Смешно е што во описот на „лекот“ воопшто не пишува дека се работи за витамините B1, B6 и B12. :hay: Од кои последниов B12 е во синтетичка форма (небиоактивна), односно цијанокобалмин. Ништо страшно за здрави луѓе, но фактот е дека „леков“ се препишува за болни луѓе. Исто и кај пушачи и слични случаи, цијанокобалмин може да предизвика токсичност. Значи не само што препишуваат суплементи (кои нели треба да ги има во исхраната која официјално ја препорачуваат), туку препишуваат и несоодветни суплементи.самата наука/медицина си се демантира, ако е потребен ултимативен доказ, немаше да постојат отц продукти. Не треба повеќе него да прогуглаш 1 минута и да налеташ на овој продукт, кој доста често се препишува/препорачува од страна на доктори, иако самите викаат дека суплементација не е потребна и дека во храната имало сеh:
Класичната медицина е исклучително инертна. Одличен пример е случајот со докторот Игњаз Семелвејс, кој прв промовирал миење раце пред операции и други зафати. Мнозиството доктори во прво го правеле будала и чудак. До таму што го полуделе човекот. Но денес е незамисливо да не се мијат рацете и во домашни услови, не па доктори и хирурзи пред операции и интервенции.
Чинам така ќе биде и со електронскиов смог, само на жалост изгледа дека „отварањето очи“ ќе дојде прекасно за нашава генерација. :fooled: