Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

micanko

read-only
1 февруари 2020
15
3
Значи нема некое поголемо влијание на работата!!Климата треба да е daikin ftxf 50.Мора да е на северна страна монтирана..!!! Дали знаете за haier breeza 50 i flexis 50 дека имаат митсубиши твин ротари компресори???
 
micanko

read-only
1 февруари 2020
15
3
Прашалниците се за тие што ги разбираат климите и што сакаат да одговорат а не за тие што ги гледаат само прашалниците.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Дали знаете за haier breeza 50 i flexis 50 дека имаат митсубиши твин ротари компресори???
Кој Mitsubishi? Heavy или Electric?

Како и да е, компресорот не е најзаслужниот во целата приказна. Неговата контрола е битна, каква електроника со која логика, колку и какви ЕЕV ventili, дали паралелно со нив има 2,3,4 капилари
Двореден или еднореден изменувач, PCM или PWM надворешен вентилатор, башка од двореден или еднореден изменувач колку редови цевки, какви се внатрешно (на пример Mitsubishi користи изжлебани цевки (за да им ја зголеми површината)
Тешки да е до компресорот..
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Која е придобивката од 4 капилари покрај ЕЕV?
На кратко, помагаат во режим на греење на многу ниски температури. Вака се постигнува уште подобра контрола на фреонот (заедно со EEV-то)

И еве користам уште еднаш прилика да те предупредам, без намера да ти изигравам родител или да бидам препотентен.
Некни ја разгледував темата на кајгана и гледам спориш со "jas sum konstruktor i inziner" ликот кој нема три чисти и дефинитивно нема да се разберете. Од се се разбира и од ништо во исто време. Сеуште не му е јасен концептот на вакумирање. Па не требало да се вакумира по време туку по вредност (а доволно е да се постигне -1 Bar и да се следи иглата/дисплејот да нема никакво отстапување барем 20-ина минути. Ако има тогаш тоа индицира дека линијата некаде тиши и тоа е тоа. Се бара дефектот)
Ликот има Хаиер (кој не е како другите Хаиери, подобар е) и не е можно ниедна клима да троши помалку од неговата а ако троши помалку тоа е толку незначително што по автоматизам те прави глуп што си фукнал 1000 евра за Митсубиши кога си можел да поминеш со 300.

Значи, џабе поставуваш видеа, џабе аргументираш кога на крајот ќе те испровоцираат до таа мерка што ќе бидеш присилен да си го браниш достоинството и ќе те банираат како мене.
А тоа ќе го прават намерно, верувај ми. Затоа што им се може и затоа што претставуваш закана по продажбата за нивнaтa "buy more stuff or we all fuc*ed" фирма.

Таму имаш 2-3 лика кои се дупли акаунти и овој "inzenerot" со кои или ќе се согласуваш дека Gree е најдобра клима или ќе бидеш, како што реков, баниран.

Овдека, и самиот виде, откако постави видеа со докази, откако на маса се извадија формулите страстите се смирија и дискусијата продолжи пошто, хеј, овде грото се разумни момци а не безлична маса на полтрони кои треба да му се клањаат на некаков полу-човек кој им го узурпирал форумот поткупувајќи некој од администрацијата со шугава клима па сега тој одлучува кој да биде а кој не.

Поентата на твоите постови за мала потрошувачка јас ги сфатив (а се надевам и другите) како Proof of concept а не како фалење.

Толку од мене. За понатаму ти си знаеш.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
... џабе аргументираш кога на крајот ќе те испровоцираат до таа мерка што ќе бидеш присилен да си го браниш достоинството и ќе те банираат како мене.
А тоа ќе го прават намерно, верувај ми.
Интересно, јас така те доживувам тебе кога ме провоцираш овде и на рандом други теми. Да не цитирам сега, веројатно има десетици па и СТОТИЦИ такви ситуации.

Повторно велам интересно, пошто се жалиш баш за работа која ти самиот ја правиш - разликата е само што таму си налетал на форум каде не го толерираат твоето надмено и бајато однесување (си им нагазил на нерв, не дека нешто посебно се правични и доследни во спроведувањето на правилата).

Јас само сакам да посочам дека упорно ја загадуваш дискусијава ОВДЕ на ОВОЈ форум со некои препукувања и проблеми што ги имаш со неколку ликови на ДРУГ форум. Некој модератор овде би требало да реагира без разлика што никој од нас овде не ти ги пријавуваме мислењата за таквиот офтопик и застранување на дискусијата.
 
Само неколку примери од многуте, да се види за што зборувам:

Банкарска дискусија?
Ете го Флегма со клизечи право на провокација. Ничим изазван или прозван. 0% од постот му е дискусија на топик, 100% офтопик.

Тема за клима уреди?
Флегма упаѓа во муабет со трети лица и ме нарекува лицемер пошто печка на пелети сум ја нарекол „ќумбе“ или така нешто.

Аудио дискусија?
Наречен сум „препотентен шалабајзер“ иако со ништо не го навредив или слично.

За климите.
Не му бил денот, па затоа со уште Дени сме „лижеле кај што сме плукале“.

Повторно за климите.
Сум бил Пепелашка и затоа немал никаква меродавност на мојот збор.

Тема за цензура?
Упаѓа Флегма на темата, ничим изазван и навредува. На темата воопшто не дискутира онтопик, дојден чисто само за да ме навредува.

Дискусија за аудио извор во висока класа аудио орема?
Упаѓа Флегма на темата, ничим изазван, и провоцира. Повторно без да дискутира, дојден стриктно за да навредува.

Тема за телефонија (е.м. зрачења)?
Клизечи со провокација. 0% од постот е онтопик дискусија.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Значи, џабе поставуваш видеа, џабе аргументираш кога на крајот ќе те испровоцираат до таа мерка што ќе бидеш присилен да си го браниш достоинството и ќе те банираат како мене.
А тоа ќе го прават намерно, верувај ми. Затоа што им се може и затоа што претставуваш закана по продажбата за нивнaтa "buy more stuff or we all fuc*ed" фирма.

Мое е да споделам искуство, еве можам видевца да снимам од 30-50-90 минути за некој што се интересира да види туѓо искуство пред да купи.
И дополнително ќе споделам од летово (планирам сега едно пладневно од старт до стабилна модулација) а ќе споделам и од на зимо....
Ете Youtube каналот го ставив во потпис, таму ќе може да се видат сите на едно место.....
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
@zlatko_ti412 извини ако сум пропуштил: некаде видов дека просторијата ти е ~20тина м2 но каква изолација имаш? Во кој град живееш?

Прашувам за да можам да те ставам во контекст на временските услови, температурата зиме/лете, таквите моменти.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Интересно, јас така те доживувам тебе кога ме провоцираш овде и на рандом други теми.
Ти може да ме доживуваш на пример и како Петар Пан и тоа за мене нема никаква вредност ниту пак придавам некакво значење.

Повторно велам интересно, пошто се жалиш баш за работа која ти самиот ја правиш
Дај бе прибери се Drama Queen! Прибери се пошто не отече сите овдека со твоите тиради и километарски постови.

Твоето битисување овдека не зависи од мене, јасно ти е?
Ти сметаше моето однесување спрема тебе, плачеше.. цмиздреше, отвори тема во Боречки Клуб "Флегма го сакате а мене не", се избрука, не ти успеа и тоа е тоа.

На ратна нога си со 2/3 од форумот а другата третина не те зарезава. Со "Калимеро нема правда постови" не се стига никаде.
Џабе "спојлери" кога секој може да види што претходело на тоа.

И не не ми е воопшто мака што ме банирале од таму. Мака ми е што порано не постапиле така. Сум си го губел времето.

Како што реков и порано - Небитен си, смараш и скини се с к*рца особено кога не си прозван директно или индиректно.

Имаш администрација, имаш дугме "Пријави" и ако мислиш дека сум ги повредил твоите псевдо филозофии - пријави ме.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
Драмата ти ја правиш: Во десетици постови упорно плачеш за доживувањата од друг форум. Аман, разбравме веќе дека те банирале - и гледаш дека никој не ти враќа за тоа - пошто никој не го интересира.

Иронијата е што овде плачеш за однесување на ликови од други форуми, додека ти истовремено правиш полоши работи од тие за кои се жалиш. Се изразуваш со полови органи и таков уличарски речник - и потоа се жалиш дека те банирале по други форуми за такво однесување?

Прашањето е зошто овде ти прогледуваат низ прсти за вакво однесување?
Како што реков и порано - Небитен си, смараш и скини се с к*рца особено кога не си прозван директно или индиректно.

Имаш администрација, имаш дугме "Пријави" и ако мислиш дека сум ги повредил твоите псевдо филозофии - пријави ме.
Го омаловажуваш авторитетот на истите тие кои ти прогледуваат низ прсти. Кажуваш јасно дека тебе закони и правила не те „фаќаат“ овде на форумов... Потсети ме, на што точно се жалеше за третманот на Кајгана?
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
@zlatko_ti412 извини ако сум пропуштил: некаде видов дека просторијата ти е ~20тина м2 но каква изолација имаш? Во кој град живееш?

Прашувам за да можам да те ставам во контекст на временските услови, температурата зиме/лете, таквите моменти.

Во дневна соба од 22м2 меѓутоа летово држам и врата отворена кон салонче од 7м2. За на зима ќе видеме, си викам дека и поголемиот дел од зимото ќе држам исто отворено, па ако стегни ладното Декември-Јануари може и ќе ја затворам вратата да се грее само главната соба од 22м2.
Собата е со следниот опис: половина ѕид(2м должни исфрлен како запче од куќата) на југ (тука виси и надворешната единица), цел ѕид (5.5м должни) со прозори и врата кон тераса на југо-запад, цел ѕид (4м должни) без отвори кон север.

Спрат на приземје, куќа со ѕид ~25 сантими полна тула со обична надворешна малтер фасада, без никаква изолација за сега, со стари дрвени двокрилни прозори, додуша имам ставено дихт гумици на надворешните крила од дограмата. Дограмата има стари пластични ролетни, кои се збираат во внатрешни сандаци во ѕидот над дограмата (напомнувам внатрешни затоа што и тоа доста влијае на дихтувањето).

Локација Прилеп, лето знае 2-3 недели да пука 40 степени дневна температура, зимо знае 2-3 недели да се симне и до -20 па и -25 некои вечери.
Макар да последниве години такви екстреми не се случувале. Ќе видеме годинава...
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Во десетици постови упорно плачеш за доживувањата од друг форум. Аман, разбравме веќе дека те банирале - и гледаш дека никој не ти враќа за тоа - пошто никој не го интересира.
Нели ова е само твое субјективно мислење?
Иронијата е што овде плачеш за однесување на ликови од други форуми, додека ти истовремено правиш полоши работи од тие за кои се жалиш.
Не е плачење туку опишување на реалната ситуација таму. Де факто и де јуре. Овдека нема да ми дозволат, без разлика колку мислиш дека сум им симпатичен (иако не ме познаваат) да упатувам директни навреди кон членовите со зборови odi leci se, ako ti dojdam na rabota (ова е за во полиција!), idioti so japanski klimi и ред други навреди. И нешто имаш глич во матрицата. Искрено кажав дека требало да ме банираат многу порано. Нит плачам нит ми е мака. Ама ти си толку покварен што мислиш дека ќе ја спуштиш дискусијата на тоа ниво па демек треба тебе да ти се правдам.
Прашањето е зошто овде ти прогледуваат низ прсти за вакво однесување
Па прашај си. Прашуваш упорно и не добиваш одговор. Мислиш дека ќе ги дирне тоа што ги обвинуваш дека јас овдека имам повластен третман и као фол тоа да направи тригер за мое банирање.
Само ти имаш поплаки од мене. Никој друг.

ДЕЧКО!!
Ти си оптеретен со мене. Имаш проблем од друга природа. Затоа и ти велам да ме заборавиш. Пошто не трзаш морам да употребам и малку потешка вербална артилерија затоа што не копчаш.

На крај краева. Моето мислење, сублимирано, ти го кажале и други членови. Не биди Штрумф Текнувало и ајде конечно нека се ослободи темава од твоите отрови и женкасто размислување.
Имаш служби, пријави и тоа е тоа.

Over and out
 
GGTT1

lurker
1 февруари 2017
600
512
Битола
Во дневна соба од 22м2 меѓутоа летово држам и врата отворена кон салонче од 7м2. За на зима ќе видеме, си викам дека и поголемиот дел од зимото ќе држам исто отворено, па ако стегни ладното Декември-Јануари може и ќе ја затворам вратата да се грее само главната соба од 22м2.
Собата е со следниот опис: половина ѕид(2м должни исфрлен како запче од куќата) на југ (тука виси и надворешната единица), цел ѕид (5.5м должни) со прозори и врата кон тераса на југо-запад, цел ѕид (4м должни) без отвори кон север.

Спрат на приземје, куќа со ѕид ~25 сантими полна тула со обична надворешна малтер фасада, без никаква изолација за сега, со стари дрвени двокрилни прозори, додуша имам ставено дихт гумици на надворешните крила од дограмата. Дограмата има стари пластични ролетни, кои се збираат во внатрешни сандаци во ѕидот над дограмата (напомнувам внатрешни затоа што и тоа доста влијае на дихтувањето).

Локација Прилеп, лето знае 2-3 недели да пука 40 степени дневна температура, зимо знае 2-3 недели да се симне и до -20 па и -25 некои вечери.
Макар да последниве години такви екстреми не се случувале. Ќе видеме годинава...
На зима ке поиграш малце со далечинското прва ,втора,трета и така натаму. Ауто фанот ако е како на фх не го бива.
 
Мислам дека твојата клима тој простор од 22+7м2 ќе го грее и на поладно време од најладната зима забележана овде. :)
Претпоставувам, тргнувајќи од потрошувачката при ладење.

На примземјето, какви се потрошувачките зиме? Имате мерено потрошувачка на долната клима? Прозорите, а посебно отворите за ролетните во таква изведба се голем одлив на топлина. Но веројатно се неопходни во летно време.

Од другото, се надевам нема да ми забележиш ама на мислење сум дека веројатно термофасада ќе ви била поважна инвестиција од А+++ клима (површно согледано, без да ги знам сите фактори). Само тоа е веќе прилично поголема сума пари, и плус треба да е во договор со другите домашни - кои можеби не разбираат колку е важна фасадата и дека иако парите се големи, дека бргу ќе се вратат преку заштеди.
 
Нели ова е само твое субјективно мислење?

Не е плачење туку опишување на реалната ситуација таму. Де факто и де јуре. Овдека нема да ми дозволат, без разлика колку мислиш дека сум им симпатичен (иако не ме познаваат) да упатувам директни навреди кон членовите со зборови odi leci se, ako ti dojdam na rabota (ова е за во полиција!), idioti so japanski klimi и ред други навреди. И нешто имаш глич во матрицата. Искрено кажав дека требало да ме банираат многу порано. Нит плачам нит ми е мака. Ама ти си толку покварен што мислиш дека ќе ја спуштиш дискусијата на тоа ниво па демек треба тебе да ти се правдам.

Па прашај си. Прашуваш упорно и не добиваш одговор. Мислиш дека ќе ги дирне тоа што ги обвинуваш дека јас овдека имам повластен третман и као фол тоа да направи тригер за мое банирање.
Само ти имаш поплаки од мене. Никој друг.

ДЕЧКО!!
Ти си оптеретен со мене. Имаш проблем од друга природа. Затоа и ти велам да ме заборавиш. Пошто не трзаш морам да употребам и малку потешка вербална артилерија затоа што не копчаш.

На крај краева. Моето мислење, сублимирано, ти го кажале и други членови. Не биди Штрумф Текнувало и ајде конечно нека се ослободи темава од твоите отрови и женкасто размислување.
Имаш служби, пријави и тоа е тоа.

Over and out

Многу си правиш его филмови.
Никој не е опретеретен со тебе, туку ти опретеретуваш со однесувањето и со проблемите кои ги имаш со Стрелец, ете сега последно и со Златко... Велиш која е реалната ситуација таму? Реалната ситуација е дека и двајцата што ги напаѓаш се технички потковани ликови без разлика што стрелец навива за Гри а Златко за Хајер (навивање е сечие право), ама проблемот е што за тебе секој што не размислува ИСТО како и ти (и не се либи да ти го каже тоа) - автоматски ти станува смртен непријател и почињаш да се понашаш селски и да навредуваш со изјави како „скини се с к*рца“ (цитат наведен подолу, да не ме банираат пак затоа што само те цитирам тебе).
Како што реков и порано - Небитен си, смараш и скини се с к*рца особено кога не си прозван директно или индиректно.

Само ти имаш поплаки од мене. Никој друг.
Нерелевантно е колкумина имаат поплаки, однесување како тоа цитираното не би смеело да се дозволува на јавен форум.

Па прашај си. Прашуваш упорно и не добиваш одговор. Мислиш дека ќе ги дирне тоа што ги обвинуваш дека јас овдека имам повластен третман и као фол тоа да направи тригер за мое банирање.
Ништо не „фолирам“ кога посочувам како се понашаш и што речник употребуваш. Нема „фол“, нема фолирање. Немам за цел „да те банираат“, не си придавај толкаво значење.

Се што велам е дека би било фино да реагираат да не навредуваш и да не се одесуваш шерифски и навредувачки. А што се мене тиче, сеедно ми е дали тоа ќе го постигнат со бан или со совет/разговор... Но ако те остават вака да се однесуваш, јасно кажуваат дека форумските правила не им вредат за ништо.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
На зима ке поиграш малце со далечинското прва ,втора,трета и така натаму. Ауто фанот ако е како на фх не го бива.

Ќе видиме за во зимо.... засега при ладење сум задоволен од ауто-фанот.
Лани на Hansol-от долу кај старите така со пробување најдобро ми работеше на Medium-Low фан си одржување температура со модулација. Со Ауто-фат повеќе работеше он-офф дека помала подрумска просторија 17м2 и со низок плафон од 2.1м. Додуша таму лани лето реновирав и ставив пвц врата и дограма со алумински ролетни. Кај мене здравје на пролет....

Мислам дека твојата клима тој простор од 22+7м2 ќе го грее и на поладно време од најладната зима забележана овде. :)
Претпоставувам, тргнувајќи од потрошувачката при ладење.

На примземјето, какви се потрошувачките зиме? Имате мерено потрошувачка на долната клима? Прозорите, а посебно отворите за ролетните во таква изведба се голем одлив на топлина. Но веројатно се неопходни во летно време.

Од другото, се надевам нема да ми забележиш ама на мислење сум дека веројатно термофасада ќе ви била поважна инвестиција од А+++ клима (површно согледано, без да ги знам сите фактори). Само тоа е веќе прилично поголема сума пари, и плус треба да е во договор со другите домашни - кои можеби не разбираат колку е важна фасадата и дека иако парите се големи, дека бргу ќе се вратат преку заштеди.

Ќе видиме, до лани овие 22м2 ги греев на термо печка 4.5ка, додуша не ја користев постојано пошто поголемиот дел од денот бев на работа и печката дуваше само после 18ч.
Од око онака одприлика мислам дека месечно ми трошеше 2000денари печката со оглед на тоа дека принципиелно ја полнев само навечер на евтина струја. Се надевам годинава да поминам поекономично или бар исто ако го греам и салончето.

Споредено со долната соба кај старите која лани ја греев 100% на клима (Hansol 12ка) според тоа што го имав мерено на обичниот WattMeter за декември, попрецизно сликите во телефонов ми се од 16декември 2019 (354KWh од почеток на грејна сезона) и 16јануари 2020 (912KWh од почеток на грејна сезона) има разлика 558KWh што во цена го сметам околу 3000 денари со вклучен ддв.... следно имам слика од 26февруари 2020 (1562KWh од почеток на грејна сезона) што идат 650 KWh за 40 денови.
Меѓутоа климата работеше 24/7 поставена на 26степени. Додуша таму лани лето реновирав и ставив пвц врата и дограма со алумински ролетни.
Старите беа задоволни, им било топлично таман.... јас кога ќе влезев за 10 мин се потев.....

