1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Македонски Пошти- општа дискусија

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од ТАТА_МАТА, 28 Мај 2016.

Како сте задоволни од услугите на Македонски Пошти?

  1. Да, задоволен/а сум

    13.7%
  2. Ок се, сум немал/а некакви особени проблеми

    40.6%
  3. Не сум задоволен/а

    17.6%
  4. Не сум воопшто задоволен/а

    28.1%
  1. agjurcin

    agjurcin
    Intern

    4
    2
    18 Април 2018
    Машко
    Ако си во Скопје, пробај следно: оди во Пошта 2-Достава, кај Железничка, кај паркингот спроти старо Космофон, влези кај поштарите, таму има шалтери, побарај го дежурниот контролор и објасни му ја ситуацијата, биди персистентен/на, земи и фактури/скриншоти со себе во врска со пратките. Веќе пишав дека некаде од октомври-ноември минатата година катастрофа е ситуацијата, особено со обичните пратки. Ги снемува или доцнат ептен. Мене во последните 6 месеци ми исчезнаа 4 пратки пуштени обично од Германија и Англија (од Англија со Ројал мејл). Од западна Европа до тука ако не стигнат за максимум три недели значи очекувај проблем, а ако не ти стигнат за месец дена, 95% веројатност е дека никогаш нема да ти стигнат. Решение: тие што имаат твитер масовно пингање Министерство за транспорт и Министерство за финансии, и пропратните Дирекции... Ако јавно не ги избрукаш ништо не се менува. Чаре друго незнам.
     
  2. Delicon

    Delicon
    Gaining Experience

    653
    101
    10 Јуни 2007
    Шо мислиш дека ќе се деси кога ќе збори со контролорот?
    "Ааа извини дечко, ама колегата ти ја собрал пратката, еве ти ја назад."
     
    На goceiva му/ѝ се допаѓа ова.
  3. agjurcin

    agjurcin
    Intern

    4
    2
    18 Април 2018
    Машко
    Барем да му стави до знаење дека некој таму нешто мути. Ако е контролор и е совесен, нека си ја брка работата. Друга алтернатива која? Ако не реагираш никако и си ќутиш, ќе ти го земат редот, и честитките за нова година ќе ти ги крадат :rolleyes:
     
    На goceiva му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,868
    6,466
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Поплаки за достава

    тел:+389 02 3105-205

    Почнувајте од наједноставното. Имаат и контакт форма на сајтот, која проверено работи (и за поплаки).
     
  5. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,559
    2,373
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Не сум во Скопје.

    До нашите е, или пошта/царина имаат пун Qrats пакети па полека ги сортираат и ги минуваат, или си го ладат периодов.
    Вчера ми стигна една од двете Ројал Мејл нарачки, и тоа таа од 1 Април, а другата од 20 Март уште ја нема.

    Сигурно сите пристигнати пакети им се на еден куп и ги вадат и делат рандом како стигнат.
     
  6. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    546
    523
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    Незнам кај мене последниве пратки па, чим влезат во мк се испорачани експресно (пошта карпош), од влез до испорака во Карпош е два дена.

    Идат редовно .. од февруар ситгнаа една по една неколку пратки, првпат доплатив за сингапурска од тоа што читам тука, ама исто стигна ко другава со стандард china пошта, не гледам разлика (бар така ми се погоди на првиве нарачки).
     
  7. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,868
    6,466
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Мене R ми стигаат редовно (priority/препорачани). Тие со U или само бројка ги чекам од почеток на Март. Некои мини USB кабелчиња и такви ситници за кои не се исплаќа да платиш R.

    Еве беља, две пратки порачани во ист ден (размак 10 минути) исти, од ист продавач.

    Едната стигна денес на врата, на тракинг Pristignata vo Naizmeni!na po{ta(Vlez)
    а другата вика Pristignata vo Naizmeni!na po{ta(Izlez)

    Да не ја вратиле назад талентиве.
     
    Последна промена: 23 Април 2019
  8. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,041
    1,087
    6 Декември 2016
    Машко
    Ти си добар.
    Пратка за Штип ја праќаа:

    Скопје - Штип - Пробиштип - Штип - Кочани - Штип
     
  9. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,868
    6,466
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Абе тоа комбето било у Штип се најал шоферо некоја добра пастрмајлија па рекол чек ќе се вратам и на пиво, па рекол ај за крај на смена да седнам у кафана. Па ти ја држел пратката да има изговор :)
     
    На Balanar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,627
    742
    3 Март 2018
    ајдее, на тор браусер ми отвара „следи пратки“, на хром не. Него може према тракинг да се најде адреса ?На моја адреса се со друго име :S
    RB106066440MK
    RB108785302MK
    пише пренасочено. Фала
     
  11. 123456

    123456
    Gaining Experience

    799
    397
    12 Април 2013
    Машко
    една мене само од февруар не ми е стигната СГ
     
  12. bandrej

    bandrej
    Gaining Experience

    136
    150
    9 Март 2016
    Машко
    4 дена истата информација за пратката. Знам дека ако идам во поштата позади ќе можам да ја земам ама не ми се оди за ситница. Порано одма ми ги носеа на врата, сега сите морам сам во пошта да ги барам. Ако ништо барем картонче да донесеше. Еднаш и цела пратка ми снема, пишуваше испорачана, а не сум за подигнал. Дали и друг има проблем со поштарот, мојов ептен зафркава. До пред една година се си беше супер.[​IMG]

    Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
     
  13. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    525
    641
    21 ноември 2010
    Машко
    Нема вина поштарот според статусов, остаток значи дека сеуште не ја обработиле пратката теткиците позади.
     
  14. bandrej

    bandrej
    Gaining Experience

    136
    150
    9 Март 2016
    Машко
    Епа дека пишува од достава мислев дека е спремна за достава и секој ден ја враќаат до остаток. Како и да е ептен се хаос, пола свет патуваат пратките за две недели, а кај нас за една недела од железничка до центар не можат да ја достават.

    Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
     
  15. DeJaVu

    DeJaVu
    On your way to fame

    525
    641
    21 ноември 2010
    Машко
    Да де кај нив е, достава се теткиците позади, ама не ја прошле со пиштолот.
     
    На bandrej му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sanya_p

    sanya_p
    Intern

    9
    1
    18 Април 2019
    Сабајлево бев до пошта по пратката, ми рекоа поштарот ја земал за достава и да си ја чекам дома - океј све тоа, ама сега статусот на нарачката се смени пак и пишува дека е во пошта. Што значи ова, ја вратиле во пошта, да тркнам до таму пак?

    upload_2019-4-25_12-39-38.png
     

    Прикачени датотеки:

  17. 123456

    123456
    Gaining Experience

    799
    397
    12 Април 2013
    Машко
    posta.png

    ова е кога ке се промаши една бројка, место 1050 кај мене, они 1060 Горче Петровац пратено, па вратено назад и сега ке се чека, кај е ова нова железничка ли скопје2?
     
  18. sanya_p

    sanya_p
    Intern

    9
    1
    18 Април 2019
    Да, кај нова железничка е.
     
  19. 123456

    123456
    Gaining Experience

    799
    397
    12 Април 2013
    Машко
    Тоа е делот на крај на поштата коа ке влезеш мислиш у некој хорор филм си влегол?
     
  20. sanya_p

    sanya_p
    Intern

    9
    1
    18 Април 2019
    Делот од кај колосеум, откако ќе влезеш на капија идеш скроз лево, исто ко хорор филм е внатре нема да утнеш :)
     
  21. Makedonec^

    Makedonec^
    Gaining Experience

    145
    92
    21 ноември 2012
    Машко
    Веќе 2 дена не ми отвара posta.mk ни со https ни со http. Кај вас каква е ситуацијата??

    п.с Инаку за 2 пратки веќе направив рефунд над 45 дена ги чекав и ни трага ни глас.
     
  22. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    692
    374
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Преку 4G не отвара.
    Еве и мене една пратка веќе 34 дена ми ја нема, не знам каде глават.
     
  23. Delicon

    Delicon
    Gaining Experience

    653
    101
    10 Јуни 2007
    Сајтот ја блокира IP адресата после неколку пребарувања. Не знам дали и на колку време ја одблокира.
    Сменетеa IP доколку можете, или пробајте со VPN.
     
    На Makedonec^ му/ѝ се допаѓа ова.
  24. 123456

    123456
    Gaining Experience

    799
    397
    12 Април 2013
    Машко
    прав хорор филм првпат идам во делот за достава.
    успешно си го зедов продуктот.
     
  25. Makedonec^

    Makedonec^
    Gaining Experience

    145
    92
    21 ноември 2012
    Машко
    Точно, пробав со proxy ми успеа, ама инфо за пратката немам уште :)
     

Сподели

Вчитување...