1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски Пошти- општа дискусија

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од ТАТА_МАТА, 28 Мај 2016.

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  1. Да, задоволен/а сум

    13.2%
  2. Ок се, сум немал/а некакви особени проблеми

    41.4%
  3. Не сум задоволен/а

    17.2%
  4. Не сум воопшто задоволен/а

    28.2%
  1. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,542
    2,314
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Стигаат полека, ги носат еден по еден. Пред недела дена стигнаа еден па друг пакетите од Англија.
    Денес ме чекаше Ми боксот, се возеше со Сингапурска 40 дена.

    Најверојатно многу им се насобраа од Кинеската Нова Година.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    684
    628
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Работеа денес, има дежурна служба и за празници, јас сум презадоволен од нивната услуга. Ако има една државна инстутуција со која сум имал одлично искуство, тоа се Македонски Пошти.
     
  3. Riste19

    Riste19
    Gaining Experience

    427
    152
    14 ноември 2016
    Машко
    International Track & Trace | PostNL

    Дали е нормално волку да заглави дури од 26ти април да не се промени статус, после оваа информација обично следната ден има нова.

    EDIT: На 17track има информација за излез од Холандија.
     
  4. krema

    krema
    Professor

    8,829
    8,577
    24 Јуни 2009
    Машко
    Имат празници во NL, затоа.
     
    На Riste19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,835
    6,416
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Кога ќе помине Папата утре ќе му викнам да сврти откај стара пошта (таа што изгоре), да зачати со тоа кандилцето и да фрли една света вода. Па да ни тргнат праткиве ко што треба веќе еднаш.
     
    На Lokvan и iface им се допаѓа ова.
  6. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    678
    360
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Ќе ги земе со Папамобил. :D
     
  7. Delicon

    Delicon
    Gaining Experience

    648
    99
    10 Јуни 2007
    Вчера им стинаа 4000 пратки. Кажаа не можат да постигнат, малку луѓе биле.
    Очекувајте пратки овие денови. Денес им е неработен ден :)
     
  8. 123456

    123456
    Gaining Experience

    747
    357
    12 Април 2013
    Машко
    1003 e центар плоштад или железничка?
     
  9. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    543
    522
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    ако не сум грешка .. ова е влезно/излезно одделение, од таму мислам неможе да ја земеш, коа ке префрлат во 1004 (без или да помине 1006 царина)
     
  10. 123456

    123456
    Gaining Experience

    747
    357
    12 Април 2013
    Машко
    сите мој прозиводи што стигнале иделе преку 1003 па 1050 во мој реон, веке стои 2 дена во 1003.
     
  11. Nightwalker

    Nightwalker
    Gaining Experience

    97
    76
    18 ноември 2007
    Машко
    Здраво дечки!

    Дали може да ми помогнете да дознаам каде моментално се наоѓа мојата пратка?

    upload_2019-5-8_23-4-36.png

    Ме буни последниот апдејт - Skopje2-Paketsko 1000 - каде се наоѓа ова? Дополнително забуна и немир ми создава „Не побарал“, па доколку може да ми кажете каде утре да се обратам би било одлично.

    Фала ви однапред!
     
  12. Riste19

    Riste19
    Gaining Experience

    427
    152
    14 ноември 2016
    Машко
    Пакетско е одма до царината!
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nightwalker

    Nightwalker
    Gaining Experience

    97
    76
    18 ноември 2007
    Машко
    Значи под железничка станица? Се извинувам, не сум имал досега ситуација пратка да не пристигне во локалната пошта.
     
  14. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    543
    522
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    да, од овој статус (од мое искуство) ги испорачува курир и не оди до локална пошта по регион. Ми се имаат чак и јавувано пред испорака за да им потврдам дал сум дома (или кај да ме најдат), и директ на рука со потпис и сл. Ваљда утре ќе ти дојдат, ова статусот најверојатно дека не стигнале за испорака тој ден
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,143
    11,138
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Пакетско ти е овде:

    [​IMG]

    Ќе свртиш по првата уличка (мислам дека е еднонасочна) покрај паркингот, не онаа поголемата со семафорите.

    Со тракинг бројчето и лична карта ќе си го побараш таму, ако во меѓувреме не ти стигне картонче.

    Од пакетско носат до дома, ама многу ретко, веројатно кога се расположени.

    „Не побарал“ не знам што им значи, еднаш со тој статус ми стигна картонче дури по една недела, еднаш не ми стигна и ми рекоа „па што не си го побарал“. :)
     
    На Nightwalker и DonFrozex им се допаѓа ова.
  16. fiatf

    fiatf
    Intern

    55
    15
    22 oктомври 2016
    Машко
    Праткава ми има стигнато во МК на тракингот го пишува ова
    MKSKPB, Pristignata vo Naizmeni!na po{ta(Vlez)

    Знае некој колку се плака царина/данок за пратка вредност 150$?
     
  17. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,143
    11,138
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Уште не е обработена, може ќе отиде на царина, а може и не.

    Од соседната тема (првиот пост), би требало да е царина 15% + данок 18% (освен ако не е некоја стока за која важи друга царинска стапка) + 100-200 денари за препакување (во пракса удирање селотејп), уплатници и слично.
     
    На fiatf му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Aowek

    Aowek
    Gaining Experience

    400
    162
    14 Април 2012
    Машко
    upload_2019-5-9_14-22-51.png
    Дечки што значи ова не сум го сретнал до сега ?
     
  19. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    684
    628
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Види на мк пошта сајтот што ти пишува
     
  20. Aowek

    Aowek
    Gaining Experience

    400
    162
    14 Април 2012
    Машко
    Не се пронајдени податоци пишува
    upload_2019-5-9_14-28-3.png
     
  21. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,143
    11,138
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Тоа Item Posted Over The Counter најдов дека го користи само Малезиска пошта, значи дека го примиле на шалтер (обработиле).

    Ми се чини дека стигнала пратката во Малезија од Кина (ако е од Кина) и дури тогаш тргнала понатаму, значи имаш уште многу да чекаш.

    Но не сум баш сигурен, може да значи и друго.

    Малезиска пошта е една од побавните за до кај нас.

    Едит: И ова не е полна регистрирана пратка (не почнува на R), значи тракингот завршува тука и ќе патува долго, нема да знаеш што се случува со неа се` додека не се појави на сајтот на наша пошта.
     
  22. Aowek

    Aowek
    Gaining Experience

    400
    162
    14 Април 2012
    Машко
    Нарачана ми е уште во март поточно 22 пишување до 23 мај дека ќе стигне па се надевам ќе дојде до тогаш.
     
  23. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    684
    628
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Ако нема записи на сајтот на мк пошта однак не е стигнато. Наизменична пошта влез значи дека пратките се стигнати во пошта, но треба да се обработат. Остаток значи дека наредниот ден поштарот ќе ви ја достави пратката или картончето.
     
  24. mkiptv

    mkiptv
    Gaining Experience

    375
    176
    28 ноември 2014
    Машко
    IMG_2785.JPG

    Каде да се обратам...?
    Пратката треба да ја подигнам од Пошта Железничка, а 1020 е Карпош (Лептокарија) .


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  25. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,143
    11,138
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Во Лептокарија, ама не брзај, во 2:58:50 тргнала за натаму. :)
     

Сподели

Вчитување...