За фасада со 8цм стиропор изолација нема можност во догледно време..... ни бараа околу 9k еур за цела куќа.
Нешто за догледно време размислувам за внатрешна 2цм стидоруд само на надворешните ѕидови....
Али ќе видиме како ќе поминам ова зимо со се како што си е.....
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.764
6.475
SK
За фасада со 8цм стиропор изолација нема можност во догледно време..... ни бараа околу 9k еур за цела куќа.
Мене ме кошташе (пред 5-6 години) окулу 7 илјади и нешто евра и вреди за сите пари. 2 спрата плус сутерен плус поткровје, окулу 70-тина квадрати по спрат, и со тоа што на јужниот ѕид не ставив фасада (доградба некогаш во иднина).

Идејата е дека нема размислување дали треба (треба) туку само дали буџетот дозволува во моментот, а еднаш кога ќе ставиш термофасада потоа секоја година си има заштеда. Колку прано се стави фасадата, толку прано ќе почне да се отплатува самата себе.

Нешто за догледно време размислувам за внатрешна 2цм стидоруд само на надворешните ѕидови....
Али ќе видиме како ќе поминам ова зимо со се како што си е...
Мислам дека нема да видиш многу бенефит во однос на вложени пари.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Нешто за догледно време размислувам за внатрешна 2цм стидоруд само на надворешните ѕидови....
Никако
Имаш топлотни мостови и нема да можеш да се одбраниш од мувла. Ако веќе ставаш внатрешна изолација тогаш строго со паро-пропусна фолија + камена волна + паро-пропусна.
Ова одзема прилично простор и бара салам изведба.

Дограмата е главниот проблем. Ако немаш надворешна изолација тогаш се оди на три стакла со квалитетна дограма и оков (еден збор: Алдин Саламандер-Лажани, другото слободно заборави го)
Ако веќе имаш PVC, ставање на стиродур од внатрешна страна ќе резултира со мувла.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Дограмата е главниот проблем. Ако немаш надворешна изолација тогаш се оди на три стакла со квалитетна дограма и оков (еден збор: Алдин Саламандер-Лажани, другото слободно заборави го)
Кај старите долу наместив Kommerling, од кај Игопер.
И брат ми над мене од кај него имаше ставено пред 2 години, ме бендисаа споредено што сум гледал дограма кај други луѓе.
Колку што се сеќавам за соба со 2 прозори и врата кон тераса: 270цм должни вкупно од кои 2 прозори и 1 врата од по 90цм - 700еур.
Со 2 стакла, 3 дихта и вградени алумински ролетни во самата дограма.
Малку е поскап спрема конкуренција ама пак задоволен сум од квалитетот на изработката.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.557
19.235
Кај старите долу наместив Kommerling, од кај Игопер.
А оковот што е?

Немам за Игопер информации дали се или не се квалитетни. Но за Алдин имам. Од однос, до прецизност, до квалитет, до точност луѓето имаат само пофалби.
Овој мести Sigenia (или како и да се пишува)
 
Rukfash

Баниран/a
24 јануари 2019
1.496
1.101
Неврленд
Дечки, конечно треба да земам инвертерче. Побитно ми е за греење.
Gree нешо ги фалат многу. За 20м2 соба во куќа без изолација ќе е доволна ли
3 - 3 иполка?
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
А оковот што е?

Немам за Игопер информации дали се или не се квалитетни. Но за Алдин имам. Од однос, до прецизност, до квалитет, до точност луѓето имаат само пофалби.
Овој мести Sigenia (или како и да се пишува)

Да не имаш инфо како е со цена тој од лажани.
Јас колку што памтам кај Игопер фати 500еур за 2.70м должни (2 прозори и врата сите по 90цм сите со кипер).
Дополнително 200 или 250 за алумински ролетни вградени во истата каса.

Оковот истиот ќе да е?
ab726bbdf4d3060114a31b6d11ad3b0a.jpg

713e7c5e26fd3d0125e71e3756343d67.jpg

9ebbee9ed9db81258492063f0d1ce197.jpg

62c46c448b540e2afe37636bdcecd623.jpg

ab5d5531eec770c4e12654a579e0164d.jpg

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно