Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења во прв пост)

zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
394
568
Мое лично искуство и моја лична субјективна перцепција

Daikin FTX 35 J серија купен околу 2012 година без проблеми загреваше и ладеше 40 м2, доброизолирана просторија. Климата е сеуште функционална, но за жал последниве години никој не престојува на горниот спрат. Презадоволен.

Vivax AUJI 3.5kw купен за просторија од 16 квадрати, продаден заради тоа што не бев задоволен од греењето. Изолација жалосна, 3цм внатрешен стиропор и гола цигла од едната страна Незадоволен.

Vivax Aeri+ 3.5kw во истата просторија три години по ред. Работи 24/7 секое зимо. Задоволен.

Mitsubishi LN 35 во просторија од 28 квадрати, исто така со жалосна изолација, каде едниот ѕид е гола цигла. Модулира навистина ниско и има мала потрошувачка, но исто така моите таму се навикнати на дрва. Се надевав дека ќе ги модернизирам, но планот пропадна
Мило ми е што тука има членови што се навистина презадоволни од овој модел, но за жал јас ги немам тие импресии, посебно земајќи ја во обзир сумата која ја издвоив.
Не знам дали очекував повеќе, дали е само за добро изолирани простории, но некако имам чувство како повеќе да сака да модулира ниско отколку да загрее. Заради односот цена/очекување/добиено незадоволен.

Gree Airy Pro во просторија од 12 квадрати, исто така со катастрофална изолација . Купен е годинава, пуштен е на неколку кратки интервали и досега сум најзадоволен од него од топлината што ја даваше, токму како што јас сакам, но температурите не беа минусни и просторијата е премала за да го оставам да работи како он офф клима и да ја расипам.
Не верувам дека оваа година ќе стигнам да ги спојам собите каде што се виваксот и грито за да дадам дополнителни впечатоци.
Ако успеам планот ми е да го поставам виваксот на 22 степени , а грито на 24 степени и да пишам импресии со надеж дека некој ќе може да ги најде корисни.

Не сум мерел издув на воздух, ни потрошувачка освен на Melcloud апликацијата, нити осеќам потреба затоа што сметките за струја ми се движат од 2 до 4 илјади денари.
Лично преферирам и да доплатам 1000 денари месечно за потопол издув пред ниска модулација, пред се заради големите топлински загуби поради лошата изолација.
Mitsubishi LN 35 ти е елеганција....
Ама ако го стегнеш треба да направи сауна.... а не па да не си задоволен xD

Од искуство ти кажувам пошо првите 2 сезони ја користев во сличен простор, воопшто неизолиран спрат од куќа со стара дрвена дограма....
На Аутофан си користи ниска брзина на издув, модулира со 100w/h потрошна и си се грее самата себе, а тебе од сите страни ти зрачат ладноча ѕидовите па нормално на другиот крај од собата ќе ти студи....

Али види, во тие услови, штом надвор залади => заборави на аутофан и ниска модулација :D
Го ставаш на 26С и фиксна 4/5 брзина.... па ќе крене потрошна на 1kW/h.... ееее тогаш ако не стопли значи нешто не е во ред со уредот или инсталацијата.

Аутофан и ниска модулација се за простори со добра изолација!
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.263
5.613
Скопје
Пред некој ден бев во Енерго Систем да прашам за клима, и некои вентили купував. Ми треба клима за мала просторија, 15 квадрати макс, добро изолирана. Во моментот е инсталирана една он-оф клима 3,5ка која на греење трокира многу, повеќе е во дифрост отколку што грее. За ладење е океј, и ќе оди во аут односно на друга локација.

Веќе во куќата имам Мицубиши АП модели, едниот 3,5 и другиот 2,5, во практично исти простории (околу 20 квадрати), со тоа што 3,5-ката загрева и дневна каде е отворена вратата кон ходник.
Му викам на момаков, што има од 2,5 модел, со оглед на квадратурата сметам дека ќе ми биде доволна. Сега не се AP моделите, туку AY. И ми вика нема 2,5ки, не ги носиме. На прашањето зошто, ми вика сме увиделе дека нема разлика во операција меѓу двете, као и подобро било 3,5ка. Како ми го прави муабетот, си викам па ги имам дома и 2,5ка и 3,5ка наместени и работат малтене паралелно. Извадив некои потрошувачки од Мелклауд за летово и минатата зима, па еве резултати.

3.5ка - дневна соба | 2.5ка - спална соба
Noe_2025_Dnevna.png Noe_2025_Spalna.png
Ноември 2025та, 3.5kW = 53,4kWh | 2.5kW = 55kWh
Приметете ги деновите 3.5-ката повеќе работела а има нешто помала потрошувачка

Dek_2025_Dnevna.png Dek_2025_Spalna.png
Декември 2025та, 3.5kW = 235,5kWh | 2.5kW = 252,2kWh
Деновите повторно нешто повеќе кај 3.5-ката, а помала потрошувачка

JulAvg_2026_Dnevna.png JulAvg_2026_Spalna.png
Овие се во лето, јули-август период 2026та. Ги користам климите на ладење и на сушење (dry) модови.
Јули-Август 2026та (сума), 3.5kW = 132,5kWh | 2.5kW = 125,5kWh
Тука 2.5ката потрошила помалку и бидејќи е прикажано за два месеци, не дава по денови распределба.

Откако ги споредив потрошувачкиве, гледам дека држи вода муабетот за 2.5ка во однос на 3.5ка, иста изолација и дограма е во двете соби, иста висина на таван. Не знам дали истово би се транслатирало и во помалата соба, ама можеби затоа не носат 2.5ки конкретно во Енергосистем.

Ако некој има слична ситуација, би било добро да споредиме и други примери со потрошувачка. Кај мене е споредливо бидејќи собите се практично исти.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
394
568
Моделите на Мицу, во муабетов споменатите модели AP 25 со 35 и не се разликуваат многу, хардверски можеби 3.5ката да има малку поголем изменувач и софтверски е по-оптеретена одностно компресорот работи на повисок напон и вентилаторите се со поголем проток на воздух.... што кај инвертерите тоа е при максимално оптеретување.
Што би значело 3.5ката би стоплила/потрошила повеќе при максимално оптеретување.

@Necromancer што е со локациите на надворешните?
На тоа може да се должат разликите кај тебе, изложеноста на сонце како на надворешната единица така и на просторијата може да направи разлика околку оптеретеноста при работа и потрошната.
 
Последна промена:

Една до друга, североисточна страна.

Screenshot_20261105-185052.png
 
filbo

read-only
14 април 2026
17
0
Монтажа и инсталација на vivax 5.5kw.
 
Атачменти

  • 20261110_125519.jpg
    20261110_125519.jpg
    1,3 MB · Прегледи: 54
  • 20261110_112607.jpg
    20261110_112607.jpg
    895,7 KB · Прегледи: 56
  • 20261110_111041.jpg
    20261110_111041.jpg
    854,7 KB · Прегледи: 56
  • 20261110_113320.jpg
    20261110_113320.jpg
    1,3 MB · Прегледи: 54
  • 20261110_124721 (1).jpg
    20261110_124721 (1).jpg
    1 MB · Прегледи: 52

Goran333

hello world
19 август 2022
137
152
Не, знам дека не е ок, кажи ми што не е?
Цевките треба да се изолирани. Нели гледаш како на новата внатрешната на цевките има изолација? Е така треба целосно.
И викаш поминуваат низ зид и низ под? Ќе кондензира
 
FikanA

hello world
3 април 2025
346
487
Средe никаде...
Не, знам дека не е ок, кажи ми што не е?
Од надворешна страна кој и да го местел кажи им да го пицнат малце.. ова е срамота за било која фасада, дури и за тие што се само цигла...
Заварувањето внатре личи meh и избрзано, и цевките се виткани како кифла од Вегера, за среќа не личи дека ептен заебале..
 
filbo

read-only
14 април 2026
17
0
Цевките треба да се изолирани. Нели гледаш како на новата внатрешната на цевките има изолација? Е така треба целосно.
И викаш поминуваат низ зид и низ под? Ќе кондензира
За изолацијата знам, не донесоа материјал и не можеле да стигнат, а низ под и ѕид има стара изолација.
Мислењето е автоматски споено:

Од надворешна страна кој и да го местел кажи им да го пицнат малце.. ова е срамота за било која фасада, дури и за тие што се само цигла...
Заварувањето внатре личи meh и избрзано, и цевките се виткани како кифла од Вегера, за среќа не личи дека ептен заебале..
И тоа знам 15 минути се убедував да се подисправи и пак не е како што барав ама на крај креваш раце. А и заварувањето беше правено без внатре да струи азот, колку што знам треба за да нема остатоци во фреонот после... Инаку овластени од Vivax монтираа.
 
kolesk

lurker
6 февруари 2016
845
1.308
Види, не е лошо монтирано, ако го гледаш од околу 930 метра далечина.
Инаку, не го бива. За жал, сите се приучени монтери. Бил чирак 3 недели, и заради недостаток на монтери, одма добил работа.
Едноставно е недозволиво да дојде не спремен на монтажа. Многу е полесно и подобро бандажирање на цевките, кога тие се доле, и "исправени". Заварениот спој не го коментирам, не знам тоа, ама е подобро отколку холендери. (мада јас сум ќор и не гледам заварен спој)

Како и да е, со здравје да се греете и ладите.
 
Па не, цевките веќе беа провлечени низ под, само можеше барем да навлече изолација над нив и да ја истурка до ѕид кога ги исече за да ги спои со новите, сега не знам како..
 
18 август 2019
1.261
1.265
Па не, цевките веќе беа провлечени низ под, само можеше барем да навлече изолација над нив и да ја истурка до ѕид кога ги исече за да ги спои со новите, сега не знам како..
Има изолациски материјал (во цевчеста форма) што е направен да се расече по должина, а потоа да се завитка со изолир.
Јас вака не би го оставил.
 
filbo

read-only
14 април 2026
17
0
Има изолациски материјал (во цевчеста форма) што е направен да се расече по должина, а потоа да се завитка со изолир.
Јас вака не би го оставил.
Знам тоа ама да не речат не е пристапно, зошто има 1 метро од врвот на ѕидот до дупката во ѕид. Затоа мислев со навлекување.
 
filbo

read-only
14 април 2026
17
0

Атачменти

  • 20261110_203350.jpg
    20261110_203350.jpg
    1,1 MB · Прегледи: 24

kolesk

lurker
6 февруари 2016
845
1.308
Да не те плашиме и обесхрабруваме, бидејќи сме шалабајзери.
Ќе си дојдат и средат. Се се прави или поправа.
Чисто и они и ти, да не губите време за втора средба, па термини итн. Сега се најзафатени и работат под полн притисок.
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно