Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
Другари, помош.
Сакам јапонец 3.5кв ама буџетот е 60к со се монтажа.
Дали со наевтините опции на Тошиба/Мицубиши ќе згрешам?

Мислам на овие две. Ќе греам 28м2, изолирани ѕидови, кров и пвц дограма.
Минус - северозападна ориентација.
Плус - локација, Гевгелија.
Минус, се работи за куќа, не стан.

Уште еден плус, од следната соба, се влегува директ, без ходник, се користи уште еден инвертер 3.5кв (Inventor LifePro, непознат грчки бренд, ама скроз солиден).

Испратено од Mi 9T Pro преку IT.mk форум апликација
А, да видиш Toshiba Shorai Edge 13? Они беа околу 59-60к.

Евентуално нешто поефтина варијанта ти е Mitsubishi HR35, околу 45к ако најдеш негде на залиха, и мааалце поскапа, AP35, околу 70к.
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.491
2.938
Дали некој има искуство со FUJITSU 12 KMCC, би ценел да сподели? FUJITSU 12 KMTA INVERTER ладење3,4 kW/ греење 4,0 kW/Class A++ = 43,500 ден!

Воопшто какво ви е искуството со Fujitsu инвертори?
Генерално, фуџицу се меѓу пофалените, не ги кудат многу.
А овај на линков, го отворив, ми вели дека е 54.990 денари, да не си грешка за 43.500?
(како и да е, доколку е 12.000 BTU, и поскапата цена не е лоша).
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Би се осмелил да кажам дека Fujitsu е единствен бренд кој може да им парира на Mitsubishi Electric.
Имаат страшно добри модели.

Овдека не фатија корен најверојатно заради лош маркетинг или немање на салам претставник.
Ни Mitsubishi Electric не се добро претставени.
Да вложеа 10% од маркетингот што го даваат Gree, вториве ќе беа предмет на зафрканција. Онака како што и заслужуваат (заради цените и лажното рекламирање)

1. Fujitsu / Mitsubishi
2. Daikin / Toshiba
3. Hitachi (овде воопшто не заживеаа)
 
Exooo

hello world
21 декември 2016
82
40
Генерално, фуџицу се меѓу пофалените, не ги кудат многу.
А овај на линков, го отворив, ми вели дека е 54.990 денари, да не си грешка за 43.500?
(како и да е, доколку е 12.000 BTU, и поскапата цена не е лоша).

Ја смениле цената не го смениле описот, разликата е покачувањето во последнава година :)
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Дали некој има искуство со FUJITSU 12 KMCC, би ценел да сподели? FUJITSU 12 KMTA INVERTER ладење3,4 kW/ греење 4,0 kW/Class A++ = 43,500 ден!

Воопшто какво ви е искуството со Fujitsu инвертори?
Fuji 07KMCC. Топ. Нема грешка нема маана по мене иако не ја користам за греење, највеќе за ладење и преодни периоди или ептен навечер ако исклучиле парно порано. Мислам не би згрешил.

Sent from my ТЕЛЕФОН using Tapatalk
 
kostatkb

read-only
6 јануари 2018
42
19
Последниве 10-тина дена се изначитав по форумиве (Кајгана едно 200 страни и овде 50-тина) ама пак да прашам две прашања ФЛЕГМА и останатите кои знаат:
1. Дали вредат за цената 40-50,000 ден. почетните модели на Мицу Хеви и Мицу Електрик на пр. HR35 или SRK35 (кој лично најмногу ми се допаѓа и со цена и со Еуровент вредности) и од пракса, дали има вистина дека Мицу Хеви имаат збиени елементи/компресор и др. па релативно брзо фаќаат прашина а се потешки са чистење на надворешната?
2. Не знам колку монтерите редовно прават вакуум при инсталација на нова клима, колку е тоа важно (со оглед да се споменуваше дека климите имаат одвлажнувач кој воглавном ќе ја собере водата од фреонот), и што ако на пр. не сака да прави вакуумирање, да барам друг монтер ?
 
GoranMak

hello world
13 февруари 2020
252
242
Греено само со Вивакс Аери 18, нов стан 60м2 во Битола.

image_2023-01-18_155858389.png

Screenshot 2023-01-18 155114.png

Околу 1500 денари трошиме во месеци кога не се грее/лади, така да климата потрошила околу 1500 ден или 220-230Кwh. Не знам со некоја Јапонска клима колку подоле од ова би одело.
 
marv

poweruser
5 октомври 2007
5.790
5.509
Греено само со Вивакс Аери 18, нов стан 60м2 во Битола.

Погледнете го атачментот 121369

Погледнете го атачментот 121368

Околу 1500 денари трошиме во месеци кога не се грее/лади, така да климата потрошила околу 1500 ден или 220-230Кwh. Не знам со некоја Јапонска клима колку подоле од ова би одело.
Почекај ја и јануаската сметка, па после. И се зависи како грееш, на колку, каков конфор преферираш, врти ли цел ден, итн...

Sent from my ТЕЛЕФОН using Tapatalk
 
NikolovskiM

hello world
20 април 2019
161
279
Греено само со Вивакс Аери 18, нов стан 60м2 во Битола.

Погледнете го атачментот 121369

Погледнете го атачментот 121368

Околу 1500 денари трошиме во месеци кога не се грее/лади, така да климата потрошила околу 1500 ден или 220-230Кwh. Не знам со некоја Јапонска клима колку подоле од ова би одело.
Одлична потрошувачка според мене.

Со јапонска, Toshiba Daiseikai 13, за истиов период (8ми дек. - 4ти јан) имам потрошено околу 270kW, мерено со Tapo мерач, во стар стан без изолација на ѕидови и со нова столарија.

Има шанси наредна година да се селам во стан со приближна големина, ама понов, со изолација. Нормално, климата ќе си ја земам со мене, па ќе споредам тогаш колку игра улога изолацијата :)
 
kostatkb

read-only
6 јануари 2018
42
19
Последниве 10-тина дена се изначитав по форумиве (Кајгана едно 200 страни и овде 50-тина) ама пак да прашам две прашања ФЛЕГМА и останатите кои знаат:
1. Дали вредат за цената 40-50,000 ден. почетните модели на Мицу Хеви и Мицу Електрик на пр. HR35 или SRK35 (кој лично најмногу ми се допаѓа и со цена и со Еуровент вредности) и од пракса, дали има вистина дека Мицу Хеви имаат збиени елементи/компресор и др. па релативно брзо фаќаат прашина а се потешки са чистење на надворешната?
2. Не знам колку монтерите редовно прават вакуум при инсталација на нова клима, колку е тоа важно (со оглед да се споменуваше дека климите имаат одвлажнувач кој воглавном ќе ја собере во дата од фреонот), и што ако на пр. не сака да прави вакуумирање, да барам друг мон
Никој ништо за ова ?!
 
petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.491
2.938
Последниве 10-тина дена се изначитав по форумиве (Кајгана едно 200 страни и овде 50-тина) ама пак да прашам две прашања ФЛЕГМА и останатите кои знаат:
1. Дали вредат за цената 40-50,000 ден. почетните модели на Мицу Хеви и Мицу Електрик на пр. HR35 или SRK35 (кој лично најмногу ми се допаѓа и со цена и со Еуровент вредности) и од пракса, дали има вистина дека Мицу Хеви имаат збиени елементи/компресор и др. па релативно брзо фаќаат прашина а се потешки са чистење на надворешната?
2. Не знам колку монтерите редовно прават вакуум при инсталација на нова клима, колку е тоа важно (со оглед да се споменуваше дека климите имаат одвлажнувач кој воглавном ќе ја собере водата од фреонот), и што ако на пр. не сака да прави вакуумирање, да барам друг монтер ?
Мицубиши сигурно дека вредат за парите, колку и да се тоа (според искуствата на членовите тука, од кои некои ја следат/мониторираат работата и потрошувачката на дневно ниво).
Во врска со вакумирањето, тоа ТРЕБА да биди направено од страна на монтерите пред финализирање со монтажата, па ако треба, виси им над глава, и инсистирај тоа да биди напраено.
Ако сакаш некого да повикаш тука да одговори, правилен начин е со "тагирање", односно го впишуваш името на членот (најчесто е со латични знаци и или мешавина од различни карактери, иако можи да е и кирилично, а на почетотот ставаш знакче АТ, односно @), еве пример: @FLEGMA

Испратено од телефоно.
П.С.
Правилното тагирање е всушност правилен системски начин на креирање повик до некого, а системот ќе се потруди истиот да биди соодветно известен, дури и да не ја следел дискусијата подолго време.
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Никој ништо за ова ?!
Од сопствено искуство, од искуство на моја поблиска околина па и од искуства од овој форум и од оној "форум" секогаш и секаде препорачувам да се земе јапонска клима од проста причина што секој еден модел што го произведуваат има Eurovent.

За густината на лимовите на испарителот имам читано дека кај Хеви се погусти ама не верувам дека тоа е случај низ цела гама на производи.

И како што гледам Хеви климите овде во Македонија немаат баш поволни цени.

Купувањето на клима е половина од проблемот. Другата половина се состои од најдување на салам монтер.
Во спротивно лошо монтирана јапонска ќе биде полоша од кинеска со осредни перформанси.
 
Me

read-only
27 февруари 2022
1
0
Здраво дечки, ми треба помош и мислење околу избор на нова клима. Ги разгледував следниве модели:

1. Hisense Energy Pro
2. Gree Fairy Premium
3. Vivax AERI+
4. Midea Xtreme Save AG Nordic
5. Друг модел до 35.000 МКД :)

Инаку климата ќе се користи главно за греење на просторија од 25 м2.
 
spytronicmk

hello world
4 август 2017
141
73
Листам низ темава и сите со различни искуства, мислења и убедувања... На кратко најчесто сум се греел на централно парно и немам искуство досега со инвертери.

Потребен ми е инвертер 45-55 м2. стан (греење и ладење). Разгледував Daikin, Gree, Vivax, Beko...и не можам да се одлучам. Важно ми е да можам да ја контролирам кога не сум дома, да не е бучна и нормално да грее и лади добро :). Би сакал да слушнам предлози Pros/Cons од поискусни што веќе купиле, од монтери/сервисери доволно слушнав клише муабети секој си го фали брендот со кој соработува...
 
Прво пиши буџет, потоа дали имаш намера да го грееш цел стан, каква изолација (дограма и сето тоа) и висина на плафон.
 
spytronicmk

hello world
4 август 2017
141
73
Буџет флексибилен (по можност до 60к), да генерално цел стан, нова зграда, нова градба со добра изолација, висина на плафон 2,60-2,70.
 
kostatkb

read-only
6 јануари 2018
42
19
Гледам по слики на монтирани клими (па дури и на реклами) дека во најголем број внатрешниот дел е монтиран што повисоко, на неколку см. од таванот. Дали е ова стара навика на монтерите од времето кога климите земале воздух од предниот дел (како мојата стара Вирпул), или е незнаење, или ... ?
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.556
19.232
Гледам по слики на монтирани клими (па дури и на реклами) дека во најголем број внатрешниот дел е монтиран што повисоко, на неколку см. од таванот. Дали е ова стара навика на монтерите од времето кога климите земале воздух од предниот дел (како мојата стара Вирпул), или е незнаење, или ... ?
Ова е заради неписмени монтери и неинформирани корисници.

Ако корисникот инсистира на такво поставување монтерот е должен да му укаже на последиците.

Минимум 20 сантиметри се потребни.
Тие не рачунаат дека еден ден ќе треба да се расклопува за чистење и откако ќе ја расклопат ќе се сликаат затоа што ќе нема простор.

Најпоразително, сепак, е лепењето на надворешната единица. Кога заради горниот капак мора да се демонтира цела единица.

А на пример треба да се направи банален зафат како менување на кондензатор или електроника.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно