Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Проблем со ЛГ телевизор (позадинско осветлување)

freeman

hello world
8 март 2010
199
217
Последна промена:

Todor91

lurker
8 јануари 2008
861
797
Убаво ви кажа Сале. Мене 2 пати ми рикна панелот на Самсунг во рок од 3 години, исто беше и на другар со Самсунг понова генерација. Имам LG 32 инчи купен пред 6 години кога испаднаа лед тв и ден денес работи без ниеден мртов пиксел и ниеден проблем со екран. Купив ST 40 инчи фул хд еве го 4-та година за смешни пари тогаш, го утепав од играње и од тв гледање гајле нема. Како ќе се погоди :)
 
PeGi998

hello world
3 октомври 2018
87
137
Мојот ЛГ 32ЛБ5618 изгледа испушти душа исто вчера. Одеднаш осветлувањето како да го снема и се гледа слика ептен ако се доближиш до тв на 15 цм. Мислите дека е исто позадинското осветлување?

Испратено од MI 9 преку IT.mk форум апликација
 
G4M3R

user
26 јуни 2012
1.097
1.397
Мојот ЛГ 32ЛБ5618 изгледа испушти душа исто вчера. Одеднаш осветлувањето како да го снема и се гледа слика ептен ако се доближиш до тв на 15 цм. Мислите дека е исто позадинското осветлување?

Испратено од MI 9 преку IT.mk форум апликација
Или тоа или напојувањето за позадинското, едно од тие две.
 
Avid

senior
21 јануари 2009
6.467
11.538
Скопје
Мојот ЛГ 32ЛБ5618 изгледа испушти душа исто вчера. Одеднаш осветлувањето како да го снема и се гледа слика ептен ако се доближиш до тв на 15 цм. Мислите дека е исто позадинското осветлување?

Испратено од MI 9 преку IT.mk форум апликација
зимај 4k hdr
 
bakigvg

hello world
28 јуни 2016
233
132
Грундинг 43 инчен, земен пред 4-5 години исто откажале две лед ленти, за промена и сервис 1800 денари. Да ја прочитав прво темава па да го однесев ќе му кажев на мајсторот да ги смени сите, сега ќе чекам да цркне некоја друга :mad:
 
Nethervor

hello world
19 јули 2013
151
205
Е јас така се заебав. Не ги сменив сите, па за 1 месец пак назад на сервис.
Исто грундиг. Ми рече тогаш дека 6 месеци ќе траеле. Поминаа 2ипол години уште тера.
 
Sylvester

lurker
24 март 2009
500
74
Скопје
Каде би препорачале сервис за LG телевизор? Цела слика мава на виолетово плаво и е темна. Не реагира на слајдерите што се за подесување осветлување и слично.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.777
15.875
youtu.be
Ако мава на плаво не значи дека е до осветлувањето, ме плаши дека е нешто друго.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.777
15.875
youtu.be
Не би знаел, најдобро е да се направи дијагноза па да ти кажат дали се исплати или не.
 
Zombie

hello world
2 октомври 2008
108
103
Да не знае некој каде да носам на сервис стар LG LCD телевизор? (Модел: 32LG5000)
Или пак доколку некој се разбира што може да биде, да посочи кој дел да го нарачам, сам ќе си го сменам (до толку имам искуство со електроника и лемење).

Симптоми:
* Почна да покажува бледа / инвертирана боја при палење но по неколку минути се оправаше
* По некое време требаше се подолго и подолго за да се среди сликата
* По некое време прекина да се оправува сликата остана бледа / инвертирана

IMG_5414.jpg

IMG_5416.jpg
 
igorricar

read-only
8 август 2015
5
0
Здраво, имам сличен проблем со мојот 42LF563V-ZF. Решив да порачам на нет лед ленти само што незнам точно колку лед сијалици се во една лента...Негде пишува дека се 4, негде 5!? Дали некој има инфо да ми каже со сигурност да не земам погрешни?
 
Zombie

hello world
2 октомври 2008
108
103
Да не знае некој каде да носам на сервис стар LG LCD телевизор? (Модел: 32LG5000)
Или пак доколку некој се разбира што може да биде, да посочи кој дел да го нарачам, сам ќе си го сменам (до толку имам искуство со електроника и лемење).

Симптоми:
  • Почна да покажува бледа / инвертирана боја при палење но по неколку минути се оправаше
  • По некое време требаше се подолго и подолго за да се среди сликата
  • По некое време прекина да се оправува сликата остана бледа / инвертирана

Погледнете го атачментот 105953

Погледнете го атачментот 105954
Доколку на некој му затреба:

После неколку денови гуглање заклучив дека најверојатно проблемот е во T-Con board-от.
На слепо нарачав „нов“ од AliExpress за ~$15 и после повеќе од 2 месеци чекање конечно стигна. Имав среќа да го погодам точниот модел (за истиот телевизор, во зависност од регионот постојат повеќе од 5 различни модели).
За жал „новиот“ борд беше исто така расипан, меѓутоа со негова инсталација сега веќе бев сигурен дека е до него бидејќи сега сликата на телевизорот беше повторно со чудна боја, но на друг начин. Решив да го испечам во рерна (на времето имам спасено една графичка на овој начин).
Again, за жал, „новиот“ борд не го преживеа печењето. Направив неколку грешки. Решив малце да истражам како правилно да го испечам стариот (оригиналниот) борд, и повторно после неколку дена гуглање, дојдов до следниот заклучок:

  • Тавчето кое се користи да се обложи со алуминиумска фолија
  • Да се подигне бордот (да не лежи директно на тавчето) со 4 топчиња од фолија, и истите да допираат што е можно помалце на самата плочка (јас го потпрев на самите рабови од 4те ќоша)
  • Да се загрее рерната на 200 целзиусови степени (првиот пат ја имав ставено на 250 и тоа беше очиглено премногу)
  • Тајмер на 8 мин (првиот пат ја оставив 10)
  • После печење да се внимава како се вади бидеќи можно е од лош потег да се измрдаат самите компоненти бидејќи калајот сеуште не е стврднат
  • Да не се носи на голема температурна разлика, да се излади што е можно поспоро (јас го извадив бордот од рерна и го ставив над шпоретот каде што беше минимум 35-40 степени)

Конечно успеав! Го вратив во телевизор и на мое големо изненадување работи! Безпрекорно! Го тестирав неколку саати, не трепна.
Покрај ова заклучив дека тоа е слаба точка, бидејќи и после неколку саати работа, бордот беше толку вжештен што не се допираше со гола рака.
Малце го модификував телевизорот и додадов 2 стари мали heat-sinks извадени од стари матични (кои порано се ставаа на south bridge) на некои од чиповите што на допир ми личеа најзагреани, се разбира со термо-кондуктивна паста. Згора на тоа, додадов и кулерче (накалемив каблиња на еден од конекторите каде што пишуваше +5v и 0) за да помогне во разладување. Тестирав пак 2-3 часа и разликата беше евидентна, сигурен сум дека ја намалив температурата за 20-30 степени, што сега веќе беше возможно да се допре со гола рака.

Останува да видиме колку долго ќе трае овој фикс. Доколку цркне пак ќе постирам тука :)
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.613
3.100

WOW, dude....
...м'остае без зборој!
Браво за храброста!

Испратено од телефоно.
 
Zombie

hello world
2 октомври 2008
108
103
Немаш некое сличе од хаковиве? Интересно личи да се види.
За жал брзав и немав време да сликам (а и не ми ни текна :D ) ама ако цркне, ќе сликнам пред да го расклопам и ќе постирам тука :)
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно