна полиција? Е па исто и со камериве.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.815
5.521
Не личи ко да имаат систем за поплаки. Барем од тоа што го пишува во записникот, опцијата е изгледа да го испринташ записникот, да го потпишеш и да го однесеш во станица на сообраќајна полиција и да чекаш да те викнат на “суд“. Т.е. тој полицискиот суд кој нема врска со остатокот од судството.
Начинот на поплаки си го пишува на самиот записник. Го потпишуваш и си го носиш во суд директно.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.086
14.192
Искрено не сакав да се вклучам во дебатава но мене не ми е јасно како се радувате да бидете казнувани.

Системот не треба да прави притисок на оние кои почитуваат правила заради значајно помалиот број на несовесни.

Сигурен сум дека поддршката ќе се измени кога ќе бидат сите репнати со бар по една казничка месечно за секакви глупости. Уште толку после ќе се зголеми рајата која мислеше дека во Југославија се живееше подобро :)
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.792
4.507
Неготино

Циркуси.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.583
19.290
Ќе мора да воведат 10% "прошка" заради тоа што ниту брзиномерите не покажуваат точно ниту пак нивните се апсолутно точни.

Како и секој мерен инструмент што мора да се баждари така и нивните мора да го поседуваат.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366

Тој кажа дека во следниот период ќе се одлучи колкава ќе биде толеранцијата на прекорачување на брзината.

„Има земји во Европа каде што нема толеранција, има земји каде што толеранцијата е 10% од дозволената брзина. Ќе разговараме во идниот период и ќе одлучиме“, изјави Тошковски.
Мислењето е автоматски споено:

Чисто сумљам дека нешто ќе смени тоа 10% толеранцијата.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.780
12.762
Skopje
www.wemaxa.com
Mора да постои и форма на увид за потешки прекршоци како поминување на црвено на пример, пример:
1. Ропак поминува апансас на црвено - казна
2. Од Х причини некој ненамерно поминува на црвено - грешка во семафор, последна секунда од трепкање зелено, ненадејно кочење на тој пред него или претрчување на пешак па некој е зафатен со поминување на црвено камера не по негова вина -> вакви инстанци треба да бидат подложни на мануелно толкување од оператор
3. Законот за камери во возила мора да се смени и да се дозволи секој да има право да си инсталира камера, како инаку ќе може да се објаснува на суд ако смета дека е во право, или само Големиот Брат е во право пошто системот е безгрешен.

Ова ќе ги оптовари судските инстанци премногу ако не претрпи значителни промени.

Денес лазеа, возеа како баби. Јас застанав на 2 трепкања зелено да не ме фати, тој од позади ќе ме слупаше. Подобро да те слупа од позади сега па да се зезаш да блокираш раскрсница/пополнуваш европски/викаш полиции/поправаш кола него ли 500Е + одземемање дозвола + условно преполагање по нови цени да јадеш излегува. Вакви инстанци има 1000ници на ден...
 
chroot

lurker
12 ноември 2021
773
1.102
Скопје
Ако продолжи системов да се шири, што ќе правиме со сообраќајната полиција, ќе треба да остане без работа.
Mора да постои и форма на увид за потешки прекршоци како поминување на црвено на пример, пример:
1. Ропак поминува апансас на црвено - казна
2. Од Х причини некој ненамерно поминува на црвено - грешка во семафор, последна секунда од трепкање зелено, ненадејно кочење на тој пред него или претрчување на пешак па некој е зафатен со поминување на црвено камера не по негова вина -> вакви инстанци треба да бидат подложни на мануелно толкување од оператор
3. Законот за камери во возила мора да се смени и да се дозволи секој да има право да си инсталира камера, како инаку ќе може да се објаснува на суд ако смета дека е во право, или само Големиот Брат е во право пошто системот е безгрешен.

Ова ќе ги оптовари судските инстанци премногу ако не претрпи значителни промени.

Денес лазеа, возеа како баби. Јас застанав на 2 трепкања зелено да не ме фати, тој од позади ќе ме слупаше. Подобро да те слупа од позади сега па да се зезаш да блокираш раскрсница/пополнуваш европски/викаш полиции/поправаш кола него ли 500Е + одземемање дозвола + условно преполагање по нови цени да јадеш излегува. Вакви инстанци има 1000ници на ден...
Дефинитивно законот за снимање треба да се смени, немаат право да забранат снимање на јавен простор и не знам дали ваков закон постои некаде во европските држави.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.568
3.206
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Искрено не сакав да се вклучам во дебатава но мене не ми е јасно како се радувате да бидете казнувани.

Системот не треба да прави притисок на оние кои почитуваат правила заради значајно помалиот број на несовесни.

Сигурен сум дека поддршката ќе се измени кога ќе бидат сите репнати со бар по една казничка месечно за секакви глупости. Уште толку после ќе се зголеми рајата која мислеше дека во Југославија се живееше подобро :)
Никој не се радува што ќе биде казнет туку затоа што мисли дека конечно ќе се поправи состојбата во сообраќајот за која мора да признаеш дека во последниве 10 години е станата дно дна. И претходно не било тука Норвешка, ама ова во последниве години е на ниво на Бангладеш.
Системот не прави притисок врз совесните - ако почитуваш правила нема казна. Да, постои еве малку простор за дебата во однос на толеранција ама затоа е нели овој пробен период. Јас да сум министер ќе пуштам неколку месеци казни за црвено, паркирање на улица, возење над 60-70. Па после ќе намалам на 55 и на очигледни прекршоци со престројување и тоа е тоа од прилика.

И да не заборавиме дека овие системи постојат во Европа, се е смислено и има веќе искуство. Не измислуваме топла вода...
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Mора да постои и форма на увид за потешки прекршоци како поминување на црвено на пример, пример:
1. Ропак поминува апансас на црвено - казна
2. Од Х причини некој ненамерно поминува на црвено - грешка во семафор, последна секунда од трепкање зелено, ненадејно кочење на тој пред него или претрчување на пешак па некој е зафатен со поминување на црвено камера не по негова вина -> вакви инстанци треба да бидат подложни на мануелно толкување од оператор
3. Законот за камери во возила мора да се смени и да се дозволи секој да има право да си инсталира камера, како инаку ќе може да се објаснува на суд ако смета дека е во право, или само Големиот Брат е во право пошто системот е безгрешен.

Ова ќе ги оптовари судските инстанци премногу ако не претрпи значителни промени.

Денес лазеа, возеа како баби. Јас застанав на 2 трепкања зелено да не ме фати, тој од позади ќе ме слупаше. Подобро да те слупа од позади сега па да се зезаш да блокираш раскрсница/пополнуваш европски/викаш полиции/поправаш кола него ли 500Е + одземемање дозвола + условно преполагање по нови цени да јадеш излегува. Вакви инстанци има 1000ници на ден...
Од ненамерно поминување на црвено значи дека не можеш да удриш пешак/кола?
Не постои такво нешто како ненамерно поминување?! Какво е тоа ненамерно? Ако не си го видел ради камионот пред тебе тогаш мораш да држиш поголемо/побезбедно растојание од возилото пред тебе, а доколку вниманието не ти е во сообраќајот тогаш можеби е подобро да не возиш?
Не е ова програмирање па ако направиш грешка ќе ја исправиш.. Грешка во сообраќајот може да згасне нечиј живот!
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.181
16.288

Тој кажа дека во следниот период ќе се одлучи колкава ќе биде толеранцијата на прекорачување на брзината.

„Има земји во Европа каде што нема толеранција, има земји каде што толеранцијата е 10% од дозволената брзина. Ќе разговараме во идниот период и ќе одлучиме“, изјави Тошковски.
Мислењето е автоматски споено:

Чисто сумљам дека нешто ќе смени тоа 10% толеранцијата.
Нема земји во Европа каде нема толеранција. Тошковски драпа мадиња откако е роден и нема поима што зборува. Ама има логика и затоа служи тест периодот за да се земат статистички анализи, да се испита убаво опремата и да се конфигурира соодветно па да се реши колку толеранција ќе има. Има регулативи тука договорени мултилатерално, затоа Тошковски нема поима што зборува.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.387
5.531

Има повеќе од година ипол како системот функционира и собира податоци. Подолг тест период здравје.

Ова им е стандардна процедура како кај поскапувањата на струја и сл. Ќе најават поголемо поскапување, во случајов нулта толеранција, за да кога ќе поскапи колку што било планирано (толеранција) сите да речат, ух добро е.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.780
12.762
Skopje
www.wemaxa.com
Од ненамерно поминување на црвено значи дека не можеш да удриш пешак/кола?
Не постои такво нешто како ненамерно поминување?! Какво е тоа ненамерно? Ако не си го видел ради камионот пред тебе тогаш мораш да држиш поголемо/побезбедно растојание од возилото пред тебе, а доколку вниманието не ти е во сообраќајот тогаш можеби е подобро да не возиш?
Не е ова програмирање па ако направиш грешка ќе ја исправиш.. Грешка во сообраќајот може да згасне нечиј живот!

Тука има неколку членови што исто како невладините, пробуваат нивниот агол да го наметнат како единствен со празно демагошко морализирање на мала врата. Ова доведе до некоја несовесна култура од страна на пешаците да не само што се невнимателни, туку и безобразно арогантни мислејќи некои ГТЦ-гушкачи се на нивна страна па се преминува без да се почитува основното правило на преминување - се преминува каде ќе се стигне, не се ЗАСТАНУВА да се погледне, се преминува гледајќи на мобилен, со слушалки на глава итн. Па го смачкале како бубачка па возачот крив. Не го тупете, сакате селективна правда сите, само ваквите што лаат од навидум повластена позиција се најлоши, така да олади малце, возам 25 години, процентот на идиоти пешаци е подеднаков со идиоти возачи, степенот на ароганција е ист и кај тие и тие, не амнестирај некој. Колку луѓе само загазиле во судски лавиринти од идиоти што претрчале и загинале, колку сакаш да си внимавал / пазел не било возможно да ги избегнеш - потоа освен судеви па и на совест треба да ги носиш.
Така да, празна демагогија, таму со тие ЏЛБИТИКЈУ и кумбаја со веге-бургери може, не во реален свет.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.568
3.206
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
+3 километри на саат ќе биде толеранција (до 100 км, над тоа е 10%), ако судиме според искуството во Хрватска каде е воведен овој систем од пред 2 години и постојано се шири со нови камери. И таму истите муабети биле како тука ама си се навикнале луѓето :)
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.280
2.366
Тука има неколку членови што исто како невладините, пробуваат нивниот агол да го наметнат како единствен со празно демагошко морализирање на мала врата. Ова доведе до некоја несовесна култура од страна на пешаците да не само што се невнимателни, туку и безобразно арогантни мислејќи некои ГТЦ-гушкачи се на нивна страна па се преминува без да се почитува основното правило на преминување - се преминува каде ќе се стигне, не се ЗАСТАНУВА да се погледне, се преминува гледајќи на мобилен, со слушалки на глава итн. Па го смачкале како бубачка па возачот крив. Не го тупете, сакате селективна правда сите, само ваквите што лаат од навидум повластена позиција се најлоши, така да олади малце, возам 25 години, процентот на идиоти пешаци е подеднаков со идиоти возачи, степенот на ароганција е ист и кај тие и тие, не амнестирај некој. Колку луѓе само загазиле во судски лавиринти од идиоти што претрчале и загинале, колку сакаш да си внимавал / пазел не било возможно да ги избегнеш - потоа освен судеви па и на совест треба да ги носиш.
Така да, празна демагогија, таму со тие ЏЛБИТИКЈУ и кумбаја со веге-бургери може, не во реален свет.
Леле леле mental breakdown! :D
Ненамерно ќе поминал на црвено и за тоа требело помала да биде казната. Важи еве сеа!
Why hurt you bro?
Мислењето е автоматски споено:

Ти удирам шлаканица и велам:
- Извини, не беше намерно. :)
Ќе поминеш ненамерно на црвено, газиш дете што поминал на зелено на пешачки, помала да е казната зш е ненамерно!
Мислењето е автоматски споено:

+3 километри на саат ќе биде толеранција (до 100 км, над тоа е 10%), ако судиме според искуството во Хрватска каде е воведен овој систем од пред 2 години и постојано се шири со нови камери. И таму истите муабети биле како тука ама си се навикнале луѓето :)
Биле нормално, тој е менталниот склоп. Да казнуваат ама мене да не ме казнуваат.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.780
12.762
Skopje
www.wemaxa.com
Леле леле mental breakdown! :D
Ненамерно ќе поминал на црвено и за тоа требело помала да биде казната. Важи еве сеа!
Why hurt you bro?
Мислењето е автоматски споено:

Ќе поминеш ненамерно на црвено, газиш дете што поминал на зелено на пешачки, помала да е казната зш е ненамерно!
Мислењето е автоматски споено:

Биле нормално, тој е менталниот склоп. Да казнуваат ама мене да не ме казнуваат.

"Who hurt you bro" ? - ова е детски тип фразологија, бро... толку од муабетот, "бро".
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Нови мислења

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно