Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
30К мислам мислам доволно ќе е? Ако треба и ќе додадеме.
Прозорите, вратата, дихтуваат добро?
Лесно ја загреваш собата?

Прашувам пошто ако отприлика ги знаеш топлотните загуби (објасни со што се грееш сега, и колку трошиш топлина), тогаш ќе може со релативна сигурност да се предложи што е најдобро.

Вака без поконкретни податоци, две варијанти:
- Тошиба Мираи/Сеија 2.5кв за 29К ден. ама ова со задршка ако топлотните загуби не се големи
- Гри Фаери ЛЦЛХ 3.5кв за 30К

Некои ги фалат и Хајер, јас лично претпочитам Гри.

П.С. Ако можеби идеш со субвенции, кажи да се предложи некоја класа повисоко :)
 
Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд

На дрва се греев цело време. Ама сега ми тееба константна температура.
Обични прозорци се ,има загуба и од нив и двата надворешни зида.
А треба да се распрашам за субвенциите како иде.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Прашај, пошто за сумата од субвенциите се земаат озбилно подобри клими од предложениве.

За двата предлози, штом имаш познати топлотни загуби не би ризикувал со 2.5кв клима. Штета пошто цената е добра како за Тошиба... Од аспект на моќност за греење, Гри Фаери ЛЦЛХ 3.5кв не би требало да има никаков проблем да загрее 20м2 простор како твојот.
Ама ако можеш да лапнеш субвенција, Тошиба Сузуми+ 13ка (4кв).
 
Дали уште Toshiba држат квалитет? Се работи за простор од 60-70м2.

TOSHIBA SUPER DAISEIKAI 9 RAS-16PKVPG-Е по супер цена од 97.990 ден.

Вреди климичево, или само напумпале цена? :)
Прво прашање: Да.
Второ прашање: Вреди, ако можеш да си ја дозволиш цената - зошто да не?

Главното прашање меѓу редови: Не, ова е клима со ~4.5 киловати номинална моќност и просторија од 70м2 е преголема за таква моќност... Освен ако не наведуваш квадратура на цел стан, па да отвараш врати - така може, со вообичаените задршки - каква изолација имаш, колкави топлотни загуби, во другите соби ќе биде поладно и паметно е во поголемата секундарна просторија да имаш секундарна клима. Во ваков случај за помала сума пари имаш Тошиба Сузуми+ 16ка (иста класа на моќност како наведеното Даисекаи) ПЛУС една 2.5кв Тошиба за секундарната просторија... Или па ако имаш пари, зошто да не Даисекаи за во дневна и најевтината 2.5кв Тошиба за секундарната просторија. Или било која поскапа и подобра 2.5кв клима за секундарната просторија. Буџетот ако не е проблем, the sky is a limit.
 
Gorjan15

read-only
9 октомври 2017
19
5
Ponazad imav pisano korisnik sum na mits fh35 5god greese dnevna 20 m2 i kujna 11m2,mits sega go premestiv vo druga 25 m2 prostorija a na negovo mesto montirana toshiba suzumi 16.Vase mislenje dali toshibata bi greela podobro ili isto od mits?Za ladenje mozam da kazam deka dosta podobro i pobrzo ja ladi prostorijata toshibata.
 
draey

hello world
15 јануари 2010
237
263
Куманово
draey's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 7 3700X + beQuiet! Dark Rock 4
Motherboard
Asrock X570 STEEL LEGEND
Storage
M.2 Samsung NVMe 970 EVO Plus 250GB + Samsung 860 EVO 500 GB + 1TB WD EZEX
PSU
650W RIOTORO ENIGMA G2
RAM
32GB G.SKILL Trident Z RGB NEO
Video card
GIGABYTE GTX1660 SUPER GAMING OC 6GB
Case
Cooler Master Storm Scout 2
Mouse
Logitech G403
Audio
Phillips BTD7170
Monitor
Acer Nitro VG252Q IPS, 240hz, Full HD
OS
Windows 10 Pro
Пошто мислам дека нема тема за топлотни пумпи или барем јас не најдов тука ќе прашам.

Ме интересира дали некој има искуство со греење со топлотни пумпи. Планирам да ставам во куќа од 180м квадратни, пвц прозори, со изолација стиропор 10цм и изолиран таван со 15цм стаклена волна плус искован е целиот таван со даски.

Се работи за систем воздух-вода со радијатори.

Прилично е голема инвестицијата па сакам да чујам мислење од прва рака ако има некој. Искуство со греење, како е греењето на -10, -15 степени, месечна потрошувачка во однос на греење со пелети/дрва/клими, траен век на топлотните пумпи итн.

Знам само дека радијаторите треба да се со поголема површина ради тоа што водата во системот постигнува помала температура во одност на греењето со пелети/дрва.

Ако има некој искуство од прва рака би бил благодарен да сподели.

Фала.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
На другиот форум (кајгана) еден корисник имаше направено споредба на поголем број 3.5ки клими со цена до кај 50тина илјади денари.
Споредбата е во ексел фајл и моделите се подредени по капацитет и ефикасност на температура од -7 степени според податоци од Еуровент.
Оваа за која ти прашуваш (Panasonic CS-FZ35UKE) се наоѓа прилично долу на листата.

Еве слика од листата која корисникот tigar4e ја имаше споределно таму.
Pasteboard - Uploaded Image
All credits goes to tigar4e
 
maci

poweruser
2 април 2008
3.385
972
За фасада со 8цм стиропор изолација нема можност во догледно време..... ни бараа околу 9k еур за цела куќа.
Нешто за догледно време размислувам за внатрешна 2цм стидоруд само на надворешните ѕидови....
Али ќе видиме како ќе поминам ова зимо со се како што си е.....
Не размислувај за фасада да ставаш изолација на два зида или слично.тогаш џабе ставваш,нема ефект.ако правиш прави изолација на цела куќа или не прави.
Немора 8см можеш и со 5 см.
Јас сум со 5 см стиропор 25 кг и со пластифициран абриб/п.
Немој со минерален,бојата избелува по некоја година и почнува да се рони, Пластифицираниот дополнително штити бидејќи има некакви смоли во составот.

Испратено од Redmi Note 2 преку IT.mk форум апликација
 
DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Он мери, т.е. е деклариран до 3600W. Ако 3.5ка клима ти влече и приближно толку фрли ја одма низ прозор.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
Може па да ти продале 7 по цена од 3.5ка ;)

Уште долнава граница да ја поткрепиме со 40 минутно видевце и доста е.
View: https://www.youtube.com/watch?v=sFxg_Ajqnco
COP10, но нереални услови на работа, надоврешната температура ти е помала од внатрешната. Ти само надворешниот воздух да го земаш со вентилатор (од 50 вати) на прозор наместен ќе имаш 21 степен на издув или со вентилаторот ќе добиеш COP = 21.6, така да тебе климата во случајов ти е понеефикасна од вентилатор. Мери преку ден, кога надвор е 35 степени а внатре 26, уште пореално климата на сонце (реални 55-70 степени) да добиеш реални COP 2-3.

за нискава модулација би искоментирал на членот со мицибушито.
софтверот е направен да не исклучува иако веќе постигнала температура и вртат фанот внатре и надвор..
инаку не гледам дека ќе лади со 50-60вати,чисто да го држи комперсорот на минимум.
дали ќе го држи компесорот на мин 30 мин или ке работи со 150-200 вати (10-15 мин)па ќе исклучи тоа се ситници.
но ете за некои се интересни податоци и ќе се каже збор два и убаво е чуството на сопственикот :)
но добро е да се знае како податок.
Инаку сретнувам по спецификациите на некој фирми,дали грешка во пишување или намерно,греењето го пишуваат со А++,ладење А+
ладење скогаш ќе има А++ а греење А+
впрочем така и се покажува на сите мерила на потрошувачка.
 
еве најдов една слика од мојата ON OFF 3,5 кв клима FAVORIT,земена на времето 14000 ден далечната 2008
Погледнете го атачментот 90197
Колку е добро кога ќе се купи нонаме марка како нео или фаворит и во неа ќе се најде добро парче електроника. Затоа има приказни за добри нео клими од кај 2005, кои тераат по 15 години и ладат одлично.
 
Buzuki

hello world
16 јули 2013
202
52
На другиот форум (кајгана) еден корисник имаше направено споредба на поголем број 3.5ки клими со цена до кај 50тина илјади денари.
Споредбата е во ексел фајл и моделите се подредени по капацитет и ефикасност на температура од -7 степени според податоци од Еуровент.
Оваа за која ти прашуваш (Panasonic CS-FZ35UKE) се наоѓа прилично долу на листата.

Еве слика од листата која корисникот tigar4e ја имаше споределно таму.
Pasteboard - Uploaded Image
All credits goes to tigar4e
Ако земам за пример haier.. Дали листава вика дека Tundra е подобра од Flexis ?

п.с. што значи PH -7 ?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Ако земам за пример haier.. Дали листава вика дека Tundra е подобра од Flexis ?

п.с. што значи PH -7 ?
Листата е со податоци од еуровент претежно така да тоа е ситуацијата. Тундрата има повеќе киловати и поголем цоп од Флексис. Тоа можеме да видиме. Неможеме да заклучиме дали е подобра, бидејќи има и други параметри една клима. Се што може да заклучиме е дека е "појака" како клима и дека е "поефтина".
 
Buzuki

hello world
16 јули 2013
202
52

mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997
Незнам дали е подобро, туку дека е појака. Ако просторот на пример нема потреба од толкава јачина, не е подобро да е прејака климата. Треба да е точна за просторот.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Немора 8см можеш и со 5 см.
Во понудата која ни ја дадоа разликата меѓу 5цм и 8цм стирипор беше така-речи мала, некои 700еур за цела куќа, затоа воглавно ја планиравме математиката со 8цм.

COP10, но нереални услови на работа, надоврешната температура ти е помала од внатрешната. Ти само надворешниот воздух да го земаш со вентилатор (од 50 вати) на прозор наместен ќе имаш 21 степен на издув или со вентилаторот ќе добиеш COP = 21.6, така да тебе климата во случајов ти е понеефикасна од вентилатор. Мери преку ден, кога надвор е 35 степени а внатре 26, уште пореално климата на сонце (реални 55-70 степени) да добиеш реални COP 2-3.
Но климата не зема надворешен воздух нели? Го зема внатрешниот и го лади со 8-10 степени разлика со 5-60 вати потрошувачка навечер.
Освен ако немаш Ururu Sarara и да ја пуштиш да ти внесува свеж воздух од надвор. Макар да не е за тоа наменета таа опција и не знам колку ќе излади така...
Ти батка климата само дење ја користиш ко ќе е надвор 35 или директно на сонце 55-70 степени???
Математикава за COP со вентилатор не знам како си ја направил, ама не гледам никој пропелери да има на прозорите наместено за да се лади економично на вечер.

Ако земам за пример haier.. Дали листава вика дека Tundra е подобра од Flexis ?
Паа.... според табелава Flexis иди послаба (за влакно) на -7 од сите други Haier во табелата.
Споредбата во табелата не е моја, само ја споделив и не можам да гарантирам за валидноста.... се прават грешки ама секогаш можеш да препровериш на Еуровент.
 
Фала, значи подобро да земам Tundra него ли Флексис.. Иако разликата е скоро 15.000 денари..

Знам дека зборувам за 5.5кв али верувам дека и кај нив е истата споредба..

HAIER FLEXIS AS50S2SF1FA/1U50S2SJFA по супер цена од 51.990 ден.
HAIER TUNDRA GREEN AS50TDDHRA-CL/1U50MEEFRA по супер цена од 38.490 ден.

Воопшто не мора да значи, споредбата на 3.5ки не е иста со 5.5ки...
5.5ките носат други поголеми компресори, кои можат да дадат обратна слика... но можеби и не....
Најдобро најди ги на еуровент тие 2 модели и спореди ги.

Исто така околу цената на 3.5ките, верувам Flexis е нешо као премиум модел од Haier, за разлика од Tundra.
Ако не ти е битно тоа, и те интересира само перформанси, тогаш да подобро земи Tundra.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Во понудата која ни ја дадоа разликата меѓу 5цм и 8цм стирипор беше така-речи мала, некои 700еур за цела куќа, затоа воглавно ја планиравме математиката со 8цм.

Веќе подолго време и 10см блоковите се и достапни и не се веќе многу поскапи. Јас сега да ставам фасада би идел со 10-ка, иако разликата во ефикасност на изолација во однос на 8-ца е многу помала отколку таа меѓу 5-ка и 8-ца... Но главната поента што ја кажува Маци стои - дури и само со 5-ка, надворешна изолација е правилниот избор. Внатрешна изолација не се исплати, посебно не кога треба да се иде на заштедување пари за надворешна изолација.
 
tigar

hello world
28 јули 2011
165
139
На другиот форум (кајгана) еден корисник имаше направено споредба на поголем број 3.5ки клими со цена до кај 50тина илјади денари.
Споредбата е во ексел фајл и моделите се подредени по капацитет и ефикасност на температура од -7 степени според податоци од Еуровент.
Оваа за која ти прашуваш (Panasonic CS-FZ35UKE) се наоѓа прилично долу на листата.

Еве слика од листата која корисникот tigar4e ја имаше споределно таму.
Pasteboard - Uploaded Image
All credits goes to tigar4e

Ја споделив и овде ја има во некој од претходните постови сигурно. :)
Инаку има уште модели сигурно кои не се во листата, тогаш прашав за помош т.е. кои модели ги нема да ги допишам но така остана...
Инаку за грешки не би требало да има 99% треба да е точна, но ако некои од податоците не се совпагаат слободно пишете и ќе ги промениме :)

Иако првично ја правев за лични потреби за да видам кои клими се “најдобри“ кај нас барем според Еуровент со цена околу 50К, сеуште немам земено :)
Според тоа што гледав/читав многу веројатно е дека ќе биде Панасоник, само да видам дали поновиот (VKE) или постариот (SKE) модел :)
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.062
5.997

Tonko

read-only
6 април 2020
9
7
Ја споделив и овде ја има во некој од претходните постови сигурно. :)
Инаку има уште модели сигурно кои не се во листата, тогаш прашав за помош т.е. кои модели ги нема да ги допишам но така остана...
Инаку за грешки не би требало да има 99% треба да е точна, но ако некои од податоците не се совпагаат слободно пишете и ќе ги промениме :)

Иако првично ја правев за лични потреби за да видам кои клими се “најдобри“ кај нас барем според Еуровент со цена околу 50К, сеуште немам земено :)
Според тоа што гледав/читав многу веројатно е дека ќе биде Панасоник, само да видам дали поновиот (VKE) или постариот (SKE) модел :)

Добро би било да се додадат во листата и поскапите модели во листата како Даисекаи и ЛН.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв