Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

sŵn - мемориски CD транспорт.

InSides

lurker
21 февруари 2009
789
2.106
Вовед

Не поседувам ниту еден единствен CD.

Сега откако е тоа решено, пар работи околу она што следи во текстот, ако икој е волен да потроши дел од своето драгоцено време да ги чита моите писанија. Не поседувам ниту еден единствен компакт диск, но местото на тој медиум во колективната аудиофилска свест е неспорно. Најголемиот дел од моите пријатели користат дискови во значителна мера, па приказната околу репродукцијата на истите се повторува.

Неколку половични успеси во развој на звучни извори ми даваат некаква надеж за делумна способност, покрај изработен просечен грамофон и нешто потпросечен стример, изработката на CD транспорт треба да е повеќе од јасен нареден чекор. А ако тоа е демек јасно, зошто би ме спречиш фактот што ниту поседувам ниту користам аудио компакт дискови?


Проблем

Колку би било лесно да се работи за само еден проблем. Среќа па во хоби каде изразот snake oil е секојдневие, проблемите не се нерешливи, туку само се претвораат во трошоци.

Примарниот проблем е точно и прецизно извлекување на аудио текот од медиумот и пренос на истиот до DAC-от. Тоа делува лесно решливо - ќе купам демостративен комплет со комерцијален CD транспорт, и тоа наводно најдобриот во светот (CD-Pro8), ќе склопам кутија и решен проблем.

Ама тоа е деривативен пристап, без било каква ментална гимнастика, што ќе рече, решавање на проблемот со ниско ниво на допамин и ултимативно разочарување. За вистинско решавање на непостоечки проблеми, мора малку да се искомплицираат работите.

Новиот проблем е точно и прецизно извлекување на аудио текот од медиумот и пренос на истиот до DAC-от ЗАЕДНО со адаптивна корекција на грешки при читање и елиминација на вревата од транспортниот механизам.

CD-Pro8 тоа не го може.

Најобичен личен сметач може. Exact Audio Copy чита дискови, прави адаптивна корекција на грешки при читањето, го исклучува транспортот по завршувањето и репродукцијата оди преку тврдиот диск. Во моето лично искуство (што е клучно во суетен проект како овој), риповите на аудио дискови звучеле подобро од самата директна репродукција. И ако е тоа така, нема што да се предомислува.

Без разлика на сето ова, клучно ми е тактилното искуство кое го пружаат физичките медиуми, особено принципот на работа на грамофонските плочи.

Проблем.


Предлог
  1. Транспорт кој чита аудио дискови и врши прогресивна корекција на грешки;
  2. Репродукција слична на грамофонским погон, слушање од почеток до крај без замарања со транспортни команди;
  3. Елиминација на несаканите ефекти на физичкиот транспорт и вибрациите кои се резултат на ротацијата на дискот;
  4. Минимален изглед, отсуство на дисплеј и на индикатори на репродукција.


sŵn

Ова е sŵn, таканаречен "no nonsense memory based CD transport".

swn-front-model.png


Името доаѓа од велшкиот збор sŵn, кој значи "звук" или почесто "врева". Адекватно.

Креиран е да овозможи репродукција без напор со фокус на квалитетот на звукот и слушање на принцип на цел албум, а не индивидуални траки. Неговите примарни цели се (1) елиминација на недостатоците на физичкиот транспорт, (2) имплементација на прогресивна корекција на грешки и (3) репродукција од волатилна меморија.

Ама па да работи како најобичен CD транспорт.

Нема вградени екрани ниту физички прекинувачи, освен еден единствен за исфрлување на дискот. Не прави никави модификации на аудио текот. Обесхрабрува seeking и прескокнување на нумери.

sŵn не е за секој. Искрено, прашање е дали е и за мене.


Работа

Со уфрлување на диск во предниот отвор, sŵn презема.

Уредот го вовлекува дискот, ја чита содржината и почнува со вчитување на аудио текот. Ако постои валидна мрежна врска, го собира насловот на албумот, имињата на нумерите и омотот, кои се појавуваат на опционален интерфејс преку стандарден пребарувач по неколку моменти. Без мрежа, дискот се репродуцира со генерички називи на нумерите.

Репродукцијата почнува по грубо петнаесетина секудни, штом почетокот на првата нумера се смести во меморијата. Остатокот на дискот продолжува да се вчитува во позадината, постојане пред она што во моментов се репродуцира. Интерфејсот го покажува напредокот на вчитувањето. Дискот е целосно во меморија најчесто по неколку минути, во кој момент, оптичкиот уред се втишува целосно.

Од првата нота па натаму, музиката се репродуцира од волатилна меморија, никогаш од самиот диск. Нумерите се репродуцираат gapless, без oversampling или било каква модификација на аудио токот. Доколку се прескокне кон трака која се уште не е прочитана, репродукцијата паузира додека не се смести истата во меморија.

Ништо не се зачувува по слушањето. Исфрлање на дискот, преку тастер, интерфејсот или далечинскиот управувач, ја запира репродукцијата, ја брише меморијата и го исфрла дискот.


Хардвер

sŵn е заснован на Raspberry Pi 5 плочка со 2 GB RAM и slot-load оптички уред кој се поврзува преку USB – конкретно, се работи за Apple SuperDrive. Како извор на струја се користи стандарднo RPi напојување од 27 W, што овозможува полна снага преку USB врската и спречува намалување на перформансите (throttling) како последица на неадекватно напоjување.

UOYzDvq.jpeg


Оптичкиот уред е сместен во носач кој се потпира на три точки, а кои користат систем на суспензија со помош на о-прстени - сличен на принципот кој се користи кај носачи на постари студиски микрофони. Оваквото решение овозможува намалување на инхерентните вибрации и додава елементи на пригушување (damping).

a88JydE.jpeg


Целата кутија лежи на поголеми ногарки кои го користат истиот систем на суспензија. Тие се поставени во конфигурација која е огледална на конфигурацијата кај оптичкиот уред, со што дополнително се намалуваат несаканите вибрации.

Уредот нема екрани ниту тастери, со исклучок на единствен тастер за исфрлање на дискот, кој се наоѓа на долната страна на кутијата - десно кога се гледа од напред.

7HUwikd.jpeg


На задната страна на кутијата се наоѓаат четири отвори - два за конектори од типот Neutrik D на леватаа страна (гледано од назад), и по еден EtherCon и NA-USB на десната страна.

CL4rbxg.jpeg


Врската со напојувањето е преку Rean TinyXLR конектори. Еден од конекторите е неповрзан, и присутен за идна функционалност.

Единствен достапен излез за поврзување со DAC во стандардната конфигурација е USB. Apple Siri Remote се користи као далечински управувач.


Софтвер

sŵn се заснова RaspOS Lite и содржи низа Python скрипти кои управуваат со репродукцијата.

GUI во стандарден веб пребарувач прикажува основни информации за дискот и нумерите, заедно со омотот и општиот напредок на вчитувањето во меморија.


Принцип

sŵn претставува мал ланец на стандардни алати, од кои секој извршува една задача.

Транспорт. SuperDrive-от нема да прифати диск додека не ја прими командата за будење, поради што udev правило ја праќа истата веднаш штом уредот се појави на USB магистралата. Друго правило го активира програмот за вчитување штом се детектира аудио диск во самиот драјв.

Вчитување. Програмот за вчитување ја утврдува содржината на дискот, а потоа ја чита секоја нумера и ја запишува како WAV датотека на RAM диск. Првата нумера се креира веднаш, делумно се вчитува и репродукцијата започнува. Останатиот дел од нумерата се допишува додека трае репродукцијата. Останатите нумери следат по тој редослед.

Репродукција. MPD ги репродуцира датотеките директно од RAM дискот, без паузи помеѓу траките, преку директна ALSA врска со DAC. Во синџирот нема миксери, oversampling + upsampling ниту софтверска контрола на јачината, за аудио текот да излезе во потполно истиот облик во кој е прочитан.

Мета. Структурата на нумерите на дискот се пребарува со помош на онлајн сервиси (MusicBrainz + Cover Art Archive). Резултатот се прифаќа само ако бројот на нумери се совпаѓа, траењето на нумерите е во рамките на мала толеранција. Пребарувањето се случува паралелно со вчитувањето на дискот и е придружена со временско ограничување со цел да не ја попречи самата репродукција. Називите се чуваат во рамките на самите WAV датотеки, така што никаде вон RAM дискот не постои референца нити меморија.

Интерфејс. Мал Python веб-сервер кој користи стандардни библиотеки. Периодично го проверува статусот на MPD и ги трансформира инпутите во MPD команди.

Контроли. Тастерот за исфрлање на дискот е поврзан на GPIO пин кој се отчитува со мал сервисен програм. Сигналите од далечинскиот управувач (Apple Siri Remote) се отчитуваат со помош на Bluetooth монитор затоа што стандардниот Linux стек не го гледа ова далечинско како типичен HID уред.

Сите компоненти функционираат како systemd сервиси, а инсталацијата е возможна со помош на унифицирана инсталациска скрипта.


Контрола

Иако идејата за уредот беше "уфрли CD и легни во фотеља" со тешко срце морам да прифатам дека светот не е пол со мазохисти, па sŵn има полн сет опции за далечинска контрола, достапен преку мрежа и регуларен веб-пребарувач.

swn-ui-playback-loading.png

swn-ui-playback-playing-low-battery.png


На првата слика се гледа статусот на вчитување на траките. Свири првата трака, се вчитуваат останатите. На втората слика се гледа статусот по завршување на вчитувањето.

Батерискиот статус се однесува на вградената батерија на далечинскиот управувач, затоа што на истиот не постои никаков физички индикатор.


Кутија

На sŵn не му треба никаква кутија за основно работење.

Ама поентата беше намалување на вибрации, и колку толку пријатен изглед за во домашна средина. Кутијата во која е сместен уредот е во целост печатена на 3D принтер со PLA, со исклучок на неколку машински инсерти и неколку о-прстени.

G1LQCfU.jpeg

0cJ4xP6.jpeg

iEVfulM.jpeg


И уште еден "beauty shot".

T1xilZ6.jpeg


И сега, имаше ли поента, и како тоа свири?

Извонредно.

Подобро од CD-Pro8 базиран транспорт, километри подобро од стандарден Rotel транспорт поврзан со коаксијална врска.

Овие денови готовиот уред ќе оди на турнеја по пријателите, да видиме дали нивното искуство ќе се поклопи. Ако се поклопи, ќе остане во игра и можеби ќе подобруваме некоја функционалност.

Во спротивно, PLA ќе се претопи, а RPi и SuperDrive-от сигурно ќе можат да се искористат за некој друг проект.


Достапност

Како и претходно, сите 3D модели, упатства, инструкции и срамно простиот изворен код се достапни во јавно GitHub repo:

GitHub - stojnev/dwr-swn: A no nonsense memory based CD transport.
 

mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.831
4.549
Неготино
ah-shit-here-we-go-again-ah-shit.gif
 
— членови онлајн
—мислења
—теми
—членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно