zlatko_ti412
hello world
- 12 ноември 2018
- 393
- 565
Mitsubishi LN 35 ти е елеганција....Мое лично искуство и моја лична субјективна перцепција
Daikin FTX 35 J серија купен околу 2012 година без проблеми загреваше и ладеше 40 м2, доброизолирана просторија. Климата е сеуште функционална, но за жал последниве години никој не престојува на горниот спрат. Презадоволен.
Vivax AUJI 3.5kw купен за просторија од 16 квадрати, продаден заради тоа што не бев задоволен од греењето. Изолација жалосна, 3цм внатрешен стиропор и гола цигла од едната страна Незадоволен.
Vivax Aeri+ 3.5kw во истата просторија три години по ред. Работи 24/7 секое зимо. Задоволен.
Mitsubishi LN 35 во просторија од 28 квадрати, исто така со жалосна изолација, каде едниот ѕид е гола цигла. Модулира навистина ниско и има мала потрошувачка, но исто така моите таму се навикнати на дрва. Се надевав дека ќе ги модернизирам, но планот пропадна
Мило ми е што тука има членови што се навистина презадоволни од овој модел, но за жал јас ги немам тие импресии, посебно земајќи ја во обзир сумата која ја издвоив.
Не знам дали очекував повеќе, дали е само за добро изолирани простории, но некако имам чувство како повеќе да сака да модулира ниско отколку да загрее. Заради односот цена/очекување/добиено незадоволен.
Gree Airy Pro во просторија од 12 квадрати, исто така со катастрофална изолација . Купен е годинава, пуштен е на неколку кратки интервали и досега сум најзадоволен од него од топлината што ја даваше, токму како што јас сакам, но температурите не беа минусни и просторијата е премала за да го оставам да работи како он офф клима и да ја расипам.
Не верувам дека оваа година ќе стигнам да ги спојам собите каде што се виваксот и грито за да дадам дополнителни впечатоци.
Ако успеам планот ми е да го поставам виваксот на 22 степени , а грито на 24 степени и да пишам импресии со надеж дека некој ќе може да ги најде корисни.
Не сум мерел издув на воздух, ни потрошувачка освен на Melcloud апликацијата, нити осеќам потреба затоа што сметките за струја ми се движат од 2 до 4 илјади денари.
Лично преферирам и да доплатам 1000 денари месечно за потопол издув пред ниска модулација, пред се заради големите топлински загуби поради лошата изолација.
Ама ако го стегнеш треба да направи сауна.... а не па да не си задоволен xD
Од искуство ти кажувам пошо првите 2 сезони ја користев во сличен простор, воопшто неизолиран спрат од куќа со стара дрвена дограма....
На Аутофан си користи ниска брзина на издув, модулира со 100w/h потрошна и си се грее самата себе, а тебе од сите страни ти зрачат ладноча ѕидовите па нормално на другиот крај од собата ќе ти студи....
Али види, во тие услови, штом надвор залади => заборави на аутофан и ниска модулација
Го ставаш на 26С и фиксна 4/5 брзина.... па ќе крене потрошна на 1kW/h.... ееее тогаш ако не стопли значи нешто не е во ред со уредот или инсталацијата.
Аутофан и ниска модулација се за простори со добра изолација!