Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Проблем со интернет

bugggg

hello world
21 јуни 2017
80
67
Здраво дечки,

Користам интернет од близу, пакет кој има download од 100Mb/s . За рутер ми дадоа technicolor и све беше океј до пред некој ден кога пробав да се поврзам со лаптоп кој има windows 7 на него. Ви фи мрежата е прикажана и се поврзувам на неа, и кога ке се поврзам ми викаше дека имам ограничен пристап(Limited access со извичник кај иконата за вајерлес) . Проблемот е во тоа што овој проблем се јавува само на овој компјутер, значи во истиов момент кога ми го дава овој проблем на лаптопот со win7 ваков проблем немам со ниту еден смартфон или друг компјутер, имам 2 смартфони константно поврзаи на рутерот и секогаш имаат интернет, исто имам и 1 друг латпот на линукс/убунту кој без никаков проблем функционира на интернет. За да тестирам земав уште еден лаптоп од другар со windows 8 и тој работеше без проблем. Сега некако чудно ми е и не ми се верува дека е можно ова да е навистина проблем со интернетот, колку што е можно да е проблем со лап топот. Исто имам уште 1 тенда рутер приклучено на главниот technicolor рутер, и tenda-та работи без проблем за сите уреди освен за лаптопот на win7. Истотака заборавив да напоменам дека доколку го рестартидам technicolor рутерот кој ми го дадоа од близу лаптопот со win7 се поврзува но после неколку часа истиот проблем се случува.
*Кога на win7 лаптопот му кажува Limited access често може да се пребарува на Google но не и на нитуедна друга страна.

Ако може некој да сподели искуства, или ваши мислења во што е проблемот би ми биле од голема помош, ви благодарам.
 

Enquito

poweruser
8 август 2017
2.626
1.794
Кој модел ти е лаптопот, оди на страната на производителот и во Супорт секцијата симни си драјвер за мрежната виреалес картица.
Доколку имаш Делл, како мене, можеш тоа да го направиш на овој линк каде го внесуваш Сервис Тагот.
Treiber und Downloads | Dell Deutschland
 

BEST

hello world
10 јуни 2011
320
299
Проблемот не е до интернетот твој, проблемот е кај лаптопот со Win 7, како што ти кажа Enquito...

Доколку тоа не успее, пробај тој истиот лаптоп да го закачиш на друг рутер (отиди кај другар или нешто слично) ако така работи, тогаш пробај дома да му наместиш мануелна IP адреса... ако ни тоа неке, пиши па ке бараме други начини...

Имаше и некоја варијанта (односно проблематична ситуација) со WiFi Channel (ако е над 11, некои имаат и 12 и 13 но некои уреди тие канали не ги гледаат/сакаат пошто се нестандардни)

Исто така доколку драјверите ти се добри на лаптоп-от, јас би експериментирал со Security подесувањата во рутерот, (TKIP / AES / TKIP+AES)

ај пробај па пиши...
 

bugggg

hello world
21 јуни 2017
80
67
Ви благодарам на предлозите, ќе ги пробам па ќе пишам дали е поправено, и што помогнало
 
  • ми се допаѓа
Реакции: BEST

chegevm

read-only
5 октомври 2017
6
2
Skopje
lifeinvader.org
Направи само DHCP резервација на некоја IP адреса за MAC адресата на твојот лаптоп во рутерот на blizoo - login e bez username i pass admin
 
462 членови онлајн
1.042.106мислења
51.209теми
37.452членови

Нови мислења

Офтопик

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно