Misteriozen
read-only
- 20 февруари 2010
- 49
- 34
Поздрав до сите!
Во план сум да купам клима уред кој претежно би го користел за греење со цена до 45000 денари.
Досега се греев на дрва, но веќе ми се смачи од нив, сечење, цепење, складирање а и во последно време кај тешко се стигнува до нив, а и постанаа скапи. Користам за огрев Дора камин од Пламен со кој мака мачам да ја регулирам температурата зимно време при блага надворешна тепература до -5, во собата температурата ми стигнува и до 28 степени. Загревам соба (северозападна страна) на спрат од 17м2 + мала кујна од 8м2, одвоени со врата, вкупно 25м2 двете простории, висина на таван 2.5м, стара куќа камен долен спрат, горе плитарица, дебелина на ѕид 40cm, прозорец пвц два слоја, стари дрвени врати, и обновен кров со патосирање штици и ќерамида.
Да не должам многу, добро објаснав за каков простор ми треба клима, доста читав, пребарував по нет за клима уреди, така да направив некоја селекција од три интересни клима уреди со многу слични карактеристики и цени по нашиве продавници низ Македонија, па би сакал некој од вас да ми даде некој совет, мислење за моделите на клима инвертер уредите што ќе ги линкувам подолу;
www.klimi.mk
Може и некој друг предлог по ваш избор базиран на искуства. Значи клима уредот да е до 45000 денари. Планирам како што кажав да се греам претежно со клима уред во комбинација со дрва (би палел огин исклучиво само на надворешни температури под -10 степени) Наместо да купувам 10 кубика дрва, би купил 2 или 3 кубика колку да се има, за недај Боже струја да снема некој период или кога ќе се спушти многу ниско надворешната температура.
Позз!!!

MITSUBISHI ELECTRIC Клима инвертер MSZ/MUZ-HR35VF | Ananas
Купете производ: „MITSUBISHI ELECTRIC Клима инвертер MSZ/MUZ-HR35VF” онлајн, брзо и лесно.
ananas.mk
GREE AMBER PREMIUM+ GWH12YCXD-K6DNA1B по супер цена од 39.990 ден.
ИНВЕРТЕР СПЛИТ СИСТЕМ, 3.5 kW, Гаранција: 10 години
Може и некој друг предлог по ваш избор базиран на искуства. Значи клима уредот да е до 45000 денари. Планирам како што кажав да се греам претежно со клима уред во комбинација со дрва (би палел огин исклучиво само на надворешни температури под -10 степени) Наместо да купувам 10 кубика дрва, би купил 2 или 3 кубика колку да се има, за недај Боже струја да снема некој период или кога ќе се спушти многу ниско надворешната температура.
Позз!!!
Последна промена: